нова година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Jan 2024 10:41:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нова година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука повторно „се блиски“: Љубовта е минлива, само интересите се вечни или нешто трето ги спои, за актерката и креаторката одново заедно „да бидат среќни“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-pred-pet-godini-ja-rasipaa-kalimerata-vesna-bejbi-i-elena-luka-povtorno-se-bliski-lubovta-e-minliva-samo-interesite-se-vechni-ili-neshto-treto-gi-spoi-za-akterkata-i-kreatorkata-odnovo-zaedno-d/ Fri, 05 Jan 2024 10:29:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333828

Една предновогодишна видео најава на Весна Бејби Петрушевска и неколку заеднички новогодишни селфи фотографии со Елена Лука ја изненадија македонската јавност.
Особено зачудени, па и шокирани беа оние кои се добро упатена во модата и модните кругови во Македонија. До душа, некои позитивно, некои негативно, ама сепак сите останаа вчудовидени кога повторно ги видоа заедно, дека одново се „во арните“, популарната македонска актерка и исто толку познатата македонска модна креаторка. Зашто само оние кои се длабоко навлезени во модните кругови  знаат дека Весна Бејби Петрушевска покрај актерството и радио и ТВ водителството се занимаваше и со уште некои работи поврзани со јавната работа, медиумите, модата… Имено, Бејби долги години беше во таборот на познатата македонска модна креаторка и градежник, во концернот ЕЛ“ на Елена Пандева, во јавноста многу попозната како Елена Лука. Координатор, дел од маркетингот, колумнист во нивниот портал „Фешанел“, задолжена за контакти и спојување на македонските познати личности и јавни фаци со брендот ЕЛ, па дури и самата плус сајз модел… Едноставно речено,  Бејби кај Елена Лука беше „дама за многу нешта“… Веројатно за добар хонорар за македонски услови, како што велеа добро упатените од внатрешните кругови! Оние кои своевремено биле сведоци на нивните блиски релации, велат дека Бејби имала прилично голема доверба и бенефиции кај „газдарицата“, но  и моќ, авторитет и стравопочит кај тогаш вработените.  Дама чиј збор, после оној на газдарицата секако, ќе биде главен и последен! Арно ама, по некое време газдарицата и нејзината „лева, десна… која и да е рака“, ја расипаа калимерата!? Уште на тогашната традиционална осмомартовска забава која Елена Лука ја приредува за своите вработени, Бејби никаде ја немаше.  Оправдано отсутна, намерно непоканета или подоцна избришана од фотографиите на социјалните мрежи…? Вистината за причината остана во малиот затворен круг?! Тоа значеше дека  дефинитивно „пукнала тиквата“, па „љубовта“ помеѓу работодавачката и извршителот на работите заврши, тогаш навидум засекогаш? Остана само дилемата дали Бејби се почувствува доволно силна, способна и моќна да и го „сврти грбот“ на Елена или од Елена „доби метла“ заради причини, само на  ним двете познати? Или можеби во прашање беше нешто трето, па двете дами пријателски се разделија, што познавајќи ги карактерите на обете, би било тешко остварливо, но не и невозможно? Нешто, што и тогаш Вистина.ком.мк пишуваше. Зашто иако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука сега повторно „се во блиски релации“... Љубовта е минлива, но интересите се вечни?  Или можеби нешто трето  повторно ги спои, за актерката и креаторката сега одново „да бидат среќни“ и заедно да ја дочекаат Новата 2024 година. Како и да е, познатата креаторка и популарната глумица  на полноќ за Нова Година заедно одбројуваа до десет близу Струмица, во еден познат бањско-рехабилитационен, хотелски комплекс со лековита, термална вода, во нивната прва, јавна, заедничка, славеничка пригода по петгодишната „пауза“! Фото: Вистина.ком.мк-архива/Инстаграм/elenaluka_private/vesnapetrushevska  ]]>

Најразочарувачките подароци: Им подарувале кромид, крема за брчки, тоалетна хартија… https://arhiva.vistina.com.mk/najrazocharuvachkite-podarotsi-im-podaruvale-kromid-krema-za-brchki-toaletna-hartija/ Wed, 03 Jan 2024 14:00:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333532

Кромид, пилешко за вегани, тоалетна хартија, инсекти – се спомнати во годинашно испитување како најлошите подароци што луѓето велат дека некогаш ги добиле… Притоа, секој четврти вели дека добил несакан Божиќен подарок минатата година. Поточно, дури 24 отсто од анкетираните луѓе добиле барем еден подарок што го оценуваат како непожелен или несоодветен. На прашањето – што направиле со несаканиот подарок, речиси тројца од 10 (27 отсто) одговориле дека или го дале некому или се со таква намера, еден од седум (14 отсто) го продале или сакаат да го продадат на интернет, а 8 отсто го вратиле или имаат намера да го вратат подарокот. Истражувањето е спроведено низ Велика Британија во јануари  2023 година, од Истражувачката агенција „Опиниум“. Помалку популарни начини за ослободување од несоодветните подароци се фрлање в ѓубре (5 отсто) и враќање на лицето кое го подарило (три отсто). Меѓу подарените несакани нешта, наведени се и тоалетна хартија, мушичка, скршена играчка, вреќа кромид, а една жена од сопругот добила и крема против брчки… Натаму, еден испитаник рекол и дека добил чоколадо од татко сѝ, иако бил интолерантен на млеко. А веган, пак, посочил дека добил „мртво пиле“ од пријателот – месар. Истражувачите и познавачите советуваат секогаш да му се остави простор и можност на оној кому му е наменет подарокот – да може да го врати, без разлика дали се работи за мува или купен предмет што може да се замени во продавница. Извор: Курир]]>

Земји каде што Нова година и Божиќ се забранети https://arhiva.vistina.com.mk/zemji-kade-shto-nova-godina-i-bozhik-se-zabraneti/ Wed, 03 Jan 2024 13:31:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333528

За голем дел од светот, деновите околу Нова година и Божиќ се најочекуваното, најраскошното, најубавото време во годината. Но, овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени – поради разни причини и правила. Следат пет држави каде што новогодишната еуфорија не е така добродојдена. Саудиска Арабија Забраната на божиќните и новогодишните забави во оваа претежно муслиманска земја на Блискиот Исток, важеше до пред извесно време, под изговор дека жителите и туристите мора да го следат лунарниот, а не Грегоријанскиот календар. Но, престолонаследникот Мохамед бин Салман олабави некои од тие строги религиозни правила… Иако прославата на западните празници Ден на вљубените и Ноќ на вештерките, сè уште е забранета. Пазарите во земјата денес го содржат секој предмет поврзан со Дедо Мраз што може да се замисли – новогодишни елки, украси, лажен снег, па дури и црвената капа на „дебелкото со бела брада“ со бело топче на врвот. Таџикистан Оваа држава во Средна Азија, од друга страна, изминатово десетлетие постепено ги заостри ограничувањата во врска со Нова година. Работите тргнале во таа насока 2013 година откога на Дедо Мраз „му е забрането“ да се појавува на телевизија, па следеа и неупотребата на огномет, и на прописите за вообичаените празнични оброци и подароци… Во училиштата и универзитетите, на пр., не е дозволено поставување елка – „било таа да е жива или вештачка“, се вели во Уредбата на Министерството за образование. И прославите на Ноќта на вештерките се забранети во Таџикистан. А пак, погребите и свадбите, исто така, се предмет на строги правила и прописи. Кина И најголемата нехристијанска држава во светот е „растргната“ меѓу тоа – да се заштитат изворните традиции, обичаи и култура – и усвојувањето на западните влијанија. Властите ги следат новогодишните собири. Комунистичката партија на Кина, на пр., им забранува на своите членови, владините агенции, па дури и на универзитетите да учествуваат во какви било прослави, додека на социјалните мрежи со слогани се охрабруваат луѓето да го бојкотираат Божиќ. – Политиката на Владата е суштински да се погрижи Црквата да ги стави партијата и државата над религијата, изјави Шинг Ханг, вонреден професор на Универзитетот Брандејс. Во одредени области, сè уште е недозволено да се прославува. Таков е градот Венжу, каде што на сите училишта и јавни центри им е забрането да учествуваат во божиќни и новогодишни активности. Брунеј Во 2014 година, Хасанал Болкијах – султанот на оваа мала далекуисточна исламска апсолутна монархија, соопшти дека празничните новогодишни прослави се забранети затоа што „има стравувања дека тие веселби би можеле да го одведат муслиманското население на погрешен пат“ во таа држава богата со нафта. Луѓето – жители на Брунеј од другите верски заедници сè уште можат да прославуваат, но само ако тоа го чинат зад затворени врати и во целосна приватност, но и со дозвола од властите. Ако се случи забава на Божик без соодветно известување на надлежните, казната е над 18.000 фунти, затвор од пет години, или и двете. Северна Кореја Државата на Ким Јонг-ун им дозволува на жителите да го почитуваат само семејството лидерот, владејачката партија и нејзините водачи, а не Исус Христос или Дедо Мраз. Божиќ не се слави во Северна Кореја откако династијата Ким почна да ги затегнува и сузбива верските слободи во 1948 година, па секој што ќе биде прогласен за виновен за славење „туѓи“ верски или световни празници, се сооочува со затвор, па и построги казни. Во 2016 година, Ким Јонг-ун целосно ги забрани прославите на Божиќ и им порача на своите поданици да го слават 24 декември, но како датум на раѓање на неговата баба, која Севернокорејците треба да ја чествуваат на тој ден. Според Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, во Северна Кореја се забранети сите собири кои вклучуваат пиење, пеење и друга забава. Некои луѓе сè уште тајно слават одредени денови, но под постојана присутна закана и страв. Извор: Курир]]>

Нивес Целзиус вака ја дочека Новата 2024-та: Хрватската пејачка и старлета знае дека за да и тргне годината, традицијата не треба да биде прекината (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nives-tselzius-vaka-ja-docheka-novata-2024-ta-hrvatskata-pejachka-i-starleta-znae-deka-za-da-i-trgne-godinata-traditsijata-ne-treba-da-bide-prekinata-video/ Wed, 03 Jan 2024 12:56:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333558

За Нова година речиси сите ги фаќа еуфорија па фаќа сите познати личности, кој каде и со кого „најлудата ноќ“ ќе ја дочека. Меѓу нив беше и хрватската пејачка и старлета Нивес Целзиус која по дочекот покажа каде и како  си поминала за Нова Година. Новогодишната елки и украсениот дом блескат, но сепак самата Нивес е во центарот на вниманието уште од приквечерието кога уредно искапена, откако се исфенира,  почна да се средува за вечерта. Секси долна облека и тоа црвена, онаква каква што за „најлудата ноќ“ прилега, зашто никогаш не се знае како и со кого првото јануарско утро ќе те дочека?! А, Нивес разиграна и распеана, во сребрено светкава комбинација  позираше пред својата новогодишна елка. Со чаша шампањско в рака, подзапиена тверкаше и се плескаше по големата задница, се' додека рускосата убавица не се умори и не подлегна... Сиротата не дочека ниту да се види како пее во новогодишната програма на телевизија. А и новогодишна честитка немаше... Или сепак имаше, зашто русокосата старлета колку и да ви изгледа како заспана убавица, еден мал детал ја издаде дека можеби сепак имало честитање... И тоа со шепот на перница! Впрочем, љубовната честитка на полноќ за Нова година е не само дозволена, туку и пожелна, па веројатно затоа и спуштените црни чорапи не се туку така случајано паднати до колена... Како и црвените жартиери. Дали и тангата е се' уште на неа, за жал - не се гледа? Сепак, во вакви ситуации најчесто таа прва го напушта своето место! Традиционално... За да тргне годината без стрес... како на Нивес! Затоа и дочекот на оваа година и звучи познато! А, вие само мислете си дека најлудата ноќ ја дочекала сама... Тоа само за на Инстаграм за да фолира, ама затоа некој таа вечер морал и да ја...  фотографира!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius)

Фото и видео: Инстаграм/nivescelsius]]>

Од каде потекнува правилото дека мора со некого да се бакнете за Нова Година? https://arhiva.vistina.com.mk/od-kade-poteknuva-praviloto-deka-mora-so-nekogo-da-se-baknete-za-nova-godina-2/ Tue, 02 Jan 2024 13:10:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333329

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето се бакнуваат за да ја дочекаат новата година? Сè се сведува на тоа дека треба да ја започнеме новата година на вистински начин. Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето се бакнуваат за да ја дочекаат новата година? Сè се сведува на тоа дека треба да ја започнеме новата година на вистински начин. Иако точното потекло на новогодишниот бакнеж не е познато, обичајот често може да се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналиите се одржувале секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи тоа била најголемата забава во годината, природно вклучувала и јавно пиење. Некако тој дел се претвори во (веројатно точна) претпоставка дека се работи за бакнување. Со оглед на тоа што Сатурналија се одржувала помеѓу 17 и 23 декември, експертите веруваат дека така започнал новогодишниот бакнеж. Традициите на Хогманај, од друга страна, барем вклучуваат новогодишен бакнеж. Но, овие бакнежи беа споделени за да се поздрават непознати и пријатели заедно со желби за среќна нова година, пишува Reader’s Digest. Според д-р Кристина Фицџералд, професор по англиска книжевност на Универзитетот во Толедо, една од најраните книжевни референци за новогодишниот бакнеж (ако не и првиот) датира од средниот век: конкретно, Сер Гавејн и Зелениот витез. Еден пасус се случува на Нова Година и се однесува на празнична игра во која дамите кои ќе изгубат мора да им дадат нешто на мажите. Во меѓувреме, машките победници „не се вознемируваат“ поради правилото – што е „иронично потценување“, вели Фицџералд. „Секое сјајно издание и коментар што сум го видел за ова претпоставува дека „нештото“ е бакнеж“, додава таа. Зошто луѓето денес се бакнуваат на Нова Година? Освен следењето на обичај од матно потекло, која е причината да му подарите некому новогодишен бакнеж? Овој бакнеж е дел и од англискиот и од германскиот фолклор, кој „покажува дека со кој и да е човек на полноќ, ја навестува среќата што ќе ја има до крајот на годината“, вели Даниел Компора, вонреден професор по англиски и литература на Универзитетот од Толедо, каде што предава фолклорни курсеви. Дали новогодишниот бакнеж спаѓа во категоријата „традиција“ или „суеверие“ зависи од гледиштето на оние што се бакнуваат. „Суеверија обично подразбираат некој елемент на причина и последица. Ако луѓето навистина веруваат дека бакнувањето некого може да спречи една година осаменост, тоа би било суеверие“, рече Компора. Но, вели тој, во помодерни времиња, новогодишниот бакнеж најточно би се сметал за традиција, имајќи предвид дека тоа е обичај „пренесен низ генерации и широко практикуван во општеството“, а не верување дека една акција ќе резултира со друг. „Искрено, звучи како изговор да се бакнувате со луѓе кои инаку нема да ви дозволат“, додава Компора. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Душко Тошиќ се пофали дека Новата 2024 ја дочека во избрано женско друштво (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dushko-toshik-se-pofali-deka-novata-2024-ja-docheka-vo-izbrano-zhensko-drushtvo-foto/ Tue, 02 Jan 2024 11:43:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333270

На почетокот на јули 2023 година, јавноста ја слушна веста дека пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак, во кој ги добија ќерките Атина и Ника. Јелена Карлеуша и Душко се уште живеат под ист покрив и се чини дека се уште барем формално во брак. Јелена призна дека пријателите често ја советуваат да се обиде да ја реши ситуацијата, но таа не гледа излез. Во интервјуто кое неодамна го даде за магазинот „Стори“, таа зборуваше за животните удари кои ги претрпела, а на прашањето дали креативното работење на тешки проекти и помогнало да надмине се’ што и се случувало, искрено одговорила:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic)

- Ако мислиш на мајка ми, таа е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. Ако мислите на Душко, тој со сите сили се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже за каква животна грешка се работи - рече пејачката, додека Душко мудро молчи. Тој никогаш јавно не проговорил за врската со пејачката, а само повремено објавува фотографии на својот Инстаграм. Така беше и сега - фудбалскиот ас покажа со кого ја дочека Новата година. Во друштво на ќерката и братучетката за кои е многу приврзан. Судејќи по фотографијата, најлудата ноќ ја поминале во семејната вила во Сењак. фото:Instagram printscreen/ duskotosic]]>

Ана Бекута ги изненади луѓето со нејзиниот изглед , еве како изгледаше пејачката на новогодишната ноќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-bekuta-gi-iznenadi-lugeto-so-nejziniot-izgled-eve-kako-izgledashe-pejachkata-na-novogodishnata-nok-foto/ Tue, 02 Jan 2024 09:51:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333216

Модните експерти советуваат дека светките се вистинскиот избор за дочек на Новата година, а новогодишниот стајлинг на Ана Бекута целосно го исполни тоа. Во еден од најлуксузните хотели на приморјето блесна фолкерката, во вистинска смисла на зборот. За да ја дочека 2024 година, музичката ѕвезда одлучи да облече светкаво одело во светло зелена боја. Со ексцентричниот комплет таа искомбинирала едноставна црна маичка со длабоко деколте, додека фризурата и овојпат и беше во афро кадрици. Новогодишниот стајлинг на Ана Бекута одлично и прилегал,  а обожавателите биле воодушевени од аутфитот на Ана.
Фолкерката доби  бројни комплименти и им даде пример на сите помлади колешки кои знаат да претераат и да бидат оскудно облечени. Новогодишниот стајлинг на Ана Бекута уште еднаш покажа дека пејачката е една од најдобро стилизираните дами на јавната сцена и дека не може да згреши кога е во прашање модниот избор. Фото: Printskrin/Instgaram]]>

Први фотографии на познатите Македонци и Македонки ден потоа, во Новата 2024-та: „Цепај сине“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prvi-fotografii-na-poznatite-makedontsi-i-makedonki-den-potoa-vo-novata-2024-ta-tsepaj-sine-foto/ Tue, 02 Jan 2024 09:50:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333174

Старата 2023-та  ја испративме, Новата 2024-та ја дочекавме...  Кој како, каде, со кого и колку може, но сите  горе-долу достоинствено! Познатите лица од естрадата најчесто работно, на сцената на градските плоштади, по хотелите, кафеаните, кафулињата, ноќните клубови, дискотеките... Новогодишната тезга е „најслатка“, а Бога ми и онаа за „патерица“, па и останатите денови до Божиќ не се за фрлање. Но, занете ли што правеа познатите Македонци и Македонки ден потоа, по најлудата ноќ? Не сите - секако, но еве дел од нив и нивните први објавени фотографии во 2024-та. Најшетаната велешанка, екс-пејачката и морепловка Ноне Неделковска Новата 2024-та ја дочека далеку од дома, на својот крузер на кој работи, на едно сосема необично и егзотично место. Даре Салам, Танзанија. Од таму стигаат и првите нејзини фотографии во 2024-та, нејзината новогодишна порака , ама и нејзините желби. „Не мразете никого, без разлика колку ви згрешиле. Живејте понизно, без разлика колку ќе станете богат. Размислете позитивно, без разлика колку е тежок животот. Дајте многу, дури и ако ви е дадено малку. Простете на сите, особено на себе и никогаш не престанувајте да се молите за најдоброто за сите!“ - споделила „малечката сирена“, за ден потоа, во реприза на новогодишната бродска журка да ги сподели и своите новогодишни желби: „Да се вљуби, уште повеќе да патува, да ги прифати нештата од кои се плаши, да продолжи со потерата по своите соништа“. Тамара Тодевска откако ја испрати својата новогодишна порака и денот по Нова Година или поточно првата вечер и за „патерица“ и беше работна. Во еден мал елитен хотел во ски центарот Маврово, Тамара им приреди  забава за паметење и на присутните и  себе си. Оттаму дојдоа и првите фотографии во новата 2024-та од неа и од нејзините другарки, меѓу кои некои и исто така познати македонски лица како Катерина Ивановска, кои „до балчак“ се забавуваа на концерттната журка на нивната другарка. До душа првта фотка беше проследена со дремка во автомобилот по патот кон вечерната цел, на која  Тамара соништата ги претвори во незаборавна стварност. На 1-ви јануари на слична надморска височина работеа и некои други од естрадата, како ДНК на пример. Локацијата исто така снежна, ама различна - Попова Шапка. Само што за Андреј и особено за Панчо немаше простор за дремка. Дали за загревање, или од чисто суеверие за во 2024-тата „да му падне секирата во мед“, Панчо уште првиот ден во годината се фати токму за неа и тргна да цепи дрва. Можеби не баш највешто, ама сепак вредно и посветено по принципот: „Цепај сине“! И додека некои го прогласија „трупец за цепење“ сите кои беа подоцна на дневната журка на ДНК на Попова Шапка уште еднаш потврдија дека Панчо заедно со со Андреј и бендот се цареви за забава! Затоа  во 2024-та  Панчо нема потреба повеќе „да се секира“! Освен на естрадните ѕвезди, првите фотографии има се работни уште на некои од познатите лица, како ТВ водител(к)ите на пример, меѓу кои и Милена Антовска Станковска. Првиот работен ден за неа во новата 2024-та и први пози од студиото на Канал 5 од каде оди нивната утринска програма. А како што е познато ниту утрото, ниту програмата не почнуваат без првото утринско кафе, по што слободно може да се каже дека и денот и програмата не само по утрото, туку и по кафето се познава. Особено кога е во прашање Милена! Сите од познатите ниту за најлудата ноќ, ниту ден потоа не работеа... Некои едноставно одмораа и се излежуваа уживајќи во домашната атмосфера и опкружување, како најпознатата македонска трендсетерка и екс ТВ водителка, Мелита Ракичевиќ, на пример. Расната убавица првите фотографии во новата 2024-та ги сподели покрај елката, нудејќи го уште еднаш на дар сиот свој телесен раскош... Како „празник за очи“ за празниците, дар на кој најмногу ќе му се радуваат „влажните машки погледи“. Особено во позите во кои Мели лежи покрај елката или проверува дали истата е добро накитена. Зашто мора да признаете дека нејзината елка, кога таа е покрај неа,  ги има најубавите, најголемите, напривлечните и најпосакувани... „лампиони“!
@melita_mel7♬ Happy New Year - Starlite Ensemble
Ама сите познати лица од естрата и јавниот живот баш и не лежеа во првиот ден од годината, туку 1-ви јануари во 2024-та го искористија за прошетка во природа. Така на ТВ водителката Ирена Спировска, инаку позната како проверена планинарка, Водно и беше најблиску, а осовојувањето на врвот прв предизвик во првиот ден од новата година. А таму доволно народ кој сака живописна природа, поглед од височина на македонската престолннина, чист воздух, топол чај  и добра журка... ДЈ-от е тука да ја покрене атмосферата, а Ирена со својата пријателка присутна на првата постновогодишна дневна планинарска журка од каде направи сефте фотографии во првиот јануарски ден! На колегата водител Ване Марковски Водно му се виде далеку или едноставно го мрзеше да се качува, па реши  првото постновогодишно утро во природа да го помине во Градскиот парк. Клупата на еден мал летниковец згодно место за оддишка, ама и за прва јануарска фотографија во Новата година. Не е селфи со објективот на камерата в лице, ама  затоа е сефте селфи на нешто друго... На првото јануарско кафе, секако! И конечно на некои од познатите Македонци на први јануари не им беше ни до селфи, ни до социјални мрежи, како на Јутјуб подкастерот Стефан Лазаров, на пример. Последното селфи го сподели во последниот ден од старата 2023-та, заедно со неговата убава сопруга Марта, па во првиот ден од новата година решил да одмори од фото и видео објективи. Од видеа, фотографии и сликање изгледа му дошло преку глава, па затоа споделил само една куса порака... Колку за некој да не помисли дека Лазаров во 2024 дефинитивно се одјави... А всушност јутјуберот не сака да блефира, туку едноставно само на неколку дена решил да паузира! Фото: Инстаграм/Фејсбук/ТикТок]]>

Новогодишна семејна честитка од Даниел Кајмакоски: Го смислија секој детаљ и седнаа пред елката, а бебето ќе ве стопи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishna-semejna-chestitka-od-daniel-kajmakoski-go-smislija-sekoj-detal-i-sednaa-pred-elkata-a-bebeto-ke-ve-stopi-foto/ Tue, 02 Jan 2024 08:55:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333162

За Даниел Кајмакоски 2023 година беше од убава – поубава. Се заљуби, се ожени, си ја здоми невестата, а неколу месеци подоцна си доби и синче, од убаво поубаво. Сега откако ја дочекавме Новата 2024 како што е ред се’ она што прво ни дојде на мисла го кажавме непосредно пред саканите и блиските, а за останатите, честитката најчесто е вируелна. Kајмакоски за сите свои следбеници и фанови го направи она втортото и напиша: „Се надевам дека уживавте во последните денови од оваа година до максимум. Сите ваши проблеми нека исчезнат за Новата година да ја дочекате во љубов и хармонија“, напиша Даниел Кајмакоски и објави празнични фотки со сопругата и синот. А својата семејна љубовна хармонија ја покажа преку неколку празнични фотографии. Со смислија секој детаљ, особено облеката во празничен новогодишен принт, а потоа се наместија за совршениот кадар, всушност неколку. Во фокус од крајниот резултат е бебето Стефан кој едноставо е неодолив позер што ќе ве стопи на прв поглед! За потсетување, Даниел Кајмакоски заедно со сопругата Марина и наследникот Стефан живее во Белград. фото:Instagram printskrin/ daniel_kajmakoski]]>

Вака славеа Анастасија и Гудељ: Брачната двојка се одлучи за помирна опција од која се изненадија сите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-slavea-anastasija-i-gudel-brachnata-dvojka-se-odluchi-za-pomirna-optsija-od-koja-se-iznenadija-site-foto/ Tue, 02 Jan 2024 07:51:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333154

Младата брачна двојка, пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ, заедно ја помина новогодишната ноќ, а дел од атмосферата ја споделија и со нивните обожаватели. Тие досега беа навикнати да ја гледаат Ражнатовиќ во фино друштво и во елитни ресторани, но оваа година пејачката се одлучила за нешто сосема поинакво.
Имено, пејачката и фудбалерот ја поминале „најлудата ноќ“ шетајќи се низ улиците на Севиља и уживајќи во тамошната програма. Во меѓувреме, Гудељ сподели фотографија со неговата сакана и покажа како изгледале на новогодишниот дочек.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

„Нека ви е среќна Новата година. Ви упатувам најубави желби на сите. Господ нека ве благослови“, напиша фудбалерот во описот на фотографијата. Фото: Printskrin/Instagram/nemanjagudelj
]]>