објавен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Feb 2023 11:51:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png објавен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Целиот концерт на ДНК објавен на Јутјуб: Вака се славеа 20 години постоење! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tseliot-kontsert-na-dnk-objaven-na-jutjub-vaka-se-slavea-20-godini-postoene-video/ Thu, 02 Feb 2023 11:51:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287110

ДНК вчеравечер, среда, 1-ви јануари 2023 година, на социјалната платформа Јутјуб објавија видео од целиот концерт кој го одржаа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 3-ти декември минатата година, по повод 20 години од нивното постоење на македонската музичка сцена. Концертот го започнаа со нивната последна издадена песна со наслов „Романи“, а потоа се нижеа и останатите хитови кои тие ги создадоа изминативе години...   „Драги луѓе, во мое име и во името на Андреј и целиот бенд ви се заблагодаруваме. Ова е најдоброиот подарок кој можеше да го добиеме за еден роденден. Бескрајно сме ви благодарни. 20 години постоиме само поради вас и ова никогаш нема да ви го заборавиме“ – беа првите зборови со кои Панчо се обрати на десетилјадната публика. На овој голем и јубилеен концерт работеше доста голема екипа, а факт дека ќе остане запаметен како еден од најпосетените концерети на македонски изведуачи во последниве дваесетина години. За сите оние што не биле, но и за оние кои  беа дел од овој македонски музички спектакл... Целиот концерт на видео... Уживајте(КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Објавен конкурсот за „Фолк-Фест Валандово 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/objaven-konkursot-za-folk-fest-valandovo-2023/ Tue, 10 Jan 2023 13:45:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283544

Општина валандово објави конкурс за избор на композиции за најновото 36-то издание на „Фолк-Фест Валандово 2023“. И оваа година традиционално фестивалот ќе се одржи во Домот на културата во Валандово, кон крајот на месец мај почетокот на месец јуни. Доколку сте заинтересирани за учество на Меѓународниот конкурс објавен за избор на композиции за најновото издание на „Фолк-Фест Валандово 2023“, со клик на следниот линк погледнете ги документите и начинот и условите на учество. „Фолк-Фест Валандово 2023“ – Меѓународен конкурс за избор на композиции за 36-то издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни.]]>

ЕБУ го објави списокот, Македонија е меѓу земјите учеснички на „Евросонг 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/ebu-go-objavi-spisokot-makedonija-megju-zemjite-uchresnichki-na-evrosong-2022/ Wed, 20 Oct 2021 12:38:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223819

Организаторите на Евровизија објавија дека вкупно 41 земја ќе се натпреварува на Изборот за песна на Евровизија 2022, следниот мај во Торино. Иако МРТ до последен момент немаше јавно соопштено дека потврдува учеството, Македонија се најде на списокот на објавените учесници. „Ние сме многу возбудени што уште еднаш имаме над 40 радиодифузери кои се натпреваруваат за освојување на познатиот трофеј на Евровизија во Торино следниот мај. Тимот од Раи напорно работи на подготовките за пречек на сите делегации во новиот град домаќин“ – порачуваат од ЕБУ. ]]>

Објавен јавниот повик за финансиска поддршка на ивент индустријата https://arhiva.vistina.com.mk/objaven-javniot-povik-za-finansiska-poddrshka-na-ivent-industrijata/ Thu, 22 Apr 2021 12:02:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200137

Владата на Македонија објавува повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани во рамки на петтиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза. Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за економска дејност и заживување на економските активности на оваа гранка, преку обезбедување буџет за организација на јавни настани, преку ангажирање домашни артисти, изведувачи и подизведувачи. Тематска област на која ќе се реализираат настаните е 30 години независност на  Македонија со одбележување и промоција на различните белези на државноста и на општеството и тоа: Најважните историски случувања поврзани со државноста, независноста и развојот на нашата држава (Илинден, НОБ, АСНОМ, Референдум за независност, Охридски рамковен договор, Договор од Преспа и Членство во НАТО); Македонската култура и традиција претставени преку идентитетските специфики на македонскиот народ и преку промоција на македонскиот јазик; Културата и традицијата на албанскиот народ во Македонија и промоција на албанскиот јазик; Културата и традицијата на Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите други заедници кои живеат во  Македонија и јазиците кои се зборуваат во Северна Македонија; Европските и евроатлантските стратешки определби на државата; Мултикултурниот карактер на општеството, мозаикот на различности и интеркултурниот дијалог; Културно-историски локалитети и други аспекти од културното наследство на Македонија; Дејноста и делата на истакнати домашни дејци и автори во сферата на творештвото, културата, уметноста, литературата, музиката, образованието, науката, спортот и други истакнати личности кои имаат директен придонес во развојот на државноста или придонеле во создавањето или зачувувањето на културното наследство. Вид на правни субјекти кои можат да аплицираат на повикот се: оператори од индустријата за организација на настани, продукциски куќи, агенции кои организираат настани и др. Вкупниот буџет изнесува 61.500.000,00 денари (со вклучен ДДВ). Од определениот буџет, согласно предвидените трошоци за реализација на предложените настани, ќе се поддржат три типови проекти/настани. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 06 мај 2021 година, 16:00 часот.]]>

Романот „Еретички писма“ на Стефан Марковски објавен на англиски јазик https://arhiva.vistina.com.mk/romanot-eretichki-pisma-na-stefan-markovski-objaven-na-angliski-jazik/ Mon, 10 Aug 2020 08:05:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162640

Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик. Романот е достапен во печатена и електронска форма преку сајтовите на Barnes & Noble, ланец од над 600 книжарници ширум САД, Baker & Taylor, Tolino, Apple Books, Smashwords, француската книжевна платформа Vivlio и други платформи за литература во печатен и дигитален облик, како и библиотеки. Романот може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон, каде беше првично објавен. Преводот на романот од македонски на англиски јазик е на Марковски, додека лектурата на англиски јазик е дело на Марија Петковска. Македонското издание на книгата беше објавено во 2018-та од Издавачкиот центар „Три“.]]>