ново лого – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Oct 2020 12:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ново лого – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нокаут“ промовираа спот за „Сакам да живеам“ и ново лого, а најавија документарец и нов албум на бендот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-promoviraa-spot-za-sakam-da-ziveam-i-novo-logo-a-najavija-dokumentarec-i-nov-album-na-bendot/ Thu, 29 Oct 2020 08:29:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173556

Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца , намалени контакти, финансиска криза, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот. На 28 октомври (среда) тие го промовираа спотот за макфестовската победничка тема „Сакам да живеам“. „Режијата на видеото ја потпишува  Јован Куциноски -  „Motion Emotion“ продукција, човекот со кого го работвме и видеото за „Позитив(н)о“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна“ – изјави Никола Перевски – Пере на промоција. Членовите на бендот кој покрај лидерот Пере - вокал, гитара, уште го сочинуваат:  Горјан Петровски - гитара, Борче Кузмановски - клавијатури, Виктор Николовски - бас, Горан Кавраков - саксофон и Благоја Антовски - тапани, го најавија и документарниот филм со работен наслов „ Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски - Ѓуле. „Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци не следи секаде каде што одиме и ги лови интересните моменти од нашите настапи, проби, дружби, хотелскиот престој... Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум , кои се снимени во живо , само за потребите на документарецот. Ветуваме необичен видео документ со уште понеобична приказна“ – откри Пере. Инаку, новиот, четврти по ред студиски албум на „Нокаут“ е во завршна фаза. Дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени. А дел од нив се комплетно нови. Неговата промоција се планира за почетокот на следната година. На промоцијата беше претставено и новото ребрендирано лого, кое ќе биде белег на следни проекти бендот. Дизајнот на логото го направил Андреј Марјановиќ. Во продолжение, погледнете како изгледавидеоостварувањето за последниот макфестовски победник, темата „Сакам да живеам“ на групата „Нокаут“, за која музиката ја компонирале Никола Перевски и Филип Неделковски, аранжманот е на Никола Перевски, а текстот го напишал Огнен Неделковски, додека за музичката продуцикција на песната бил задолжен Дарко Димитров. https://www.youtube.com/watch?v=IYoHUv3E7jk&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3aj9zvMqrcFMlJpyC59_BddDpwjj7DBbmkZPWTx1le9ssmI9gOiQ2sLs8]]>