облик на тело – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Nov 2019 14:28:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png облик на тело – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најдобра диета е онаа според обликот на телото https://arhiva.vistina.com.mk/najdobra-dieta-e-onaa-spored-oblikot-na-teloto/ Fri, 15 Nov 2019 14:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118845

Сите луѓе сме различно градени и имаме различно облици на телото, кои може да се поделат во основа на јаболко, круша, песочен часовник и правоаголник. Во продолжение прочитајте како секој од овие облици се дефинира и како треба да се храните.

Јаболко

Овие жени имаат широки раменици и големо торзо, па поради тоа изгледаат како нозете да им се несразмерно кратки во однос на телото. Најчесто струкот е слабо нагласен. Во однос на исхраната, треба да се внесуваат што помалку јаглехидрати, а повеќе растителни влакна. Овие жени се склони кон покачен холестерол и дијабетес, а често имаат проблеми со високите нивоа на кортизол. Кај нив поголем проблем се јаглехидратите отколку мастите, но препорачливо е да се избегнува масна храна. Треба да вежбаат јога, лесни вежби за истегнување, а од храна, да ги засноваат оброците на хељда, просо и немасно месо.

Круша

Кај овие жени се нагласени колковите и задникот, а струкот и рамениците се потесни од колковите. Вишокот килограми се „лепи“ лесно за нивните нозе. Од храната мора да ги исфрлат газираните сокови, печивата, тортите, а особено јатките. Препорачливи се зеленчуците богати со влакна, киселото млеко, како и секој вид овошје. Кога е вежбањето во прашање, најдобро за овие жени е класичното трчање или брзо одење.

Песочен часовник

Обемот на градите и колковите е еднаков, мастите се насобираат подеднакво и горе и долу, а струкот е многу нагласен. Овие девојки мора да практикуваат здрав начин на исхрана, со многу листест зеленчук, говедско месо, јајва, ореви, нискомаслени млечни производи, а целосно треба да ги исфрлат десертите, особено оние индустриските. Од спортови, се препорачуваат јога, аеробик, зумба или танцување.

Правоаголник

Ова се девојки и жени кои имаат момчешка фигура, која се карактеризира со тесни колкови и мали гради. Кога накачуваат килограми, тоа им се познава на стомакот најмногу. Во исхраната треба да вклучат повеќе протеини од риба и пилешко месо, а строго да го ограничат внесот на кафе и десерти. извор: Локално.мк]]>