нов зеланд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Oct 2022 08:55:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нов зеланд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мајката на Хелена Роза и отиде на гости во Нов Зеланд, а таму на свои 74 години мама Роза прифати предизвик кој е за поздрав (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/majkata-na-helena-roza-i-otide-na-gosti-vo-nov-zeland-a-tamu-na-svoi-74-godini-mama-roza-prifati-predizvik-koj-e-za-pozdrav-foto/ Wed, 26 Oct 2022 08:45:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272826

Поминаа 7 години откако Хелена Роза заедно со семејството се пресели во Нов Зеланд, а изминатите години она што најмногу и ностасува од родната земја се нејзините најблиски, мајка си, сестрата, внуците... Деновиве Хелена живее посебни денови исполнети со среќа, возбуда и љубов бидејќи кај неа на гости следните три месеци е нејзината мајка, госпоѓа Роза која на заминување на аеродром ја испрати Ребека. За една мајка пак, нема поубаво чувство да биде покрај своите деца и внуците. Постарата ќерка Ребека и нејзините деца се во Скопје, и баба ги гледа почесто, но Хелена, Кјара и Тиан се далеку, а со тоа и многу посакувани. Сега баба Роза им е на гости и таму ќе апсорбира колку што може повеќе од нивната љубов и енергија додека се врати кон Скопје. Неодамна го прославија родендент на Кјара, а деновите им се исполнети со многу активности меѓу кои и еден предизвик кој Хелена и го постави на мајка си. Имено, баба Роза иако е во осмата деценија од животот, таа профати секојдневно да вежба во теретана заедно со ќерката. Можеби не така тешки вежби, но кардио за кондиција и здраво секојдневие ќе и бидат задолжителни од дневната рутина. Во здраво тело, здрав дух е девизата за поздрав живот за баба Роза. фото:Fejsbuk/Instagram/хелена/ роза китановска]]>

Хелена Роза се огласи по силниот земјотрес во Нов Зеланд – еве како се чувствува (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/helena-roza-se-oglasi-po-silniot-zemjotres-vo-nov-zeland-eve-kako-se-chuvstvuva-foto/ Fri, 05 Mar 2021 08:31:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192621

Во Нов Зеланд во текот на вчерашниот ден (04.03.2021) се случија три силни земјотреси. Првиот бил со јачина од 7,3 степени, вториот од 7,5 степени, а третиот од 8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров. https://denesen.mk/224209-2/ Некогашната македонска водителка Хелена Роза која заедно со семејството веќе неколку години живее во Нов Зеланд веднаш се огласи по првиот земјотрес од 7,3 степени. Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од апликацијата која покажува каде имало земјотреси и со колкава јачина, а во описот напиша: „Ние сме ОК“, кратко напиша Хелена Роза. Инаку, неколку земјотреси имаше и во Грција, во близина на Лариса, а истите беа почувствувани и во Македонија.]]>

За неа нема зима: Хелена Роза ги „истури“ градите во прв план на плажа во Нов Зеланд (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/za-nea-nima-zima-helena-roza-gi-isturi-gradite-vo-prv-plan-na-plaza-vo-nov-zeland-foto/ Thu, 28 Jan 2021 08:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187101

Некогашната македонска водителка Хелена Роза веќе неколку години заедно со своето семејство живее во Нов Зеланд. Иако не е активна на ТВ екраните како водител, таа често е активна на социјалните мрежи каде знае да објави по некоја фотка и да покаже како го поминува времето, што прави... Така, овој пат некогашнато познато ТВ лице покажа како ужива на плажа среде јануари. Имено, додека во Македонија и регионот владеат ниски температури, а и познатите заминаа некаде на зимување и да уживаат во снегот бидејќи во главниот град го нема, Хелена Роза полни батерии на плажа. Со оглед на тоа што во Нов Зеланд владее лето и високи температури, екс водителката се „раскомоти“ под сонце. Имено, таа позираше во бикини, а во прв план ги истури нејзините бујни гради. Во описот на фотографијата додаде дека температурата е 23 степени Целзусови, а Хелена во вакво разголено издание ја подгреа температуратата на социјалните мрежи. Љубителите на топлото време сигурно ќе и позавидат на водителката.]]>

Од плафонот кон подот: Кој и ја преврте елката наопаку на Хелена Роза? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-plafonot-kon-podot-koj-i-ja-prevrte-elkata-naopaku-na-helena-roza-foto/ Sat, 26 Dec 2020 07:52:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64097

Австралија е најдалечниот континент за нас, гледано одовде.  Најјужниот... Затоa и ја викаат „land down under“. И одовде изгледа како таму да е се првртено наопаку... како да стои на глава! Нов Зеланд е уште подолу, појужно. Ама иако е така, таму луѓето сепак не одат на глава, иако Божиќ и Нова Година им се „испревртени“ , па им паѓаат среде лето. Ама тоа не значи дека таму не доаѓа Дедо Мраз да дели подароци и не китат елка...
Таму, во тој дел од светот живеат и многу Македонци... најмногу, од оние што не се дома, велат. Меѓу мноштвото непознати, и некои познати... Како некогашната македонска ТВ водителка Хелена Роза, сестрата на поп пејачката Ребека на пример, која таму живее со својот сопруг, ќерката Кјара и синчето Тиан.
Иако е дури 22.000 км оддалечена од дома, Хелена направи се' и најде начин  како да ги изненади со подароци своите внуци, трите синчиња на Ребека: Маркијан, Доротеј и Макариј, кои беа пресреќни поради тоа, а сестра и  Беки (како што ја викаат Ребека), благодарна до плафон.
А кога сме веќе кај плафонот... Дали знаете дека најубав и најукрасен плафон на светот има токму Хелена?
Имено, сите новогодишната елка ја ставаат онака како што треба да стои, само таа нејзината ја става... наопаку!!? Превертена и накитена, нејзината елка  виси од плафонот со врвот надолу - кон подот! Вистински уникат! Како да е голем лустер , а не  новогодишна елка... Ама, има и зошто!
Кога имате мало дете, кое е толку активно и љубопитно, па се' што ќе види сака да го дофати, допре и растури, единственото решение е - ова! Ем ефикасно, ем свечено! Ем родителите мирни, ем домот украсен!
Е, сега, колку е практично за китење и оставање подароци под елката? Прашајте го Дедо Мраз! Ама тој и онака во домовите влегува низ оџак, нели?
   ]]>

Без силикони, ботокс и филери: Вака изгледаше Хелена Роза на својата прва насловна страница пред 23 години(фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bez-silikoni-botoks-i-fileri-vaka-izgledashe-helena-roza-na-svojata-prva-naslovna-stranica-pred-23-godini-foto/ Tue, 24 Nov 2020 08:19:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177492

Поранешната ТВ водителка Хелена Роза иако одамна не е активна во јавниот живот во Македонија и неколку години со семејството живее во Нов Зеланд, најзината актуелност во медиумите на домашен терен никогаш не стивнала. За Хелена често можеме да прочитаме околу нејзините активности во Нов Зеланд, за синчето Тиан, ќерката Кјара, за сопругот Игор... Социјалните мрежи се мостот на комуникацијата, а Хелена е особено активна на Фејсбук каде  често  знае да сподели интересни моменти од нејзиното секојдневие и приватност.
Во месец август годинава таа наполни 43 години, за кои вели дека нема никакви комплекси да ги открие и гордо се носи со бројот. Овој пат на нејзиниот профил се најде стара фотографија од нејзината младост, односно насловна страница направена за списанието Екран пред 23 години. А да те има во „Екран“, значеше дека си познат и славен или во најмала рака талентиран и надежен уметник. Хелена појасни дека тоа е нејзината прва насловна страница каде позира качена на мотор во сино мини фустанче од кое како и секогаш провокативна и бујна ја буди фантазијата. Некогаш природната женска убавина беше врвот која заслужено ги полнеше насловните, за разлика од денес кога естетските корекции и трендовите на истите, направија се повеќе девојки и жени да личат една на друга. -Насловна и фотки без фотошоп, без филтри, без врски, без политика, без силикони, ботокс и филери. Среќен 50-ти роденден Екран, напиша Хелена во описот на објавата. Коментарите очекувано се редеа, па многумина се согласија дека природната убавина и денес е непроценлива, иако се наметнати некои други вредности на моделирани убавици.]]>

Татјана Стојановска се спакува и замина во далечните топли краишта, а оттаму прати поздрав од плажа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-stojanovska-se-spakuva-i-zamina-vo-dalechnite-topli-kraishta-a-ottamu-prati-pozdrav-od-plaza-foto/ Thu, 30 Jan 2020 07:53:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131721

Зимскиот период за повеќето е резерзиран за типичен зимски одмор на планина, уживање на снег и хотели со спа центри. ТВ презентерката Татјана Стојановска и нејзиниот партнер Михаил се одлучија за сосема поразлично искуство. Имено, тие ги спакуваа куферите и заминаа во далечниот Нов Зеланд, каде моментално уживаат во топлото време, плажата и сонцето. Татјана оттаму објави неколку фотографии на кои е на плажа, раскомотена во костим за капење и опуштена во одморот од кој ќе има сосема поинакви спомени од овој период од годината. Пријателите и оставија многу коментари за објавите и и’ посакаа да се изнаужива во убиавините на Нов Зеланд по долгиот пат.]]>

Хелена Роза не ги „покани“ следбениците во кревет ама затоа им посака добра ноќ разголена по гаќички (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/helena-roza-ne-gi-pokani-sledbenicite-vo-krevet-ama-zatoa-im-posaka-dobra-nokj-razgolena-po-gakjichki-foto/ Mon, 20 Jan 2020 08:00:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129675

Речиси да нема таков што не се сеќава на емисијата на поранешната ТВ водителка Хелена Роза насловена „Во кревет со Хелена“, телевизиски проект кој беше сосема необичен и отскокнуваше од се' она што сме го гледале или се уште го гледаме. Провокативни теми поврзани за интимата и сексот, кај нас се уште се табу тема, но за Хелена тогаш, па и сега, никогаш не било невообичаено, туку напротив она што е секојдневите, таа го пласираше на еден интересен и со дотогаш невиден пристап. Мора да се признае дека Хлена му недостига на македонскиот телевизиски етер, но таа веќе неколку години живее во Нов Зеланд заедно со семејството и води еден сосема поинаков живот далеку од очите на јавноста. Нејзините провокативни фотографии станаа ретро, но иако такви, истите се уште изобилуваат со некој посебен сензибилитет и провокација со стил, за разлика од се' она што се пласира денес. Социјалните мрежи се платформата од каде може да се види и дознае нешто повеќе за неа и нејзините сакани, но поретко или речиси воопшто, Хелена сервира провокација. Овој пат, на изненадување на нејзините следбеници им посака добра ноќ, соблечена по гаќички додека позира во огледалото. Не ги „покани“ следбениците во кревет, но доволно ја разбранува фантазијата на посилниот пол, токму пред легнување.]]>

Татјана Лазаревска е мета на закани: Македонската пејачка во Австралија добива заканувачки пораки https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-e-meta-na-zakani-makedonskata-pejachka-vo-avstralija-dobiva-zakanuvachki-poraki/ Thu, 28 Mar 2019 08:20:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79715

Фејсбук статусот на Татјана Лазаровска ангажирана како професионален војник во артилериската единица на АРМ, која напиша дека напаѓачот од Нов Зеланд одговорен за масакрот во две џамии каде беа убиени 50 луѓе, заслужува да добие Нобелова награда, беше окарактиризиран како ширење говор на омраза преку социјалните мрежи, при што наиде на остри критики во јавноста.
И додека од дисциплинската комисија од Генералштабот потврдија дека веќе се води дисциплинска постапка и побарана е најстрога санкција, а дотогаш не смее да користи оружје, на другата страна на планетата, вмногу поблизу до местото каде што се случи масакарот една друга Македонка е мета на закани и добива заканувачки пораки.
По игра на случајноста во прашање е познатата македонска фолк пејачка Татјана Лазаревска, која последниве неколку години заедно со својот сопруг, пејачот Новица Василевски се пресели да живее и работи во Австралија. Имено, фолкерката има исто име и многу слично презиме, со дотичната припадничка на АРМ, односно разликата во нивните презимиња е само една буква: жебата - војник е ЛазарОвска, а пејачката ЛазарЕвска, а обете се русокоси, со слични фризури.
Токму оваа сличност предизвикала забуна кај некои, очигледно недоволно упатени корисници на социјалните мрежи па дошло до замена на идентитетот на личноста, при што војникот Татјана ја замениле со пејачката Татјана, која почнала да добива закани, во вид на заканувачки пораки по живот преку социјалните мрежи на своите интернет профили од непознати лица.
Преплашена и избезумена, македонската фолкерка токму преку интернет и се обрати на јвноста со образложение и појаснение дека таа не е ТАА на која се мисли, односно дека се работи за забуна и замена на идентитетот и погрешна личност на која и се обраќаат и закануваат.
 „МОРАМ ЈАВНО ДА ВИ СЕ ОБРАТАМ И ДА КАЖАМ ДЕКА ЛИЦЕТО ТАТЈАНА ЛАЗАРОВСКА ВО ДОЛЕ НАВЕДЕНИОТ ТЕКСТ АПСОЛУТНО НЕ СУМ ЈАС, ЗА ОНИЕ КОИ ПОГРЕШНО РАЗБРАЛЕ... ЈАС СУМ САМО ЕСТРАДЕН УМЕТНИК КОЈ НЕ ЈА ДЕЛИ СВОЈАТА ПУБЛИКА И КОЈ НЕ ГО ИНТЕРЕСИРА ПОЛИТИКА ВООПШТО... ЗАРАДИ СОВПАЃАЊЕ СО ИМЕТО И НЕДОВОЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОЧНАВ ДА ДОБИВАМ И ПРЕТЕЧКИ ПОРАКИ, КОИ МНОГУ МЕ ВОЗНЕМИРИЈА.... ЈАС СУМ СЕКОГАШ ПРОТИВ ЈАВЕН ГОВОР НА ОМРАЗА... ШИРЕТЕ ЉУБОВ, А НЕ ОМРАЗА... ВИ БЛАГОДАРАМ“ - напишала фолкерката во својот Фејсбук статус со кој ја појаснува ситуацијата и ја разрешува забуната!
Да се надеваме дека и оние кои и се заканувале на нашата фолкерка дека ќе сфатат две работи: Како прво, дека јавните закани се кривично дело казниво по закон, а како второ, дека и ги упатиле на тотално погрешна личност!

Хелена Роза и ќерка и Кјара беа ВИП ријалити гости… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/helena-roza-i-kjerka-i-kjara-bea-vip-rijaliti-gosti-foto/ Wed, 01 Aug 2018 08:54:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41104

Некогашната македонска водителка Хелена Роза веќе неколку години живее во Оукленд, на далечниот Нов Зеланд. Деновиве таа правеше семејна забава, славејќи го првиот роденден на своето синче Тиан. Семејното славје го овековечи со семејна фотографија, за семејна среќа.
Веќе следниот ден Хелена и нејзината ќерка од првиот брак - Кјара, која израсна во вистинска убавица, се најдоа во ријалити... Не баш во реално шоу, ама сепак беа ВИП гости на „реална“ забава на најголемата ријалити ѕвезда на Нов Зеланд, дамата со иранско потекло Назанин Канџани, која важи за новозеландската Ким Кардашијан.
Дама позната од новозеландската верзија на светската франшиза „Танц со ѕвездите“, со диплома од Ворнер Брос, фитнес инструктор, промотор и бренд амабсадор на дузина различни познати брендови на производи... Со еден збор ултрапопуларна личност.
Хелена и Кјара елегантно дотерани, беа едни од специјалните гости на забавата што ја организираше ријалити ѕвездата, на која присуствуваа голем број познати и значајни личности од светот на забавата, шоу бизнисот, модата, тамошниот џет сет...
Канџани, таа вечер вечер ја промовираше својата  нова веб-страница, Naz.co.nz  како и YouTube каналот преку своите социјални медиуми.
27-годишната ѕвезда,  вели дека сајтот е „сé уште во надоградба“, но ќе биде и дом на "Naz TV" , како и на нејзините најнови тренинг видеа и реалното ТВ шоу наречено „Животот на Наз“.
Хелена и Кјара не пропуштија да остварат бројни контакти...
...А, нивното присуство беше забележено и овековечено со фотографии и во дел од тамошните медиуми како весникот „New Zealand Herald“ , порталот „Spy“ и секако веб сајтот на Нази.
Па, кој да знае... Можеби некоја од новите светски ријалити ѕвезди, овој пат од македонско потекло,  тукушто е “родена“? Фото: Нори Монтгомери      ]]>