нова сезона – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 12:54:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нова сезона – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Четкар јавно ја откри тајната на охриѓани – еве како им пораснал наталитетот и кое место било главно за „правење“ деца (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-javno-ja-otkri-tajnata-na-ohrigani-eve-kako-im-porasnal-natalitetot-i-koe-mesto-bilo-glavno-za-pravene-detsa-foto/ Fri, 10 Nov 2023 09:48:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326335

На македонската ТВ водителка Снеже Велков и заврши паузата на емисијата „Нешто конкретно“, па ја започна новата сезона која веќе се емитува на телевизија. Таа ги најави првите гости од првата епизода кои сите до еден беа машки, а меѓу гостите беше и македонскиот џез-музичар Владимир Василевски – Четкар.  Кај Снеже на разните провокативни и интересни прашања кои можат да ве замислат но и да се изнасмеете, беше и она што сакаше да го каже Четкар за охриѓани и охридските кајчиња. Така тој како роден охриѓанец со интернационално реноме, храбро откри една пикантерија за охриѓани на они кои не знаеја досега како им пораснал наталитетот. - Кајчево беше главно место за праење деца во Охрид. На времето немаа пари луѓето по хотели да одат и ќе најдеа холанѓанки кои ги викаа маратонци. И в кајче цело езеро е нивно. И тука што се правеше што се правеше... И така кајчињава да не беа, Охрид немаше да биде ниту 60 илјади, ќе беше 10 илјади.
Заклучокот на некои од анегдотата на Четкар беше дека „ништо без кајчињата“, а од таму и она „затвори ја вратата не си во кајче роден“, сега има одговор „таму сум правен“. Коментарите под видеото почнаа да се редат, некои слатко се изнасмејаа, а некои малку се навредија па, не им беше воопшто смешно. Четкар со години живее на релација Америка – Македонија. Тој за себе вели дека е авантурист кој сакал да биде археолог кога ќе порасне. Сепак, денес и е посветен на музиката, но авантуристичкиот дух дефинитивно го задржал. Фото: Инстаграм/vladimir_cetkar]]>

Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-novata-sezona-na-neshto-konkretno-so-snezhe-velkov/ Sat, 04 Nov 2023 08:44:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325412

Цевка има топ не е, брада има топ не е. Што е тоа? Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“ Токму со ваква гатанка почнува новата сезона од „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, доволно провокативна за да алудира на одговорот и доволно инспиративна за да ве натера да мислите. Токму каква што е и идејата на емисијата, да има провокативни теми кои ќе ве натераат да размислите да дискутирате ама на крајот и да се изнасмеете. Со оглед на почетокот во месец ноември, „Нешто конкретно“ се приклучува во кампањата за подигање на свеста за машко здравје. а Снеже апелира: Драги мажи одете превентивно и на лекар и на психолог за да ни бидете здрави и во снагата и во умот, а првата епизода почнува со тема - Колку вредиме? Па Снеже има „скапи“ гости. Новата сезона е и со нова најавна шпица. Сменет ли е концептот или се останува исто, дали можеби на Снеже и се придружи ко-водител за баланс на машко женска енергија? И најважно кој е одговорот на гатанката. Гледајте во недела, 17:20 часот на Телма.]]>

Џамбазов во поткастот кај Лазаров откри детали за „Преспав“ и даде одговор на многуте прашалници од верните гледачи (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dhambazov-vo-potkastot-kaj-lazarov-otkri-detali-za-prespav-i-dade-odgovor-na-mnogute-prashalnitsi-od-vernite-gledachi-video/ Sat, 21 Oct 2023 08:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322550

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов беше гостин во најновиот поткаст кај Стефан Лазарав, а во повеќе од два часа опуштен муабет, Игор очекувано остана недокажан. Теми за разговот имаше за уште од неговото рано детство, па се до денес, а меѓу долгите разговори не беше заобиколен ниту неговиот последен и актуелен телевизиски прект „Преспав“. Прашања од гледачите за оваа тема имаше доста, а Џамбазов со дадените одговори ги задоволи сите. За почеток веднаш кажа дека седма сезона на популарниот македонски ситком ќе има многу набрзо. -Преспав почнува со снимање на новата сезона и се планира да се заврши на почетокот на ноември и веќе во декември да почне со емитување. Ќе има и новогодишна која секогаш била атрактивна, истата екипа, многу добри сценарија, штом ние се смееме... Одеднаш губиш критериум кога си со истата екипа, значи треба да е ептен нешто добро за да се насмееме, вели тој и се надоврза дека „Преспав“ на некој начин направи револуција за рушење табуа и бариери. -Знаеш... Преспав е серија која победи неколку за*бани предрасуди. Па еве, тоа за ЛГБТ тоа го дипломиравме, кој албански актер пред Дритон Вејсели или Талат го знаеш? Нема... Па зарем тоа не е рушење на бариери? Дури и него не му се верува. Предрасудите се и кај нас уметниците кои немаме никаква врска со политика, додава тој и се надобрза во врска со сценариото од ноевите емизоди кое ќе биде доста возбудливо. -Преспав ќе биде хаос. Не знаат што да му прават, а оваа сезона ќе биде ексклузивен ресорт. Ула ќе биде главна, Марио и Тони се во кавга, Исаура е трудна од Талат. Преспав повторно се обидува да стане светски хотел, а не може да се помири со судбината дека е еден обичен пансион, завршува Игор. За бате Миле не спомена ништо, но покрај толку детели кои звучат доста возбудливо, со нетрпение ги очекуваме и јасно е дека секој еден сегмент ќе биде причина плус за позитивна атмосфера во домот и се разбира многу смеа. Разговорот за „Преспав“ можете да го слушнете од видеото на 2:40:45 фото: Instagram printskrin pansion prespav/ You tube Lazarov]]>

Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/so-premiera-na-sovremeniot-balet-saga-identiteti-na-risima-risimkin-vecherva-se-otvora-novata-sezona-na-mob/ Fri, 06 Oct 2023 12:50:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321517

Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на кореографката Рисима Рисимкин вечерва и утревечер во 20 часот се отвора новата сезона на Македонската опера и балет (МОБ). Насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Евтимова, придружувани од Балаж Лочеи (к.г. Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот. Настапуваат и: Наташа Трендафилова Гицев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Игор Веланоски, Ендру Кук (к.г.Англија), Веселин Трајковски, Алфред Јаго (к.г. Англија), Франциско Хименез Руиз (к.г Шпанија) и Мирослав Митрашиновиќ. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.
Македонската кореографка Рисима Рисимкин, која последниве години е актуелна на танцовите сцени во Париз, Њујорк и Пекинг, каде за нејзините кореографски остварувања добива одлични критики, после подолго време на наша покана, работи престава во Националниот балет. Рисимкин подготви национално дело, инспирирано од музиката, традицијата и современото македонско поетско творештво, каде прави симбиоза помеѓу битовота, класичната и модерната танцова лексика преточена во музиката на светски познатиот композитор Тони Китановски, костимите се на повеќе пати наградуваниот костимограф, Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, чии сценографски решенија добиваат одлични оценки на познатите танцови светски сцени. Авторската екипа, во соработка со танчерите на Националниот балет, создаде едно спектакуларно дело, во кое се испреплетува историјата, традицијата и современиот уметнички израз – вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.
]]>

Со операта „Лидија од Македонија“ започнува новата сезона во Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/so-operata-lidija-od-makedonija-zapochnuva-novata-sezona-vo-makedonskata-opera-i-balet/ Wed, 06 Sep 2023 06:22:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317051

Новата сезона во Македонската опера и балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16-ти септември 2023 со почеток во 20 ч. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема. Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн на www.operabalet.mk и билетарницата на Македонската опера и балет.]]>

Македонската убавица и топ модел ќе биде дел од најпопуларната ријалити Елита: Александра Накова влегува во новата сезона на „Задруга“? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-ubavitsa-i-top-model-ke-bide-del-od-najpopularnata-rijaliti-elita-aleksandra-nakova-vleguva-vo-novata-sezona-na-zadruga/ Fri, 30 Jun 2023 08:47:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308329

Иако по трагичните настани во основното училиште „Рибникар“ во Белград имаше мноштво обвинувања, повици, апели, кампањи, па дури и неформални забрани во вид на препораки од највисокиот политички врв, најгледаното реално шоу во регионот - „Задруга“ вднаш да престане да се емитува, организаторите сепак го приведоа до крај. Газдата на ТВ Пинк,  Жељко Митровиќ најпрвин вети дека ова е последна рунда и нема повеќе, но набргу потоа како да се премисли па наголемо ја најави и новата, седма по ред сезона на „Задруга“. Наводно со видоизмент формат и содржина, насловена „Елита 7“, со наговестување дека на насилниците и осведочениот озлогласен пробисвет, учеството ќе му биде забрането, а за возврат ќе видиме еден друг , наводно поинаков „фин свет“ на познати лица од естрадниот и јавниот живот во регионот.  Патем победникот добива парична награда од 250.000 евра, што е фантастична сума и за богатата естрада. И додека чекаме тимот учесници да се екипира, нашата позната манекенка и топ модел, атрактивната гевгеличанка Александра Накова  не случајно се најде во Белград. Овој пат по работа, заради ангажман во снимањето рекламна кампања за еден познат бренд за надградба на коса.
Така, долгоногата силиконска убавица од Македонија беше дел од екипата „кукли“ со извајани облини која учествува во овој проект. Се разбира респект за Накова и неодоливиот сексапил и убавина, кои се веројатно дополнителен мотив раскошната гевгеличанка да добие уште една примамлива понуда, за која се' уште е во дилема и размислува. Имено, таа на своите Инстаграм приказни меѓу останатите фотографии објави и една од официјалната фан страница за шоуто во најава, на која стои прашалникот: Александра Накова - Задруга 7 - Елита - Да или Не? Дали ова значи дека продуцентите прават анкета за да соберат мислења дали цицлестата Македонка е соодветна за „елитна задругарка“, која патем веќе и има ријалити искуство од пред многу години како учесничка во реалното шоу „Преживеан“? Или тоа Накова самата си прави штик проба кај фановите и следбениците за да си ја провери самодовербата дали е паметно да влегува во нова ријалити авантура? Што и дае, наскоро ќе се знае. Аудицијата за прием е во тек, па лесно може да се случи расната македонска убавица веќе од есен да ја гледаме во новата ријалити сапуница - „Седмица“, сосе целата позната свита како учесник во идната “Елита“!? Фото: Инстаграм принтскрин/zadruga.7_fanstranica/nakovaaleksandraofficial]]>

„Ѕвездите на Гранд“ со истиот состав како лани – прв пристигна Мили, па проговори: „Наше е да го избереме најдобриот“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dzvezdite-na-grand-so-istiot-sostav-kako-lani-prv-pristigna-mili-pa-progovori-nashe-e-da-go-izbereme-najdobriot-foto/ Mon, 26 Sep 2022 12:23:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268698

Многубројни шпекулации го поттикнаа и фактот што емитувањето, а не снимањето на новите емисии на„Ѕвездите на Гранд“ не започна во времето кога вообичаено започнува новата сезона на популарното музичко натпреварување. Во прилог на гласините дека емитувањето на оваа емисија е под знак прашалник беше и фактот што во поранешната временска рамка на „Ѕвездите на Гранд“ ТВ „Прва“ од минатата сабота емитуваше уште еден музички натпревар - „Никогаш не е доцна“. Сепак, повеќе нема простор за шпекулации, бидејќи е потврдено дека ќе има нова, 16-та сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Жирито денеска ќе влезе во студиото со истиот состав како лани - Цеца Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Драган Стојковиќ Босанац, како и членовите на продукциското жири Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили. Мили прв пристигна пред студиото и откри дека се е подготвено за новата сезона и дека од неа се очекува многу. - Се е подготвено за новата сезона, очекуваме многу од неа. „Гранд“ е исклучително популарна емисија, а секако со неа соработуваат и најголемите телевизии. На која телевизија ќе биде  „Ѕвездите на Гранд“ ќе бидете навремено известени, наскоро се официјално ќе објавиме. - Тоа се работи кои се менуваат, не верувам дека тоа ни е проблем. Сигурно ќе биде во сабота, ако се емитува на „Прва“. Фокусиран сум на конкурентите и на она ново што ќе го направиме. Сигурен сум дека ќе бидеме на некоја од телевизиите на која ќе не гледаат. - Ништо не се смени, се остана исто. Моите критериуми не можат да се променат. Можете да видите кога некој го заслужува нашето внимание, тоа на сите им е јасно. Наше е да го канализираме и да го избереме најдоброто. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Оливер Буниќ]]>

Мичо, Марија, Моника, Дијана, Кристина… Кои учесници од Македонија ќе бидат дел од претстојната, шеста сезона на најгледаното регионално ријалити „Задруга“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/micho-marija-monika-dijana-kristina-koi-uchesnici-od-makedonija-kje-bidat-del-od-pretstojnata-shesta-sezona-na-najgledanoto-regionalno-rijaliti-zadruga-foto/ Tue, 23 Aug 2022 08:44:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263689

Оддамна е јасно и познато дека  шеста сезона на најгледаното регионално реалното шоу „Задруга“ ќе има. Сега е познат и датумот на нејзиниот почеток, како дел од имињата кои ќе се појават на ТВ екраните во ова ријалити. Преносот ќе започне за две недели, односно на 9-ти септември во 21 часот, потврдија организаторите од телевизијата „Пинк“. Иако се' уште не се познати сите натпреварувачи и списокот на учесници не е конечен, многу се зборува за некои веќе познати и стари учесници, некои сосема нови, нои и нови, јавни фаци од Македонија. Српските медиуми веќе започнаа да ги објавуваат имињата на учесниците  во „Задруга 6“, а меѓу нив најпрвин почна да се шпекулира за познат македонски спортист. Станува збор за кошаркарот од Скопје, Милорад Миновски - Мичо кој е висок 195 сантиметри, а телото му е прекриено со тетоважи. Две години играше за екипата на Вардар, а во „Задруга 6“ влегува како би искусил нешто ново, пренесуваат српските медиуми. „Потпишав договор, а од поранешните задругари ги познавам Спејко и Моника Јовановска од минатата сезона“, изјави неодамна тој. Токму името на Моника Јовановска и нејзината најдобра другарка, македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска, се споменуваа во естрадно, кулоарските кругови, па и во некои медиумски написи како можни учеснички во новата сезона на „Задруга“. Со оглед на тоа што Моника веќе има искуство, па ќе ја подучува, брани од неволји и ќе и помага на  Марија што полесно да ги совладува ријалити предизвиците. Кога сме веќе кај македонските пејачки и Дијана Оу-Џи, се' попопуларната скопска (т)раперка се спомнуваше во комбинација за учество во новата сезона на „Задруга“. Како што вели и самата, кој знае дали ќе има живци да издржи подолго затворена во такво опкружување, ама пак од друга страна, нема ништо против и идејата вреди за размислување? Позната како некоја која е „пис на јазик“ и без многу предрасуди, впрочем како и Марија Луиса, можете само да замислите што би се случувало кога некој(а) ним ќе им „стапне на жуљ“? Веројатно би се завршило со вербален, ако не и физички „масакар“! Патем ниту на една од нив двете разголувањето, еротиката, сексуланите конотации и јавното споделување експлицитни моменти не им се страни - напротив! Марија Луиса со домашно видео и куп еротски фотографии и фотосесии зад себе, Дијана Оу-Џи со сличен арсенал видеа и фотографии на својата „Онли Фанс“ страница за возрасни! И конечно, последната позната Македонка која се споменуваше како можна учесничка во „Задруга“ е Кристина Димитриевска. За нејзе се зборуваше и минатат сезона, но до такво нешто не дојде, иако се чини дека македонската мисица, модел и пејачка е некако „на два ума“ дали годинава да влезе во „Задруга“? Впрочем и нејзините следбеници на социјалните мрежи и поставија такво прашање, на кое атрактивната тетовка немаше конкретен одговор, ама затоа јавно рече дека ќе се консултира со некој кој е јавна личност и веќе има ријалити искуство, а нејзе и е многу близок... Како Гастоз на пример? Ако се реши да каже - ДА, многу ќе и помогне тоа што е бивша сопруга на позната јавна личност во регионот, нејзиниот екс маж Даниел Кајмакоски. Единствен проблем за неа  можеби ќе биде оддлеченоста од синчето кое по разводот со Даниел остана да живее со неа и за кое е Кристина многу приврзана. Така што, што и да реши - нема да згреши! Како и да е, засега учеството на споменатите познати Македонци и Македонки е потенцијално можно, но не е потврдено и останува неизвесно... Освен можеби за бившиот кошаркар и единствениот маж меѓу сите дами, Милорад. Но, изненадувањата во „Задруга“ се и тоа како  можни, што впрочем се потвди сиве овие години. Па затоа нека не ве изненади, ако утре во најгледаното регионално ријалити „апансас“ влета и некоја од споменатите македонски дами!        ]]>

Познат македонски кошаркар осуден на затворска казна влегува во новата сезона на „Задруга“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznat-makedonski-kosharkar-osuden-na-zatvorska-kazna-vleguva-vo-novata-sezona-na-zadruga-foto/ Mon, 18 Jul 2022 09:35:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259035

Српските медиуми веќе започнаа да ги објавуваат имињата на учесниците во шестата сезона на реалното шоу „Задруга“, а меѓу нив и познат македонски спортист. Станува збор за кошаркарот од Скопје, Милорад Миновски кој е висок 195 сантиметри, а телото му е прекриено со тетоважи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Milorad Minovski (@the_real.problem)

Две години играше за екипата на Вардар, а во „Задруга“ влегува како би искусил нешто ново, пренесуваат српските медиуми. „Потпишав договор, а од поранешните задругари ги познавам Спејко и Моника Јовановска од минатата сезона“, вели тој.
 
Тој открива дека имал големи проблеми со законот и дека една банда му го кренала автомобилот во воздух, а на суд бил осуден на три месеци затворска казна и две години условно.
 
„Не бев во затвор, но бев осуден. Имав проблеми со законот, некој клан поради улична расправија ми ја крена колата во воздух минатата година, а сето  тоа се случи пред мојот дом“, раскажал Милорад за српските медиуми.
 
Фото: Инстарам принтскрин/Тhe_real.problem

Започнаа со снимање: Еве кога започнува новата сезона на „Преспав“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnaa-so-snimanje-eve-koga-zapochnuva-novata-sezona-na-prespav-foto/ Tue, 19 Oct 2021 06:58:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223441

Во 2020- та година со 20та епизода заврши 5-тата сезона на серијата „Преспав“ која ја освои македонската публика, а фановите со нетпрение очекуваат да започне новата, шеста сезона. Преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петотто продолжение имаа незгода, односно пансионот се запали. Фановите на серијата често прашуваа дали ќе има шеста сезона на омилената македонска серија, а неодамна се огласија од пансионот прашувајќи ги корисниците на „Инстаграм“ дали за новото продолжение да користат „сезона 06“ или „шеста сезона“. Деновиве, актерите, Тијана Дапчевиќ, Васил Зафирчев, Дритон Вејсели, Игор Ангеловски, Горан Стојановски, Игор Џамбазов, Адриан Азири се вратија на сет и започнаа со снимањето на новите епизоди. „Минатата година, во лавиринтите на пандемијата, совладувајќи голем предизвик, успешно ја снимивме петтата сезона, што ни даде особена мотивација да продолжиме понатаму. Со тој ветер во грбот, оваа сезона ќе ја реализираме по најдобри сценарија досега, потпирајќи се на интернационалниот сценаристички тим, како и на секој поединец вклучен во продукцијата на Преспав, вели продуцентот, Пеце Талески. На „Инстаграм профилот“ на „Преспав“  објавија фотографии од претходната сезона и обзнанија дека започнале со снимањата. „Преспав 6та сезона или 5 сезони повеќе одошто очекувавте! Започна снимањето на новата сезона на ТВ серијата "Преспав", која меѓу телевизиските серии доживеа најдолг век, најголем успех и собра "армија од фанови". Актерот Васил Зафирчев кој ја игра улогата на готвачот Марио на својот „Инстаграм“ објави фотографија со неговата колешка Јелена Јованова која ја игра улогата на Јелена од Драчево, а и тој во описот напиша дека започнале со снимања. Тој исто така во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од снимењето со Тијана Дапчевиќ (Ула) и Игор Стојчевски (Тони) Eмитувањето на новата сезона се очекува да биде кон средината на декември на МРТ. Инаку, освен добро познатата екипа на актери, во петтата сезона на „Преспав“, имавме прилика да погледнеме 20 незаборавни епизоди во кои исто така имавме прилика и да видиме нови актери, како што се стилистката Натали, актерот Владо Јовановски, а во актерска улога се проба и Сара Мејс, меѓу сите нив се најде и манекенката Катарина Ивановска. Исто така доста впечатлива беше и улогата на актерката Драгана Левенска во епизодата „Отворен брак“.
Идејата и концептот на „Преспав“ се на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режијата е на Игор Иванов Изи, Вардан Тозија и Дина Дума. Сценаријата ги пишуваат: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева од Бугарија и Александра Миланова.
фото: инстаграм/пансион преспав/васил зафирчев