обои ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Jan 2023 13:07:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png обои ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Калиопи како Карлеуша: Додека на фанови на српската фолк дива го тетовираа нејзиниот лик на себе, обожавател на Калиопи ги истетовира стиховите на нејзината „Обои ме“ на раката (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-kako-karleusha-dodeka-na-fanovi-na-srpskata-folk-diva-go-tetoviraa-nejziniot-lik-na-sebe-obozhavatel-na-kaliopi-gi-istetovira-stihovite-na-nejzinata-oboi-me-na-rakata-foto/ Sat, 28 Jan 2023 08:30:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284257

Идолопоклонството е чудна работа. Особено на оние кои за своите идоли се подготвени да сторат се', зашто безрезервно ги обожаваат, бескрајно се вљубени во нив или поточно нивните дела, особено кога се работи за музиката и музичките ѕвезди, зашто нивните најверни фанови тогаш се колнат во нивните песни. До душа, прашање за некоја друга наука е  дали само заради песните и нивните стихови или има и нешто подлабоко во тоа, што предизвикува такви емоции кај фановите, што тие стануваат речиси „зависни“ од своите идоли, па ваквата безрезервна љубов кон нив ја искажуваат и споделуваат на најразлични начини. Редовно одење на сите нивни настапи, купување на нивните албуми, бесконечно вртење на нивните песни, лепење постери по ѕидовите на собите, собирање нивни автограми, а во времето на дигиталната ера, селфи фотографии со своите музички херои и киснење на нивните профили или фан страници на социјалните мрежи, со куп лајкови, споделувања, коментари... Сепак малкумина се оние што се „повеќе од посветени“  на своите музички херои кои за нив се многу повеќе од асамо музички ѕвезди. Меѓу нив или поточно, „најверни меѓу најверните“ се секако оние на чии тела ги красат „уметнички дела“ во вид на тетоважи со ликот на нивниот музички идол или стиховите од некоја од омилените им песни. Вои регионот на пример, српската фолк дива Јелена Карлеуша е еклатантен пример за тоа до која мерка една пејачка да биде обожавана, па така еден од нејзините најголеми фанови, извесен Ненад Младеновиќ (27) од Осниќ кај Бољевац ја истетовирана сликата со ликот на „белградската мала од скандала“ на подлактицата, а на раката исто така ги истетовирал и нејзините стихови: „И не е важно што велат луѓето, туку што чувствувам во себе“. Опседнатоста оди до таму, што тој изјавил дека би сакал да најде девојка која би ја имала душа и карактер, па ако може дури и да наликува на Јелена Карлеуша!? Дека и Македонија, односно и домашните музички ѕвезди не се исклучок, е примерот на еден посветен фан на нашата поп дива Калиопи. Имено таа на приказните од својот Инстаграм сподели клипче на кое се гледа тазе истетовирана машка рака, на чија внатречна страна од подлактицата се испишани, односно истетовирани стиховите на еден од најголемите хитови на Калиопи, песната „Оби ме“! Верниот фан на поп дивата е извесно момче по име Младен Голубовски, кој и на својот Инстаграм ја покажа за него важната тетоважа со која „го обоил“ горниот екстремитет од своето тело. Дали заради неизмерна љубов кон Калиопи, односно нејзината музика или можеби нејзините стихови се совпаднале со нешто што е многу личо, важно и значајно во животот на младото момче - останува негова мала тајна.   Но затоа пак не е тајна дека тој и лично ја запознал својата омилена музичка ѕвезда, за што говори и заедничката селфи фотографија на верниот фан и поп дивата. Денот пак кога за прв пат ја запознал, на промоцијата на нејзиниот албум „Мелем“, Младен вака го опишал: „Ох нај среќниот ден во мојот живот, денот кога немав воздух и секој простор ми беше тесен . Денот кога мислев дека летам , денот кој од возбуда едвај го преживеав. Денот кога прав пат се запознав со Калиопи Букле“ - споделил покрај со видеоклипче овековечениот момент на нејголема радост.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mladen Golubovski (@mgolubovski)

Дали по „Обои ме“, можеби ликот на Калиопи е следна тетоважа на телото на Младен или истетовираните стихови на песната на поп дивата се доволен „мелем за душата“ на младиот фан, останува самиот да одлучи, а ние да почекаме да видиме што ќе се случи?! Фото: Инстаграм принтскрин/mgolubovski/kaliopi_official
   ]]>