обувки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Sep 2023 06:29:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png обувки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Перо Антиќ му подари необичен и уникатен подарок на српскиот претседател: Александар Вучиќ доби типично српски дизајнирани обувки, ама не… не се опинци! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pero-antik-mu-podari-neobichen-i-unikaten-podarok-na-srpskiot-pretsedatel-aleksandar-vuchik-dobi-tipichno-srpski-dizajnirani-obuvki-ama-ne-ne-se-opintsi-foto/ Tue, 12 Sep 2023 06:22:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317472

Обајцата речиси со иста, кошаркарска височина, иако едниот не бил кошаркар... Обајцата на највисоки функции - претседателски,  нашиот на спортска, нивниот на државничка.  Ги врзува не само српското потекло, туку и големиот клуб за кој нашиот Перо Антиќ во два наврати играше во Србија - белградска КК „Црвена ѕвезда“.  Подоцна тој стана и НБА ѕвезда, ама затоа пак претседателот на Србија, Александар Вучиќ покажа дека несомнено е НБА политичар. И не само за Балканот, туку и многу пошироко. Како и да е, претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ вчера, понеделник, 11 септември 2023,  во Скопје имаше кратка средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ во пресрет на пленарниот состанок на лидерите учеснички на процесот Брдо - Бриони. Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња му подари необичен и уникатен подарок на српскиот претседател. Александар Вучиќ доби типично српски дизајнирани обувки, ама не... не се опинци, како едно од традиционалните обележја на српската народна носија! Перо Антиќ на претседателот Вучиќ му подари уникатни спортски патики, специјално  декорирани со симболите и државните обележја на Србија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Swithadot StudioS. (@swithadot)

Александар Вучиќ пријатно изненаден од необичниот подарок на  својот Инстаграм сподели: „Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“. Инаку и двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз“ - напиша Вучиќ.
Од друга страна Перо Антиќ истот така на својот Инстаграм профил сподели фото и видео, па во нивниот опис раскажа како ја доживеал средбата со српскиот претседател:
„Секогаш е задоволство да се сретнеш со драги пријатели со кои разговараш за сличните интереси. Денеска имав прилика повторно да се сретнам со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ @buducnostsrbijeav . Разговаравме за кошарка, за последниот медал кој го освои Србија, на Светското Првенство и за претстојните предизвици на спортски план на Србија и на Македонија. Средбата ја искористив и да му подарам дизајнирани патики со обележја на Србија, креирани од единствениот @swithadot Се надевам дека во некоја наредна прилика ќе се сретнеме и на кошаркарските терени“ - споделил Антиќ. Фото: Инстаграм/buducnostsrbijeav/cickostoilko]]>

Се’ е испланирано до најситен детаљ: Зошто војвотката Кејт Мидлтон носи три разнични големини на обувки? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-e-isplanirano-do-najsiten-detal-zoshto-vojvotkata-kejt-midlton-nosi-tri-raznichni-golemini-na-obuvki-foto/ Thu, 24 Aug 2023 10:21:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315182

Од година во година, Кејт Мидлтон привлекува внимание со изборот на обувки. Понекогаш, всушност, се чини дека салонките на нејзините омилени дизајнери Џанвито Роси, Еми Лондон и Џими Чу и прилегаат како направени за неа, а друг пат може да се види како избраните чевли изгледаат прилично удобно, иако често се модели со висина на потпетица од околу 10 сантиметри.
Затоа, ниту трите различни броеви на чевли не се случајност. Нејзиниот избор варира помеѓу големини 38, 38,5 и 39. Причината не е само потребата за удобност на некој јавен настан и фактот што понекогаш стои на штикли многу долго – по некое време, чевли кои се убави и ѝ прилегаат облека стане “притисок” за нозете. Имено, откриено е дека изборот на нејзината големина варира по бренд. На пример, чевлите Џими Чу на принцезата од Велс (таа наводно поседува најмалку 15 пара чевли од тој бренд), секогаш се со големина 38,5. Кога принцезата носи чевли Руперт Сандерсон, таа избира модели во 38, додека сандали на LK Bennett, модел „Агата“, кои се со широк нос и машна одзади, до глуждот, секогаш нарачува бројка 39.
„Познатите често се подготвуваат за црвени теписи или други настани и избираат поголеми чевли за да избегнат плускавци. Плус, се е до тоа како се чувствуваат чевлите кога ќе ги пробате и одите во нив, наместо да се придржувате до вашата вообичаена големина. Италијанските чевли често се поголеми – секогаш земам половина големина помала“, вели тој и додава дека проблемот со премногу простор на местото каде што се ставаат прстите во чевелот се решава со вата.
„Некои ѕвезди се познати по тоа што ги полнат прстите на нозете со облоги како памучна вата“, вели Рејчел Стори. Од друга страна, важна е и сезоната. Во лето изберете поудобни чевли, барем за една големина поголеми, бидејќи стапалата и глуждовите отекуваат од жештината, особено кај високите потпетици.
Сопругата на принцот Вилијам земала и некои модни трикови од бабата на нејзиниот сопруг, кралицата Елизабета. Во нејзините подоцнежни години, Елизабет секогаш носеше мокасини со ниски потпетици направени по мерка на лондонскиот чевлар Anello & Davide. Кејт, како и покојната кралица, исто така избира живописни бои и често испраќа одредена порака со изборот на облека и додатоци. фото:Инстаграм]]>

Скапите обувки на Северина предизвикаа лавина негативни коментари (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/skapite-obuvki-na-severina-predizvikaa-lavina-negativni-komentari-foto/ Wed, 23 Mar 2022 10:16:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244013

Хрватската пејачка Северина објави нова фотографија на својот Инстаграм, а посебно внимание привлекоа необичните чевли кои ги носеше. Севе позираше во необична комбинација на спортска јакна и фустан со светки, а стајлингот го зачини со „бушави“ чевли. Северина очигледно ги сака „Marni“ обувките кои чинат 990 евра, бидејќи неколку пати ги носеше во јавност и покрај тоа што секој пат предизвикува лавина негативни коментари. „Дали ги позајми од мајка ти?“, „Како чевлите на Мини Маус“, „Изгледаш смешно“, гласеа некои од коментарите под фотографијата
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Severina (@severina)

Потпетиците привлекоа внимание и на крајот на минатата година, кога Севе ги искомбинира со црн фустан и темни чорапи. фото:инстаграм/северина]]>

Рада Манојловиќ без комплекси: „Мразам брендирани работи, најудобните обувки ги платив 20,30 евра“ https://arhiva.vistina.com.mk/rada-manojlovikj-bez-kompleksi-mrazam-brendirani-raboti-najudobnite-obuvki-gi-plativ-20-30-evra/ Sat, 28 Aug 2021 07:02:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213806

Пејачката Рада Манојловиќ често знае да се најде на мета на критики поради нејзиниот стајлинг, па многумина ја прозиваат дека не знае да се облече. Пејачката сега откри што мисли за коментарите на модните експерти и дали воопшто ја погодуваат. „Јас не се чувствувам како модел кој треба да се прошета, да се врати и тоа да го соблече од себе...Има многу пејачи и пејачки кои совршено се стилизирани, но едноставно само добро се облечени“, вели Рада и откри колку пари троши на шопинг. „Дури и мразам брендирана облека и кога нешто скапо ќе го платам после тоа се каам затоа што не може да се пере и секогаш нешто му фали. Ќе платиш нешто скапо и после едно перење во машина ќе отпадне се што може да отпадне. Во ред е за некои добри обувки кои треба да ти се удобни. Најудобни обувките ги платив 20,30 евра“, вели пејачката. Пејачката веќе пет години ужива во врска со Харис Берковиќ, но својот приватен живот го крие од очите на јавноста. Рада откри како и успева својата интима и  приватност да ги зачува за себе. „Се е како што треба и ние сме познати по тоа што ништо не зборуваме, тоа е наш избор. Премногу не имаше во првите 2,3 години, не не оставаа на мира. Навистина, пишуваа секакви глупости, дека неговите не ме сакаат мене, моите не го сакаат него, а од тоа ништо не беше точно“, вели Манојловиќ за „Гранд онлајн“. фото: Инстаграм/рада манојловиќ/ата имагес]]>

Какви обувки да носите кога носите ѕвонарки? https://arhiva.vistina.com.mk/kakvi-obuvki-da-nosite-koga-nosite-dzvonarki/ Mon, 10 May 2021 12:45:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201888

Ѕвонарките се тренд кој долета од 70-те години на минатиот век, а нивната цел е да го издолжат и стеснат телото. Тоа го знаат сите вљубеници во модата, па токму затоа со радости ги пречекаа панталоните и фармерките со широка ногавица, кои оваа пролет зачекорија во модните води. Меѓутоа, како и секое друго парче облека, така и ѕвонарките сакаат да се комбинирани со вистинските обувки за да го постигнете посакуваниот ефект. Во продолжение, би посочуваме со какви се чевли може да ги комбинирате ѕвонарките оваа пролет.

Со добрите класични патики

Белите патики се врвот на спортската класика и како такви се супер партнер за ѕвонести панталони/фармерки. Комбинирајте ги со бела маичка со краток ракав и немате утка!

Со сандали

Сандалите со многу ремчиња и дебела потпетица од 90-те се совршен пар за ѕвонестите панталони. Спојувајќи ги овие два големи ретро трендови, добивате совршен изглед на денешницата.

Со влечки

Влечките се одличен избор за летна обувка, а широкиот бохо стил на ѕвонарките ги прави уштенпопривлечни за комбинирање со интересен дизајн на влечки.

Со еспадрили

Едни од најубавите модели летни обувки кои никогаш нема са излезат од мода. Изберете некои со повисока потпетица и поинтересна боја за весел, разигран изглед. извор: точка.мк]]>

5 природни начини да ја отстраните непријатната миризба од обувките https://arhiva.vistina.com.mk/5-prirodni-nachini-da-ja-otstranite-neprijatnata-mirizba-od-obuvkite/ Fri, 18 Oct 2019 13:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113381

Постојат неколку прилично едноставни методи за отстранување на непријатниот мирис од обувките. Дознајте како во продолжение… 1. Сода бикарбона Сода бикарбоната апсорбира и влага и миризба. Токму затоа и навечер ставајте по една лажица сода бикарбона во секоја од обувките и оставете да делува преку ноќ. Наутро истресете ја сода бикарбоната и нема да има ни траг од непријатниот мирис. 2. Пудра за бебиња Пудрата за бебиња е исто толку корисна како и сода бикарбоната. Таа има две примени – може да се стави малку пудра во секоја обувка и да се остави преку ноќ или пак, да се нанесе директно на стапалата и да се впие потењето. 3. Лаванда и жалфија Ставете ги обувките на балконот, а во секоја од нив ставете по едно гранче лаванда или жалфија. Овие две билки ќе ги убијат сите бактерии кои се наоѓаат во обувките и непријатната миризба веднаш ќе исчезне. 4. Кора од портокал Никогаш не фрлајте ги корите од портокалите, лимоните или мандарините. Можете да ги оставите преку ноќ во обувките и наутро нема да почувствувате миризба од обувките. 5. Етерично масло од чајно дрво Ова етерично масло можете да го набавите во аптеките и најделотворно е против отстранувањето на непријатната миризба од обувките. Маслото може да ви послужи и како дезодоранс за обувки. Сè што треба да направите е да капнувате по неколку капки од маслото на дното два пати неделно. извор:кафепауза.мк]]>

Како да го отстраните непријатниот мирис од обувките https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-otstranite-neprijatniot-miris-od-obuvkite/ Tue, 09 Jul 2019 12:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96840

Непријатниот мирис обувките го попримаат поради бактериите на кожата. Ако не можете да ги исперете, барем оставете ги на воздух да се исушат и да се изветреат пред следното облекување. Ако тоа не помага, можете да испробате некои од овие трикови за да ги освежите чевлите. Етерично масло од лаванда Ставете неколку капки етерично масло во обувките. Делува антибактериски и има пријатен мирис. Вата Натопете парчиња вата со етерично масло, најдобро од лимон или друг цитрус, па ставете ги натопените топчиња вата во обувките. Нека останат во текот на ноќта, а до утрото непријатните мириси ќе исчезнат. Весници Изгужвајте еден лист од весник како топка и ставете го во чевлите. Хартијата ќе ја упие влагата и мирисот.ж Мелено кафе Меленото кафе ги упива мирисите. Ставете по една вреќичка со кафе во чевлите. Оставете ги преку ноќта ама внимавајте кафето да не дојде во допир со чевелот бидејќи може да остави дамки. Сода бикарбона Зрнцата од сода бикарбона се „однесуваат“ како мали сунгерчиња кои упиваат мириси. Ставете сода бикарбона во чевлите и оставете ја колку што можете подолго. Подоцна само истресете ги чевлите. Мирисите ќе исчезнат. извор: слободен печат]]>

Тамара верува дека ќе има среќа со амајлијата што ќе ја носи на Евровизија – вечерва ќе ја има на себе, но никој нема да ја види https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-veruva-deka-kje-ima-srekja-so-amajlijata-shto-kje-ja-nosi-na-evrovizija-vecherva-kje-ja-ima-na-sebe-no-nikoj-nema-da-ja-vidi/ Thu, 16 May 2019 07:04:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88113

Во Тел Авив – Израел, вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер каде меѓу земјите учеснички на големата и спектакуларна сцена, Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе ја претстави Македонија на 64-то издание на Евровизја. По неколкуте проби и разни технички подготовки, нашата Тамара и нејзиниот тим се подготвени да не направат горди! Вчера, пред една од пробите Тамара реши да се вклучи во живо  на својот профил на Инсатграм и на своите обожаватели и следбеници да им ја пренесе атмосферата и возбудата од зад сцената.
Модниот дизајнер Ношпал и го средуваше фустанот, а во таа прилика пејачката кажа дека материјалот од кој е изработен е свила која лесно се гужва, на што особено внимаваат. Освен тоа, Тамара откри дека вечерва на сцената ќе носи амајлија за која верува дека и носи среќа. Станува збор за обувки кои нема да се гледаат под долгиот фустан, а во нив Тамара  ќе се чувствува сигурно на патот кон финалето. Вели дека досега тој чифт многупати и донел среќа, па затоа се одлучила да ги носи на Евровизија.
Инаку, Тамара Тодевска и македонскиот евровизиски тим се постојано активни на социјалните мрежи и не оставаат да пропуштиме ниеден детаљ кој им се случува во Израел. Но, поседната објава е скоро па најважната, осдносно поврзана за Д-денот, вечерва 16-ти мај! Тамара ги повика европските земји да гласаат за „Proud“ и реден број 17, а во прилог за секоја земја ги објави телефонските броеви за гласање.
„Осмели се да сонуваш“ е годинешното мото на Евровизија, а нашиот тим годинава силно верува во својот сон, а ние пак и ја праќаме целата верба и  среќа на Тамара и Македонија!]]>

Дара – Бубамара го отвори плакарот: Во него ги нема нејзините „играчки за возрасни“, ама затоа погледнете со што е полн (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-go-otvori-plakarot-vo-nego-gi-nema-nejzinite-igrachki-za-vozrasni-ama-zatoa-poglednete-so-shto-e-poln-foto/ Fri, 05 Apr 2019 09:37:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81302

Сите жени обожуваат плакарите да им се полни со облека и обувки... Поевтини или поскапо,  помалку или некоја повеќе, ама кај Дара-Бубамара гардероберот е преполн... До душа нејзините омилени „секс играчки“ ги нема внатре, ама затоа јакни, бунди, фустани, обувки... колку сакаш... Како на распродажба! Разбирливо за жена, особено ако се занимава со работа каква што е естрадната! Во нејзиниот гардеробер има се' и сешто, ама по се' изгледа најмногу обувки.
Редици чизми, сандали, чевли со високи потпетици, патики... се разбира, покрај купот фустани, здолништа, маички, џемпери, фармерки,  панталони, свечена гардероба... За жал, долната облека ја немаше... Најверојатно гаќичките, тангите, градниците, жартиерите, свилените чорапи, тантелата и свилата се на друго место... На сигурно...
Веројатно заедно со „играчките за возрасни“ од секс клипчињата на Дара-Бубамара!
]]>

Обувките на шпанската кралица ќе бидат хит оваа есен https://arhiva.vistina.com.mk/obuvkite-na-shpanskata-kralica-kje-bidat-hit-ovaa-esen/ Thu, 20 Sep 2018 11:45:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49010

Шпанската кралица секогаш се облекува според последната мода, а во својата гардероба секогаш ги има последните модни трендови. Четириесет и пет годишната кралица Летиција веќе ги проба новите есенски модни комбинации.
Секогаш елегантната Литиција за дружење со жените облече светлосина маичка со долги ракави во комбинација со темносино здолниште.
Во изборот на обувките таа остана верна на својот бренд „Margit“, овој пат носеше обувки кои ќе бидат моден тренд оваа зима и есен, односно змискиот принт.
фото: Профимедиа]]>