новогодишни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Dec 2021 12:28:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png новогодишни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Комбинирајте го секој детал со вашиот гламурозен фустан: 4 идеи за лакирање на ноктите за новогодишната вечер https://arhiva.vistina.com.mk/kombinirajte-go-sekoj-detal-so-vashiot-glamurozen-fustan-4-idei-za-lakiranje-na-noktite-za-novogodishnata-vecher/ Thu, 16 Dec 2021 13:45:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231487

Прославувањето на најлудата ноќ во годината, секако стави предизвик – како е неопходно да се организирате за да изгледате волшебно и гламурозно таа вечер. Веројатно сите веќе размислуваат за фустани и аутфити, но кој сака да изгледа беспрекорно, сигурно не пропуштил многу детали. Ви донесуваме 4 различни стилови на фарбање нокти кои можете да ги имате на 31 декември: 1. Ноктите во комбинација со беж, темнозелени и златни нијанси се една од добитните комбинации кои можете да ги изберете за новогодишната ноќ. Зелената е совршена зимска нијанса, а во комбинација за другите две ова е совршен избор. 2. Белузлавите омбре нокти со мотиви од снегулка се еден од добрите избори доколку сакате посветла нијанса и посветлен изглед на ноктите. Воедно е гламурозен, а укажува и на зимската и новогодишната атмосфера. 3. Беж нијансите се враќаат во мода. Така, ако изберете една од овие нијанси, додадете малку циркони и вашите нокти ќе бидат одраз на луксуз. 4. А ако сакате многу нијанси, дезени, светки, металик бои, тогаш одберете ги дизајните кои најдобро ќе одговараат на вашиот новогодишен фустан. извор: попара.мк ]]>

Нептун со супер празнична понуда: Големи попусти и до 60 рати без камата! https://arhiva.vistina.com.mk/neptun-so-super-praznichna-ponuda-golemi-popusti-i-do-60-rati-bez-kamata/ Tue, 24 Dec 2019 09:10:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125571

HAPPY WEEK акција во Нептун со најголеми празнични попусти и до 60 рати БЕЗ камата на цените со попуст! Од 24-31 декември, до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и синдикална продажба, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни цени со големи попусти. Оваа празнична сезона, изненадете ги вашите најблиски и подарете им нов уред по супер ниски цени и уживајте заедно во најубавиот дел од годината! Тимот на Нептун се погрижи со акцијата да бидат опфатени огромен број на најбарани и најпродавани производи, спакувани во идеални понуди со бенефицирано финансирање на рати без камата со цел да им се олесни начинот на купување на потрошувачите за време на новогодишните празници. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија или онлајн на www.neptun.mk и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Посетете ги Нептун продавниците за време на оваа акција и уверете се во одличните понуди! Нептун најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 21 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, Нептун е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.]]>

Секој град во Македонија има своја новогодишна елка: Еве како ја китат елката скопјани, битолчани, прилепчани, охриѓани, струмичани… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-grad-vo-makedonija-ima-svoja-novogodishna-elka-eve-kakva-imaat-skopjani-bitolchani-prilepchani-ohrigjani-strumichani-foto/ Thu, 12 Dec 2019 11:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123491

Прва асоцијација за Нова Година се Дедо Мраз и новогодишната елка... На најпознатиот и најпосакуван дедо на светот најмногу ни текнува токму во овој период во година, а елаката...? Неа сите ја китиме отприлика сите исто: со новогодишни украси, лампиони, сијалички, фигури... Иста, ама кај сите, сепак различна. Ама дека секој град во Македонија има свои специфики во китењето и своја тип на новогодишна елка сигурно не сте знаеле. Токму чикашкиот камионџија Дарко „Влогс“ Јефремов дојде на идеја да ви ги претстави новогодишните елки по македонските градови. не сите, се разбира, ма затоа најинтересните и најуникатните... Како што секој град, секое подрачје или регион во Македонија има свои специфики, така има и своја елка. Затоа, погледнете какви елки имаат скопјани, битолчани, прилепчани, велешани, струмичани, крушевчани... 1. Скопската е најнакитена со украси. И најмногу личи на вистинска елка, ама само ако можеш да ја видиш... од маглата и смогот. 2. Скопје има многу општини, свои региони, населби... „држава во држава“ што би рекле, а Драчево е една од  најпрочуените... по кромидот! 3.  Битола е вториот најголем град во Македонија... ама важи и за најградскиот, а и чупињата им се „јака штикла“. 4. Охрид е најпознатиот туристички центар. Рибарине кога не фаштет пастрмчиња, трските ги чуваат за елка! 5. Велес е близу до метрополата, ам уште поблизу до Америка. Откако расчистија со „Франкфурт мафија“, велешани се префрлија на изборна интернет Трампманија, па редно е и елката да им биде „америчка“! 6. Тетово е исто така блиску до престолнината, ама уште поблиску до рафална стрелба. Таму кога се слави, не се штеди на муниција... Ни за сунет, ни за свадба ни за Нова Година!  Затоа и елката им е „пушка“... Море „бомба“!!! 7. Кочани е познат по оризот, а оризот ситно зрнце, не се гледа да го ставиш на елка... Чаре - накитија елката со второто што најмногу го имаат кочанчани после оризот - бугарски пасош! 8. Да не Ресен, Европа јаболка нема да помириса, а камо ли да проба... Затоа и елката на ресенчани им е така богато наредена. Што да ги фрлаат кога нема откуп, вака барем украсни  елки може да извезуваат! 9. Прилепчани со извоз немаат главоболки... Тутунот се' уште се пуши наголемо... Го „пушиме“ сите, па и фазла има... Тоа што прекарот на прилепчани им е каков што им е,  а на нивното поднебје банани не виреат,  не значи дека треба да им правите мајмунлоци, па елка од увоз не треба да имаат? 10. На прилепчани бизнисот со пушењето полека им го превземаат струмичани... Само не со тутунот... А какво ти е пушењето, такава ти е и елката... Релакс - плантажна! Од кај братот или брачедот... 11. Кој пуши, кој пие... Тоа ти е Македонија. А кај се пие најмногу, ако не таму кајшто најмногу се прават виното и рачијта... Разбира се у  Тиквешијата... Алкохолот сигурно не оди фира, ама за да не се фрла амбалажата како скисната зелка, еве ти од шишиња направена новогодишна елка... 12.Малешевијата нема ни тутун, ни јаболка, ни грозје, ама затоа има нешто што се сади, а не се гледа, оти расте под земја... Компир во вреќа, а вреќа по вреќа и ете ти беровска елка, за новогодишна среќа... 13. И за крај највисокиот град во Македонија... Крушево! Таму ништо не вирее од земјоделски култури... Само Лобито им е јако и богато, ама затоа елката сиромашка... оти е Влашка! Ах, да... И оваа последнава елка да не ја заборавиме. Неа на нашиот премиер, францускиот претседател му ја подари... И тоа уште пред извесно време... Како „мали знак пажње“ за Преспанскиот договор, да си ја постави во двор: „ From Paris with Love“...! Епа, Среќна Нова, народе!    ]]>