новица васолевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Apr 2021 07:30:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png новица васолевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Татјана и Новица ја сменија земјата на живеење, но не и домаќинските навики: Брачниот фолк пар со песна меша ајвар (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-i-novica-ja-smenija-zemjata-na-ziveenje-no-ne-i-domakjinskite-naviki-brachniot-folk-par-so-pesna-mesha-ajvar-foto/ Mon, 05 Apr 2021 07:29:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197398

Додека кај нас времето се повеќе се затоплува, пролетта полека ја буди природата од зимскиот сон, на јужната хенисфера од земјината топка, летото си замина и настапува есента. Далечната Австралија е континентот каде живеат многу македонски иселеници, меѓу кои и некои познати естрадни ликови како брачната фолк двојка, пејачите Татјана Лазаревски и Новица Василевски. Овој пар отсекогаш бил многу отворен и транспарентен и не го криел ниту професионалниот, ниту пак приватниот живот. Особено Татјана, која преку своите профили на социјалните мрежи редовно ги става на увид настаните, збиднувањата, тековните случки или што би рекле народски, сите „дешавки“  од нивниот семеен живот. Музичката хармонија преточена во семејна, ги прави  Татјана и Новица не само една од најхармоничните професионално-приватни двојки, туку и семејство за пример, во  кое едниот се грижи за другиот, а обајцата за децата и домот. Дека е тоа така, распеаните сопружници приложија нова тура фото докази. Овој пат надалеку познатиот македонски домаќинлук беше во фокусот на вниманието. Грижата за домот и семејството е секако одраз на домаќинлукот, кој не би бил комплетен ако не загосподариш со кујната и домашните специјалитети. А есента е вистиинското годишно доба за вакава демонстрација, врема кога распеаната брачна двојка со насмеани лица, дури и во далечната Австралија покажа како се прави македонска зимница! И тоа во пракса, па Татјана и Новица  со здружени сили како хармоничен фолк пар, дури и на најјужниот континент со песна замешаа  ајвар. Австралија и нејзиното општество се  можеби високоразвиени и таму е се'  брзо достапно, па веројатно може да се набави и понекоја тегла од најпрочуениот македонски специјалитет, но како оној домашниот,  каков што го прави вредниот македонски пар, подготвен по нашински рецепт, нема никаде во цел свет. Впрочем, кој пробал знае дека  нема ништо послатко од локалниот специјалитет кога  тој се прави според традиционален рецепт. Затоа македонските  фолкери весели и насмеани ги засукаа ракавите, ги вклучија ресурсите, ги распалија и ќумбето и скарата во дворот, кој за час замириса на печена пиперка по македонска мерка. Новица и Татјана сликовито го демонстрираа процесот на правење ајвар во сите  фази низ кои треба да мине црвената пиперка, додека не стигне како обожуван намаз во стаклена тегла. Пријателите секогаш се тука да припомогнат, па така нивната тие со задоволство им ја олеснија работата. За добрината што ја сторија со помагањето,  ќе бидат први што ќе го  вкусат македонскиот специјалитет и ќе уживаат во неговите убавини заедно со вредните домаќини. „Јас жарче, а ти оган,  ќумбето ќе гори ако треба и до зори...“ - како што велат дел од стиховите на еден од фолк хитовите на Новица. А сето тоа  засилено со добро непрестано мешање, што на домаќинката, што со заеднички сили, со кратки паузи за одмор на работната седенка, за обнова на енергијата со класче печена пченка. И некаде доцна во ноќта домаќините и пријателите, уморни но вредни, а ајварот  готов и подготвен да се спакува во тегли. Наздравје на вредните домаќини и нивните драги пријатели, кои традицијата не ја заборавија, дури и во Мелбурн, далечна Австралија! Фото: Фејсбук/tatjanalazarevska]]>