Нов почеток – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Mar 2023 09:07:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Нов почеток – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара Тодевска – горда на себе пред нов почеток: „Нијагара се и човечки солзи од тага или среќа и лошите и добри моменти кои сите ги имаме во изобилство“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-gorda-na-sebe-pred-nov-pochetok-nijagara-se-i-chovechki-solzi-od-taga-ili-sreka-i-loshite-i-dobri-momenti-koi-site-gi-imame-vo-izobilstvo-foto/ Thu, 23 Mar 2023 09:00:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294649

 Тамара Тодевска со новата песна не само што тргна во освојување на регионот, туку имаше и повод  да слави -  дваесет години откако го објави првиот регионален хит „1003“. Почетокот на големата годишнина го означи со новата моќна песна „Нијагара“, за која објави видео, а потоа најави и концертна турнеја која ќе ја почне од родното Скопје, преку БиХ и Србија до Хрватска и Словенија, до ги пренесе сите пораки со нејзината музика. „Решение секогаш има и важно е да се оди напред, тоа е главната порака на „Нијагара“ која е инспирирана од нашата секојдневна борба. Песната е за сите луѓе кои некогаш се почувствувале повредени, разочарани или неправедно етикетирани. Често сме во тој „кафез“ заробени во сопствените мисли и стравови, а таа состојба не принудува да бидеме деструктивни, лути, но сепак можеме да излеземе од тој лавиринт! Во такви ситуации црпам енергија и сила од поддршката на моите најблиски - семејството, децата, публиката. Во животот секогаш е потребна поддршка од сите драги луѓе“ - изјави македонската поп пејачка која за прв пат во својата богата кариера се појавува како автор на песната, во соработка со хитмејкерот Лазар Цветкоски. Со оглед на тоа дека е автор не само на музиката туку и на стиховите за песната заедно со Лазар Цветковски, Тамара откри како почнала својата инспирација да ја преточува во музичко-стиховна креација: „Првите стихови се создадени сосема спонтано, неочекувано. Ништо не форсирам, се инспирирав и почнав да пишувам, па продолжив со колегата и пријател Лазе. Мислам дека направивме многу добар музички производ“ - вели Тамара и не исклучува да се појави во идните песни како автор на текстот, но и на музиката. „Нијагара се и човечки солзи, од тага или среќа. Нијагара се и лошите и добри моменти кои сите ги имавме во изобилство“ - објаснува пејачката, чија силна вокална интерпретација е одлично искомбинирана со впечатливо видео кое на динамичен начин ја прикажува приказната за песната. Тамара игра неколку улоги кои одразуваат различни емоционални состојби. Инаку, една од водечките поп-ѕвезди во  Македонија тешко можеше да ја избегне успешната кариера, зашшто таа е родена во истакнато музичко семејство. Татко и Велко беше професор во музичкото училиште и академија, а мајка ми Брана оперска пејачка. Токму нејзината мајка имала најсилно влијание врз специфичната и често фалена вокална интерпретација на Тамара. Првпат настапи на шест години, а во кариерата и животот секогаш ја имаше поддршката од постарата сестра Тијана Дапчевиќ со која соработуваше неколку пати, а заедно го снимија дуетот „Луда игра“ во далечната 1997 година. Потоа во 2003 година го објави хит-синглот „1003“, кој го освои второто место на фестивалот во Будва. Успехот на таа песна доведе до снимање на деби албумот „Сино“. Вториот албум „Еден ден“ го запечати нејзиниот ѕвезден статус, како и нејзиниот прв самостоен концерт во скопската арена „Борис Трајковски“, кој се памети и денес. Добитник е на награди на неколку музички фестивали, како и награди за најдобри песни и женски вокал на најпознатите македонски манифестации ( „12 Величествени“, „Македонскиот радиски фестивал - МАРС“, „Златна бубамара“, „Бекстејџ наградите“...) , но на Евровизија со златни букви влезе во историјата на Македонија. На Евровизија настапувала четири пати, двапати како придружен вокал, а во 2008 и 2019 година како главен изведувач. Пред четири години во Тел Авив триумфираше со песната „Горда“ и го постигна најдобриот резултат на Македонија во историјата на ова натпреварување. Во финалето беше прва според оценките на жирито и во генералниот пласман, по пребројувањето на гласовите на европската публика заврши на високото седмо место. „Горда“ има посебно место во мојата кариера, но и во мојот живот. Тоа е круна на долгата работа и потврда за сериозен пристап и квалитетен производ. Незаборавно искуство, енергија и емоција што сака да ја почувствува секој уметник“ - рече Тамара и одговори на прашањето дали повторно ќе учествува на Евровизија? „Местото им го оставам на другите со вистинска желба да го надминат успехот на „Горда“. Но никогаш не кажувај никогаш. Ова е живот, се е можно“ - вели Тамара и открива кој и е миленик годинава на престижниот музички фестивал. За тоа дали некој од нејзините наследници ќе ја продолжи семејната музичка традиција, пејачката вели: „Мојата ќерка Хана веќе настапи на минатогодишното издание на најпознатиот македонски детски фестивал 'Златно славејче'. Сака да пее и танцува. Дарен исто така сака музика и сака да свири гитара. Сепак, нема да инсистирам ниту да ги туркам. Најдобро е еднаш самите да одлучат што сакаат, а јас ќе ги поддржувам на секој чекор“ - посочува Тамара, која и по „Нијагара“ вети дека ќе продолжи да создава нови песни.   Фото: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska Извор: Гранд.рс  ]]>

Филхармонијата на 25 октомври ќе ја започне концертна сезона https://arhiva.vistina.com.mk/filharmonijata-na-25-oktomvri-kje-ja-zapochne-koncertna-sezona/ Thu, 19 Oct 2017 11:04:02 +0000 http://vistina.mk/?p=525

Со мало доцнење поради исполнување техничко-правни процедури за новиот објект, Македонската филхарминија на 25 октомври ќе ја почне сезоната 2017/2018 со концерт симболично насловен „Нов почеток“. Солист ќе биде пијанистот Дино Имери, оркестарот ќе го води Борјан Цанев, а на програмата ќе бидат дела од Чајковски (Концерт за пијано и оркестар бр.1), Респиги (Римски фонтани) и Рихард Штраус (Ѓаволштините на Тил Ојленшпигел оп. 28).

Поради доцнењето со отворањето, испуштени се некои планирани гостувања, како што беше претходно најавеното на виолинистот Роман Симовиц. На 9 ноември ќе гостува познатиот пијанист Борис Березовски, а во вториот дел на концертната сезона, од јануари 2018,  рече Илиески, ќе гостуваат големи музички имиња.

Илиески информираше дека за краток период успеале и да обезбедат  приклучок за парно греење со што е избегнато  враќање на оркестарот на старата локација, во Домот на АРМ. Обезбеден е и пристап, функционални лифтови и места за седење во големата сала за лица со хендикеп.

- Чест ми е што ја водам оваа институција значајна за државата и за Скопје, еден репрезентативен оркестар кој конечно, по 74 години, го доби своето заслужено место во овој прекрасен храм на музиката, во дом во кој ги имаме сите услови за работа и за креирање музика и интерпретација на најдобрите и најспецифичните дела од железниот репертоар. Установата ги има сите можности за оркестарот и услови за администрацијата, рече Илиески.

Филхармонијата има и студио опремено со врвна техника за аудио записи, ново лого со ликот на новиот објект и редизјанирана веб-страница. Воведува нов начин на презентација на концертната програма - рекламирање на концертите со спотови, со цел да се приближат до сите граѓани. Покрај поддршката од Министерството за култура, Филхармонијата ќе почне и партнерство со големи фирми и брендови за да овозможи носење на големи и звучни стрнаски солисти и диригенти. Во стратегијата на куќата е и сите заборавени македонски музичари да имаат можност да настапат на нејзината сцена.

Диригентот Борјан Цанев и виолинистката Ана Кондратенко искажаа задоволство што почнуваат да работат во концертна сала со услови какви што имаат нивните колеги низ светот.

- Во превод значи имаме стадион, сега ни се потребни фудбалери да даваат голови. Се подоготвуваме многу интензивно, имаме одличен тим. Треба време да се прилагодиме на тоа што е ново, но на новото човек секогаш поубаво се прилагодува, рече Цанев, кој идната среда ќе го води првиот концерт во новата сезона.

Следниот концерт ќе биде на 2 ноември - Симфонија на тажни песни со Ана Дурловски и диригентот Емил Табаков.

]]>