нова водителка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Oct 2023 09:45:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нова водителка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Голден карпет“ во новата сезона со ново студио и нова екипа: Моника – постарата ќерка на Светлана и Мики Црнокрак е новата водителка во шоуто (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/golden-karpet-vo-novata-sezona-so-novo-studio-i-nova-ekipa-monika-postarata-kerka-na-svetlana-i-miki-tsrnokrak-e-novata-voditelka-vo-shouto-foto/ Thu, 26 Oct 2023 07:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324004

Една од најгледаните забавни емисии на „Канал 5“, „Голден карпет“ на 5 ноември, недела во 19 и 30 часот започнува со новата четврта сезона, во која се најавуваат многу позитивни промени како и ексклузивни гости, игри, предизвици и ново студио. Изминативе години во „Голден карпет“ ги гледавме најпопуларните музичари, највлијателни доктори, најуспешните актери, најтрофејните спортисти и најеминентните политичари од Македонија и регионот. Како и до сега Миро Кацаров е домаќин, а друштво и оваа година ќе му прават две дами кои ѝ се добро познати на македонската јавност. Инфлуенсерката Ивана Јанковска останува во тимот, а се приклучува мисицата Моника Црнокрак на која ова ѝ е прво телевизиско искуство. Комичарот и актер Бојан Велевски исто така го засилува тимот со своја рубрика која ќе ја има секоја недела во 19 и 30. Инаку Моника е постарата од двете ќерки на Светлана и Мики Црнокрак, сопственици на најпознатото модно студио кај нас, која наследувајќи ги не само гените за убавина туку и дарот за занимавање со манекенство. Во манекенските води  има освоено и неколку титули за убавина. Паралелно со тоа, младата наследничка студираше и на Економскиот факултет при државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде пред две години, поточно во ноември 2021 година дипломираше со чиста 10-ка и себеси, но и на семејството Црнокрак му донесе уште едно признание и голема радост. Останува да го проследиме нејзиното телевизиско деби на „златниот килим“на кој се надеваме дека ќе му даде новаводителска свежина! Фото: Приватна архива      ]]>

Еве која е Сања Савеска, новата водителка на „Брза кујна“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koja-e-sanja-saveska-novata-voditelka-na-brza-kujna-foto/ Wed, 28 Oct 2020 08:16:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173313

Неодамна започнаа снимањата на 6тата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“. Иако во претходната сезона имаше промени, односно освен шефовите Марк и Никола, има и нови готвачи Бобан и Филип, оваа година „Брза кујна“ започнува во ново руво односно со нова водителка. Имено, наместо Александра Илиевска оваа сезона во улога на водителка ќе ја гледаме Сања Савеска. Илиевска за вистина.ком.мк ги откри причините поради кои повеќе не е дел од тимот, а како што истакна на пат е нешто најубаво што го очекувале со сопругот, односно принова во семејството. https://arhiva.vistina.com.mk/lice-v-lice/aleksandra-ilievska-za-vistina-mk-gi-otkri-detalite-zoshto-vo-novata-sezona-ne-e-del-od-brza-kujna-na-pat-e-najubavoto-neshto-shto-go-posakuvame-so-soprugot/ Во ова нова продолжение Сања заедно со готвачите ќе подготвуваат многу нови специјалитети, а вие ќе може да се инспирирате и некои од нив да ги пробате во вашиот дом. Инаку, Сања е познат телевизиски лик од утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24. Таа во една прилика истакна дека станува во раните утрински часови и за да убаво и започне денот си пушта музика. -Телевизијата е една магија, која штом ја почуствувате еднаш, тешко дека лесно ќе се откажете, ве обзема целосно, едноставно станувате зависни од адреналинот кој го носи оваа работа. Има навистина премногу предности кои едноставно ги засенуваат недостатоците, работејќи во ТВ секогаш сте помеѓу првите кои ги дознаваат информациите, можете секому да се јавите и да побарате интевју, ѕвездите кои до вчера ви изгледале далечни седат спроти вас и можете да ги прашате сè што сакате, редовно ве препознаваат на улица, па понекогаш може да добиете и нешто гратис на пазар. Како и секоја работа и оваа има стресни моменти, но тоа бргу мора да помине, затоа што гледачите сакаат и заслужуваат да ве гледаат насмеани, изјави Сања во една прилика за хаштаг. Савеска исто така истакна дека повеќе слуша позитивни коментари за себе, а за негативните коментари вели дека сака да ги слушне и разгледува за да разбере зошто некој ја доживеал на таков начин затоа што секој има право на свое мислење. Инаку, Сања има дипломирано на Политички студии, а како што вели нејзина детска желба биле театарот и филмот. Од јавните личности, водителката најмногу ми се восхитува на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ. Инаку, и Александра откри што мисли за својата нова колешка: „Неблагодарно е јас да давам мислење… времето и гледачите ќе го дадат својот суд. Од мене имаат голема поддршка, бидејќи колегијално и убаво е да си даваме поддршка со колегите од сите медиуми и да бидеме подобри во својата работа, изјави Александра за вистина.ком.мк   Летото Сања го прослави својот роденден и наполни 40 години.  ]]>

„Бекстејџ“ ја продолжува традицијата: Во 11-тата сезона со нова атрактивна водителка (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdz-ja-prodolzuva-tradicijata-vo-11-tata-sezona-so-nova-atraktivna-voditelka-video/ Sat, 30 Nov 2019 09:02:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121574

Најпознатиот и најдолговечен естраден магазин кај нас, кој последниве две години се емитува на Канал 5 Телевизија, влегува во својата 11 сезона. Од 2008та година до денес, Бекстејџ секојдневно ги носи естрадните новости во нашите домови. 11 години по ред Бекстејџ преставува синоним за естраден магазин кој повеќе од една деценија е најгледан телевизиски проект од овој формат, кој е наградуван во републиката, но има добиено и телевизиски награди во регионот. Претпознатлив белег на Бекстејџ цела една деценија беа јавувањата во живо од најголемите музички и филмски спектакли, како Канскиот музички фестивал, Музичкото лудило Егзит, најголемиот европски музички фестивал Зигет, Берлинскиот филмски фестивал, европските и светски првенства во кошарка и ракомет... Бекстејџ остана препознатлив и по промовирање на најголемите музички настани во регионот, промоција на нови музички имиња, традиционален партнер на Македонскиот Народен Тетатар, Македонската Филхармонија и Операта и балетот, но секогаш беше атрактивен и со ексклузивни стории и интервјуа  со ѕвездите од целиот Балкан. Досега во оваа деценија поминааа над дваесет новинарски имиња, кои преку естрадното новинарство денес се профилираа во новинари во информативните радакции, уредници, автори и водители на проекти кои работат во најголемите медиуми во земјава. Но Бекстејџ најмногу беше и останува препознатлив по убавите и атрактивни лица кои секојдневно ги презентираа информациите од прва рака. Марјана Станојковска, Драгана Чуприна, Симона Станковска, Мартина Михајловска, Миа Костова, Снеже Велков се само дел од комбинацијата на млади од една страна и искусни од другата, кои беа препознатливите лица на естрадниот магазин број еден. Од оваа 11 сезона, на Миро Кацаров  друштво ќе му прави младата Барбара Ракичевиќ, која ја продолжува Бекстејџ традицијата на ново медиумско лице во земјава! Таа доаѓа во Бекстејџ од понеделник, како средношколка во Орце Николов, вонсериски талент за пеење и музицирање, но и како ќерка на популарната водителка Мелита Ракичевиќ. „Лесно е да се игра на сигурно. Бекстејџ е препознатлив по тоа што профилира нови водителки во медиумите. Ако било така изминатите десет години, не гледам зошто и во единаесеттата не би се држеле до традицијата. Со Бекстејџ израснаа многу генерации, природно е млади лица од некои нови генерации да го наследат брендот. Со искусните подготвуваме нови форми на нивна присутност во емисијата. Наскоро, ќе има многу новини во емисијата па ќе биде вистинско освежување да се видат“ – вели Ева Јакимовска одговорен уредник на Бекстејџ За почеток на новиот старт на 11 сезона од понеделник на Канал 5, Барбара Ракичевиќ и Миро Кацаров направија нова фотосесија со познатиот фотограф Бојан Стоилковски. А комплетно новиот дизајн со старото познато лого ќе го краси и новото студиона емисијата. Да се надеваме дека и во новата втора деката Бекстејџ ќе остане препознатлив естраден магазин број 1. ]]>