нова книга – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Sep 2022 08:51:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нова книга – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Меган Маркл ѝ било тешко да се ракува: „Не можам да верувам дека не ми плаќаат за ова“ (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/na-megan-markl-bilo-teshko-da-se-rakuva-ne-mozam-da-veruvam-deka-ne-mi-plakjaat-za-ova-foto-video/ Mon, 26 Sep 2022 08:51:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268561

Во Велика Британија е објавена новата книга за кралското семејство „Дворјани“: Скриената моќ зад круната“, во која авторот Валентин Лоу, меѓу другото, се осврна и на војвотката од Сасекс и нејзиниот однос со вработените во палатата, но и со работата што ја работеше со нејзиниот сопруг. Наводно, на Меган Маркл и било тешко да се ракува со луѓето кои дојдоа да ја видат кнежевската двојка за време на австралиската турнеја на која таа и Хари отидоа во есента 2018 година. Таа не разбираше зошто мора да шета и да разговара со непознати. „Не можам да верувам дека не ми плаќаат за ова“, наводно рекла Меган, на која не и се допаднала кралската турнеја иако уживала во вниманието што го добивале таа и Хари. Книгата содржи и сведоштва на поранешните вработени на Хари и Меган, кои тврдат дека војвотката од Сасекс била шеф од пеколот кој ги терал луѓето да се тресат и да плачат на работа. Меган наводно исфрлила двајца лични асистенти, а персоналот бил понижуван во повеќе наврати. Адвокатите на војвотката ги отфрлија обвинувањата. Во пролетта 2017 година, повеќе од шест месеци пред парот да се вери, Меган наводно му рекла на еден од советниците на Хари: „Мислам дека и двајцата знаеме дека наскоро ќе бидам твоја шефица“. Поранешните вработени на Хари и Меган тврдат дека војвотката се јавувала на секои десет минути во петок навечер и викала по нив. Неколку членови на персоналот брзо дале отказ, се вели во него. Меган наводно ги понижувала луѓето кои со години работеле за кралското семејство. Вилијам ја утешил вработената која се расплакала, откако Меган зборуваше со една личност „особено грубо“ пред другите вработени, наводно и рекол: „Не грижи се. Ако има буквално некој друг што би можел да го замолам да го направи ова, наместо тебе“. Лоу пишува дека принцот Вилијам, откако слушнал за инцидентот, ја утешил жената уверувајќи ја дека работи „навистина добро“, поради што таа се расплакала. Додека, еден вработен кој го пропуштил повикот на Меган, наводно, рекол: „Таа не одговори на повикот. Се чувствувам преплашено... Ова е толку смешно. Не можам да престанам да се тресам“. Ова не е прв пат во јавноста да се појавуваат тврдења дека Меган Маркл е шефица од пеколот. Но, таа вели дека сето тоа е дел од организирана кампања против неа. Фото:Принтскрин/Профимедиа]]>

Британски новинар ќе објави книга за Меган Маркл: „Дознав неверојатни работи за неа“(фото) https://arhiva.vistina.com.mk/britanski-novinar-kje-objavi-kniga-za-megan-markl-doznav-neverojatni-raboti-za-nea/ Tue, 17 May 2022 10:35:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250799

Принцот Хари не е единствениот кој објавува книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува Даили Меел. Бауер рече дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен. „Дознав информации за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за Маркл или ќе се потврди или ќе се влоши, но во секој случај ќе биде големо изненадување“, изјавил Том.
Нему му било тешко да добие информации, вели тој, бидејќи луѓето прилично не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се што можеле за да го саботираат пишувањето на книгата. "Тоа е одлична приказна. Тоа е неверојатна приказна за една жена која од нигде се појавува, а сега е светска личност и гази  сè на патот, што е карактеристика на многу политичари и тајкуни", додава Бауер, кој веќе има доста напишани неовластени биографии на медиумскиот тајкун Роберт Максвел, претприемачот Мохамед Ал-Фајед, Ричард Бренсон и политичарот Џереми Корбин.
За ова кралскиот експерт Нил Шон вели дека Меган е загрижена за објавувањето на книгата. Според информациите од блиски извори, Меган е загрижена дека оваа книга може да и го наруши имиџот. Таа е загрижена за тоа кој разговарал со Бауер и се прашува, како што истакна нејзиниот тим, колку всушност се точни овие тврдења. „Во секој случај, многу повеќе луѓе веруваат дека ќе ја дознаат вистината од неговата книга отколку од мемоарите на принцот Хари“ - рече Шон. фото:Принтскрин/Инстаграм/sussexroyal/meghanmarkle_official
]]>

Ведрана Рудан и се “пушти“ на Јована Јоксимовиќ: „Премногу е за тебе да прочиташ една книга“ (Фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vedrana-rudan-i-se-pushti-na-jovana-joksimovikj-premnogu-e-za-tebe-da-prochitash-edna-kniga-foto/ Thu, 12 May 2022 11:34:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250058

Јована Јоксимовиќ е позната како некој што не дозволува гостите да и прават проблеми во емисијата, но овој пат беше  испровоцирана од  писателката Ведрана Рудан. Ведрана и гостуваше на Јована во емисијата „Уранак“, а повод беше новата книга на познатата писателка со наслов „Доживотен затвор“. Сепак, Јована ја испровоцира писателката, која пак дупло и врати: „Дојдете  ако немате што друго да правите. Таа на мене сега ќе ми напише посвета на книгата, секогаш сакам да прочитам  што ќе ми напише, секогаш тоа е нешто...“ - рече Јоксимовиќ, и  почна префрлањето: „А кога би ја прочитале и книгата, но тоа е премногу, сега да не претеруваме. Ќе си ја прочитате само посветата“ – и одговори Рудан. -Ова е моја емисија, јас сум уредник. Реклами“ – рече на шега Ведрана, цитирајќи ја Јована во ситуација кога го поканила политичарот Млаџан Ѓорѓевиќ, и додаде дека се сеќава на таа ситуација и дека си ветила „дека ќе биде фина и  нема да каже ништо провокативно“. „Ти се  заблагодарувам за твојата самоконтрола“ - и  рече Јована. Покрај тоа таа изненади многумина со тоа што рече и дека „не знае дали мажот на Јована е маж, бидејќи тоа е широк поим“, и дека „Тој подобро се оженил отколку што се омажила водителката“. Фото:Принтскрин/Инстаграм/ К1/Танјуг    ]]>

Зоран Спасов Ѕоф ќе ја промовира новата книга „Торонто експрес“ https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-spasov-dzof-kje-ja-promovira-novata-kniga-toronto-ekspres/ Mon, 06 Dec 2021 13:35:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230190

Новата книга „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов Ѕоф ќе биде промовирана на седми декември (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“. Книгата, како и претходниот хит-роман, „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Торонто експрес“ е ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“. Дизајнот на корицата е на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо. Промоцијата на книгата ќе се одржи неколку дена пред премиерата на новата театарска претстава „Торонто експрес“, во Македонскиот народен театар. Претставата, која е базирана на книгата, е во режија на Јордан Симонов, а главната улога ја толкува Александар Микиќ. Тие работеа и на театарската адаптацијата на текстот, заедно со Благоја Бошковски. Премиерата е закажана за 15 декември, а ден подоцна и на 20 декември се следните изведби. Во промотивниот период, со секој купен примерок од книгата „Торонто eкспрес“, во книжарниците „Литература.мк“, ќе следува ваучер за влезница за некоја од изведбите на претставата „Торонто експрес“. Ваучерите можат да се заменат за влезници во билетарницата на МНТ.
„Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Последното (враќањето) е нешто невообичаено за ваков тип „прирачници“, упатства и помош за адаптации во туѓи средини и можеби токму тоа ја долева последната капка во оваа преполна чаша искреност и таа претекува на сите страни. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон… Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на изнајмените станови во Канада. Јазикот, стилот, фактографските пасажи, фокусираните детали, отворениот, духовит и автоироничен поглед на нас самите, секако и илустрациите на Тхе Мичо низ текстот, се чини дека повторно ја нашле формулата за успех и читаност на претходната книга на Ѕоф: „Тито, мојот претпоследен херој“.
Зоран Спасов Ѕоф е основач на Фондацијата „Македоника“, чија цел е зачувување, негување и промовирање на македонските јазик и култура. Преку Фондацијата, на интернет-страницата www.makedonika.mk има споделено повеќе од 2.000 бесплатни е-книги. Oсновач e на првиот приватен весник во Македонија „Огласник M“, на првиот и единствен таблоид „MExpress“. Бил продуцент на популарното ТВ-шоу „Џандар збира“, а во 1995 година е избран за менаџер на годината во полето на културата. Пишувањето книги е негова голема пасија, а досега, покрај новата „Торонто експрес“, ги има објавено: „Тибам штркот“ (2009), „Некогаш, некаде“ (2012), „Тито, мојот претпоследен херој“ (2020).]]>

Синот на Весна – Бејби кој сега е кај татко му во САД, стана полнолетен: „Златен на мајка ми фали… Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-vesna-bejbi-koj-sega-e-kaj-tatko-mu-vo-sad-stana-polnoleten-zlaten-na-majka-mi-fali-kiki-te-sakam-kolku-site-zrnca-vo-pesokot-foto/ Wed, 28 Apr 2021 07:00:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200717

Весна Бејби Петрушевска е неуморна. Кога не е на „штииците што живот значат“, нема престави во театарот или ТВ снимања, го има своетоо училиште за глума, хуманитарните акции, пишувањето... За неа денот секогаш е исполнет, полн со нови предизвици, надежи очекувања, остварувања... Деновиве таа ги повика сите што можат да направат добро и хумано дело, тоа да го сторат донирајќи, кој колку може во хуманитарни цели во „Детското СОС село“ кое одбележува 20 години постоење. Видеопорака и повик преку својот Инстаграм профил, со многу малку, да сториме многу повеќе за децата кои се без родителска грижа.
Патем таа ја најави и својата нова книга... Токму со извадок од својата прва - „Трофеј“, пет години подоцна, од нејзиното издавање. Дали  во неа ќе има автобиографски моменти и елементи од личниот живот и случувањата на актерката, логично продолжение на „Трофеј“  или тоа ќе биде некаква сосема поинаква фикција со поразлична содржина, останува да почекама, да видиме и прочитаме. Во меѓувреме, живото тече, времето брзо лета, децата растат, па така нејзиниот син Кирил, кој сега живее кај татко му во САД, неодамна наполни 18 години и стана полнолетен. Иако физички далеку од неа, Бејби не можеше да ги скрие љубовта и емоциите кон своето, сега веќе „големо  момче“, па покрај тоа што „телепатски“ му испрати бакнежи прегратки, му испрати и роденденска порака преку социјалните мрежи. Во неа меѓу останатото таа го опиша своето чувството на радост, гордост и среќа, но во исто време и тага и емотивна празнина што не е во тој момент покрај неа. Сепак онака, како што само мајка може да ти посака, таа сподели роденденска фотографија од него со свој емотивен статус покрај неа, сеќавање кое истовремено го пара срцето, но и ја осветлува душата:
„Кирил наполни 18 години. Се обидувам дa се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска... Демек сум кул и ОК... Тој стана полнолетно момче... Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола, два броја помали па имаше некое раниче на малото прсте. Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: Ваш е? Ја гледам насмеано и и' одговарам: Највеќе е мој! Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“ - напиша мајка Весна - Бејби горда на својот полнолетен син! Се разбира, следуваа честитки и убави зборови за здравје, среќа, радост, успеси... Се бројат во илјадници, а меѓу нив и оние, на неа најблиските меѓу познатите: Калиопи, Каролина, Тијана, Панчо-ДНК... Низата е долга. Нека е жив и здрав, среќен, и успешен и  цел живот да ги прави горди тато и мама - Бејби! Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska]]>

Нова книга на Антолог: „Конци на судбината“ од Марија Дуењас https://arhiva.vistina.com.mk/nova-kniga-na-antolog-konci-na-sudbinata-od-marija-duenjas/ Fri, 09 Apr 2021 08:09:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198474

Издавачката куќа Антолог од Скопје во рамките на проектот Храбри нови зборови, прекрасни нови светови/Europe is BRAVE NEW WOR(L)DS ја објави книгата „Конци на судбината“ од шпанската авторка Марија Дуењас. Книгата „Конци на судбината“ е дело што ја издигна Марија Дуењас на врвот на најчитаните автори во Шпанија и целиот хиспанојазичен свет. Читателот има пред себе возбудлив историско-шпионски роман во кој се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и тајните служби. Младата шивачка Сира Кирога во 1936 година го напушта Мадрид спроти граѓанската војна за да замине со Рамиро, човек кого го познава кратко и во кого е лудо вљубена, оставајќи ги зад себе свршеникот и самохраната мајка. Се сместуваат во Тангер, светски и егзотичен град, во кој на почетокот водат живот од приказните. Таму Сира доживува тешко предавство и останува сама и со многу долгови, принудена да се пресели во Тетуан, каде што со помош на пријатели со сомнителен углед отвора модно ателје за отмени клиентки. Пред крајот на граѓанската војна и во текот на подготовките за Втората светска војна во Европа, судбината ја поврзува со важни историски личности, меѓу кои Хуан Луис Бајгбедер, загадочниот министер за надворешни работи на Франко, Росалинда Фокс, неговата љубовница, и поморскиот аташе Алан Хилгарт, шефот на британското разузнавање во Шпанија. Тие ќе ја втурнат во тајна мисија чиј параван ќе биде нејзиниот занает. Марија Дуењас (1964) е шпанска писателка. Била професорка по англиски јазик и литература на Универзитетот во Мурсија и на неколку универзитети во Северна Америка. Нејзиниот прв роман, „Конци на судбината“, објавен во 2009 година, веднаш постигна голем меѓународен успех. Преведен е на повеќе од 25 јазици, а снимена е и телевизиска серија. За него ја доби наградата на градот Картагена во категоријата историски роман во 2010 и наградата на градот Мадрид за култура во категоријата литература во 2011 година. Во изданието на „Конци на судбината“ на македонски јазик преводот од шпански е дело на Виолета Јагев, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија и на Министерството за култура на Македонија.]]>

Промовирана новата книга „Секогаш те одбирав тебе“ од Ивана Наскова https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-novata-kniga-sekogash-te-odbirav-tebe-od-ivana-naskova/ Fri, 22 Jan 2021 18:46:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186408

По трилерот „Сестра“ писателката и стенд-ап комичарка Ивана Наскова, ја промовираше својата нова книга „Секогаш те одбирав тебе“. Станува збор за љубовен роман кој ја раскажува приказната на силната љубов помеѓу младиот Касијан и слепата Варвара. Потресна, трогнателна и исклучително емотивна книга која со сигурност ќе го освои срцето на читателите како што тоа го направија и досегашните романи на писателката Наскова. Ивана Наскова е автор на „Совршениот странец“, „Вети ќе ме сакаш“ и трилерот „Сестра“. Ова е нејзиното четврто дело кое излезе во продажба на 22 јануари, кога Ивана направи вклучување во живо на нејзиниот ФБ профил и одговараше на прашањата на читателите. Наскова со сигурност станува омилен домашен автор помеѓу читателската публика во Македонија и за нејзините дела може да се прочитаат многу позитивни коментари и рецензии.

Нова книга од Александар Прокопиев: „222 антиупатства за лична употреба (1978-2018)“ https://arhiva.vistina.com.mk/nova-kniga-od-aleksandar-prokopiev-222-antiupatstva-za-lichna-upotreba-1978-2018/ Mon, 16 Mar 2020 10:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139791

Книгата „222 антиупатства за лична употреба (1978-2018)“ од Александар Прокопиев излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје. Книгата претставува заокружување на 40 годишното творештво на оваа исклучително интересна, прониклива хибридна книжевна форма по која авторот е препознатлив, насловена „антиупатства за лична употреба“, а која содржи кратки прози, поезија и есеи. За книгата, рецензентот Ацо Пероски, ќе истакне: „Како и секое исклучително книжевно дело, „Антиупатствата за лична употреба“ на Александар Прокопиев тешко може да се опишат накратко, но затоа е многу лесно „на долго и на широко“ да се препорачуваат како врвен деликатес за секој читател, а особено за онаа сè почеста категорија читатели кои се љубопитни за книжевните експерименти, жанровските игри, пресвртувањето на конвенциите и кои трагаат по дела што ќе ги надминат нивните очекувања. За таквиот љубопитен читател, „Антиупатствата“ на Прокопиев се неизбежно четиво. Ако сепак се зафатиме со обид некако да ја опишеме оваа разнолика, повеќеслојна и комплексна книга, веројатно би требало да тргнеме од фактот дека „Антиупатствата за лична употреба“, всушност. се книжевен проект кој излегува од вообичаените рамки на книжевно дело што се објавува во едно издание… …„Антиупатствата“ се книга која со својот вкус го буди читателот во секој од нас, книга родена од вечно младешката заљубеност во книгите, книга поради која човек посакува да стане писател затоа што сфаќа дека, за да се биде писател, неопходно е да се биде читател“.   Александар Прокопиев e прозаист и есеист. Роден е во Скопје, 1953 г. Доктор по книжевни науки. Предава на постдипломските културолошки студии при Институтот за македонска литература во Скопје. Основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература. Автор на дваесетина прозни книги. Во 2012 година ја добива престижната меѓународна книжевна награда „Балканика“ за збирката раскази „Човечулец“. Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски, бугарски, арапски, албански, словенечки, хрватски и други јазици.]]>

Промоција на новата книга на Игор Џамазов – „Улица Диши длабоко“ https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-novata-kniga-na-igor-dzamazov-ulica-dishi-dlaboko/ Mon, 25 Dec 2017 11:17:47 +0000 http://vistina.mk/?p=7645

Промоцијата на најновата книга на Игор Џамазов насловена „Улица Диши длабоко“ ќе се одржи в среда (27 декември) во ресторанот „Вип база“ со почеток од 19 часот. „Улица Диши длабоко“ е збирка од најпознатите песни напишани или изведени од Игор Џамбазов. Покрај незаборавните блуз-стихови, во неа се опфатени и забавните описи за инспирацијата и процесот на нивното настанување, како и општествените (не)прилики, интимните исповеди и сите негови (не)згоди и пороци. Во продолжение, ова е предговорот напишан од Џамбазов на кој ќе наиде читателот на „Улица Диши длабоко“: Што да напише човек за стиховите што веќе ги напишал? Што повеќе да каже од она што веќе го кажал во нив? Како почна сето ова? Некаде во моите рани тинејџерски години, татко ми, големиот „маестро“ Џамбазов, тогаш сè уште активен како композитор и аранжер, постојано учествуваше на конкурсите за големите фестивали кои во тоа време ги имаше во секој поголем град од тогашната федерација и сè повеќе имаше потреба од добри текстови за своите композиции. А текстописци имаше сè помалку и помалку. И еден ден… реши да ми даде шанса. А јас… не ја пропуштив. Оттогаш наваму напишав илјадници стихови. За сè и сешто. За детски композиции, театарски сонгови, стихови за моите колеги-актери, за рекламни кампањи, радио­реклами, новогодишни претстави, текстови за „народњаци“, рокери, текстовите за сонговите од легендарна­та претстава „Женски оркестар“, а во последните два­есет и пет години стихови за моите песни, за мојот блуз-бенд, како и за најголемите поп-пејачи и групи на на­шево музичко небо. За „Нокаут“, Тамара, Тијана, Каролина, Ребека, Калиопи, Елена, но и за многу млади и сè уште неафирмирани пејачи. Пријателе мој. Во оваа книга ќе најдеш стихови кои навистина успеале да опстанат во ова време во кое инвазијата од кичот и шундот достигна кулминација. Ќе најдеш „хитови“ кои публиката и денес ги пее наизуст на моите концерти, но ќе најдеш и за тебе наполно непознати текстови кои се нашле тука само затоа што ми се мене посебно драги. На крајот, ќе најдеш и некои стихови кои јас нескромно ги сместувам во графата – „поезија“. Кога почнав да ја подготвувам оваа книга сфатив дека повеќето од насловите на моите песни личат на улични графити. Затоа и ја нареков книгата вака – „Улица Диши длабоко“. Е па, пријателе мој, читај… и диши длабоко. ]]>