нова изложба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Apr 2021 12:55:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нова изложба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Mакедонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години во фокусот на новата изложба во МСУ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-likovna-umetnost-vo-70-te-i-80-te-godini-vo-fokusot-na-novata-izlozba-vo-msu/ Tue, 20 Apr 2021 12:55:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199817

Од вторник, 20 април 2021 година, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ поместена во горниот простор од музејот. Кураторка на изложбата е Марика Бочварова Плавевска, а кустос – соработник е Благоја Варошанец.
Идејата на ова проектно размислување, како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-те години, акцентирани преку 70-те години и на некој начин вклопени во 80-те години. Продолжетокот на ваквите размислувања се битни и за 90-те години, бидејќи самата промоција на промените ја актуализираше возбудливата и транспарентна ликовна сцена кај нас, вели Бочварова.
Проектот е насочен кон барање на релациите меѓу двете децении, со паралели што ја допираат анахроноста на уметничките движења, посебно на првата. Дали се работи за можен континуитет? Како своевиден сегмент е всушност потсетник за јавноста врзани за преобразбите што се подготвени да ги почувствуваат и доживеат случувањата во овие две декади. Блискоста на преобразбите е потврдена со самата презентација во која се вклучени 52 автори, преку 80 дела. Дел од изложените дела се во сопственост на МСУ, и еден дел се позајмени од Националната галерија Македонија, од Музејот на град Скопје и дел од приватни колекции. Се работи за мултимедијален проект, во кој се застапени сите ликовни медиуми и во поставката изложени се дела од: Родољуб Анастасов, Тодорче Атанасов, Томе Аџиевски, Виолета Блажеска, Богдан Грабулоски, Владимир Бороевиќ, Жанета Вангели, Васил Василев, Иво Велјанов, Кирил Гегоски, Јордан Грабул, Мирослав Грчев, Божидар Дамјановски, Евгенија Демниевска, Марин Димески, Александар Ивановски Карадаре, Ристо Калчевски, Милош Коџоман, Драгољуб Бежан, Марина Лешкова, Танас Луловски, Петар Мазев, Димитар Манев, Димитар Малиданов, Благоја Маневски, Дарко Марковиќ, Стефан Маневски, Петре Николоски, Станко Павлески, Боро Пејчинов, Душан Перчинков, Драган Петковиќ, Владо Плавевски, Лазо Плавевски, Ана Темкова, Анета Светиева, Глигор Стефанов, Веле Ташовски, Билјана Унковска, Слободан Филовски, Глигор Чемерски, Нове Франговски, Симон Узуновски, Петар Хаџи Бошков, Симон Шемов, Томо Шијак, Јован Шумковски… Поставката ќе биде отворена до септември годинава. Музејот за посетители е отворен секој работен ден, вклучувајќи и сабота од 10 до 17 часот, освен понеделник, а во недела е отворен од 10 до 13 часот. Посетата на изложбата ќе се одвива според пропишаните протоколи во услови на пандемија. Фото: Станко Неделковски]]>