очила за вид – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Jul 2023 08:43:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png очила за вид – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „На 13 години имав комплекс“: Водителката Александра отворено за недостатокот и она што денес го носи со стил (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-13-godini-imav-kompleks-voditelkata-aleksandra-otvoreno-za-nedostatokot-i-ona-shto-denes-go-nosi-so-stil-foto/ Wed, 26 Jul 2023 08:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311549

Позитивната енергија е фереквенцијата која редовно вибрира околу ТВ водителката Александра Пановска Илиевска. Позитивниот поглед на нештата и насмевката се нејзиното прво нешто за добро утро. Во една од своите најнови Инстаграм објави Александра откри дека како тинејџерка во детството, како и повеќето на таа возраст имала комплекс од својот недостаток во однос на видот. Тогаш морала да носи очила за вид кои не ги сакала, а денес иако живееме во модерно време кога тука се и контактните леќи, Александра очилата за вид ги носи со стил. Помагалата за подобар вид се дел од нејзиниот визуелен печат, а кога нештото го носиме токму со мислата дека изгледа убаво, таква енергија и зрачиме. -На 13 години очилата ми представуваа комплекс, денес ми се стил, пишува Александра во објавата каде ја споменува и оптиката од каде го прави вистинскиот избор.
Дека е задоволна и исполнета со тоа што го има на себе, а недостатокот го претворила во предност, односно дел од имиџот, покажуваат многуте фотографии кои деновиве ги објавува каде позира со новите очила. На крај, позитивниот поглед кон нештата и аголот од кој сакаме да ги гледаме, е она најважното.]]>

(ФОТО) Александра од „Брза кујна“ направи драстична промена во изгледот – отсега, освен по белиот прамен ќе ја препознаваме и по ОВА! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-aleksandra-od-brza-kujna-napravi-drastichna-promena-vo-izgledot-otsega-osven-po-beliot-pramen-kje-ja-prepoznavame-i-po-ova/ Tue, 13 Feb 2018 09:06:10 +0000 http://vistina.mk/?p=12519

Веќе три сезони и повеќе од 100 емисии откако почнавме да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ на телевизија Сител. Покрај шефовите Марк и Никола, домаќинката на шоуто, водителката Александра Илиевска стана препознатливо и омилено лице на верните гледачи. Дека се меѓу омилените ТВ лица, покажува интересот на гледачите и тие непосредно да ги запознаат и да готват заедно со маестралните шафови кои секојдневно знаат да не изненадат во своите вешти раце и креативноста.
Александра пак, иако не готви, а и не многу е умешна во тоа, има свој посебен шарм со кој плени пред камерите и ги освојува симпатиите. Препознатлива е по витката фигура, убавото говорење, позитивната енергија, но и белиот прамен во нејзините специфични шишки во косата. Во наредните емисии Александра ќе ја гледаме во едно поинакво светло. Имено, таа на својот Инстаграм го откри својот нов изглед, односно промената која ја направи на себе.
Како што опиша, по долги години носење леќи за вид, таа се одлучила да се ослободи од нив и да избере модерни очила за себе. Како ви се допаѓа  повеќе?]]>