новогодишни украси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Dec 2023 18:32:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png новогодишни украси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вистинска бајка во луксузниот стан на Миа Борисављевиќ: Пејачката плати професионален декоратор и направи  магија во домот (видео)  https://arhiva.vistina.com.mk/vistinska-bajka-vo-luksuzniot-stan-na-mia-borisavlevik-pejachkata-plati-profesionalen-dekorator-i-napravi-magija-vo-domot-video/ Thu, 07 Dec 2023 13:18:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330399

Пејачката Миа Борисављевиќ живее во стан на две нивоа во Белград, со сопругот Бојан Грујиќ и нивните две ќерки Ема и Теа. Ема има пет години, а Теа неодамна го прослави вториот роденден. Празниците доаѓаат, па како и сите, така и јавните личности бараат да си го украсат домот, и заради најмалите и заради себе, бидејќи сите уживаат во празничната атмосфера. Миа преку својот Инстаграм покажа како изгледа нејзиниот украсен дом, а можеме слободно да кажеме дека е како од бајка.
Пејачката за оваа прилика ангажирала професионален декоратор, за се да оди во најдобар ред. На видеата можеше да се види колку се среќни девојките, не можејќи да се нагледаат на сите детали. Девојките беа толку возбудени што дури и помогнаа да се наместат украсите.
Тука е елката, Дедо Мраз, ирваси, пакетчиња, лампиони и се што оди во прилог на тоа. Миа се потруди ништо да не пропушти. Фото: Printskrin/Instagram/miaborisavljevic]]>

Елката не е единствениот украс: Растенија што може да ги користите за празнично украсување на домот https://arhiva.vistina.com.mk/elkata-ne-e-edinstveniot-ukras-rastenija-shto-moze-da-gi-koristite-za-praznichno-ukrasuvanje-na-domot/ Mon, 14 Dec 2020 13:15:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180793

Божиќните ѕвезди, празничните венци и разните природни цветни аранжмани се неизбежен дел од украсувањето на ентериерот. Бидете внимателни при изборот на растенија бидејќи со соодветна грижа и нега може да траат дури и по празниците, така што следната година ќе бидат уште побујни и поубави. Оваа година се популарни амарилисот, божиќната ѕвезда, орхидеите, каланхоата и божиќниот кактус. Во продолжение прочитајте како да се грижите за нив. Амарилис
Амарилисот е повеќегодишно растение кое не бара многу грижа. Чувајте го на светло, но не на директна сончева светлина, наводнувајте го еднаш или двапати неделно, но хранете го редовно. Цвета еднаш годишно и ако правилно се грижите за него, тоа ќе преживее подолго време.
Божиќна ѕвезда
Оваа растение е популарно секоја година, а многумина сакаат да го чуваат цела година. Но, тоа најчесто е безуспешно бидејќи бара поголема грижа. Најважното нешто во врска со ова растение е дека кога ќе го купите, треба да го оставите неколку часа во малку поладна просторија за да може постепено да се приспособи на новиот простор, каде што не треба да биде поладно од 23 °С. Во никој случај не треба да го чувате на место каде што има провев или извор на топлина. Не поместувајте го растението откако ќе најдете соодветно место за него и наводнувајте го одозгора, секој втор ден. Божиќен кактус
Ова растение е идеално за суви и затворени простории и не му треба многу грижа и наводнување. Наводнувајте го еднаш неделно или може да го прскате со застоена вода на неколку дена. За да цвета, треба да има многу индиректна светлина и да не го поместувате затоа што не сака промени. За време на цветањето, избегнувајте пресадување и прекумерно изложување на растението на промени.
Каланхоата е лесна за одгледување и не бара премногу грижа. Можете да ја одгледувате дома, а кога ќе биде потопло, може да ја одгледувате на вашиот балкон или во градината. Во лето треба да се наводнува 2-3 пати неделно, а во зима многу помалку. Обезбедете ѝ многу светлина и таа ќе остане во вашиот дом уште долго време. Орхидеи
Орхидеите се познати како чувствителни растенија, но ако следите одредени правила, брзо ќе научите што им треба за да бидат здрави и големи. Им треба индиректна светлина, но не многу наводнување. Грижата за нив зависи и од видот, па затоа информирајте се добро пред да ги купите. извор: Кафепауза ]]>

Направете сами новогодишни украси со тегли https://arhiva.vistina.com.mk/dzvezdite-neka-vi-otkrijat-koj-e-vashiot-srekjen-broj-ili-broj-koj-ve-opishva-vas-vashiot-karakter-i-sekojdnevnie-oven-brojot-1-im-pripagja-na-ovnite-sekogash-prv-aktiven-vodi-i-brza-bik-na-bikot-m/ Wed, 09 Dec 2020 13:40:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180095

Многумина веќе со недели уживаат во празничното украсување на домот, а има и такви кои ќе започнат да го украсуваат просторот за живеење во наредните денови. Ако не сте сигурни какви украси сакате, но спремни сте да бидете 'сам свој мајстор', инспирација може да пронајдете во продолжение. За убави украси всушност не ви треба ниту многу време ниту материјал. Доволно ви е малку фантазија, а поголем дел од потребниот материјал често го имаме во домот. Така многу ефектни украси може да направите со помош на стари тегли. Речиси и да нема кујна во која нема некоја тегла од ајвар или зимница. Земете тегла со посакуваната големина, за почеток во неа ставете неколку големи лажици сол или ситно издробен стиропор за да добиете снежна подлога за прекрасен украс. Потоа внатре ставете некоја фигура по ваш избор. Класичен избор би била фигура од мала срна, елен, Дедо Мраз, но слободо користете било каква фигура која ви е достапна. Затворете ја теглата, по желба дополително украсете ја со лента или парче од стар гоблен. Теглите едноставно можете да ги наполните и со стари топчиња. Еднобоен или шарен аранжман со монистри во различни бои е навистина ефектна декорација, а толку едноставна за правење. извор:точка.ком.мк]]>

Новогодишни украси според хороскопските знаци https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishni-ukrasi-spored-horoskopskite-znaci/ Mon, 31 Dec 2018 13:15:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65375

Новата година е на прагот, насекаде владее празнична атмосфера, елките и украсите блескаат во сите домови и сите со нетрпение ја чекаат најлудата ноќ. Сигурно обожавате да китите елка и да украсувате, но дали знаете дека секој хороскопски знак има свој начин на китење елка? Овен Овенот е љубител на модерни и едноставни декорации. Интензивно црвените класични фигури и црвените светилки на зелената елка се полн погодок. Бик Бикот е земјен знак кој обожава пофалби, па затоа ја одбира највисоката елка за да се истакне. Високото и природно дрвце со многу рачно изработени украси ќе ги развесели сите Бикови. Близнаци Близнаците не сакаат монотонија и досада. За традиционалните Близнаци идеално божиќно дрвце е шарената и богата елка. Шарените божиќни кутии наредени во форма на дрвце или нацртана елка на ѕидот се иновативни идеи за покреативните Близнаци што ги сакаат сите бои. Задолжителни се и дрвените украси со разни натписи. Рак Раковите ги обожаваат празниците, бидејќи тогаш поминуваат време во кругот на семејството. Нивниот идеален избор е класична елка украсена со стаклени декорации. Омилена боја им е сината. Неизоставна е и зелената, па затоа на елката сигурно ќе се најдат украси во тие бои. Ја негуваат и старата заборавена традиција, па затоа претпочитаат дрвце украсено со предмети направени од тесто, глина, па дури и хартија. Лав Како вистински огнен знак, Лавот е љубител на миризливите свеќи со кои може да направи празнична атмосфера. Нивната омилена златна боја ќе доминира на новогодишната елка. Врвот на елката ќе го краси златен ангел или ѕвезда, а со оглед на тоа што Лавовите се вистински гурмани, ќе ја украсат елката со лампиони што потсетуваат на храна. Колку поголемо дрвце толку подобро. Девица Педантната Девица посветува големо внимание на деталите. Својата елка ќе ја доведе до апсолутно совршенство и никој нема да може да ѝ остане рамнодушен. Стеблото мора да биде високо и елегантно, опкружено со традиционални стаклени светкави лампиони. Црвената, зелената и златната им се омилени бои, како и украсите со бела боја, бидејќи потсетуваат на чистота и невиност. Терезија Самовилите, животните и митските ликови им се омилени додатоци за елката, додека некои Терезии претпочитаат јапонски декорации, како на пример украси од оригами. Шкорпија Шкорпиите ќе одберат високо дрво украсено само во неколку бои. Темноцрвени, црни и темносини декорации, како и украси во форма на ангел се вистинскиот избор за нив. Традиционалните украси им се многу драги. Стрелец Овој забавен знак ќе ја украси својата елка со лампиони во форма на животни, но и со духовни и религиозни симболи. Украсите во стил на еднорози, но и традиционалните стаклени лампиони ќе ги задоволат сите нивни желби. Јарец Јарците ги обожаваат животните, а тоа се гледа и од украсите што ги одбираат за елката. Пес, мачка, мечка и другите животните ќе изгледаат одлично на нивната елка. Јарците се исто така семејно ориентирани, па затоа обожаваат да украсуваат со висечки бонбони во необични бои и шеќерни стапчиња. Водолија Ќе ги израдува креативна елка што ќе блеска посилно од диско-топка. Похрабрите ќе експериментираат со помалку традиционални бои. Риби Со оглед на тоа што обожаваат море и морски животни, тоа може да им послужи како инспирација за божиќната декорација, која ќе ја надополнат со тиркизна или виолетова боја.]]>

20 идеи за новогодишни украси што може да ги направите сами https://arhiva.vistina.com.mk/20-idei-za-novogodishni-ukrasi-shto-moze-da-gi-napravite-sami/ Fri, 14 Dec 2018 16:45:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63101

Се ближат новогодишните и божикните празници и време е да размислувате за украсување на домот и работниот простор. Ако сакате да не го оптоварувате буџетот со купување нови украси, но и да ја изразите вашата креативност, направете сами украси од предмети што ги имате дома. Овие 20 фантастични идеи ќе ви ја дадат потребната доза инспирација и совети како да направите мали уметнички дела со кои ќе го разубавите просторот за празниците. [embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=10&v=bPSsQ2PXuWU[/embed]  
]]>