нови песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Oct 2023 10:06:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нови песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Раде Врчаковски прво „ги искара“ новинарите, па повторно ја стави јавноста во недоумица: Врчак како Врчак… се враќа или сепак не се враќа на сцената? https://arhiva.vistina.com.mk/rade-vrchakovski-prvo-gi-iskara-novinarite-pa-povtorno-ja-stavi-javnosta-vo-nedoumitsa-vrchak-kako-vrchak-se-vraka-ili-sepak-ne-se-vraka-na-stsenata/ Wed, 18 Oct 2023 10:06:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322793

Откако никој жив освен најблиските со години не знаеа и се прашуваа што се случува со некогаш големата македонска рап ѕвезда Врчак, која преку ноќ исчезна од естрадната сцена и со години го немаше, веста дека Ламбе Алабакоски и Раде Врчаковски заедни застанале на сцена на една приватна свадбена забава во Охрид и испеале песна во дует ги воодушеви сите. И присутните на свадбата и јавноста. Јавноста пак едвај со душа  дочека по долгата пауза Врчак одново да го види на сцена, кој заедно со Ламбе овој пат ја испејаа песната „Спасете ме другари“ која  ја снимија заедно во далечната 2006 година.
И самиот Ламбе Алабакоски видеото го сподели на својот Инстаграми воодушевено напиша: „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже, вчера тоа ми се потврди ! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“ - објави Алабакоски, а медиумите цитирајќи го, тоа го пренесоа. И кога сите помислија дека Врчак конечно се враќа на сцената, Врчак како Врчак... Најпрвин „ги искара“ новинарите за нивните објави, а потоа повторно ги стави јавноста и своите обожаватели во недоумица: Се враќа или сепак не се враќа на сцената? Имено, Раде Врчаковски на својот Фејсбук профил споделил соопштение во кое „малку ги подгрева, малку ги убива“ надежите дека повторно ќе го гледаме. „Bрчак и Ламбе на приватна прослава. Преку 500 000 гледаност имало на видеата за неколку дена (Ламбе среќен неможе да престане да се чуди), а се испонапишале новинари за таа вечер (души мили) без јас нешто да изјавам.... Да знаат сите дека таа вечер на инсистирања на другари и другарки сосема случајно и непланирано јас излегов една-две песни да испеам на приватна прославава кај мој многу добар другар (не се работи за никаков мој камбек како што излегло од новинари), а на среќа на сите обожаватели и обожавателки кој секој ден ме молат нови песни да правам - ЌЕ ИМА НОВИ ПЕСНИ! Снимивме одлични нови со ДНК, со Антониа Гиговска, со Барбара Попович ќе снимаме исто, има и други соработки, а и Ламбе утредента по прославата во Охрид ме замоли да снимаме песна (му велам ако не пали веќе огнови може и Ламбе се согласи... И ќе снимаме песна и со Ламбе)“ - споделил меѓудругото Раде. Останатото е во доменот на неговите визии за глобалната грижа за човештвото и директно нема врска со музика и нечија кариера! Сепак, ден - два подоцна, следната споделна информација и фотографија влева надежи дека Врчак сепак можеби ќе се врати...? Веројатно на инсистирање на колегите и пријателите од музичката фела... Барем според приложената фотографија на која се заедно во студио Врчак, Панчо и Андреј од ДНК и композиторот и продуцент Лазар Цветковски... Е сега во прашање е нова песна на ДНК, ама дали во неа го има и Врчак? Или само е таму заради дружба и обид  после музичка апстиненција „од еден век“ другарите да го „спасат“ и убедат на кам-бек? Веројатно ќе зависи во многу што од неговите „чудни правила“ дали „тајните ангели“ ќе ја завршат својата мисија успешно или Врчак ќе го продолжи својот музички „манастирки сон“... Засега, за него се' уште „како времето да стои“, како за  некоја „заспана убавица“! ]]>

Марија Шерифовиќ слави дваесет години од кариерата, а еве што мисли Цеца за нејзините нови песни (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-slavi-dvaeset-godini-od-karierata-a-eve-shto-misli-tsetsa-za-nejzinite-novi-pesni-foto/ Thu, 12 Oct 2023 12:57:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322106

Пејачката Марија Шерифовиќ застана пред камерите на тамошните медиуми и одговори на неколку прашања за нејзиниот нов албум. Марија оваа година слави дваесет години од кариерата: Спиев до петок, сабота и недела, ми требаше одмор, бидејќи имав стресен период за се. Слушам дека тоа им се допаѓа на луѓето и на моите колеги и им благодарам на моите фанови што беа со мене дваесет години и што беа таму да ме поддржуваат затоа што постојам поради нив - изјави Марија. А, за нејзините нови песни проговори и Светлана Цеца Ражнатовиќ: Се потсетив на моите два омилени, нејзиниот албум е разновиден, јас и честитам бидејќи таа тоа може да го испорача. Од неа секако  се очекуваше да има одличен албум - изјави Цеца. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Премиера]]>

Антониа Гиговска се поздрави со публиката: „Којзнае колку ќе ми недостигате“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-se-pozdravi-so-publikata-kojznae-kolku-ke-mi-nedostigate-foto/ Fri, 17 Feb 2023 09:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289317

По изненадувањето што македонската поп пејачка  Антониа Гиговска и го приреди на македонската публика со објавата дека е бремена, бурата полека се стиши, иако потоа следуваа нови „афтер“ шок моменти за тоа како младата мајка сето тоа го поднесува. Таа верно досега ги известуваше и ги информираше нејзините фанови како се чувствува и што се случува со неа  додека го живее најубавиот период од животот на една жена. Пејачката веќе е кон средината на бременоста но, како што објавуваше на социјалните мрежи тешко ги поднесува промените и симптомите кои и го реметат нејзиниот  дневен распоред како на приватен така и на музички план. Таа периодов ревносно објавуваше дека не може да поднесе одредена храна особено наутро, дека и недостигаат спа - центрите кои не се препорачливи за трудници, но кога почна среде бел ден да потонува во светот на соништа дојдоа на ред промените и во музичката агенда. Антониа не ги редуцираше настапите туку одеднаш ги стави на „стенд бај“ за некоја подобра прилика за некои послободни времиња. Па така на Инстаграм профилот на Антониа Гиговска се појави објавата во која пејачката напиша дека  оди на заслужен одмор: „ Драги мои сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе си и она што доаѓа. Тоа значи дека нема да настапувам еден период ама затоа пак ќе се „затворам“ во студио и ќе работам на моите нови песни. Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а дотогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Којзнае колку ќе ми недостигате. Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам дека ќе ви се допадне.  Ве чекам и ве сакам!“ -  стои во изјавата на поп пејачката која потврди дека се одјавува од настапите но и дека ќе остане во контакт со музиката и ќе работи на нови песни па, трудничкиот период планира да го искористи креативно и исполнет со музика. Антониа нагласи дека многу ќе и недостига публиката, а за таа да не им недостига на нив да уживаат и да ја слушаат нејзината досегашна музика, нејзиниот глас. Но, секако наскоро ќе се појави новата Антониа, реализирана во улогата на мајка за која таа мисли дека ќе им се допадне. Со оглед на тоа како ја поднесува блажената состојба очекуван беше моментот дека пејачката со новонастанатата ситуација ќе  извести за стагнацијата на настапите само прашање беше кога ќе го повлече тој потег, па сега ни останува само да  ја чекаме новата Антониа... Додека оваа старата, е „во лер“! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска  ]]>

„Рибља чорба“ претстави шест нови песни од претстојниот албум (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/riblja-chorba-pretstavi-shest-novi-pesni-od-prestojniot-album-video/ Wed, 05 Jan 2022 13:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234003

На почетокот на 2022 година, рок групата „Рибља чорба“ во своето студио во Белград, пред екипата на „Спутњик“ претстави дел од песните што треба да се најдат на претстојниот, сè уште неименуван 21-ви студиски албум. Тоа ќе биде првиот што ќе излезе по смртта на басистот Миша Алексиќ. Станува збор за шест песни: „Две гитаре“, „Очи малог пса“, „Дубока држава“, „Кад бих се родио опет“, „Парада“ и „Заиста не волим што старим“. Според фронтменот Бора Ѓорѓевиќ, албумот требало да се вика „Dance Macabre“ („Танц на смртта“) или „Смрт во 10 лекции“. „Се откажав од спомнувањето на смртта, иако албумот е тежок и црн како времето во кое живееме. Би можело да се нарече „Две гитаре“, по песната за која музиката ја направи Миша.Во текстот ги споменувам Синиот воз, Советот и Љубљана, асоцијации со болеста и смртта на Јосип Броз Тито. Во еден стих пеам: „Испрати го моје тело испратите у чачак, у србији, у Љубљани оставите срце, да буде ту“. Напишав црн текст, му го испратив на Миша на кој му се допадна и тој ја напиша музиката. – вели бора. Песната „Две гитаре“ беше премиерно изведена во живо на концертот „Рибља чорба“ на стадионот „Ташмајдан“, на 16-ти август 2021 година, посветен на ко-основачот на бендот Алексиќ, одржан на денот на неговото раѓање. На „Таш“ беше пуштена и песната „Очи малог пса“, но за албумот се планира поинтимна верзија, со пијано, акустична гитара и жици. Музиката за „Дубока држава“ ја компонираше тапанарот на „Чорба“, Вицко Милатовиќ, а Бора меѓу другото го споменува и банкарот Рокфелер, кој почина на сто и неколку години, а претходно имаше девет трансплантации на срце. „Кад бих се родио опет“ е песна со средно темпо, на музика на клавијатуристот Никола Зориќ, во која Бора, во тажен осврт на својот минат живот, признава дека „пак би газел, но би внимавал да не повреди некого“. За трогателната љубовна песна „Заиста не волим што старим“, Ѓорѓевиќ изјави дека сите плачат кога ќе ја слушнат. Бора најави и дека новиот албум  ќе биде придружуван од уште еден наречен „И тако даље“, на кој ќе се најдат некои песни на кои нема место и концептуално не одговараат на моментално неименуваното главно издание. Една од песните што веројатно ќе се најде на албумот е антивоената „Парада“. Извор: Спутник.ср/24 музика]]>

Саша Поповиќ за новите песни на сопругата плати читаво богатство, а еве на која луксузна дестинација ги снимаше https://arhiva.vistina.com.mk/sasha-popovikj-za-novite-pesni-na-soprugata-plati-chitavo-bogatstvo-a-eve-na-koja-luksuzna-destinacija-gi-snimashe/ Thu, 11 Feb 2021 09:13:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189219

Сопругата на  Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ неодамна се врати од Турција каде што деноноќно снимаше нови спотови, а како што пишуваат српските медиумите, целиот проект ја чинил 100 000 евра. Како што пишува ало.рс, Сузана за песните и спотовите ги ангажирала новите соработници, а Поповиќ не жалел за парите. „Сузана со децении ја ставаше својата кариера на страна бидејќи сакаше да се посвети на семејството.  Кога по две децении одлучи да сними албум, Саша и кажа да не размислува за пари и да снима по своите замисли бидејќи буџетот е неограничен.  Сигурно ни сам не претпоставувал дека целиот проект ќе го чини како еден стан во Белград“, тврди изворот и додава дека најмногу пари се потрошени на снимање спотови во странство. „Сптотот со кој планира да се врати на музичката сцена, Сузана го снимаше во еден средновековен дворец. Изнајмувањето на тој објкет чинеше само 2000 евра“ тврди изворот.]]>

Македонската фолк ведета се врати со два хита: Ова е Вале – „Гулабица“ секако, пуштена на најјако! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-folk-vedeta-se-vrati-so-dva-hita-ova-e-vale-gulabica-sekako-pushtena-na-najjako-video/ Sat, 31 Aug 2019 08:45:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104485

Вале Гулабица се прослави со видео записот за нејзиниот тогаш најголем хит „Џони Далавера“ во кој се појави во извадена црвена танга од фармерките. Потоа ги испеа:  „Не им верувај на мажите“, „Нека грмат громови“, „Тој ќе дојде“ и... како што се појави преку ноќ, така и ја снема.
Дали тоа славата која ја здоби преку ноќ и го поремети секојдневието, па Гулабица реши да се повлече и да им препушти на другите пејачки простор да почувствуваат барем дел од вниманието кое го доби таа. Можеби и беше така, се до ова лето.
Да вистина е, Вале Гулабица се врати! И има не еден, туку два нов хита со многу длабоки и суштински стихови кои баш секој и не може да ги смисли и напише. За музиката и да не зборуваме. Ремек дело на македонските аграр - фолк композитори. Ама сепак, видеоспотовите се шлагот на тортата.
Во нив аграрно, земјоделско - фолклорни сцени со врвна драматургија глума, еротски набој и старата пасија на пејачката: црвените гаќички!
До душа овој пат во комбинација со розов пењуар во жешките сцени!
Дури  откако ќе ги видите видеоспотовите, толку ќе се воодушевите што ќе посаката одново и одново...  да ја слушате и видите македонската фолк ведета. Вале - „Гулабица“ секако, овој пат пуштена на најјако!
Потоа цел ден ќе си ја потпевнувате: „Да, да, вистина, и кафето истина, ај друго ќе ставиме, оваа ноќ ќе славиме.“
Или онаа, втората: „Маска е душо, маска е кога ме гледаш убава...“ А, сега ислушајте ги  внимателно обата „хита“  на македонската естрадна „Гулабица“ и погледнете ги двата видеоспота, ама до крај... ако можете! https://www.youtube.com/watch?time_continue=57&v=nfzHBgiEQfA https://www.youtube.com/watch?time_continue=32&v=BUJCP0xq4ok  ]]>

Од стиховите на новата песна на Наташа Беквалац навираат солзи… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-stihovite-na-novata-pesna-na-natasha-bekvalac-naviraat-solzi-foto/ Tue, 11 Sep 2018 13:03:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47435

Наташа Беквалац веќе некое време подготвува повратнички албум, па со цел да привлече малку поголемо внимание, ги откри стиховите на новите песни преку социјалните мрежи.
По целосниот текст за синглот "Оштетена", панонската Барби ги откри стиховите за уште неколку песни, но последниот, секако, предизвика најголемо внимание.
Како што многупати  потенцираше, Наташа со текстописците знае да ги сподели своите интимни чувства и да им се довери, па така и во нејзините песни, публиката може да почувствува како Наташа се чувствувала во даден момент.
„Твоето доволно, за мене не е доволно, Не ме допирај ни случајно, Кармата ку*ва е, се прикрадува долго време, Но, на крајот, ќе те стигнете“... -  се само дел од стиховите од оваа песна кои може да се прочитаат во постот крај фотографијата на атрактивната барбика.
]]>