ново кученце – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Aug 2023 08:37:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ново кученце – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската ријалити убавица Елеонора Кочовска на генерална проба: „После ова… спремна сум и за близнаци“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-rijaliti-ubavitsa-eleonora-kochovska-na-generalna-proba-posle-ova-spremna-sum-i-za-bliznatsi-foto/ Thu, 31 Aug 2023 08:26:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316018

Mакедонската ријалити ѕвезда, инфлуернсерка  и топ модел Елеонора Миљковиќ последната недела од месец октомври  минатата 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски. Атрактивната скопјанка го смени начинот на живот и презимето, но не до крај и навиките или барем не начинот на кој ги споделува со јавноста своите инфлуенсерски способности да рекламира разни услуги и производи, од кои очигледно најдобро и оди со еротската долна облека и секси костимите за капење. И додека јавноста и популацијата, особено онаа - машката се занимава со нејзината телесна дарба, убавата Елеонора деновиве сподели една од своите свадбени фотграфии со кои слави еден необичен ден или празник ако сакате... Кај нас малку познат и забележан, 18 август, денот посветен на почитување на љубовта и трајната врска што ја споделуваат паровите. Плод на секоја љубов е проширувањето на семејството, па затоа и не изненади дека во нејзиниот семеен дом стигна принова. Но, да се разбереме дека не е она на што веднаш може да помислите, туку е в прашање нешто сосема друго. Еден поинаков вид на љубов, која го прошири семејството Кочовски, ама со нов куќен миленик. Имено, познато е дека Елеонора покрај онаа со сопругот, најмногу својата љубов ја делеше со своето кутре од расата Бишон. Бушавиот немирко по име Болт, како што вели самата сопственичка, „можеби  не е целиот нејзин живот, но тој го прави нејзиниот живот целосен“. Затоа дури и на нејзината свадба, на тој свечен и радосен ден, домашниот миленик беше неизоставен, како и во многу други ситуации пртходно, а и потоа, откако г-ѓица Миљковиќ, стана г-ѓа Кочовска! Па дури и кога тазе сопружниците ќе останат сами да споделат љубов, секогаш е тука некој трет да упадне во нивниот „интимен свет“. Арно ама тој трет, повеќе не е сам, зашто сега по третиот дојде и четврт. Можеби малку поразличен, пошарен ама исто толку влакнест, сладок и забавен, новиот четвороножен миленик, кученцето Коди. Па сега ти оди разбери се со две немирни ѓаволчиња, кога ќе почнат да лудуваат. За нив само игра, за газдарицата напор и обврска плус... Што би рекле, слатки маки. Но и тренинг за она што во животот  допрва ја чека. Своевидна генерална проба. Впрочем, откако кутрињата се уморија од својата игра, Елеонора онака уморна, испружена на троседот на заслужен омор и самата признава: „После Болт и Коди, спремна сум и за близнаци“! Прашање е само дали посилната половина го дели истото мислење, зашто сега не само кога е во прегратка со невестата, туку и кога сам се одмора, не едно, туку две кучиња му го реметат мирот. Само по се' изгледа дека нивниот немир за него е (све)мир! Така барем зетот напишал, за да се знае... Или сакал - нејќел, морал така да признае? Фото: Инстаграм/__elle.m__            ]]>