новинарска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Aug 2023 07:45:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png новинарска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската спортска новинарска легенда Зоран Михајлов на СП во Будимпешта доби животна награда, која посебно го трогна и неговиот син Горазд: „Честито и ти благодарам од срце царе…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-sportska-novinarska-legenda-zoran-mihajlov-na-sp-vo-budimpeshta-dobi-zhivotna-nagrada-koja-posebno-go-trogna-i-negoviot-sin-gorazd-chestito-i-ti-blagodaram-od-srtse-tsare-foto/ Thu, 24 Aug 2023 07:23:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315080

Легендарниот македонски спортски новинар и спортски коментатор, Зоран Михајлов, е еден од годинешните добитници на наградата за популаризација на атлетиката, која традиционално ја доделува Светската новинарска асоцијација (АИПС).
Ова огромно признание, кое се доделува на новинари кои известувале на најмалку десет Светски првенства (СП), на популарниот Зоки му беше доделено во Будимпешта, каде во моментов се одржува СП во атлетика  кое  започна на 19-ти август и ќе трае до 27-ми август 2023 година. Михајлов беше долгогодишен спортски новинар и ТВ коментатот во МТВ, како и поранешен уредник на спортската редакција во Македонската телевизија , а по официјалното пензионирање има работено на многу други новинарски проекти, како на телевизија и на радио така и во печетените медиуми. Тој беше редовен известувач и коментатор на летните и зимските Олимписки игри во последните 40-тина години, како и на сите позначајни атлетски, пливачки и боречки манифестации. Повозрасните паметат  дека Михајлов во младоста бил одличен атлетичар, државен рекордер и првак на Македонија и на поранешна СФРЈ, а активно играл и кошарка. Неговиот син, некогашниот македонски фудбалер, сега познат фудбалски тренер Горазд Михајлов на својот Фејсбук профил ја обзнани веста, споделувајќи неколку фотографиии и статус во кој со гордост му го честита ова високо и престижно признание на својот татко и негов спортски идол: „Денеска во Будимпешта, за време на Светското првенство во атлетика, мојот татко-идол доби награда за афирмација на светската атлетика во последните 40 години. Царе, уште еднаш честитки наградата која секако ја заслужи, пред се со твојот професионален пристап, посветеност и љубов кон атлетиката. Самиот факт дека ја добиваш од Светската атлетска асоцијација и светските спортски новинари, тежината е уште поголема. Да се ​​добие ваква престижна награда од светската спортска икона Хавиер Сотомајор,  кого во минатото си го коментирал со епитети, е сатисфакција за твојот труд, почит од светот и секако за целиот живот штотвориш и известуваш од вакви големи настани и секогаш го правиш тоа со срце и неизмерно ја презентираш МАКЕДОНИЈА каде и да си на земјината кугла... Горд сум на тебе и сите овие твои признанија ме тераат да продолжам да се докажувам и да успеам во животот, но тоа не би било возможно без твојата поддршка, ти благодарам од срце...“ - напиша Горазд Михајлов во својот Фејсбук статус, со воодушевување искажувајќи огромна почит и пиетет кон сојот родител, но и негов спортски идол. За ова престижно признание, честитки и од нашата редакција за колегата, македонската спортска,  новинарска и коментаторска легенда, Зоран Михајлов!
]]>

Адвокатите откриваат: Јелена Карлеуша ќе оди во затвор? https://arhiva.vistina.com.mk/advokatite-otkrivaat-jelena-karleusha-kje-odi-vo-zatvor/ Mon, 12 Aug 2019 10:28:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101637

Доколку полицијата утврди дека заканите за смрт на една новинарка започнале откако Јелена Карлеуша јавно ги објавила нејзините податоци на „Инстаграм“, на пејачката Јелена Карлеуша и се заканува казна затвор од шест месеци до пет години поради загрозување на безбедноста на новинарка, но и поради загрозување на безбедноста на членовите на нејзиното семејство, пишува „Ало“. Имено, како што објаснува адвокатот Светозар Вујиќиќ, Карлеуша со објавување на приватното видео со текст која повикува на линч свесно ја загрозила нејзината безбедност на лицето кое си ја работело само својата работа.
„Доколку една јавна личност со објавување на приватни фотографии и видео, на фановите им порачува нешто негативно за одредена личност, таа свесно праќа порака до луѓе од кои очекува реакција. На тој начин учествува во напади “ вели адвокатот и додава: „Доколку се докаже дека заканите започнале во оној момент кога госпоѓата Јелена Карлеуша објавила приватни видеа и податоци, па јавно ги повика фановите на линч, ќе се соочи со сериозни правни последици. На Карлеуша и се заканува казна затвор од шест месеци до три години поради директно загрозување на безбедност“ вели адвокатот и објаснува дека казната може да биде и поглема доколку се утврди дека е загрозена безбедноста на членовите на семејството.
„Оној момент кога Јелена Карлеуша ќе добие покана од полицијата и кога ќе биде поканета на информативен разговор, нејзина должност е да се појави. Доколку ја избегнува поканата, тогаш полицијата треба да ја приведе и да ја сослуша“ заклучува Светозар.]]>