нова љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Jan 2024 11:39:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нова љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На вечерно возење по пижами: Сања Ристиќ е македонското девојче на Перо Антиќ?! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-vecherno-vozene-po-pizhami-sana-ristik-e-makedonskoto-devojche-na-pero-antik-foto/ Tue, 16 Jan 2024 11:24:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335080

Актуелениот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, повторно е во фокусот на јавноста и медиумите. Причина за тоа како и вообичаено е неговиот приватен живот, а за истото овој пат самиот беше иницијатор на веќе подгреаните гласини. Неодамна го поврзуваа дека е во љубовна врска со фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ што тој децидно го демантираше, но тогаш потврди и дека не е „сингл“ туку дека е заљубен и во нова врска. Перо очигледно не се плаши да влета во нова романса, па како што вели и самиот, од грешките се учи за се’ она што следи.
Откако измината есен ја прекинаа врската со макенеката Каратина Ивановска, Антиќ не милува да открива премногу за тоа која е неговата сакана или како што неопдамна ја нарече- македонско девојче. -Интимен живот не споделувам. Нека си шпекулираат. Само ќе кажам мојата нова љубов е македонско девојче, кажа тогаш тој за ММС, мислејќи на тоа дека не се работи за Цеца. Чаршијата уште тогаш зборуваше дека Перо и новата девојка не ја кријат врската во јавност, туку само не се решиле тоа да осамне на социјалните мрежи. Според новините од Инстаграм профилот на Перо, нештата во тој поглед почнале да се менуваат или поточно тргнале во правец на вечерно возење по пижами. Очигледно се уште во празнично расположение, облечени во пижами со таква симболика, тој зад воланот, а таа на совозачко во иста пижама. Која би можела да биде македонското девојче, ако не во случајот Сања Ристиќ?- специјалистката за маркетинг и екс- сопруга на ракометарот Дејан Пецаковски за кого таа изјави дека неверство не е причина за разделбата, а не се заедно повеќе од една година. -Мојата разделба со мојот сопруг Дејан беше апсолутно мирна разделба каде една од причините што не постои е неверство. За себе тврдам, за Дејан исто така можам да тврдам, затоа што е сосема друга причината поради која ние сме се разделиле – вели Ристиќ во интервју за Жешко столче. Потано или подоцна, како едниот така и другиот ја кажале својата страна на приказната, а засега кај двајцата истата гласи: -Денес голем луксуз е да имаш некого кој сака се' со тебе, стои во „приказните“ како кај Перо ,така и кај Сања.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sanja Ristic (@sanjalala)

Во случајот заедничката фотографијата од „стори“ приказните е сосема доволна за тоа која е партнерката на Перо - од совозачко. Едно е сигурно, пижама возење им е фетиш, правецот каде се упатија непознат, а крајната дестинација обострано задоволство за среќна и исполнета вечер. фото:Instagram printscreen/ sanjalala/ cickostoilko]]>

Ова е момчето на Ана Николиќ: Обожава да се фотографира гол, а еве каде се запознале (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-momcheto-na-ana-nikolik-obozhava-da-se-fotografira-gol-a-eve-kade-se-zapoznale-foto/ Tue, 16 Jan 2024 09:32:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335070

Пејачката Ана Николиќ веќе неколку недели ужива во љубовта со новото момче Немања, а за тоа дека љубовта е силна говори и тоа што тој речиси се вселил во нејзиниот стан во Вождовац. Како што дознава Курир.рс, пејачката се заљубила во овој спортист со кој се запознала преку социјалните мрежи. Тие двајца не се разделија откако Ана јавно објави дека се во врска, а Немања ја следи нон-стоп, дури и во трговските центри во Белград. - Ана ужива во врската со Немања. Практично се всели во нејзиниот стан, нон-стоп се заедно. Со неа оди и во шопинг, и ги носи торбите до трговските центри. Тие се запознале преку Инстаграм. Се допишуваа некое време. Таа беше воодушевена од неговата приказна и ставови, многу брзо се запознаа и почнаа да разговараат. Не сакаше ни да го сокрие, затоа веднаш се сликаше заедно со него на Инстаграм со нејзината песна „Лабилна“ која и е една од омилените, а која и ја напиша поранешниот сопруг Раста - вели  изворот. Тој објасни и кој е човекот кој го освоил срцето на поп-ѕвездата, која долго време нема среќа во љубовта.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

- Немања со години се занимава со спорт, навистина се грижи за себе. Тоа е и негово хоби, следи спорт, особено сака фудбал и тенис. Сака да се соблече на мрежите и да го покажува своето тело. Разведен е, има син, кој од него го наследил талентот за спорт. Досега одлично се сложува со Ана, ќе видиме колку време ќе потрае бидејќи е многу специфична личност. Исто како и Николиќ, веројатно затоа се најдоа. Не за џабе велат „Ист со ист се одбира “ – заклучува соговорникот. Фото: printskrin/instagram/]]>

Мачка има нова „мачка“: Бившиот сопруг на Тамара Тодевска, Александар Димитровски и Едина Муса се блиски пријатели отсекогаш или нови љубовници засекогаш? https://arhiva.vistina.com.mk/machka-ima-nova-machka-bivshiot-soprug-na-tamara-todevska-aleksandar-dimitrovski-i-edina-musa-se-bliski-prijateli-otsekogash-ili-novi-lubovnitsi-zasekogash/ Wed, 10 Jan 2024 11:17:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334267

Новата 2024 година започна интересно... И мошне љубовно? Или сепак тоа е само старо пријателство, кое навидум само изгледа како да е нова љубов? Како и да е,  една заедничка фотографаија објавена на Инстаграм и тоа кај обата субјекта предизвика ерупција од муабети, претпоставки, озборувања и нагаѓања и во естрадните и во спортските кругови, па и кај пошироката јавност. На неа бившиот сопруг на пејачката Тамара Тодевска, Александар Димитровски - Мачка и нашата кошаркарска, бодибилдерка  и мис фитнес убавица Едина Муса, заедно еден до друг во прилично интимна атмосфера, па и поза, може да се каже. Зашто спуштената рака на русокосата под масата во ресторанскот дел на најпознтиот белградски кабаре клуб во стилот: „Допрни ми колено“... или што ли веќе друго, колку што е јавно дозволено, во многу што наликува дека не е во прашање само обичен пријателски обед. Впрочем и изразот на лицата на обајцата кои блескаат од среќа, кажува дека можеби тука има „некоја тајна врска“... Колку и да не е потребна квалификација, коментар или наслов на сликата, како што и самата Едина напишала во описот, некако очигледно е дека во „пописот на претпоставки“ онаа љубовната варијанта најверојатно ќе се оствари и излезе дека е точна. Тамара веќе оддамна јавно го покажа новиот љубовник со кој изглед среќна, па тогаш зошто и Мачка не би имал нова „мачка“? И тоа каква, ако навистина  Александар Димитровски и Едина Муса се повеќе од само блиски пријатели отсекогаш, односно  нови љубовници... засекогаш? Како и што впрочем русокосата убавица во својата новогодишна желба посакува евентуалната љубов да трае до крајот на животот,  во дополнително објавеното стори на Инстаграм! Мчка и Едина ги спојува спортот, односно кошарката во која се или биле активни обајцата, па затоа и претходно во Белград заедно беа на дерби натпреварот помеѓу кошаркарските ривали Црвена Звезда и Партизан. Патем обајцата слободни, без љубовно - брачни обврски, што значи дека покрај  кошарката  слободно можат да ги разменат не само спортските интереси туку и споделат чувствата и емоциите. Впрочем, Александар и Едина и новата 2024 година ја дочекаа заедно во родната Гевгелија на Мачка. Како и да е, набргу времето ќе покаже дали Александар Димитровски - Мачка и Едина Муса се блиски пријатели уште од некогаш или нови љубовници, чија љубов ќе трае... можеби засекогаш? Фото: Инстаграм/machka777/edina_musa
 ]]>

Сите чекаа коментар и од неа, се огласи Карлеуша за љубовната врска на Душко Тошиќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/site-chekaa-komentar-i-od-nea-se-oglasi-karleusha-za-lubovnata-vrska-na-dushko-toshik-foto/ Fri, 13 Oct 2023 10:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322239

По веста дека фудбалерот Душко Тошиќ е во врска со пејачката Ина Гардијан, сите се изненадија, а неговата се уште законска сопруга Јелена Карлеуша, сега ја прокоментира и колешката која ужива со сопругот. Душко и Ина се во врска подолго време, но тоа вешто го криеја од јавноста. Меѓутоа, кога се откри нивната афера, сите чекаа коментар од Карлеуша, која е позната по остриот јазик. Секако, и овој пат не молчи, па отворено напиша што мисли за девојката која моментално ужива покрај својот сопруг како одговор на коментарот на водителот на Информер.рс - Ина Гардијан ќе се прослави три дена. Конечно, затоа што навистина навлегуваше во тоа - напиша Мили, а Карлеуша одговори: - Сепак нема. Празен разговор. Да потсетиме, она што е особено интересно е што Ина пееше на прославата на Душко и Јелена за десет години брак, која тие ја прославија во 2016 година. Јелена сигурно не е рамнодушна околу ова, но изгледа дека не е премногу загрижена за својата ривалка.]]>

Тамара и Билбилов го славеа Илинден во кафеана со „Бисер балкански“, со блиските пријатели ама и со нивните нови љубови? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-bilbilov-go-slavea-ilinden-vo-kafeana-so-biser-balkanski-so-bliskite-prijateli-ama-i-so-nivnite-novi-lubovi-foto-video/ Thu, 03 Aug 2023 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312408

Најголемиот македонски празник „Илинден“  македонската естрада различно го празнуваше. Многумина од нив работно, со свои настапи на разни манифистации на кои се славеше и чествуваше Денот на Републиката, дел од нив со свои редовни настапи по различни кафеани, кафулиња и клубови, останатите кој каде и како. Некои се на одмор на море или езеро, некои останаа дома. Македонските поп ѕвезди, пејачката Тамара Тодевска, пејачот, композитор и продуцент Роберт Билбилов заедно со нивниот колега, композиторот  Лазар Цветковски, Илинден го прославија заедно, во кафеана! Старите пријатели и соработници на иста маса во весела атмосфера и расположение, со полна трпеза и пијалак в рака наздравија за најголемиот македонски празник и тоа со звуците не на било која песна. Оркестарот со жива музика крај масата, на увце не случајно им ја свиреше македонската патриотска  фолк химна - „Бисер балкански“, напишана од никој друг, туку токму од покојниот татко на Роберт Билбилов, музичарот и композитор Хилми Билбил. За 120 години од Републиката, за честит Илинден и само една вистина - вечна и вековита Македонија! А можеби и за уште нешто друго? Зашто она што може да се забележи на масата кај патриотски расположената, весела, естрадна дружина на видеата, кои на социјалните мрежи самите  ги споделиле, се уште некои лица, кои не припаѓаат баш на естрадната фела! А истите и се означени или поточно тагнати во описот на видеата и фотографиите. Имено, по разводот со сега веќе бившиот сопруг Мачка, за Тамара наголемо се шушка дека не е сама. За пејачката се шпекулира дека има „нов пријател“ со кого често се гледа, па дури и не го крие од јавноста, како што беше и овој пат, иако јавно се' уште не споделила дел од својата „близина“ со него. Сепак, евидентно е дека човекот е се' поприсутен во нејзиниот живот. Една од заедничките фотографиии објавена неодамна на нејзината Инстаграм страница на која „образ до образ“ Тамара со насмевка од „седмица до седмица“ просто ужива во неговата прегратка, веројатно  беше повеќе од доволна за да ги подгрее шпекулациите и нагаѓањата: Дали овој човек е новата љубов на пејачката? Особено по цитатот што го остави Тамара на нејзините Инстаграм приказни веднаш по објавата на фотографијата, во кој пишува: „Шест часа поминуваат за 30 минути кога си со вистинската личност“! А човекот се вика Лука Радовиќ и во неговото портфолио пишува дека по професија е архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување. Неговиот Инстаграм профил  „случајно го следат“  Тамара и сестра и Тијана? Но, затоа пак истата личност  не случајно се најде на иста маса со Тамара и нејзиното естрадно друштво при кафеанската прослава на Илинден. Од друга страна пак,  видеото на кое се тој, Тамара, Лазар и Билбилов, го сподели уште една позната личност. Која според прикажаното, најверојатно и самата го снимала седејќи со нив на истата маса, а потоа и таа и Тамара и Роберт, истото го споделиле на своите Инстаграм приказни. Во прашање е Лејла Рамковска, ќерка на некогашниот сопственик на А1 телевизија - Велија Рамковски, која по несреќното гаснење на телевизијата сега се занимава и работи како јога инструктор и советник за  здрав живот и здрави навики. Лејла и Билбилов се познаваат оддамна, обајцата се разведени и слободни иако зад себе имаат брак и дечиња, но прашање е дали сега „старото пријателство“ не прераснало во нешто друго, многу поинтимно? Дали сега Лејла и Роберт не се „многу поблиски“ од некогаш или сепак останале само „пријатели засекогаш“? Едни велат она второто, додека оние што ги познаваат одблизу тврдат дека само прашање на ден е кога нивната „интимна близина“ ќе биде обелоденета во естрадниот свет, како и онаа на Тамара со младиот архитект? Впрочем, стиховите на последната песна на Билбилов насловена „Тебе“ која неодамна ја објави, во многу што одат во прилог на оваа претпоставка. „Тебе, те сакам тебе,Те сакам тебе само за себе, кога ти си си во мене јас дишам со тебе, и за се' друго немам ни простор ни време, се што сакам е да бидам со тебе...“ - се пее меѓудругото во песната. Дали е и автобиографска и посветена токму на неа, на убавата Лејла, засега ќе остане тајна скриена и јавна дилема?! Како и релацијата на Тамара со оној, со кого и расположена и насмеана, а и кога само ќути, 6 часа и минуваат како да се 30 минути?! Фото: Инстаграм/lejlaramkovska/tamaratodevska/justrbproduction  ]]>

Бајага има нова девојка: По 33 години брак, пејачот се впушти во романса (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bajaga-ima-nova-devojka-po-33-godini-brak-pejachot-se-vpushti-vo-romansa-video/ Thu, 22 Jun 2023 10:36:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307276

Веста дека Момчило Бајагиќ Бајага и неговата сопруга Емилија се разведуваат по 33 години брак одекна во медиумите ширум регионот. Иако во текот на кариерата вешто се трудеше да не зборува за приватниот живот, се чинеше дека бракот на познатиот музичар е еден од најхармоничните во јавноста, но се покажа дека сепак не може да опстане. Неколку години по разводот, Бајага се впушти во нова романса. Неодамна во изјава за тамошните медиуми откри дека не е сам, а сега за прв пат е фатен со новата партнерка. Екипата на емисијата „Папарацо лов“ го фати пејачот со црнка за која велат дека е негова нова партнерка. На видеото се гледа како Бајага го поминува денот со жена, а потоа заедно влегуваат во зградата во која живее и во чиј стан сега живее пејачот. Судејќи по папарацо кадрите, може да се добие впечаток дека се на слична возраст, а едно е сигурно - на љубовен план им цветаат рози. Фото: Принтскрин/Папарацо лов]]>

„Вљубена сум“: Љупка Стевиќ конечно најде нова љубов (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vlubena-sum-lupka-stevik-konechno-najde-nova-lubov-foto/ Fri, 12 May 2023 12:01:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301802

По голем љубовен скандал и неколку години самотија, славната пејачка конечно најде нова љубов. Пред неколку години кариерата на убавата и заводлива бринета Љупка Стевиќ ја одбележа скандал од нејзиниот приватен живот. Таа потоа ја раскина десетгодишната врска со бившиот партнер, кого го прислушуваше и чиј автомобил дури и го искрши, по што следеше невиден медиумски интерес за неа, но и тежок период од кој на крајот излезе победничка. - Најтешките моменти што ги имав сама ги пребродив без никаква стручна помош кога многумина мислеа дека тоа ќе биде катаклизма за ранливата личност, но од мала имав сила да надминам се на крајот како војник - изјави Стевиќ, која после тоа вешто го крие својот љубовен живот за кој по неколку години молчење вели: - Јас сум искрена во љубовта, никогаш не ги кријам емоциите и кажувам се во лице. Љубовта е нешто што ја задржува насмевката на нашето лице и тоа е прекрасно чувство. Да, вљубена сум и ова е премиерната исповед - изјавила Љупка која без премногу очекувања и размислувања остава се да си тече слободно  во новата врска. - Цврсто и стабилно газам по земјата, свесна за ситуацијата. Ништо не очекувам, не се надевам, имам свои животни планови, а што се однесува до љубовта, пресметката ќе ја видиме за три месеци - изјави Стевиќ за Гранд онлајн. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Во драмата со Пике која се уште трае, Шакира видена со друг, а прашањето за старателството над децата најпосле решено (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-dramata-so-pike-koja-se-ushte-trae-shakira-videna-so-drug-a-prashaneto-za-staratelstvoto-nad-detsata-najposle-resheno-foto/ Thu, 30 Mar 2023 10:53:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295820

Шакира можеби нашла љубов со нов маж во Мајами, пишуваат шпанските медиуми. Колумбиската пејачка (46) се сели на Флорида откако потпиша договор за старателство над децата со поранешниот партенер Жерар Пике. Обожавателите останаа да шпекулираат дали таа ќе ја напушти Барселона со синовите Милан (10) и Саша (8) во јуни, на крајот на учебната година или во следните неколку дена откако беше објавено дека планира да замине на 1 април. . Сепак, тоа беше пред да се објави дека нејзината мајка била хоспитализирана во Барселона, откако и бил пронајдено згрутчување на крвта во ногата. Сега шпанската веб-страница за вести ОК Диарио вели дека мајката на две деца можеби има уште една причина да го забрза преселувањето во Мајами, а тоа е „мистериозен човек“. Се тврди дека го запознала неколку месеци пред да ја напише својата најнова песна за Пике и неговата девојка - во која таа опасно ги прозива. -Изгледа дека колумбиската пејачка успеала да најде нова илузија во вид на мистериозен маж кој очигледно го запознала во Мајами и со кој е во контакт четири месеци.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Shakira (@shakira)

Не се откриени други детали, освен дека мистериозниот човек не бил поранешниот Антонио де ла Руа, со кој се забавувала пред да се сретне со Пике на Светското првенство во 2010 година. Лошото здравје на нејзиниот 91-годишен татко Вилијам Мубарак првично беше наведено како главна причина што таа ги напуштила плановите да се пресели во Мајами на почетокот на оваа година, откако во декември потпишала договор за старателство со Пике. Парот, кој се раздели во мај по 11 години заедно, во ноември потврди дека постигнале договор по долготрајните преговори кои кулминираа со маратонска 12-часовна средба со нивните адвокати. Договорот го потпишаа на суд во Барселона следниот месец. фото:Profimedia/Instagram]]>

За него вели дека е посебен: Данијела Мартиновиќ за првпат проговори за мажот кој ја освои по Петар Грашо (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/za-nego-veli-deka-e-poseben-danijela-martinovik-za-prvpat-progovori-za-mazhot-koj-ja-osvoi-po-petar-grasho-video/ Fri, 24 Mar 2023 09:40:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294918

Откако раскина со Петар Грашо, а тој се ожени, љубовниот живот на Данијела мартиновиќ постојано е под лупа на јавноста. Во новата епизода на хрватски „Ин магазин“ во четвртокот, пејачката Данијела Мартиновиќ (51) проговори за новата песна „Им верувам на луѓето“ за која пред неколку дена објави видео. Таа откри и како ја освоил нејзиното ново момче, загрепскиот полицаец Јосип Плавиќ. – Од првиот момент кога Зоран Мишолонгин ми ја донесе песната да ја слушнам, веднаш ми звучеше како некаква ода за луѓето, односно за доброто што живее во срцата – изјави Данијела. Првата средба со нејзиното ново момче Јосип се случила, вели таа, пред една година кога на интернет и го украле идентитетот. Ангажирала адвокат бидејќи првпат наишла на вакво искуство, а адвокатот и рекол дека случајот мора да го пријават во полиција. Случајот дошол до бирото на Јосип, и брзо бил разрешен, а потоа почнала да се развива нивната приказна. Даниела верува дека се се случува во вистинско време, а открива и со што Јосип ја освоил. – Тој е навистина посебен, различен, неговиот поглед на животот, да речеме, многу се однесува кон луѓето, тоа навистина никогаш не сум го видела или многу ретко. Кон обичните луѓе. Тој е љубезен, пресретлив, посебен. Сега се збунив, јас не знам како да зборувам за тоа – рече таа. Рече и дека Јосип е љубител на музика, а понекогаш знае и нешто да ѝ отсвири. – Имаше свој бенд 16, 17 години, „Изван закона“, дури и компонираше. Свиреше на гитара. Значи има големо искуство во музиката – откри Данијела. фото:принтсрин Јутјуб]]>

Се гледаат во тајност веќе неколку месеци: Жизел Бундшен во врска со пријателот на екс-сопругот?! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-gledaat-vo-tajnost-veke-nekolku-mesetsi-zhizel-bundshen-vo-vrska-so-prijatelot-na-eks-soprugot-foto/ Fri, 17 Mar 2023 12:36:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293940

Пет месеци откако стави крај на нејзиниот 13-годишен брак со спортистот Том Брејди, манекенката Жизел Бундхен продолжи понатаму. И не, тоа не е нејзиниот инструктор џиу-џицу Јоаким Валенте. Да потсетиме дека во неделите по разделбата на најубавиот пар се шушкаше дека манекенката е во врска со нејзиниот инструктор за џиу-џицу, откако се фотографирани заедно во Костарика. Двајцата биле видени како јаваат заедно, но и на вечера со децата на Жизел, Бенџамин и Вивијан, кои ги имаа со Брејди. Двајцата беа забележани како се шетаат заедно во Костарика оваа недела. Меѓутоа, бидејќи братот на Валенте беше со нив, тоа не беше романтично патување. Уште повеќе, извори за „Дејли Мејл“ велат дека вистинскиот маж во животот на Жизел е многу поблиску до нејзиниот дом, а многу поблиску до нејзиниот поранешен сопруг. – Жизел го поминува времето со Џефри Софер – открил добро информиран извор. - Се гледаат неколку месеци и се среќаваат тајно околу еднаш неделно - додава изворот. Инвеститорот и хотелиер Џефри Софер поседува голем број луксузни имоти, вклучувајќи го и култниот хотел Фонтенбло во Мајами. Од 2013 до 2017 година, тој беше во брак со австралискиот супермодел и актерка Ел Мекферсон. А според добро упатени извори, Џефери и Том Брејди се добри пријатели со години. Тие двајца последен пат беа видени заедно во јануари кога фудбалската ѕвезда беше фотографирана како поминува квалитетно време со ќерката Вивијан. Подоцна истиот ден, тие беа видени како се дружат во Мајами со заедничкиот пријател Дејвид Бекам и неговите деца. Интересно е тоа што кога Брејди барал земја за да го изгради својот дом со Жизел во 2020 година, купил имот во близина на пријател, распространетиот замок на Софер во Мајами. Од друга страна, во октомври минатата година Жизел Бундшен купила куќа на плажата спроти нејзиниот поранешен сопруг и човекот за кој сега тврди дека е нејзината сегашна љубов. фото:MEGA / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA/Instagram printskrin]]>