новица василевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 20:33:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png новица василевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домаќини, добри гости ви дојдоа… Тања и Новица во далечната Австралија имаа посета, па со песна ги дочекаа колегите од Македонија! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/domakini-dobri-gosti-vi-dojdoa-tana-i-novitsa-vo-dalechnata-avstralija-imaa-poseta-pa-so-pesna-gi-dochekaa-kolegite-od-makedonija-video/ Wed, 11 Oct 2023 07:10:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321575

Татајана Лазаревска и Новица Василевски, брачната естрадна двојка по летниот престој во родната Македонија кој и тоа како работно го искористија со фестивалски настапи и промоција на две нови песни и спота, се вратија во далечната Австралија каде последниве години живеат и работат. Иако постојано таму се дружат со нашинците,  не помина долго време кога одново нешто одблизу ги спои со родната грутка. На австралиските домаќини добри гости им дојдоа... и тоа колеги од Македонија! Имено, Стојне Николова, Бобан Мојсовски и нивната фолк екипа од Динамик бенд периодов се на турнеја токму низ Австралија, па симпатичната струмичанка и нејзиниот музички компањон по концертот во Емералд во Мелбурн, најдоа слободно време да им отидат на визита на нивните колеги, сега веќе одомаќени во еден од најголемите градови на најдалечниот континент.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by STOJNE NIKOLOVA (@stojne_official)

А кога ќе ти дојдат дома гости, па уште колеги и драги пријатели од татковината нема зборови да се опише убавината... Особено онаа на заедничката дружба, која како поинаку би кулминирала кај пејачите, ако не со песна. Масата полна, нешто да се замези и пивне, а потоа доаѓа време и да се запее. Муабетите немаат крај, ама за песна време секогаш се наоѓа... И тоа за онаа најновата, дуетската и победничка од последниот „Охрид фест 2023“ на Тања и Новица. И тоа насловена токму онака како што и прилегало и на дужбата со колегите и пријатели од Македонија: „Љубов ни е име, а пак среќа ни е презиме, песна место потпис, тоа ни е наш краток опис...“! И сите заедно, цeлото семејство и нивните гости  во еден глас ќе запеат додека го гледаат  настапот во неодамна снимената емисија „Мерак меана“, во која австралиските домаќни пред да заминат од Македонија учествуваа! Ваква дружба и весело расположение ретко се гледа и доживува... Но, тоа е очигледно секогаш така кога се во прашање Татјана и Новица... А дружбата - дај Боже да е секогаш ваква искрена, топла и срдечна, довека! Впрочем и домаќините удостоени и гостите угостени и задоволни, за што говори и јавната благодарност за гостопримството на убавата Стојне до, како што  самата вели, нивните најпозитивни колеги и пријатели. Фото: Инстагрм/tatjanalazarevska_official/stojne_official]]>

Како во добрите стари времиња: Тања и Новица промовира две песни со спотови (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-vo-dobrite-stari-vremina-tana-i-novitsa-promovira-dve-pesni-so-spotovi-foto/ Sat, 09 Sep 2023 07:51:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317242

Татјана Лазаревска и Новица Вассилевски како во добрите стари времиња во четвртокот вечерта ( 7-ми септември 2023) ги собраа колегите, пријателите, најблиските и новинарите на дружба во познатата „Камин Кама„ меана на нивниот колега Трајче „Мајка“ Толевски, на задничка дружба, која беа промовирани две нови песни. Како што ветија така и направија, Тања и Новица ја исполнија мисијата во престојот во татковината, и на публиката им подарија две нови нумери, кои и тоа како ќе допрат до публиката. Песната „Љубов ни е име“ сите имаа можност да ја слушнат на последното издание на „Охрид фест“, каде ја добија новинарската награда, а ја отпејаа во дует, кој претставува нивен втор заеднички проект.   Втората песна е насловена „Жена хероина“, поп фолк балада, која ја извеува Тања, во која нема жена која нема да се пронајде. „Кога ја добив песната на прва се воодушевив, се расплакав. Песната е моќна балада, со многу силна порака и сигурна сум дека во неа нема жена која нема да се пронајде“, рече Тања. Втората песна е „Љубов ни е име“, и е песна која е завршена во Австралија и стоела во фиока, чекајќи го моментот да ја здогледа виделината на денот и допре до слушателите. „Песната е олицетворение на нашата љубов, нашата врска, нашиот брак, рече Новица“. „Песната е турбо, а за нас кај што има музика, таму  нозете се мрдаат, таму се игра. Ние си заминуваме следната недела и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме заедно во нашата мила татковина Македонија и ќе се дружиме сите заедно и ќе ја промовираме нашата фолк музика секаде каде ќе одиме: Америка, Канада Австралија и ќе бидеме добри амбасадори на нашата музика и земја“  порача Тања. Спотовите се снимени на неколку локации во Охрид во продукција на „ИН ТВ“ . Автори на „Жена хероина се Борче Димитров, кој ја направи музиката, текстот е на Орце Зафировски, а снимена е во струдиото на Горан Милошевски, кој го направи аранжманот. Автори на „Љубов ни е име“ се на Сејхан Мемедов Секо, кој ја направи музиката, додека Горан Тодоровски, ги напишал стиховите.]]>

Ним „Љубовта им е име“, а таа е „Жена хероина“: Татјана Лазаревска и Новица Василевски промовираат два нови видеоспота https://arhiva.vistina.com.mk/nim-lubovta-im-e-ime-a-taa-e-zhena-heroina-tatjana-lazarevska-i-novitsa-vasilevski-promoviraat-dva-novi-videospota/ Thu, 07 Sep 2023 09:18:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317153

Татјана Лазаревска и Новица Василевски посетата и престојот во родната Македонија го користат на најдобар можен начин. И приватно и професионално, па така по одличниот настап на во фолк вечерта на „Охрид фест 2023“ и освоената награда од новинарското жири, во Скопје  ќе промовираат дури две нови песни со спотови. Промоцијата ќе се одржи вечерва, четврток  (7-ми  септември 2023 ) во ресторанот „Камин Кама“ во Ѓорче Петров, со почеток во 20 часот.
Една од песните  е дуетска на Тања и Новица, токму онаа насловена „Љубов ни е име“, со која настапија на „Охрид фест“, додека втората песна е соло поп-фолк балада на Татјана, насловена како „Жена хероина“.
„Во сета гужва,  фестивалски настапи и снимања,  настапи сепак успеавме да се организираме за да се видиме и да се подружиме заедно. Времето беше навистина кратко, но успеавме и за двете песни да снимиме спотови на прекрасни локации во Охрид и се надеваме дека ќе ви се допаднат. Уште еден повод повеќе за промоцијата е после толку долго време да се подружиме сите заедно“ - порачуваат Тања и Новица пред нивната медиумска промоција на новите видео остварувања.]]>

Песната им е живот, а животот им е песна: Татјана Лазаревска и Новица Василевски прославија дваесет години љубов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pesnata-im-e-zhivot-a-zhivotot-im-e-pesna-tatjana-lazarevska-i-novitsa-vasilevski-proslavija-dvaeset-godini-lubov-foto/ Thu, 04 May 2023 08:18:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300555

Велат, круна на секоја љубов е бракот, од кој произлегува семејството, односно потомството. Да се ​​стапи во брак во денешно време кога некои се обидуваат да го обезвреднат и да го сведат само на обично парче хартија договорно потпишано од двајца плус двајца сведоци, е нешто што треба да се почитува и искрено да се честита. Но да се биде пак во скалден брак кој опстојува цели 20 години со истата онаа љубов и жар како и првиот ден, како и првата помината брачна ноќ е вистинска уметност на живеењето. Особено ако тоа живеење е исполнето со предизвиците и стапиците на професијата, со нејзината слатка и горчлива страна, со примамливиот вкус на славата и популарноста од една и мирисот на парите од друга страна... Професија каква што е естрадната, во која токму заради нејзините специфики, бракот тешко опстојува, па многумина познати и популарни, токму заради споменатите причини не успеале бракот да го задржат и се разделиле. Но, дека исклучоците го потврдуваат правилото, се токму познатата и популарна македонска естрадна брачна двојка: Новица Василевски и Татјана Лазаревска, кои деновиве, или поточно на 3-ти мај, го одбележаа својот брачен јубилеј - две децении откако си го кажаа судбоносното ДА и се заколнаа на вечна љубов. Обајцата уште пред да се запознаат беа веќе доволно познати и реномирани естрадни уметници... Татјана како дел од македонскиот фолклор и подоцна фолк пејачка која беше позната, а Новица тогаш, како новиот вокален солист на некогаш ултрапопуларната македонска фолк група „Биоритам“. Љубовната приказна на двајцата млади уметници се преточи во семејна сага која започнува во Скопје. По десеттина години заеднички живот тие решија да ја продолжат со преселба на најужниот континент - Австралија, каде што пред нешто помалку од десет години, семејството  заедно со нивните синови Петар и Стефан, ќе се насели и изгради семејно гнездо во едно од предградијата на Мелбурн. Вредната македонска брачна двојка со нивната напорна работа и постепениот естраден пробив меѓу македонската заедница иселеници, но и оние другите од некогашните ЈУ простори, полека почнува да ја гради својата популарност  и во туѓина, па набргу од печалбата успеваат да  купат и своја куќа и да ја уредат по сопствен терк и стил. Со текот на годините Татјана и Новица станаа познати забавувачи во македонската заедница низ цела Австралија, а се и сепопопуларни и кај другите нации од Балканот кои живеат и работат на најужниот континент. Токму за ноивниот животен и работен јубилеј, за нивниот приватен и професионален дводецениски успех, понежната половина на семејно-естрадната двојка - Татјана Лазаревска, споделила неколку фотографии кои и неа и нејзиното семејтво, но и нивните обожаватели ги вратија во времето на денот на нивната венчавка и свадбената веселба. „Среќна 20-годишнина мажу мој, Новица Василевски, љубов моја“ - напишала пејачката во постот покрај споделениот фото-колаж од свадбени спомени. Им посакуваме уште многу јубилеи, грст хитови, дузина успеси, басносновна заработувачка, бескрајна среќа, златна, па и платинеста свадба, зошто да не... И секако, мноштво внучиња. Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/tatjanalazarevska_official]]>

Татјана Лазаревска и Сања Лефкова имаа различен повод за славење на ист датум: Едната пејачка ги брои заедничките, другата годините на својот сопруг (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-i-sana-lefkova-imaa-razlichen-povod-za-slavene-na-ist-datum-ednata-pejachka-gi-broi-zaednichkite-drugata-godinite-na-svojot-soprug-foto/ Tue, 28 Mar 2023 08:25:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295308

Едни велат годините се за броење, зашто во какви времиња живееме на секоја нова треба да и се радуваме, други пак велат дека годините се само бројка, која е апсолутно неважна, зашто поважно е како ги живееш, а не колку ги имаш. Та биле тоа годините кои секој од нас ги слави на денот што го чекаме цела година или годините на заедничко живеење со оној, со кого си го одбрал да векуваш! Токму два такви поводи за славење имаа две наши познати пејачки, на кои заеднички именител не им е само музиката и пеењето, туку и животот надво од родната Македонија. Едната позната фолкерка, другата поп пејачка, но обете пред извесен број години решија да заминат од Македонија на различни страни на светот. Татјана  Лазаревска со својот брачен сопатник и колега Новица Василевски пред десеттина години замина на гурбет во далечната Австралија. Естрадно-брачната двојка бргу добро се снајде, па и сега заедно со своите деца живеат таму настапувајќи и веселејќи ги нашите сонародници на свадби, крштевки, за празници, слави, имнедени родендени и разни веселби и други свечености... Но, овој пат токму тие имаа лична причина за славење, поточно Новица кој го славеше својот роденден. Бројки не споменуваме, ама затоа вредно е да се спомене јавната честитка која неговата сакана животна сопатничка Татјана му ја упати преку социјалните мрежи. на неа тој и таа на заедничка фотографија од Австралија на која пејачката испишала: „Среќен роденден љубов моја“! Покрај фотографијата во нејзиниот опис Татјана додала: „Голема е сраќата некој да те запознае и да дели моменти со тебе... Привилегија е да те гледа... Чест е да те сака... И да има  личност покај себе како тебе... Среќен роденден Новица Василевски“.  И сето тоа го опсипала со емотикони од срценца. Сања Лефкова додека живееше во Македонија имаше неколку забележителни фестивалски настапи и неколку поп хитови, но откако стапи во брак со својот избраник Мики Христов, некогашен скопски угостител, го смени презимето, животот, а и земјата на живеење. Обајцата тргнаа в потрага по сопствената среќе надвор од Македонија, поточно по Европа, за во последно време да се скрасат со своите деца во Германија. Деновиве пејачката и нејзиниот сопруг имаа убав повод за славење... И тоа заеднички... Годишина од нивниот брак. И тоа не било која туку округла бројка - 10 години заедно во брачна заедница. Сања  ниту заборави, ниту пропушти да го одбележи за неа важниот јубилеен датум, па меѓуостанатото и јавно тоа го обзнани на својот Фејсбук со посвета на денот и институцијата во која со нејзиниот сакан, засега минаа заедно една деценија. „Од едно искрено пријателство до една ера заедно во љубов и разбирање... Плус две прекрасни дечиња Никола и Лукас... Среќна 10-годишнина... Те сакам“ - споделила пејачката покрај фотографиите со својот брачен сопатник. Два разчлични поводи за славење на ист датум, за различни нешта... Важно е да се убави и секако... Да им се множат годините! Нека им е со среќа! Фото: Инстаграм принтскрин/Tatjana Lazarevska/Sanja Hristova (Lefkova)  ]]>

За Татјана и Новица дојде живот во Австралија: Македонската брачна двојка фолкери жнее долари! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-tatjana-i-novica-dojde-zivot-vo-avstralija-makedonskata-brachna-dvojka-folkeri-znee-dolari-foto/ Mon, 06 Dec 2021 08:21:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230027

Ковид пандемијата сите економски не „отепа“ особено поедини професии како што е онаа - естрадната... Како и насекаде и во Македонија музичарите и естрадните уметници воопшто се жалат дека немаат настапи, недостасуваат тезги, за концерти и да не зборуваме. Се' на се', некако се живурка, ама едвај... Колку да не е без ич, колку да се преживее кризата до подобри времиња на кои светлата точка во тунелот никако да им се види, гледано и од здравствен и од економски аспект. Арно ама, по се' изгледа дека насекаде не е баш така. На другата страна од светот, на јужната хемисфера од земјината топка, на најјужниот континент Австралија, каде меѓу останатите живеат и работат многу Македонци, во ветената земја изгледа одново дојде живот. Особено за малкуте македонски естрадни уметници кои и таму го работат она што го работеле и дома: песна, забава, веселба само сега за сонародниците во дијаспората. Меѓу најпознатите, иако најтазе дојдени во „земјата на кенгурите“, брачната фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски. Откако пред неполни десеттина години пристигнаа во Австралија, бргу се снајдоа и вклопија во тамошнта средина, па покрај останатото, почнаа да го работат она што најдобро го знаат и умеат- да пеат. Бидејќи „добриот глас надалеку се слуша“, Татјана и Новица за кусо време станаа познати и многу барани кај тамошните нашинци кои ги канат да им ја развеселат атмосферата или комплетно направат забавата на разни прослави, празници, слави, свадби, семејни веселби...  И работата на познатата фолк-пејачка брачна двојка и тргна. За Татјана и Новица дојде живот и во Австралија! Било тоа да е празнична прослава, македонска свадба голема или дочек на Нова Година, очигледно ништо не може да мине без Татјана и Новица. Еј ти куме море златен, во небрано ти си фатен, а ти свате не се срами,  давај чичо, давај бре пари... Очигледно со Татјана и Новица забавата е загарантирана, а македонската брачна двојка фолкери жнее долари!
Како во случајов на последната македонска свадба каде Татјана на Новица, сватовите ја крунисаа во  „бакшиш кралица“! Свирете ми свирачи, свирете ми до зори и јас со вас да пеам, долари да жнеам... Свирете ми свирачи, а на главата круна од долари... И споделено видео како доказ дека на македонските фолкери, сонот им се оствари! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/tatjanalazarevska_official]]>

Татјана и Новица повторно имаа повод за славење, ама овој пат беа уникатни во замислата полна многу љубов (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-i-novica-povtorno-imaa-povod-za-slavenje-ama-ovoj-pat-bea-unikatni-vo-zamislata-polna-mnogu-ljubov-foto/ Fri, 07 May 2021 08:54:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201602

Естрадната фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски се едни од најхаризматичните брачни двојки. Ако судиме пак според нивните чести објави на социјалните мрежи, гостувања во емисии и слично, тие секогаш прикажуваат една позитивна слика, духовитост и брачна хармонија.
Периодов доста често им се случува да имаат некоја прослава, како што беше и јубилејниот 50 роденден на Новица кој го славеа во ресторан, па следеше Велигден и празнично расположение, а сега на ред дојде уште еден важен момент од нивниот живот- годишнината од брак.
Намсто помпезно и во ресторан, Татјана и Новица се одлучија 18 додишнината од бракот да ја обележат дома и тоа во пижами. Стиснати еден до друг, пред телевизор со пуканки, интимни и опуштени тие прославија полнолетство на бракот. Кога постои љубов и почитување, тогаш амбиентот и не е толку важен, а тие зрачат еден покрај друг независно дали се во реаторан или дома по пижами.]]>

Повод за славење: Татјана и Новица се пофалија пред сите – на честитките им нема крај (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/povod-za-slavenje-tatjana-i-novica-se-pofalija-pred-site-na-chestitkite-im-nema-kraj-foto/ Mon, 04 May 2020 06:58:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147655

Брачната фолк двојка, Татјана Лазаревска и Новица Василевски, отсекогаш важеле за складен пар кои дури и само навидум изгледаат совршени еден за друг. Дека има нешто многу повеќе од она што се забележува од око, поемотивно и поврзано меѓу нив, говорат и 17-те години брак кои ги прославија во својот дом во Австралија. Чаша вино и парче торта зачинети со љубов, за нив беа сосема доволни за да ја обележат годишнината од бракот и да се пофалат пред следбениците на социјалните мрежи. -3-ти мај 2003, 3-ти мај 2020, 17 години во добро и лошо, среќна годишнина љубов моја- напиша Тања во описот на објавената фотографија, а честитките и убавите желби за уште многу заеднички години се редеа до недоглед. Инаку, Татјана и Новица заедно со синовите Стефан и Петар живеат во Австралија околу пет години.]]>

Татјана Лазаревска е среќна жена: Дами, ќе и позавидите каков третман добива од сопругот Новица во време на корона (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-e-srekjna-zena-dami-kje-i-pozavidite-kakov-tretman-dobiva-od-soprugot-novica-vo-vreme-na-korona-foto/ Wed, 15 Apr 2020 07:47:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144964

Брачното фолк дуо, Татјана и Новица, неодамна во една утринска емисија открија дека ситуацијата со коронавирусот во Австралија каде живеат, не е толку рестриктивна како во Македонија. Освен настапите, нивната примарна работа во оваа вонредна ситуација не трпи. Во Австралија, Тања работи како учителка во градинка, додека Новица е во јавниот транспорт. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tatjana-lazarevska-se-oglasi-od-avstralija-i-otkri-gi-minuvaat-denovite-za-vreme-na-korona-video/ Работните обврски за нив си течат, а така и секојдневните нешта. Татјана е русокоса, па мора коренот да го бои редовно.Фризерите не работат, па Новица лесно се претопи во таа улога, само да и помогне на женичката. Позитивни, насмеани и секогаш со енергија која оддалеку зрачи! Повеќето дами сега сами го браат спасот со четката и фарбата бед огледалото, па искористете го примерот на Татјана и побарајте ваква специјална помош од машка рака.]]>

Ова е мајката на македонската фолкерка: Татјана е „плукната“ Снежана (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-majkata-na-makedonskata-folkerka-tatjana-e-pluknata-snezana-foto/ Sat, 28 Mar 2020 09:27:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141945

Пред пет години познатата музичка фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски одлучија да ја напуштат Македонија и да се преселат во далечната Австралија, каде неодамна се вселија и во новиот дом во Мелбурн во кој живеат со синовите Стефан и Петар. Татјана и Новица важат за една од најкомпактните двојки на естрадата, вистински доказ дека партнер од иста професија и тоа како може да биде предност, а не маана. Музиката ги спои и сѐ уште изгледаат вљубени како на почетокот на нивната врска. „Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна“ – се потсети Лазаревска, честитајќи му го роденденот на својот сакан Новица, на две одделни фотографии: едната семејно со синовите, на другата сами тие двајца! Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична. Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ фалат нејзините најблиски. Во Скопје остана да живее и нејзината мајка која неодамна ги посети за да помине малку повеќе време со внуците. Татјана наликува на мајка си Снежана која покажа дека има иста фризура како славната ќерка: кратка коса со впечтлива црвена боја и изгледа одлично за годините. Впрочем, ако подобро ги погледнете мејката и ќерката, особено на фотографиите на кои пејачката има иста боја на коса и фризура како мајка и, станува повеќе од јасно дека Татјана е „плукната“ Снежана!    ]]>