оброк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2023 13:11:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оброк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Исчистете го телото од токсини! Направете оброк од зеленчук кој е полн со витамини и минерали (рецетп+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ischistete-go-teloto-od-toksini-napravete-obrok-od-zelenchuk-koj-e-poln-so-vitamini-i-minerali-retsetp-video/ Wed, 29 Nov 2023 13:09:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329157

Пристигнаа постудени денови, а за што подобро да се подготвите за зимата треба да подготвите здрав оброк полн со витамини и минерали. СОСТОЈКИ:
  • 1 главица кромид или праз
  • 2 моркови
  • 1 мал корен од целер
  • 1 мал компир
  • 150 гр тиква
  • 100 гр печурки
  • 100 гр ориз
  • сув зачин лист од магдонос
  • масло
  Подготовка: Извор: Попара/Јутјуб]]>

Идеи за три здрави појадоци на кои и вашите деца нема да се противат https://arhiva.vistina.com.mk/idei-za-tri-zdravi-pojadotsi-na-koi-i-vashite-detsa-nema-da-se-protivat/ Tue, 03 Oct 2023 11:56:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320884

Житарки со млеко или јогурт, овошно смуди, сендвич со намаз, сирење и шунка или варени јајца се само дел од намирниците со кои може да го започнете денот на здрав начин. Во прилог три идеи за појадок на кои вашите малечки не би се противеле бидејќи се навистина вкусни и богати со хранливи намирници. Овесна каша со смокви Состојки: 1 шолја топло млеко, ½ шолја овесни снегулки, банана, лажичка мед, 2 суви или свежи смокви и ½ јаболко. Овесните снегулки ставете ги во топлото млеко да омекнат, а потоа промешајте ги со одтанатите состојки. Смоквите може да ги промешате заедно со кашата но можете и да додадете некое парче смоква како декорација одозгора. Зелена бомба Состојки: 2 шолји млеко, мала шолја сок од портокал, шолја спанаќ, банана, мед и цимет. Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте се додека не добиете хомогена смеса. Додадете лажичка мед и малку цимет па повторно промешајте. Омлет со зеленчук Состојки: 3 јајца, ½ црвена и жолта пиперка, 100 г. спанаќ, 3 лажици млеко, 2 лажици свежо сирење, две парчиња свежа шунка. Јајцата изматете ги, посолете и додадете го млекото. Пред да ги истурите јајцата во тавата, пропржете ги пиперките 2-3 минути на маслиново масло. Потоа додадете го спанаќот и изматените јајца. Потрудете се смесата рамномерно да ја распоредите во тавата. Послужете со сирење, шунка или зелена салата. Овие вкусни оброци се одличен извор на енергија за почетокот на денот, како за возрасните така и за помалите. извор:точка.ком.мк]]>

Пиете вода во текот на оброците? Експертите објаснуваат зошто тоа не е добра идеја https://arhiva.vistina.com.mk/piete-voda-vo-tekot-na-obrotsite-ekspertite-objasnuvaat-zoshto-toa-ne-e-dobra-ideja/ Fri, 22 Sep 2023 12:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319282

Распространета е навиката меѓу луѓето да пијат вода за време на оброците, меѓутоа, експертите истакнуваат дека таа може да биде бескорисна, па дури и штетна за дигестивниот процес. Водата има многу придобивки за нашето здравје – го поддржува варењето, ја одржува кожата хидрирана, помага при слабеење и обезбедува енергија. Се препорачува да се консумираат најмалку два литра вода дневно за да се одржи оптимално хидрирано телото. Сепак, важно е да се одвои внесот на вода од оброците. Експертите предупредуваат дека комбинирањето на вода со храна за време на оброкот може да ги разреди дигестивните ензими кои се клучни за варење на храната. Ова може да резултира со дигестивни проблеми, вклучително и запек. Покрај тоа, пиењето вода за време на оброците може да предизвика зголемување на нивото на инсулин, што го зголемува ризикот од складирање на маснотии во телото и може да доведе до дебелеење. Експертите препорачуваат да не се консумира вода половина час пред оброк и најмалку час по оброкот за да се избегнат потенцијални дигестивни проблеми. Доколку се чувствувате непријатно додека јадете и сакате да испиете голтка вода, подобро е тоа да го правите постепено, во мали количини, наместо да пиете големи количини вода за време на оброкот. Овој пристап може да помогне во одржување на ефикасно варење и одржување на добро здравје.  ]]>

Додавањето сол во секој оброк може да го зголеми ризикот од сериозни срцеви заболувања https://arhiva.vistina.com.mk/dodavaneto-sol-vo-sekoj-obrok-mozhe-da-go-zgolemi-rizikot-od-seriozni-srtsevi-zaboluvana/ Wed, 30 Aug 2023 10:29:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315884

90% Од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно и со тоа го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, бубрежни нарушувања, а со тоа и од дијабет. Статистиките во однос на заболувањата од дијабет се сè позагрижувачки. Бројот на заболени секојдневно расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија. Пред сѐ ова се должи на лошите животни навики, стресот, начинот на исхраната и физичката неактивност, факти поткрепени од  СЗО и други здравствени организации.   Но, кога станува збор за исхраната, тука проблемот е посложен. Повеќето од нас купуваат процесирани производи, подготвени за долготрајно чување и „збогатени“ со адитиви, едвај читливи. Сепак мора да ги прочитате за да знаете што купувате и дали одредени состојки штетно влијаат на вашето здравје, особено при нивна почеста употреба. Една од нив е и солта!   Солта ни е неопходна, но во ограничени количества!   Основна состојка на солта е натриумот. Организмот на човекот има потреба од мали количиства на натриум, бидејќи е значаен за пренесување на нервните импулси, за контракциите и релаксирањето на мускулите, како и за одржување на правилен баланс на вода и минерални материи во организмот. Дополнително, солта е јодирана, односно има солидни количества од неопходниот минерал за нашето здравје – јодот.   Според Светската здравствена организација препорачан дневен внес на сол изнесува до 4g. Но, со денешниот вообичаен начин на исхрана, невнесувањето на повеќе од 4g сол преку исхраната, претставува вистински предизвик. Според одредениистражувања на американскиотCDC, дури 90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно.   Кога натриумот е внесен преку исхраната во доста поголеми количини, може да создаде проблеми како што се покачен иливисок притисок,заболувања на срцето исрцев удар. Исто така, може да предизвика губење накалциумот, кој најчесто се губи од коските со што доаѓа до зголемен ризик од различни заболувања на коските.   Каква е релацијата помеѓу дијабетот и солта?   Претерувањето со солта иако не води директно кон дијабет, сепак индиректно влијае и тоа преку:   Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести Натриумот е одговорен за контролирањето на балансот на течности во организмот, што е многу важно и за регулацијата на крвниот волумен и притисок. Претерувањето со солта води кон флуидна ретенција (задржување на течностите во организмот), што неминовно го покачува крвниот притисок, а високиот крвен притисок е директно поврзан со зголемениот ризик од повеќето кардиоваскуларни болести.   Лицата со дијабет имаат значително поголем ризик од срцеви болести, во споредба со здравите лица. Одредени истражувања велат дека лицата со дијабет, имаат дури 4 пати поголем ризик од смртност од некаква кардиоваскуларна болест, во однос на лицата кои го немаат ова заболување. Ова е случај, бидејќи пациентите со дијабет тип 2 најчесто имаат барем еден од следните здравствени проблеми: метаболeн синдром, обесност, покачен крвен притисок, нарушен липиден статус (покаченитриглицериди и холестерол),физичка неактивност и слично. Овие силни ризик-фактори за дијабет, во исто време се поеднакво силни и во однос на зголемувањето на опасноста од срцеви заболувања.   Така, кај лицата што страдаат од дијабет, самото постоење на дијагнозата веќе претставува проблем. Заради овие причини, тие треба да бидат посебно внимателни, односно максимално да ги избегнуваат другите ризик-фактори за срцеви болести, особено оние кои можат полесно да бидат контролирани, помеѓу кои и консумирањето на солта.  
  1. Зголемен ризик од компликации со стапалата
  Зголемениот притисок поттикнат од прекумерната употреба на солта, може да води кон отоци на стапалата. Секоја повреда на овој дел од телото претставува сериозна опасност за лицата со дијабет.   Зголемен ризик од бубрежни нарушувања Дијабетот е всушност една од најчестите причини за бубрежните болести. Речиси ¼ од дијабетичарите развиваат некакви бубрежни заболувања.   Дијабетот подразбира покачени нивоа на глукоза во крвта кои помеѓу останатото можат да предизвикаат одредени оштетувања во крвните садови на бубрезите. Таквите оштетувања ги спречуваат крвните садови во вршењето на својата задача, па бубрежните ткива остануваат без крв и неопходни нутриенти, што значи на подолг рок и тие се оштетуваат.   Оттука, можеме да заклучиме дека ако постојат дилеми околу тоа дали здравите лица треба строго да го контролираат внесот на солта и околу тоа која е точната строга граница на максимален внес на солта, можеме да кажеме дека кај заболените од дијабет ситуацијата е ,,почиста”. Тие дефинитивно треба посериозно да ја сфатат потребата од контролиран внес на солта.   Како да го намалиме внесот на сол во организмот?     Наједноставниот совет од кој можете да почнете е: Почесто јадете храна која самите ќе ја подготвувате дома и максимално избегнувајте процесирани прехранбени производи.   Истражувањата покажуваат дека огромниот процент од прекумерно внесена сол најчесто доаѓа од јадењето ,,купечка” односно храна од маркетите, а не од че стото употребување на домашниот соларник.   Ова не значи дека не треба да внимавате и на соларникот! Внесувајте од половина, до максимум лажичка сол дневно (тоа е веќе над 5g!).   Солта е силен појачувач на вкус, па затоа честото и пообемно користење на различните зачини (исто така појачувачи на вкусот) кои најчесто се и доста здрави, може да води кон драстично намалена потреба од сол!     За да ги искористите бенефитите на јодот од солта, односно тој да не испари или да не сублимира, не купувајте премногу сол која ќе ја складирате и додавајте од солта при крајот на готвењето, а не на почетокот.   Дополнително, исто така многу битен аспект од контролирањето на внесот на солта е и препознавањето на храната со т.н. скриена сол.Дури до 80% од солта која ја внесуваме е скриена во секојдневните производи. Добри примери за прехранбени производи со скриена сол се:  
  • Лебот – една резенка содржи и до 0,5 g сол. Тоа би значело дека само со неколку парчиња леб, внесуваме доволно сол за целиот ден!
  • Најразлични видови сирења, но и млечни производи.
  • Каков било вид на храна во конзерва.
  • Кисели краставички.
  • Месни производи.
  • Различни сосови.
  • Брза храна.
  • Замрзнати оброци.
  • Пици
  • Сендвичи
  • Лиснати теста
  • Гранола мусли и колачиња.
  • Саламурени производи.
Извор: Попара.мк]]>

Предлог за здрав посен оброк со прилог (рецепт + видео) https://arhiva.vistina.com.mk/predlog-za-zdrav-posen-obrok-so-prilog-retsept-video/ Wed, 12 Apr 2023 10:11:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297931

Малку поинаков ручек – a превкусен Потребно: 300 гр спанаќ 2 парчиња кромид и лук 1 морков 2 лажички пченкарен скроб 3 лажици масло зачин Уште ви треба: 1 компир 2 моркови Подготовка: Извор: Курир.мк]]>

„Без грижа на совест“: Живкица Каленикова со рецепт за паштета за да нема штета (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bez-grizha-na-sovest-zhivkitsa-kalenikova-so-retsept-za-pashteta-za-da-nema-shteta-foto/ Tue, 04 Apr 2023 08:11:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296497

Живееме во скапо време поради кое секојдневно знаеме да прокоментираме кој прехрамбен производ е со повисока цена од вчера или која е замрзната за паричникот на потрошувачот. Оттука, навиките кои самите ги поставуваме во поглед на она што останува вишок на трпезата, некако не става пред чин да водиме поголема сметка во секојдневието. ТВ водителката и автор на емисијата „Жилет“, Живкица Каленикова е жена домаќинка која за своето семејство редовно е во кујна каде придотвува разни специјалитети за сопругот и трите дечиња. Секој со сопствени желби и наклонетост кон вкусови, но кога мама Жиле готви, тогаш ништо не се пребира. Од лепчиња со разни семиња, до омилените чорби, па се до домашна паштета за која сподели и рецепт. Кај Жиле ништо не оди бајдијала и во отпад, особено не остатокот од риба од која таа прави паштета. -Домашна паштета. Јас си се водам по она”штета да се фрли”, тоа важи кај мене за остатоците од храна , на кои гледам да им најдам примена во следен оброк , така најчесто кога ми останува риба знам дека ќе има и паштета, покрај рибата додавам во блендер:маслиново, зачини, лукче , целер авокадо (не секогаш) , малку сенф. И се јаде без грижа на совест, порачува и препорачува Живкица. Љубителите на риба веруваме дека ќе посакаат да ја пробаат оваа домашна паштета, а и да и го најдат решението на остатокот риба, па следниот оброк да биде ново доживување и насладување. Совеста мирна, стомаците полни, а навиките ставени во ред! фото:Фејсбук/Живкица Каленикова]]>

Кралски оброк! Шпагети со ракчиња, брокула и пармезан https://arhiva.vistina.com.mk/kralski-obrok-shpageti-so-rakchinja-brokula-i-parmezan/ Mon, 07 Nov 2022 13:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274655

Ако ви се допаѓа италијанската кујна, тогаш можете да подготвите вкусни шпагети со ракчиња и брокула Состојки: 300 гр шпагети Четири шолји сечкана брокула Четвртина шолја маслиново масло Две лажици балсамико оцет Лажица сува мешавина од италијански зачини Две чешниња лук 500 гр исчистени ракчиња Четвртина шолја пармезан Сол, бибер, магдонос, босилек Подготовка: Сварете ги шпагетите во посолена зовриена вода според упатството на пакувањето. Измешајте ги маслиновото масло, балсамико оцетот, мешавината од италијански зачини, сол и бибер, па добиената смеса истурете ја во загреана тава и динстајте ја минута или две на умерена температура. Додадете ги сецканиот лук и исчистените ракчиња и мешајте уште три до четири минути. Сечканите цветчиња брокула варете ги во врела вода две минути, а потоа исцедете ги и измешајте ги со исцедените шпагети. Додадете ги ракчињата и сосот, зачинете со магдонос и босилек, посипете со пармезан и послужете додека е топло. Пријатно јадење!]]>

Брускети со јајца, лесен оброк кој лесно се подготвува https://arhiva.vistina.com.mk/brusketi-so-jajca-lesen-obrok-koj-lesno-se-podgotvuva/ Wed, 18 Aug 2021 12:07:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215832

Ако не сте многу гладни, тогаш брускетите се идеално решение за вас Состојки: багет 150 гр сланина осум јајца чешне лук малку путер сол, бибер маслиново масло Подготовка: Исечете го лебот на кришки, а потоа истријте ја секоја со чешнето лук. Секое парче премачкајте го со путер и наредете го на плех, па печете неколку минути. Во меѓувреме, одделно испржете ги јајцата и сланината исечена на парчиња. Извадете го лебот и ставете по едно јајце на секое парче, парче сланина, потоа сол и бибер и посипете со маслиново масло. Послужете топло.]]>

Здрав оброк кој ќе ве згрее во овие студени денови: Крем чорбата од целер е полн погодок https://arhiva.vistina.com.mk/zdrav-obrok-koj-kje-ve-zgree-vo-ovie-studeni-denovi-krem-chorbata-od-celer-e-poln-pogodok/ Wed, 17 Feb 2021 13:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190171

Целерот е многу здрав зеленчук. Храната припремена со целер е здрава и уште повкусна, така што имате победничка комбинација. Крем чорбата од целер ќе ве згрее, а неговите здрави состојки ќе помогнат во зачувување на оптималното здравје на вашиот организам. Потребни состојки: - 500 гр. корен од целер и листови - еден морков - еден компир - сол, бибер, зачини - павлака или грчки јогурт – по желба - 2-3 парчиња леб за крутони Начин на припрема: 1. Измијте го зеленчукот, исецкајте го и сварете го. Внимавајте, тој треба да биде сварен во малку вода и да биде многу мек. 2. Откако ќе се свари, ставете го во блендер заедно со водата во која се варел и изблендирајте, а тоа можете да го направите и со рачен миксер. 3. Додајте сол, бибер и останати зачини по желба, а потоа ставете уште малку вода. 4. Густината ја одредувате вие – доколку сакате погуста крем чорба, ставете помалку вода и обратно. 5. Ставете го изблендираниот зеленчук во тенџере на оган и почекајте да зоврие. 6. Потоа, додајте малку павлака или грчки јогурт, а можете да сервирате и со неколку ливчиња целер. 7. Исечкајте го лебот на коцки и направете крутони кои ќе ѝ дадат дополнителна арома на чорбата. извор:точка.ком.мк]]>

Не е само генетика: Анастасија Ражнатовиќ откри како ја одржува витката линија https://arhiva.vistina.com.mk/ne-e-samo-genetika-anastasija-raznatovikj-otkri-kako-ja-odrzuva-vitkata-linija/ Tue, 30 Jul 2019 10:36:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99839

Анастасија Ражнатовиќ е една од најзгодните млади пејачки на српската естрада. Меѓутоа, таа ништо не препушта на ситуацијата и не остава само на генетиката кога е убавината во прашање.
Имено, таа го фотографираше својот појадок кој се состои од овошје и житарки, а симболот од срце кое го додаде е јасен знак дека ужива во здравите оброци кои и се доста важни.
Поради тоа што вака ги започнува деновите, не чуди што е толку згодна.]]>