нов свет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 18 Dec 2018 11:58:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нов свет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викторија Лоба зачекори во својот „Нов свет“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-zachekori-vo-svojot-nov-svet-foto/ Tue, 18 Dec 2018 09:39:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63665

Вчеравечер, понеделник, 17 декември во 19.00 часот во ресторанот „Фор“ (Four) во Скопје, Викторија Лоба  го промовира долгоочекуваниот прв студиски албум во кариерата насловен „Нов свет“ и тоа во две изданија – на Македонски и на Англиски јазик (New World).
Во присуство на, за македонски услови огромен број медиуми, новинари, соработници, пријатели, спонзори... но, не и колеги од естрадата, (кои како по правило кај нас,  кога се промоциите на „конкуренцијата“ во прашање, бегаат како „ѓавол од крст“), македонската поп пејачка конечно ја дочека промоцијата на своето прво дискографско издание.
Иако на сцената е повеќе од една и пол деценија, од своите почетоци на Детската евровизија, преку дуото „Табу“, па се до сопствената соло кариера, Лоба навистина долго чекаше и конечно дочека да и се оствари дискографскиот сон. И тоа двоен.
Перфектно спакуваниот производ на двојно цеде во картон пак пакување, го содржи најдоброто од Лоба, музички и продуцентски спакувано за првите чекори во освојување на „новиот свет“. Тоа е она што веројатно и претстои по почетокот на соработката со македонската ДЈ-ка и продудуцент Марга Сол, чија фузија со Лоба дава една друга, поинаква, модерна, светска димензија на нејзините песни и подотворање на можноста да се чукне на оние другите врати, да се зачекори во еден „Нов свет“... свет на мноштвото светски топ листи.
Но, патот до таму е долг и тежок, а ова се само првите чекори... Сепак, за упорните и оптимистите кои при тоа поседуваат и квалитет, сите пазари се отворени, а само небото е лимит!
Како музички продуценти на материјалот се потпишуваат Марга Сол и Роберт Билбилов, а тој е снимен  во студијата:„М-Сол рекордс“, „Џаст РБ студио“ и „Јованови“.
Изданието беше најавено со темите „Опиум“„Херој“ и „Дојди“, ремиксот на „9 работи“, како и соработките со Билбилов и со Тајзи – „Ти си виновна“ и „Каде сме ние“, додека англиската верзија ќе биде целосно изненадување за македонскиот пазар. Дел од материјалот Лоба заедно со Марга Сол и нејзиниот ДЈ сет, претсави во живо и на самата промоција.
Инаку, како што најави и самиот модератор на вечерта - водителот Марко Марк, покрај овие две ќе биде издадена и руска верзија на материјалот, со што Лоба ќе има можност својот „Нов свет“ да го претсави и меѓу својот свет, во земјата на своето раѓање и потекло - Русија!
Се на се', Лоба можеби долго чекаше на албум, но сега конечно има производ со кој може да направи „чекор од седум милји“  во својата кариера. Ако има која да ја води низ менаџерско-музичките лавиринти, со малку среќа и „поклопување на коцкичките“, можеме многу бргу да добиеме уште едно успешно „наше дете“ надвор од границите на земјава... таму некаде, во... „Новиот свет“!    ]]>

Викторија Лоба промовира деби албум: „Нов свет“ на два јазика https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-promovira-debi-album-nov-svet-na-dva-jazika/ Thu, 13 Dec 2018 12:29:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63534

На 17 декември со почеток од 19.00 часот во ресторанот „Фор“ (Four) во Скопје, Викторија Лоба ќе го промовира долгоочекуваниот прв студиски албум „Нов свет“, и тоа во две изданија – на македонски и на англиски јазик (New World). Музички продуценти на материјалот се Марга Сол и Роберт Билбилов, а сето тоа се снимаше во студијата „М-Сол рекордс“, „Џаст РБ студио“ и „Јованови“. Изданието беше најавено со темите „Опиум“, „Херој“ и „Дојди“, ремиксот на „9 работи“, како и соработките со Билбилов и со Тајзи – „Ти си виновна“ и „Каде сме ние“, додека англиската верзија ќе биде целосно изненадување за македонскиот пазар. Албумите ќе бидат достапни ширум целиот свет преку сите дигитални и стриминг-сервиси. На онлајн-продавницата на македонската издавачка куќа „М-Сол рекордс“ (www.m-solrecords.com)албумите ќе можат да се купуваат дигитално и на механичко цеде, со достава низ Македонија.]]>