новогодишна порака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Dec 2020 23:19:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png новогодишна порака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вистина ви посакува Среќна Нова 2021 година https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-vi-posakuva-srekjna-nova-2021-godina/ Thu, 31 Dec 2020 23:15:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183502

Зад нас е уште една година заедничко дружење… Изминуват последните часови на 2020-та, можеби најтешката во новиот милинеум, во која бевеме 365 дена заедно со вас… Ние, редакцијата на Вистина.мк и Вие, нашата верна читателска публика на нашиот портал, која ни остана верна и во деновите на пандемијата која го смени светот, која не затвори дома, ни го преврте животот наопаку, не отуѓи, ни го загрози здравјето, а за жал на многумина и им го одзема најсветото - животот. Во овие не баш розови времиња, не знаеме дали и колку ни појде од рака барем малку да ве расположиме, насмееме, изненадиме, понекогаш шокираме, фасцинираме, колку што беше можно да ве  релаксираме и опуштиме …  Нам  не ни се цел, ниту ни се приоритет политиката, црните хроники, непријатните случки, катастрофите, проблемите, немилите настани… Иако сакале или не, во оваа тешка година што изминува, не можевме да ги избегнеме. Создадени сме да ја третираме онаа, поубавата страна на животот, иако професионалноста и новинарската љубопитност, етиката и одговорност кон читателот, понекогаш не ни даваше за право да го премолчиме и она – што не е баш за гордост, радост, пофалба, не е сјајно, бласкаво, розово… А тоа во 2020-та го имаше и премногу. Сепак, како и од првиот ден и годинава  се обидовме и во убавото и во помалку убавото да бидеме свои, уникатни, оригинални, едни и единствени… Издржано четиво за читателите,  новинарска „лектира“ за „препишувачите“ од „копи – пејст конкуренцијата“, ако таквите, тоа воопшто и можат да ни бидат. Затоа и само една има Вистина… Вистина.ком.мк… Се’ друго е… знаете веќе што!
 
Да сте живи и здрави, радосни и весели, да имате многу посреќна година, многу поубава од оваа „несреќна“ 2020-та, која заеднички ја испраќаме! Останете ни верни, зашто Вистина.ком.мк никогаш нема да ве изневери! Редакцијата на „Вистина.ком.мк“ Ви посакува Среќна Нова 2021 година, среќни Божиќни празници и... Чувајте се!
]]>

„Гладна сум за љубов…“: Јелена Карлеуша со предновогодишна порака за фајронт на 2020 и добредојде на 2021-ва (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gladna-sum-za-ljubov-jelena-karleusha-so-prednovogodishna-poraka-za-fajront-na-2020-i-dobredojde-na-2021-va-foto/ Thu, 31 Dec 2020 09:56:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183489

Познатите и популарни личности, особено оние од естрадата, вообичаено имаат своја новогодишна честитка за нивните обожаватели, верни фанови, следбеници на социјалните мрежи... Јелена Карлеуша на крајот од годината која по многу нешта беше „никаква“, наместо новогодишна честитка, упати предновогодишна порака за фајронт на 2020 и добредојде на 2021-ва.   „Не знам поинаку, освен искрено. Ова беше тешка година за сите нас, но тоа можам да го кажам тоа за секоја година од мојот живот... И затоа немам друг избор освен и понатаму да продолжам храбро. Онака, како што ме научи мајка ми и како што би очекувала од мене. Не знам што подготви животот за мене во годините што доаѓаат, но ќе се потрудам да ги живеам онака, како што јас сакам. Не како што другите ми наметнуваат. Ќе дадам се' од себе да бидам добра личност и да правам добрини, да простам колку што можам, да се смеам и да плачам, да пеам и играм, да ги гледам моите деца како растат и да ја впиваат сета љубов...  затоа што сум гладна за љубов ... Нека остане  мојата трагаво времето“ - напиша карлеуша во пораката! ]]>