нови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 May 2023 11:06:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нови чевли се купуваат навечер https://arhiva.vistina.com.mk/novi-chevli-se-kupuvaat-navecher/ Thu, 25 May 2023 11:06:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303606

Многу жени веруваат дека меѓу многуте различни видови модели обувки во плакарот, тешко е да се одлучи за еден чифт. Тоа некако зависи од модниот стил и вкус, но, се чини, жените се согласуваат дека најлоши чевли се оние неудобните и што предизвикуваат плускавци. Се случува вообичаено – купувачката „се вљубува“ во чифт чевли, но откако ќе ги обуе првпат дома, сфаќа дека ѝ се неудобни и не може да направи чекор повеќе во нив. Следи прашањето – како не го сфатила тоа при пробувањето во продавницата? Постои начин да се избегне таа непријатна случка – со купување чевли во вистинско време. Тајната е во разликата во часот и времето од денот кои влијаат на тоа. Имено, нозете се менуваат во текот на денот. Наутро воопшто, човекот се чувствува посвежо, пропешачил помалку и стапалата не му / ѝ се отечени. Тоа значи дека ако наутро ќе му / ѝ одговара помал број. Но, подоцна дента, тоа се менува. Нозете се поуморни, а една од последиците се отечени стапала. Не е тешко да се погоди – тогаш ќе одговара поширок калап на чевелот и поголем број. Затоа советот гласи – нов чифт чевли се купува во последната третина од денот – колку подоцна, толку подобро. На тој начин новите чевли ќе Ви одговараат преку целиот ден, т.е. ќе бидат поудобни и нема да создаваат плускавци. Извор: Курир.мк]]>

Еве што возат членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Некој нов автомобил од 100.000 евра, некој половен од 10.000 (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-shto-vozat-chlenovite-na-zirito-na-dzvezdite-na-grand-nekoj-nov-avtomobil-od-100-000-evra-nekoj-poloven-od-10-000-foto/ Sat, 29 Oct 2022 07:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220829

Марија Шерифовиќ и Ана Бекута дојдоа на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ со нови автомобили! Евровизиската победничка се почестила со џип БМВ Х5 М кој чини дури 100.000 евра, додека нејзината колешка од жирито на популарниот музички натпревар вози „Шкода Карок“ од 25.000 евра, што и ја подарил нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ - Мрка.   „Марија обожава скапи и луксузни автомобили, па се случувае буквално целата заштеда да ја потроши на нов автомобил. Бидејќи со автомобилот оди на повеќето тезги, пред крајот на летото одлучи да купи нов џип - купи БМВ Х5 М за 100.000 евра“ - вели извор близок до пејачката, додавајќи дека мајка и Верица се обидела да ја убеди да не трошат толку пари за автомобили. „Кога Верица слушна дека Марија ќе даде 100.000 евра за автомобилот, рече дека е подобро да купи уште еден стан во Белград за тие пари! Марија не сакаше да се откаже, рече дека автомобилот е втора куќа за неа, бидејќи често патува и дека сигурно ќе го купи џипот што го меркаше цело лето. Како што открива нашиот соговорник, мајката и ќерката дури и се скарале поради тоа. Покрај тоа што купи нов автомобил, Марија одлучила и да ангажира возач, кој ја вози на снимање  на „Ѕвездите на Гранд“. „Порано се случуваше Марија да доцни на снимање, но бидејќи сега има возач, секаде пристигнува на време. Еве, минатата недела пристигна прва и веднаш ги прозва сите членови на жирито да побрзаат“ - вели нашиот соговорник. Истиот ден, колешката на Марија Ана Бекута дојде на снимање со нов автомобил, „Шкода Карок“  која ја доби од од нејзиниот партнер Мрка. „Мрка постојано ја возеше Ана на снимањата, но  неговата здравствена состојба не е најдобра во последно време, па лекарите го советуваа да се одмора што е можно повеќе. Затоа одлучи да и  подари автомобил од 25.000 евра. Така Ана сега вози сама и воопшто не и е тешко. Најважно за неа е нејзината Мрка да биде добро“ - ја завршува приказната извор близок до пејачката.   Судејќи според автомобилот што го вози, Ѓорѓе Давид е „најскромниот“ член на жирито. Пред новата сезона на натпреварувањето, тој се почестил со половен „каараван„ Опел Инсигнија“ од 10.000 евра. Фото: Инстаграм принтскрин/djordje_david/anabekuta1/serifovic
 ]]>

Наташа Беквалац имаше прекрасна природна насмевка, но мораше да даде 3 илјади евра за нови заби (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-bekvalac-imashe-prekrasna-prirodna-nasmevka-no-morashe-da-dade-3-iljadi-evra-za-novi-zabi-foto/ Wed, 20 Apr 2022 11:09:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247128

Пејачката Наташа Беквалац е препознатлива по прекрасната насмевка украсена со природни заби. Сепак, таа неодамна ја смени со навлаките кои беа принудени да ги направи на кај стоматолог. Имено, пејачката за време на настапот си ги исекла предните заби од микрофонот, па решила да стави нови. Според домашните медиуми, таа за оваа интервенција издвоил близу 3.000 евра. -На еден од настапите Наташа ги исекла предните заби со микрофон додека пее, а тоа многу и пречело. Свесна дека здравите и убави заби се многу важни во нејзината работа, таа решила да оди на стоматолог, да стави фурнири и малку да ја продолжи коската, но и да ги пополни скратените двојки - вели изворот и додава. - Новите заби се за неколку нијанси побели од оние што ги имаше, а за ова разубавување на нејзината насмевка издвои близу 3.000 евра - ја заклучува приказната изворот. Ната за прв пат покажа широка насмевка во емисијата Амиџи шоу каде сними видео посветено на Стефан Ѓуриќ Раста. фото:Принтскрин Пинк/Инстаграм?наташа Беквалац]]>

Протекоа детали за новите епизоди на „Сексот и градот“, фановите се шокирани: Нѐ очекува „голема“ смрт! https://arhiva.vistina.com.mk/protekoa-detali-za-novite-epizodi-na-seksot-i-gradot-fanovite-se-shokirani-n-ochekuva-golema-smrt/ Wed, 11 Aug 2021 10:28:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=214679

Како што се снимаат нови продолженија на серијата „Сексот и градот“, во јавноста се појавуваат нови детали. Враќањето на славната „Ѕверка“ го потврди самата Сара Џесика Паркер, која објави заедничка фотографија на „Инстаграм“ и ги воодушеви фановите на серијата, но веста што избега од сетот веројатно нема да го има иститот ефект. Имено, „Daily Mail“ пренесува дека извор близок до тимот на серијата открил дека еден од главните ликови ќе умре во првата епизода, со што започнаа шпекулации за тоа кој би можел да биде.
Некои мислат дека тоа е „Ѕверката“, додека други веруваат дека е ликот на Саманта, бидејќи актерката Ким Катрал одби да учествува во новите продолженија. Изворот тврди дека продуцентката Сара Џесика Паркер сака „да ја размрда публиката и да им покаже нешто различно од она на што се навикнати во претходното издание, нешто каде што сè може да се случи и секој може да си замине, исто како и во реалниот живот“.]]>

Леб и сол, Лева Патика, Мизар, Дејвид Боуви, Квин… ќе добијат улици во Скопје? https://arhiva.vistina.com.mk/leb-i-sol-leva-patika-mizar-dejvid-bouvi-kvin-kje-dobijat-ulici-vo-skopje/ Wed, 17 Feb 2021 09:09:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190062

Контроверзна најава дека британските музички ѕвезди Дејвид Боуви и бендот „Queen“ ќе добијат свои улици во Скопје, предизвика бура од реакции и многу коментари на социјалните мрежи. Како што е објавено на веб-страната на Град Скопје, Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња. На овој список се најдоа: пејачот Дејвид Боуви, Френк Запа, групата „QUEEN“, Есма Реџепова, Вања Лазарова, Саша Николовски – Ѓумар, оперските пејачки Васка Гајдова – Биџова и Блага Видец, легендарните македонски групи „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“. Но и документарниот филм „Медена земја“. Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот. Град Скопје спроведе on-line анкета во летото 2019-та година на која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи. Законот предвидува две одделни постапки за утврдување на имиња и нивно задавање не конкретни топоними. Листата на имиња ја утврдува Советот на Град Скопје, по претходно добиена согласност од Владата. При утврдувањето на листата на имиња од страна на Советот на градот Скопје, општините од подрачјето на градот Скопје даваат мислење по истата. По добиената согласност од Владата, Советот на Град Скопје ја усвојува листата, а дури потоа може да се пристапи кон менување на конкретни имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, коишто се менуваат со посебни одлуки на Советот. Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно овој закон предвидено е да се црпат исклучиво од оваа листа. Од останатите области на списокот се најдоа: новинарот Никола Младенов, спортистите Благоја Георгиевски-Буштур, Атина Бојаџи, покојниот заменик-градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески. Од интернационилите имиња тука се: Алтеа Гибсон Алтеа (прва црномуреста жена која го освоила Вимлбдон), Небојша Глоговац (српски актер), Умберто Еко (писател) итн.]]>

„Подготви се, ќе одиме на едно место“: Испливаа непознати детали од свадбата на Саша Поповиќ и Сузана https://arhiva.vistina.com.mk/podgotvi-se-te-vodam-na-edno-mesto-isplivaa-nepoznati-detali-od-svadbata-na-sasha-popovikj-i-suzana/ Mon, 27 Jan 2020 10:14:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131138

Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ пред 22 години сколпија брак, а кумови им беа Лепа Брена и Боба Живојиновиќ. Венчавката на Саша и Сузана која се одржа во 1998 година во Белград беше една од најгламурозните во тоа време, а за тоа сведочат и снимките кои дури сега се објавени. Сузана Јовановиќ беше гостинка во емисијата „Гламур специјал“, пејачката откри детали од своето раѓање, па се до денес. Во поголемиот дел од емисијата Сузана зборуваше за нејзиното запознавање со Поповиќ. „Во 1996 година пеев кај Злата и Пеја на свадба, а Саша дојде како гост. Уште тогаш ми фрли око. Но, Сале како познат заводник меѓу жените, не покажуваше интерес за мене, туку јас тоа го слушнав од други луѓе. Воспоставивме контакт. Ми рече: „Ајде ќе се слушнеме, можеби некогаш ќе се јавиш“. Меѓутоа, јас тогаш многу работев, не размислував многу за тоа, посебно не дека нешто може да има меѓу нас“ изјави Сузана и откри дека нивната следна средба се случила после една година. Тие откриле дека се еден за друг на едно кратко патување: „Мојот возач не можеше да ме однесе до Јагодина каде што имав настап, па го замолив Саша да ме однесе. Кога стигнавме таму, тој ми рече: Ајде да те бакнам. Ти си моја девојка, жена“. Бев шокирана. Тоа беше бакнеж во образ. Потоа, ми кажа дека треба да живеам со него. Но, воопшто не разговараме за тоа дали ќе склопуваме брак. Еден ден ми кажа: „Суле, ајде подготви се, те носам на едно место“. Заминавме во Нови Сад, во златарата на еден негов другар, а таму го одбрај својо свршенички прстен. Венчавката беше преубава, имаше многу наши пријатели“, вели Сузана. На нивната свадба кумови беа Лепа Брена и Боба кои веќе беа во брак и имаа два сина. Од колегите присуствува Весна Змијанац, Злата Петровиќ, Јашар Ахемовски и многу други.]]>

Седум нови македонски филмови кои едвај чекаме да ги гледаме https://arhiva.vistina.com.mk/sedum-novi-makedonski-filmovi-koi-edvaj-chekame-da-gi-gledame/ Thu, 03 May 2018 11:24:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24846

Дали навистина никогаш немало толку нови македонски филмови за кои истовремено сме биле возбудени да ги гледаме? Пробавме да се преброиме и да ги собереме на едно место филмовите кои сè уште не сме имале прилика да ги гледаме, но за кои сме сериозно возбудени. Сопревме кога ја достигнавме бројката од 7 филма, но верувам дека доколку посветевме уште некој час, ќе дојдевме до 15. Решивме останатите да ги оставиме како продолжение на овој текст, за некоја наредна прилика. Филмовите подолу се дела на талентирани, млади режисери и тимови, некои од нив неодамна објавени, а некои од нив наскоро ќе ја имаат својата премиера. Четири од филмовите се играни, 2 се краткометражни, а еден од нив документарен.
 
„Ефектот на среќа“

Игран филм Режија: Борјан Зафировски Премиера: 2018 Позади „Ефектот на среќа“ („The Happiness Effect“) стои Борјан Зафировски, како режисер и сценарист, а како соработник на сценариото се јавува Дејан Дуковски. Снимањето на филмот се одвивало на различни локации низ Скопје и Охрид, а голем дел од сцените биле снимени во студиото на „Fx3x“. Темата на филмот е универзалната потрага по среќа, а ја следи приказната на 20-годишната девојка Леа. Леа е дијагностицирана со тешка болест, за чие лечење почнува да се интересира во алтернативни методи, кои вклучуваат позитивно размислување. Во главните улоги настапуваат Дејана Поповска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во споредна улога се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.
 
„Година на мајмунот“

Игран филм Режија: Владимир Блажевски Премиера: 19.04.2018 Со „Година на мајмунот“ беше одбележано отворањето на овогодинешниот Скопки филмски фестивал. Филмот по режија и сценарио на Владимир Блажевски, ја имаше и својата интернационална премиера на Московскиот меѓународен филмски фестивал на 23 април. Главната улога во филмот ја игра Игор Ангелов, а приказната го следи пријателството помеѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина, Цобе, и нивната авантура во превртениот транзициски свет. Филмот беше сниман во 2016 како копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово, на околу 80 различни локации низ Македонија, а е поддржан од Еуримаж.
 
„Втора шанса“

Игран филм Режија: Марија Џиџева Премиера: 2018 „Втора шанса“, е првиот долгометражен филм на режисерката Марија Џиџева и е копродукциски проект меѓу Македонија и Србија, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Една од главните улоги на филмот ја толкува српската актерка Мирјана Карановиќ, а во него играат и македонските актери Данчо Чеврески, Наталија Теодосиевска, Дениз Абдула, Димитар Георгиевски, Даниела Ивановска, Петар Ѓорѓиевски и Димитар Илиевски. Сценарист на филмот е Огнен Георгиевски, а директор на фотографија е Дејан Димески. Филмот ја следи приказната за три ликови, сите на различна возраст, кои живеат во истата зграда и лии животи се преплетуваат во климакс. Во еден момент, на ликовите им се случуваат одредени внатрешни превирања и немири, додека истовремено се случува и нешто во нивната земја, Македонија. Дејствието на филмот е сместено во 2001 година.
 
„Неонски срца“

Краткометражен филм Режија: Ана Јакимска Премиера: Есен 2018 „Неонски срца“ е современа приказна за еден средовечен геј маж кој живее двоен живот и почнува да се сомнева дека својата „настраност“ ја вовел во семејството. Со Јордан Симонов во главна улога, на актерската екипа се придружија и Гордана Ендровска, Симеон Дамевски, Симон Палитов, Гзим Жерка и Влатко Илиевски. Покрај Јакимска, филмската екипа ја сочинувааат Александар Ристески, директор на фотографија, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Милена Атанасова, шминка Ирена Сенокозлиоска, а продукцијата е на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Јакимска веќе имаше успех со својот претходен краток филм „Ќе дојдат децата“, кој беше номиниран за најдобар краток игран филм на Меѓународниот филмски фестивал во Шангај во 2017, а беше прикажан и награден на многу филмски фестивали ширум светот. Таа е автор на два кратки играни филмови („Ќе дојдат децата“, „Надвор е ладно“), еден краток документарен филм („Би се викал Барбара“) и неколку музички видеа за македонски артисти (PMG Collective, Foolish Green, Fitz).
 
„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“

Игран филм Режија: Теона Митевска Премиера: TBD Петтиот по ред игран филм на Теона Стругар Митевска е инспириран од настанот што се случи на Водици 2014, кога жена го фати крстот фрлен во реката Брегалница во штипско Ново Село. Инспирацијацијата на филмот доаѓа од случајот и од христијанското табу дека жена не треба да „се фрла“ по светиот крст, исто како што не може да влегува во олтарот во црква. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, директор на фотографија Вирџини Сант Мартин, а главната улога на Петрунија ја игра актерката Зорица Нушева. Филмот е во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, како и од националните филмски фондови на Словенија, Белгија и Хрватска.
 
„Медена земја“

Документарен филм Режија: Тамара Котевска и Љубомир Стефанов Премиера: 2018 Идејата на овој документарен филм е прикажување на припадноста на човекот кон природата преку односот кој тој го има кон неа и нарушување на тој природен баланс преку судирот на два различни начини на искористување на природните ресурси. Филмот беше презентиран на CineLink Work-in-Progress настанот, во рамки на овогодинешниот Сараевски филмски фестивал, а неговото снимање започна во 2015 година, во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, сниматели се Фејми Даут и Самир Љума, музиката е на „Фолтин“, а продуценти се Љубо Стефанов и Атанас Георгиев, преку „Аполо Media“ и „Trice Films“.
 
„Види ја ти неа“

Краткометражен филм Режија: Горан Столевски Премиера: 23.04.2018 На 34. Филмски Фестивал Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, „Види ја ти неа“, во програмата Краток филм, ја освои наградата за „Најдобар интернационален игран филм“, најзначајна во оваа категорија во која се натпреваруваа 17 филмови од целиот свет. Филмот ја следи приказната на младата Анета, која се обидува да ги реши проблемите во нејзиното семејство и училиште, преку приклучување во исклучиво машкиот верски ритуал, скокање по крстот за Водици. Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ. Сценариото е на Горан Столевски, кинематограф е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти на филмот се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски. Филмот е во продукција на „Црна мачка продукција“, во копродукција со „Скопје Филм Студио“, а беше финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ. Извор: Ре]]>