обуки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Feb 2019 10:22:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png обуки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Обуки во Скопје за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци https://arhiva.vistina.com.mk/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/ Fri, 01 Feb 2019 10:22:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70591

Винарската визба „Тиквеш“ ја доби акредитацијата за организирање обуки на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (Wine & Spirits Education Trust – WSET), најголемиот светски провајдер на обуки во доменот на виното и жестоките пијалаци. Школата „Вински едукатор“ (Wine educator) почнува со работа, а обуките, според највисоките стандарди на едукација во областа, ќе ги изведуваат реномирани искусни предавачи сертифицирани од оваа светски признаена едукаторска организација. Рокот за апликации е во тек и трае до почетокот на март, а првите обуки ќе се одржат од 27 до 30 март оваа година во „М6 едукативниот центар“ во Скопје.
„Ова е логично продолжување на активностите што „Тиквеш“ ги презема повеќе од една деценија на полето на едукацијата и развојот на винската култура. Но, и подигнување на едно повисоко, би рекол, светско ниво. Програмите и највисоките стандарди на Лондонската школа и нејзините интернационални обучувачи ќе отворат нови можности за развој на македонскиот пазар на вино, но и за раст на домашната винска индустрија преку создавање нови познавачи на виното, едуцирани трговци со вино и персонал во рестораните и вински ентузијасти. Тие понатаму ќе ги шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна консумација на виното“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.
Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Во Македонија на самиот почеток ќе бидат организирани обуките од прво и второ ниво, кои не бараат претходно познавање од областа, а во натамошниот период ќе бидат достапни обуки од напредните програмски целини. Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, ќе може да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа. Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на специјализираната интернет страница wineeducator.eu.]]>

HTCA Академик тренинг центар започнува со обуки https://arhiva.vistina.com.mk/htca-akademik-trening-centar-zapochnuva-so-obuki/ Fri, 11 May 2018 18:35:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26649

HTCA Академик – првиот тренинг центар креиран за обучување кадри според швајцарски стандарди сертифицирани од страна на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (Schweizerische Hotelfachschule Luzern SHL) денес го најави стартот на обуките за келнери, бармени, рецепционери, персонал за хигиена,  маркетинг во угостителството и соодветните консултантски услуги. Во присуство на голем број значајни гости  од областа на угостителството, хотелиерството и деловниот свет поврзан со оваа индустрија, овој тренинг центар го објави својот план за идно делување и желбата за подигнување на нивото на квалитет во овој сектор.
Според статистиката од вкупно 700 илјади лица вработени во Македонија, во угостителската и услужната дејност, директно или посредно, се вработени близу 150 илјади лица (Завод за статистика на РМ). Категоријата на вработени во угостителството се води како нејнепостојана категорија на вработени  поради  големиот одлив на овие кадри во странство и предрасудата дека оваа професија е од привремен карактер а не трајна професионална определба.
Во областа на хотелиерството секогаш има недостиг од добри работници, затоа приоритет треба да биде развојот на вработените, кои пак се од суштинско значење за одржување на услугата на високо ниво што ќе резултира со задоволни гости за да може да се задржи конзистентноста и конкурентноста на пазарот. Во двете државни угостителски средни училишта завршуваат само 400 ученици годишно, а факултететите за туризам не обезбедуваат доволно практична обука. Во Македонија се регистрирани вкупно 2433 угостителски објекти  и 510 хотели.  Затоа, во моментов, потребата од центар за обезбедување тренинзи за угостителство е повеќе од потребна. Квалитетот на обуките што ги нуди Тренинг центарот е загарантиран со неговата инволвираност во меѓународните институции, како и со задолжителниот процес на ресертификација на Тренинг центарот на годишно ниво.
Нашата визија е гостопримливоста со која се одликува Македонија да се подигне на ниво на квалитет достоен според највисоките меѓународни стандарди за угостителство – швајцарските стандарди. Квалитетни, меѓународно сертифицирани практични обуки, и сертифицирани обучувачи без сомнеж ќе нѐ доведат до посакуваниот квалитет кој секако е гаранција за успех. Искористете ја можноста да се стекнете со вештини кои ќе ве доведат до посакуваната кариера со пет ѕвезди. ~ изјави Генералната директорка на центарот, г-ѓа Мајда Стошиќ
]]>