од фросина до лазар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Mar 2019 13:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png од фросина до лазар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Музиката во македонскиот игран филм: Од Фросина до Лазар“ https://arhiva.vistina.com.mk/muzikata-vo-makedonskiot-igran-film-od-frosina-do-lazar/ Wed, 13 Mar 2019 13:15:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77436

Вечерва, со почеток во 20 часот, во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ на Александар Трајковски, вонреден професор на универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, каде што го раководи Институтот за аудиовизуелни уметности. „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ на Трајковски претставува прва пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм. Истражувањата и анализите на Трајковски се дел од неговата докторска теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“, која ја одбранил во 2014 година на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања, под менторство на Ганка Цветанова, која е и рецензентка на книгата. Книгата е во издание на Кинотеката на Македонија, а промоторка ќе биде Ганка Цветанова. Обраќање ќе имаат Владимир Ангелов, директор на кинотеката, и Илинденка Петрушева, уредничка на изданието. Извор: Нова Македонија]]>