нов лик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Jan 2022 19:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нов лик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Таа е новиот секси лик во оваа сезона на „Преспав“: Ангела Апостоловска – атрактивна битолчанка со европски актерски шмек (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/taa-e-noviot-seksi-lik-vo-ovaa-sezona-na-prespav-angela-apostolovska-atraktivna-bitolchanka-so-evropski-akterski-shmek-foto-video/ Wed, 12 Jan 2022 10:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234510

Во секоја нова сезона на хумористичниот ТВ серијал „Преспав“ гледачите се запознаваат со некој нов лик. Во некои од новите епизоди од годинештото продолжение на македонската телевизиски ситком, кои се емитуваат на 11.01 и 12.01. 2022 година како придружничка на ликот што го толкува актерот Зоран Љутков се појавува една млада згодна, атрактивна и сексапилна, заводлива дама. Нов лик за многумина, но не и за оние кои го следат театарот, особено во Битола, како и епизодите на познатиот серијал „Празни муабети“. Ангела Апостоловска е 24-годишна битолчанка која студирала на Универзитетот за Актерство во Букурешт, Романија, каде за време на нејзините петгодишни студии,  работела на разни проекти со поголеми или помали продукции, а таму се здобива и со  титулата магистер во одделот на театарот и актерството. Актерството и е во крвта, во гените уште од дете, кога на најблиските во домот, практикувала да им прави шоу… „Како да бев излезена од некое кабаре. Менував разни костими, пеев, рецитирав, глумев...“ - се сеќава Ангела во интервјуто дадено за  порталот Шеталиште.ком.мк... Како средношколка станува член на битолскиот театар „Дел Арте“, а по матурирањето на 18 години, заминува за Романија и ги започнува актерските студии на Букурешката академија, каде и дипломира, а подоцна и магистрира. Пред појавата во „Преспав“, Ангела добива три вредни награди за најдобра глумица, десетици одиграни претстави низ Романија и во Македонија. Потоа во еден документарен филм за македонските Власи во кој се појавува како наратор, режисер и продуцент, како и разно разни реклами и серии, остварувања што ја сочинуваат нејзината досегашна професионална биографија. За улогата во „Преспав“, атрактивната битолчанка вели дека во вакво издание сигурно досега не ја виделе. Предизвик и провокација било за неа  да  игра нешто контрасно од самата себе. А дека улогата на згодна, заводлива, атрактивна и сексапилна дама со раскошни телесни пропорции и провокативен аутфит, која предизвикува и мами копнежи дури и во хумористична серија, е улога која и тоа како и прилега. Можеби до сега ниту самата Ангела не била свесна дека себе си може да се претстави и на еден, поинаков начин. Улога за предизвик и скриена возбуда која лежи во неа! ]]>