нов прекар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 10 Feb 2024 06:13:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нов прекар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа Гиговска по градник исполнува музички желби од дома и пее на настапи, по долна облека снима спотови, а кога градникот ќе падне, возбудата предизвикува сладок стрес од глетката на „естрадната мисис топлес“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-po-gradnik-ispolnuva-muzichki-zhelbi-od-doma-i-pee-na-nastapi-po-dolna-obleka-snima-spotovi-a-koga-gradnikot-ke-padne-vozbudata-predizvikuva-sladok-stres-od-gletkata-na-estradnata-mis/ Sat, 10 Feb 2024 08:10:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337784

По паузата заради мајчинството, Антониа Гиговска кон крајот на минатата година се врати на сцената и застана пред публика. Својот камбек најпрвин го најави со неколку песни кои една по друга  ги промовираше, за подоцна да почне да ја реализира набиетаната агенда со настапи, која непрекинато трае. Враќањето на сцената покрај она што како нов музички производ имаш да и го понудиш на публиката, мора да биде зачинето и со нешто што ќе ја залепи љубопитноста за пејачката. Антониа тоа добро го „сфатила и процесуирала“, па она што отсекогаш одело во пакет со успехот на естрадата, го сервира заедно со „најдоброто од себе“ во понудата. Се разбира, телесниот раскош и стилизираната еротика протната под плаштот на дискретната голотија се најдобрата формула она што го нудиш од себе, покрај начулените уши,  твојата публика, особено онаа машката, да го „пие и со ширум ококорени очи“. А, Гиговска очигледно ништо не ја кочи да биде естрадна дама без комплекс, која со секоја своја нова појава предизвикува „еротски земјотрес“. Стајлингот никогаше не и е случаен, туку секогаш препуштен на професионалци кои добро ја познаваат. Од шминка и фризура преку гардероба и обувки, до она со што најмногу се креваат „крева пуфки“ - еротскиот набој кој во себе го носи тазе мажената и во приватноста и во видеата и на сцената. Самоуверена како темпирана бомба, Тониа во секоја нова прилика како едвај да чека да експлодира. Благодетот за уши  и нема потреба дополнително да се коментира, бидејќи таа е веќе е проверено докажана како одличен вокал, но затоа секоја нејзина нова појава е „празник за очи“ од која видот се кочи  и љубопитно застанува на она што најмногу возбудува. Впрочем, Антониа Гиговска по градник исполнува музички желби од дома,  по градник пее и на настапи, а по долна облека снима спотови... Но, кога градникот ќе падне... Е тогаш возбудата предизвикува сладок стрес и вртоглавица од глетката на разголената русокоса убавица! Но, не е прв пат, а веројатно ниту последна прилика Антониа вака „слободно“ да се слика. Иако со рацете прекриени преку градите,  ако сте нејзини поборници дефинитивно ќе ве полазат „еротски морници“ и тоа по цело тело, зашто пејачката е една од ретките кај нас што вака смело јавно го покажува своето разголено тело. „Капа долу“ за храброста, а и  за новодобиениот прекар...  Секоја чест  за „естрадната мисис топлес“! Фото: Инстаграм/danielnikolovskiofficial1/antoniagigovskaa          ]]>

Фолкерката Марија Луиса Тодоровска има нов прекар: Прво беше „македонска Северина“, а сега е… „идеална бивша“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/folkerkata-marija-luisa-todorovska-ima-nov-prekar-prvo-beshe-makedonska-severina-a-sega-e-idealna-bivsha-foto/ Thu, 18 Nov 2021 10:31:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227801

Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска доби нов прекар. Само што овој пат самата си го тури! Имено, згодната битолчанка по пеењето најмногу ја знаат оние кои го практикуваат ноќниот живот, по локалите, кафеаните, ноќните клубови во Битола, но и низ Македонија, каде што Марија најчесто настапува. Сопствен репертоар - нема, ама затоа има нешто друго: пристоен глас, манекенски стас, бујни атрибути, нодолив сексапил, заводливп оглед и уште понешто,  што ја прави фатално привлечна. Сепак, името на Марија Луиса одекна како бомба, по експлозијата на страсти на битолската „секс бомба“ во експлицитното видеоклипче што наводно се споделуваше по мобилната мрежа, кое многумина се колнеа дека го виделе со свои очи, други само слушнале дека постои, а веројатно само таа и уште една личност во него учествувале. Сексапилната битолчанка  тогаш  објаснуваше дека не е во прашање никаква „експлицитна содржина“, туку само домашно видео на размена на страсти со бившото момче, кое тогаш наводно ја злоупотребило љубовната доверба. Што и да беше, пејачката Марија Луиса тогаш го доби прекарот „македонска Северина“. Можеби не направи кариера и не се стекна со слава како мегапопуларната хрватска колешка, ама сепак стана општопозната во македонската  јавност. Сега атрактивната битолчанка е на добар пат стариот да го замени со нов прекар. Имено, пејачката на својот инстаграм каде редовно споделува скокотливи фотографии, овој пат покрај нив сподели и скокотлив цитат. Не е нејзин, ама веројатно си го чувствува како свој, штом го споделила. „Јас сум идеална бивша девојка, ниту го следам, ниту го барам, ниту додевам, ниту му го расипувам животот, сите за бивша би ме посакале“ - објави Марија Луиса. Марија сподели и... сама си го тури! Новиот прекар, секако: „Идеална бивша“! Можеби затоа сама, тажна и замислена е во автомобилот, на најновите фотографии?  Уште па и песната (к)ако и се погоди...?! „Иделна бивша“  - уште првото утро по „иделно“ проведената вечер! Или можеби Марија Луиса знае како тоа се прави поинаку, за да биде како во песната што и се врти низ глава или на радио, сеедно...? ]]>

„Министерот за одбрана“ ја начна 39-ката: „Борко-мен“ е нашиот ракометен, а најмногу негов личен суперхерој, еден – единствен на број! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ministerot-za-odbrana-ja-nachna-39-kata-borko-men-e-nashiot-rakometen-a-najmnogu-negov-lichen-superheroj-eden-edinstven-na-broj-foto/ Thu, 04 Nov 2021 08:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225886

Македонската ракометна легенда која долги години го чуваше  голот на најголемите светски клубови и нашата репрезентација, а и се' уште го чува на двократниот европски шампион Вардар, славеше роденден! Борко Ристовски и покрај годините се' уште е еден од незменливите меѓу стативите. Вистински „октопод“ на голот кој долги години беше и се' е уште е нашиот суперхерој! Не попусто го носи прекарот од навивачите - „министер за одбрана“, кој деновиве ја начна 39-ката! И ако претходните години заради коронапандемијата не можеше да ги почести најблиските во некој локал, ресторан, слаткарница, па славеа дома, овој пат условите дозволија тоа да го направи! Борко заедно со сопругата Нина и синчето, малиот Душан, прославија во еден познат отмен скопски ресторан. Мала интимна забава, за семејна среќа со најубави роденденски желби и едно гооооолемо изненадување за славеникот: роденденска торта и тоа не било каква! Имено Нина и Душан решија да го изненадат нивниот херој, кој всушност за нив и приватно тоа и е, но за малиот наследник тато сепак е најголемиот суперхерој. Покрај сите Бетмени, Супермени, Хи-мени... Борко-мен на Душан му е најомилен! Затоа за неговиот 39-ти роденден тој и мама Нина го изненадија со преубава торта, украсена токму со ликот на еден од омилените суперхероји од стриповите и филмовите. Тортата со Супермен, а посветата со Хи-мен! Свеќичките со бројката која ги симболизира годините на славеникот ги дуваа заедно. А тој среќен, пресреќен што најубавиот подарок за роденден го има до себе - своето семејство! Сопругата и малиот Душан, во чии очи Борко е неговиот личен суперхерој! Еден-единствен на број! Затоа отсега, од овој ден го добива новиот прекар: „Борко-мен!“ Фото: Инстаграм принтскрин/ninaristovska]]>