обичаи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 09:19:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png обичаи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Водици не е доволно само да земете света вода, мора да ги испочитувате и овие работи https://arhiva.vistina.com.mk/na-voditsi-ne-e-dovolno-samo-da-zemete-sveta-voda-mora-da-gi-ispochituvate-i-ovie-raboti/ Fri, 19 Jan 2024 07:16:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335469

Денес, сабота 19 јануари 2024 се празнува големиот празник Водици. Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Бројни верници на 19 јануари, Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите. Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости. Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.]]>

Ова се обичаите за Бадник и Божиќ https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-obichaite-za-badnik-i-bozhik/ Sat, 06 Jan 2024 07:31:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334006

Бадник се прославува ден пред Божиќ и претставува последен и најстрог ден на божиќниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Еве какви се обичаите на Бадник и Божиќ. Бадник Бадник името го добил по гранка од даб – Бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес. Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божиќ, се носи дома и се става покрај икона. Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година. Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка. Вечерта на Бадник Вечерта на Бадник, домаќинот на куќата со синовите ги внесува бадникот, сламата и печеницата. Сламата се посипува низ цела куќа, а посебно таму каде што се служи вечера. Бадникот се поставува на огништето и се пали, потоа се пали и свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата која е посна и се ужива во семејниот мир. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога. Во градовите обичајот е изменет, па така не е необично да се видат многу луѓе собрани крај црквените порти како заеднички палат бадник, се веселат и пеат православни песни. Божиќ Божиќ е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Божиќното утро почнува така што во рана зора се слушаат ѕвона од сите православни цркви и храмови; се облекува свечена облека и се оди во црква на Божиќна литургија; луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите Христос се роди и Вајстина се роди. Меѓутоа, во градовите, состојбата е малку поинаква и многу граѓани литургијата ја гледаат на ТВ екраните. Обичај е првиот човек што ќе ни влезе дома на Божиќ да е положајник, пријател на куќата кој треба на домот и домашните да донесе здравје, среќа, благосостојба и мир. Симболично, положајникот ги претставува тројцата мудреци кои ја следеле ѕвездата од Исток и кој родениот Исус го дарувале со темјан, злато и мириси. По тој повод, постојат многу ритуали кои положајникот ги прави – ја отвора вратата од печката или шпоретот, го распалува огнот изговорувајќи ја бројаницата: – Колку искри толку среќа, колку искри толку пари… привикувајќи така благосостојба за домот во кој дошол. Потоа, домаќинката на куќата го дарува со соодветен подарок. Фото: Freepik]]>

Дојде големиот ден за Стефан Лазаров- се вее македонското знаме, се врти оро, ечат зурли и тапани, Марта е негова (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/svadba-e-golema-dojde-golemiot-den-za-stefan-lazarov-se-vee-makedonskoto-zname-se-vrti-oro-echat-zurli-i-tapani-marta-e-negova-foto/ Sat, 08 Jul 2023 14:32:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309472

Викендите, особено во летниот период редовно се резервирани за свадбените веселби во фокусот. Оваа сабота дојде редот и за свадбата на познатиот јутјубер Стефан Лазров и неговата сакана Марта. Како што најави претходно во медиумите, дека свадбата ќе биде со сите македонски обичаи, така и се случи. На пладне тргнаа по невестата, подготвени со сите дарови и секако со полн џеб за да ја земат од родителите. Откако бидна, се залеа и првата чаша за здравица, засвири песна македонска, се развиори македонското знаме и почна да се врти оро. Откако кај нестата направија се’што треба, се нареди колона возила и се тргна кон црква каде младите си се ветија еден пред друг пред Бога. Емоции на тон, посебен ден кој засекогаш се памети, Стефан и Марта ги создадоа своите мигови за паметење. Лазаров иако беше еуфоричен и возбуден, не пропушти да сподели по некоја фотографија пред своите следбениици на Инстаграм. Веслбата на која се поканети многу гости, ќе се случи во еден познат скопски реаторан , а за музичкот дел ако преку дена за по невеста беа ангажирани браќата Нуневци, за големата веселба гостите ќе ги забавуваат „Балкан бенд“.   За потсетување, во месец септември минатата година Стефан ја запроси Марта на стадион на фудбалски натпревар на неговиот омилен клуб Барса. фото:Фејсбук/Инстаграм/Стефан Лазаров]]>

Македонско -хрватски свадбен микс: Пејачот Давид Темелков ја ожени Хрватката Елена, таа беше невеста како принцеза, а тој младоженец со необичен детаљ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonsko-hrvatski-svadben-miks-pejachot-david-temelkov-ja-ozheni-hrvatkata-elena-taa-beshe-nevesta-kako-printseza-a-toj-mladozhenets-so-neobichen-detal-foto/ Mon, 12 Jun 2023 07:15:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305779

Поранешниот македонски Икс- Фактор учесник, пејачот Давид Темелков, како што најави, така и направи. На голема свадба со преку 250 гости тој ја славеше својата венчавка со хрватската водителка Елена Јунг која се случи викендов. Најпрвин си го дадоа заветот пред Бога во црквата Св.Богородица во Скопје, за потоа забавата да продолжи во еден скопски ресторан каде се помеша македонско –хрватската свадбена традиција. По желба на невестата свадбата се случи во Македонија, па околу 80-тина сватови и гости од Хрватска дојдоа во чест на младите, да им посакаат среќен брак и да наздрават во име на љубовта. Желба на младоженецот пак, беше на свадбената веселба да пее Анета „Молика“, што и се случи. Давид понесен од еуфоријата не го пуштил микрофонот од рацете, а споените вокали со Анета, биле празник за уши. Невестата на себе имаше венчаница во принцеза крој со волуменозна кринолина, младоженецот елегантен во црн костим и со еден необичен детаљ, цветно венче какво носеше и невестата. Се виореа македонското и хрватското знаме, а Елена и Давид успеаја преку својата љубов да ги спојат обичаите. Инстаграм профилот од делот за „стори“ беше густо набиен кај младоженецот кој објави цела галерија фотографии од највпечатлите моменти. За потсетување, во 2021 година Давид јавно на еден настап во Градишка ја запроси Елена Јунг, која кажа – ДА. фото:Инстаграм принтскрин/Давид Темелков]]>

Бадник: Ден на очекување на радосната вест за Христовото раѓање https://arhiva.vistina.com.mk/badnik-den-na-ochekuvanje-na-radosnata-vest-za-hristovoto-ragjanje/ Fri, 06 Jan 2023 07:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233995

Бадник е денот пред Божиќ. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање. Македонскиот народ со многу внимание го празнува Божиќ, денот на Христовото раѓање. Обичаите што се изведуваат на овој празник се остатоци од минатото, но поголемиот број од нив се исчезнати, а ние денес за нив дознаваме од записите на собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали како што се браќата Миладиновци, К. Шапкарев, Е. Спространов, В. Икономов, М. Цепенков и многу други. Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани со Бадник или Коледе, денот што му претходи на Божиќ. Истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, со раѓањето на новото сонце што значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна Христијанската црква овој ден го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите свети Августин одговарал: „Ние го празнуваме не како неверниците поради сонцето, туку поради оној што го создал сонцето“. Иако обичаите што се изведуваат на Бадник и Божиќ во некои детали меѓусебно се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, сепак, во основа се изделуваат неколку заеднички елементи, како што се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, потоа коледарскиот оган заедно со дрвото Бадник, како и коледицата проследена со многу коледарски песни. Богатата трпеза со исклучително посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл. според верувањето, има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така, заедно со храната да остане целата ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божиќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. Во Кукушко се подготвувала вечера и за дедо Боже, трпезата се поставувала во дворот, а домаќинот го поканувал: „Поели дедо Боже да вечераме.“ На Бадник софрата се става врз слама за спомен на јаслите од Витлеемската пештера во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзуваат овошките со верување дека таа ќе ги штити од болести и штетници и дека ќе дадат богат род. На Бадник, во повеќе краишта на Македонија се меси кравајче, пита или погача во која се става сребрена пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. Оној што ќе ја најдел парата ја ставал во грне или чаша со вино од која сите пиеле за здравје и среќа. Парата ја земал тој што ја нашол или му ја давал на домаќинот и за тоа добивал подароци. Во некои краишта овој обичај се изведува на Василица.]]>

Ова се обичаите за Бадник и Божик https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-obichaite-za-badnik-i-bozik/ Thu, 05 Jan 2023 13:11:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283009

Бадник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на божикниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Еве какви се обичаите на Бадник и Божик. Бадник Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес. Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божик, се носи дома и се става покрај икона. Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година. Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка. Вечерта на Бадник Вечерта на Бадник, домаќинот на куќата со синовите ги внесува бадникот, сламата и печеницата. Сламата се посипува низ цела куќа, а посебно таму каде што се служи вечера. Бадникот се поставува на огништето и се пали, потоа се пали и свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата која е посна и се ужива во семејниот мир. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога. Во градовите обичајот е изменет, па така не е необично да се видат многу луѓе собрани крај црквените порти како заеднички палат бадник, се веселат и пеат православни песни.   Божик Божик е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Божикното утро почнува така што во рана зора се слушаат ѕвона од сите православни цркви и храмови; се облекува свечена облека и се оди во црква на Божикна литургија; луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите Христос се роди и Вајстина се роди. Меѓутоа, во градовите, состојбата е малку поинаква и многу граѓани литургијата ја гледаат на ТВ екраните. Обичај е првиот човек што ќе ни влезе дома на Божик да е положајник, пријател на куќата кој треба на домот и домашните да донесе здравје, среќа, благосостојба и мир. Симболично, положајникот ги претставува тројцата мудреци кои ја следеле ѕвездата од Исток и кој родениот Исус го дарувале со темјан, злато и мириси. По тој повод, постојат многу ритуали кои положајникот ги прави – ја отвора вратата од печката или шпоретот, го распалува огнот изговорувајќи ја бројаницата: – Колку искри толку среќа, колку искри толку пари… привикувајќи така благосостојба за домот во кој дошол. Потоа, домаќинката на куќата го дарува со соодветен подарок.]]>

Јавно – музички, естрадни и ТВ ѕвезди, по дома – жени домаќинки: Овие познати Македонки вапцаа јајца рано наутро за Велики Четврток (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/javno-muzichki-estradni-i-tv-dzvezdi-po-doma-zeni-domakjinki-ovie-poznati-makedonki-vapcaa-jajca-rano-nautro-za-veliki-chetvrtok-foto/ Thu, 21 Apr 2022 08:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247200

Велики Четврток или Величетврток како што  се вика меѓу народот е прvиот ден од почетокот на празнувањето на Велигденските празници, а главен обичај што се изведува со посебно внимание на овој ден е вапцувањето на велигденските јајца. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се расипат. Вака велат обичаите и традицијата, а истите постојат  како дел од верата, духовното и културно наследство на еден народ, конечно дел од неговото битие и идентитет. Затоа нив ги почитуваат сите верници... Од обичните луѓе до познатите личности... Та биле тие ТВ, музички, естрадни... ѕвезди во јавниот живот, но по дома се жени - домажинки. Токму затоа овие познати Македонки, како што налага традицијата и обичајот,  вапцаа јајца уште рано наутро за Велики Четврток. На дамите не им се бројата годините , особено не на оние - познатитем но сепак ќе започнеме со „најискусните“... во домаќинлукот, секако! - Македонската по дива Калиопи Букле е несомнено една под нив. Нашата „Најмила“, знае колку е важно да се испочитува традицијата, па затоа и годинава не омана и пропупшти да го направи она што на Велики четврток се прави. Иако вообичаено е на овој ден да се бојадисуваат само три јајца и тоа во црвена боја, вредната Опи вапала полна чинија јајца и оа во неколку бои... Епа, нека е за многу години, како пто порачала самата Калиопи! - Најдолговечната македонска ТВ водителка Лила Филиповска оддамна покажала дека не е ништо помалку добра домаќинка! Знае како со банкарот и натпреварувачите во „Се' или нешто“, ама знае и како се почитуваат обичаите, па уште рано наутро пред собцето да изгрее, ги засукала ракавите и вапцала три црвени јајца. за неа, синот филип и за Рагнар... мачорот!? Важно е да се испочитува традицијата! - Уште една позната македонска ТВ водителка живее во духот на верата, обичаите и традицијата. Милена Антовска како тазе мајка по втор пат, истите ги испочитува, па и таа станала рано за да ги вапца јајцата.  Првото го споделила меѓу велигденските украси кои допрва треба да ја разубават велигденската трпеза. Единстевно остана нејасно дали до крај го испочитувала обичајот по вапцувањето на јајцата,  рано пред изгрејсонце, домаќинката да го земе првото јајце и на децата, уште додека се в постела, да им мине три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се крупни како јајцето, но и црвени во образите, што е знак за здравје и напредок. Но, како и да е... Нека е за многу години! -На уште една македонска ТВ водителка празничното станување рано не и падна тешко, зашто Снеже Велков тоа ионака го прави секојдневно, за да вози велосипед по скопските улици и патеки. Пилатес инструкторката и ТВ водителка оддамна покажала дека колку што е добра зад камерата, толку ја бива и во кујната, па затоа не изненади со тоа што и таа ја испочитувала традицијата и направила „нешто конкретно“ - вапцање на првите велигденски црвени јајца... За Велики Четврток! - Пејачката Елена Петреска по потекло е од Прилеп, град во кој многу се почитуваат и религијата и обичаите и традицијата... без оглед на тоа што оддамна прилепската ја заменила со скопска адреса на живеење, она што е во гените не го заборавила, па и таа како мајка и сопруга, но прд се као жена-домаќинка уште рано пред зори, за велики Четврток си ја завршила работата. Трите црвено-вапцани јајца пред иконата и времето на нивното бојадисување... 04:43 рано посабајле, пред изгрејсонце! Секако, ова не се единствените ТВ или музичко-естрадни дами кои за Велики Четврток ја почитуваат велигденската традиција на вапцање на првите црвени велигденски јајца... нрекои други пак можеби н јајца не вапцаа, ама се сетија да го одбележат денот. Како мисицата и пејачка, тетовката Кристина Димитриевска на пример,  која споделила потсетник дека денес е Велики Четврток... Или топ моделот, гевгеличанката Александра Накова, која јајца не вапцала, барем јавно не покажа, но затоа својот бутик за женска гардероба во Гевгелија го накитила со украси во вид на велигденски јајца наредени на велигденското дрвце. Како и да е, нека е за многу години Велики Четврток! Фото: Инстаграм принсткрин  ]]>

Обичаи за Велики Четврток: Вапцувањето на велигденските јајца https://arhiva.vistina.com.mk/obichai-za-veliki-chetvrtok-vapcuvanjeto-na-veligdenskite-jajca/ Thu, 21 Apr 2022 06:29:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247211

Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ. Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја. Изутрина на Вели Четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тихо за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин раскиснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата. Најнапред пушта еедно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сеуште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца. Тоа го прави на брзина дури не огреало сонцето, за да не се усмрдат. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со зејтинлија крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. .]]>

Необични обичаи ширум светот кои мора да ги знаете за да не ги навредите домаќините https://arhiva.vistina.com.mk/neobichni-obichai-shirum-svetot-koi-mora-da-gi-znaete-za-da-ne-gi-navredite-domakjinite/ Wed, 13 Oct 2021 13:45:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183568

Одредени обичаи и навики на луѓето од земјите ширум светот кои сакате да ги посетите треба да ги знаете, за да не се случи од незнање и сосема случајно да ги навредите домаќините кои на својствен начин се потрудиле престојот во нивната земја да ви го направат што е можно подобар. На Тајланд се смета непристојно да ставите храна во уста користејќи вилушка. Имено, Тајланѓаните користат вилушка за да ја поттурнат лажицата и да јадат со неа. Тајланѓаните јаделе со рацете до 1897-та година, кога кралот Чулалонгкорн донел прибор за јадење. Исто така, кога сте на Тајланд не јадете храна со стапчиња за јадење, освен ако не станува збор за кинеска храна. Во Јапонија, гласното 'сркање' го подобрува вкусот на храна и овозможува побрзо да се јаде жешка храна. Во Јужна Кореја има правило никој да не јаде на масата додека најстарата личност не го земе првиот залак. Кога сте во Италија никогаш не му велете на келнерот да ви сервира тестенини со морски плодови со пармезан. Мешањето срење и риба се смета за кардинална грешка. Иако ова повеќе е традиционално верување на Италијаните, сè уште е застапено ширум земјата. Во некои инуитски култури во Канада, ослободувањето на гасови за време на јадењето е знак на благодарност. Во Кина е многу важен начинот на кој се оставаат стапчињата. Не треба да ги оставате вертикално во чинијата со ориз, бидејќи тоа потсетува на свечен оброк што им се нуди на мртвите, исто така не смее да се мавта со стапчињата за јадење. Поставете ги на масата така што ќе покажуваат кон некого. Подждригнувањето во Кина се смета за знак на благодарност. Здравиците во Унгарија не смеат да се прават со чаши за пиво. Имено, во 1848-ма година за време на Унгарската револуција, австриските војниците наздравувале за поразените и убиените Унгарци со кригли со пиво. Доколку во Германија компирот го сечете со нож, му давате до знаење на домаќинот дека не е готов ниту добро зготвен. Наместо тоа, компирот кинете го со вилушка или гмечете го. извор: точка.мк]]>

Денес се слави Св. Никола, заштитникот на патниците – ова се обичаите и верувањата https://arhiva.vistina.com.mk/denes-se-slavi-sv-nikola-zashtitnikot-na-patnicite-ova-se-obichaite-i-veruvanjata/ Sat, 19 Dec 2020 08:00:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181624

Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе се празнува денот на неговата упокојување 19/6 декември, (празник познат како зимски Св. Никола или Св. Никола ‒ зимен), сепак, внимание му се посветува и на денот на пренесувњето на моштите на св. Никола од Мир (во Ликија) во Бари (Италија) на 22/9 мај, (празник меѓу народот познат како летен Св. Никола, или Св. Никола – летен). Овој важен лик од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето. Неговиот чичко, кој исто така се викал Николај, и кој бил архиепископ Патарски, согледвајќи ги позитивните карактеристики на младиот Николај ги наговорил родителите да му дозволат да се посвети на Бога и го произвел во чин презвитер. За време на ракополагањето епископот исполнет со пророчки дух во еден момент покажувајќи на младиот Николај извикал: „Браќа, јас го гледам новото сонце што изгрева над земјата и ветува утеха на сите потиштени. Блажено е стадото што ќе го има за пастир, зашто тој ќе ги приведе кон вистината заблудените овци, ќе ги пасе на пасиштето на благочестието и ќе биде помошник на сите страдалници“. Ова пророштво на стрикото Николај се исполнило, зашто младиот Николај подоцна навистина станал заштитник на сиромасите, но и помошник на сите што со верба му се обраќале. По смртта на стрико му кој бил архиепископ свештениците од областа Ликија барале негова замена, но сите се увериле дека немале подобар од младиот Николај и го избрале за архиепископ Мирликијски. Како архиепископ Николај бил омилен меѓу народот, зашто секогаш ги помагал сиромашните, ги посетувал болните, ги штител затворениците и неправедно осудените, младите ги советувал, грешните ги упатувал на вистинскиот пат, робовите ги откупувал и ги пуштал на слобода, на сиромашните девојки им купувал мираз за да се омажат итн. По смртта на неговите родители коишто биле многу богати сето богатство што го наследил го разделил на сиромасите, но тоа го правел тајно тргнувајќи од божјите зборови за добрите дела да не бара светска слава. Житието раскажува дека во тоа време во градот Патара живеел некој човек којшто ненадејно го изгубил богатството и бидејќи не бил способен да се бори во животот бил решен и со нечесни средства да остварува средства за живот. Имал намера да ја жртвува дури и честа на своите три ќерки, но во тоа го спасил св. Никола кој ноќно време низ прозорецот му дофрлувал пари. Со тие пари таткото ги омажил и трите ќерки, а кога разбрал кој му го дава богатството паднал пред нозете на Никола и со солзи во очите му благодарил со зборовите: „Ако не беше те пратил Господ да не спасиш, јас не можев да одолеам на искушенијата, ќе паднев во грев и ќе ја жртвував честа на моите ќерки.“ Кога за време на владеењето на царот Диолкецијан станале големи прогони на христијаните и Николај бил затворен и подолго време останал во темница. Но кога царот Константин го признал христијанството и кога ги ослободил сите затворени христијани и Николај бил ослободен и повторно се вратил на архиепископскиот трон. Учествувал и на Првиот веселенски собор во Никеја, во 325 година, каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој се одделил од христијанството и проповедал друго учење. По пронаоѓањето на светиот крст од страна на царицата Елена многу луѓе тргнале да ги посетуваат светите места. И архиепископот Николај тргнал на вакво патување, на кое се случиле многу чудни настани. Житието раскажува дека додека патувале по морето Николај претскажал големо невреме, но морнарите познавајќи ги метеоролошките услови го исмевале велејќи му да не зборува за работи што не му се познати. Но кога набргу навистина фатило страшно невреме, кога се кренале големи бранови и кога сите очекувале несреќа Николај се помолил на Господа и бурата престанала. Вакви настани за време на животот на Николај се случиле повеќе, а тој и по смртта продолжил да ги заштитува патниците, посебно оние што патувале по вода. Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ. Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите св. Николај му се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија. Во тоа време црквите во јужна Италија ѝ припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија), во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола (Св. Николај ‒ летен). Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кој имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување. Култот на св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат не само православните туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, коишто како што стои во некои записи го викале „Адрбаба“, што значи јадар татко или голем татко. Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак, во народното предание најмногу е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците. Во таа смисла Марко Цепенков запишал дека „Свети Никола је на морињата – да варди луѓето од талазите на морето да не се удаат“. С. Тановиќ, пак во записите на обичаи и верувања од Гевгелиско на едно место забележал дека овој ден се празнувал „поради дождови и поплави“, а на друго место дека го празнувале рибарите и морепловците, дека секогаш бил на вода и ги држел клучевите од седум извори за да не се удават луѓето, зашто кога би ја пуштил водата сите би се удавиле. На Дојранското Езеро, на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а и во Солунскиот Залив престанувал сообраќајот. И Е. Спространов во обичаите од Охрид забележал дека свети Никола бил тој „шо и поиљвит морињата. Тога, каде да се најт гемија или пампур останвит таму макар, стрет море да је, ќе се заприт и ќе го држит (ќе го празнуват). Свети Никола е фенерлија, праит чудесиј“. Во македонските народни песни св. Никола е опеан како „стар свети Никола“ кој може да го одмрзне и замрзнатото море, но и кој гради цркви и манастири: „Цркви гради стар свети Никола, /градил ги е од злато и сребро“. Стиховите, пак, од оваа песна во кои Св. Никола и се обраќа на златната рипка од дното на морето: „сребро, злато, цркви ќе дограда, / бесцен камен у олтар ќе става, / тебе рипке, курбан ќе те колам“, се во врска со обичајот да се јаде риба на празникот (особено на зимскиот празник кој спаѓа во Божиковите пости) како и со обичајот во некои места за курбан да се готви риба-крап. И во песната од зборникот на браќата Миладиновци се пее за делбата меѓу четирите светци: св. Илија, св. Никола, св. Јован и св. Петар: „На свети Никола што му паднало?/ Паднало му води и бродови, / му паднаа гемии по море, / он да имат, он да и повељат“. И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината. Така на пр. во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник „Новини“ кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на св. Никола затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога. Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале во среде море како крепи една гемија готова да потоне. Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат гемијата на суво. Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа. Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој. Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел, на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари. Истражувачите на народниот живот истакнуваат дека многу елементи од обичаите и верувањата поврзани со св. Никола водат потекло од претхристијанско време, но дека се задржани сите обреди, обичаи, жртвувања, и сл. кои биле поврзани со некогашниот претхристјански јунак на морињата, водите и ветровите.]]>