нуне брадрс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 10:21:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нуне брадрс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со бебе на турнеја: Австралија ги пречека „Браќата Нуне“, Мими Јовановска и Дарко Билбиловски https://arhiva.vistina.com.mk/so-bebe-na-turneja-avstralija-gi-precheka-brakata-nune-mimi-jovanovska-i-darko-bilbilovski/ Thu, 22 Feb 2024 06:00:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339731

„Бендот на браќата Нуне“  и Мими Јовановска за прв пат заминаа на турнеја низ Австралија, а со нив замина и Дарко Билбиловски. Но, тие не се единствените патници, бидејќи со нив тргна и Никола, синчето на Мими и Филип, кое се' уште нема наполнето ниту една година. Ова е прво патување во Австралија на Мими и Филип и секако и Никола тргнаа на своето прво патување иако нема една година. Тие веќе стапнаа на австралиско тло, а Никола вистински уживал во долгиот пат,  а сега ужива во убавото време и благодетите на базенот крај брегот на океанската шир. -Кога ја добивме поканата за турнеја низ Австралија, не ни помилувавме да тргнеме без Никола. Во Австралија ќе престојуваме месец и половина и не сакавме толку многу време да се оделиме од него. Никола е навикнат да функционира со музика и со прошетки, затоа и ова патување е долго, но нема да има никаков проблем, велат Мими и Филип.   Ова патување не само што е прво  искуство и за нив, туку и за нашинците кои ќе ја имаат привилегијата да ги слушнат во живо.  А според најавите и според она што досега го имаат сработено има и што да се слушне. „Македонци, подгответе се за една поинаква забава, за нешто што многу ќе ви се допадне и што ќе го барате повторно“, се ветувањата на музичките ѕвезди,кои досега многу пати ја покажале нивната големина. „Бендот на браќата Нуне“, Мими и Дарко заминаа на покана на друштвото „Никола Карев“ од Мелбурн, друштво кое има традиција од половина век.  На турнејата, која ќе трае месец и половна планирани се  девет концерти. Првиот концерт е закажан за утре, на  23 фебруари во Волонгог, следниот ден се во Сиднеј, на први март се во Квинбиен, за осми март во Мелбурн и на девети март во Џилонг. Во Мебурн, како град во кој им најмногу Македонци планирани се уште два концерти и тоа на 15 и 16 март, а последниот концерт ќе се случи во Перт на 23 март. Тие имаат сосема поразличен концепт на концерти, нивните настапи се во боја и подготвуваат музичко шоу кое ќе се памети. Ќе се пее и свири исклучиво македонски песни и ора, секако забавни и народни. Песни од нашата богата ризница што одамна не ги слушнале. -Ова е прва средба мегу нас и нашинците во Австралија. Затоа ќе биде забава за публика од 7 до 77. Од од танго до чочеци.  Сите жанрови на едно место, стари хитови, евергрини, но и модерна македонска музика. Затоа  обединете се Македонци, дојдете во што поголем број на забава каква што немаат видено до сега, порачуваат музичарите. На настапот секако ќе има нивни авторски песни, инструментали,  песни Васка до Есма. Мими нејзiната најнова песна „Мајко“ за прв пат на жив настап ќе ја промовира токму пред австралиската публика. „Мајко“ е песна посветена за сите нашинци кои се далеку од дома, за сите кои морале да ги напуштат родителите и да заминат во светот, што е приказна во која ќе се пронајдат тие, кои ја доживеале истата судбина. Фото: Архива/Инстаграм/mimijovanovskaa

     ]]>

„Браќата Нуне“ го промовираа деби албумот „По патот“ https://arhiva.vistina.com.mk/brakjata-nune-go-promoviraa-debi-albumot-po-patot/ Thu, 28 Dec 2017 10:49:52 +0000 http://vistina.mk/?p=8090

„Браќата Нуне“ односно Филип и Раде Нуневски, минатата недела го промовираа своето првенче, албумот насловен „По патот“. Во хотелот „Квинс“, пред многу гости, соработници, новинари, пријатели, се одржа промоцијата каде Филип и Раде отсвиреа во живо и дел од музиката на албумот, а водители беа Лила Стојановска и Ване Маркоски.

Овој албум е прв солистички и авторски на браќата Нуне. Во него се појавуваат и соработници и гости како Светолик Нуневски ,Милан Завков, Милан Кацарски, Николче Мицевски, Златко Миладиновски, Војче Петрушев, Никола Митровиќ, Али Латифов, Далибор Ефтимовски, Дејвид Демир и Горан Гешовски, воедно и продуцент на овој албум. „На овој албум е работено повеќе од една година и се состои од 11 композиции. Очекуваме истиот да наиде на добар прием oд публиката“, велат браќата. На промоцијата гостите имаа можност да го набават новиот албум, кој веќе е во продажба, а со средствата собрани од истиот, Филип и Раде ги израдуваа дечињата од „СОС Детско село – Македонија“ со новогодишен подарок. Пред овој прв солистички албум, најзначајна за нив е и соработката во оркестарот на Есма Реџепова. https://www.youtube.com/watch?v=7i04QFuf1DI]]>