нов албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 20 May 2023 08:20:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нов албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Песните од новиот албум на Горан Бреговиќ – „Папокот на светот“ се темелат на верски литургии https://arhiva.vistina.com.mk/pesnite-od-noviot-album-na-goran-bregovik-papokot-na-svetot-se-temelat-na-na-verski-liturgii/ Sat, 20 May 2023 08:19:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303024

Горан Бреговиќ, еден од музичарите со најдолг стаж на овие простори, кој всушност е многу повеќе од тоа. Овој композитор, текстописец, аранжер и продуцент, активен e повеќе од 50 години и стана еден од меѓународно најпознатите композитори од овие простори, а штотуку го најави новиот албум „The Belly Button Of The World“, т.е. „Папокот на светот“. Подеднакво пофален и оспоруван, Бреговиќ стекна невидена слава со „Бијело дугме“, а во вториот дел од кариерата Бреговиќ успеа да се избори за своето место под сонцето на светската сцена во многу жестока меѓународна конкуренција. Со оглед на тоа што не можеше да оди на турнеја за време на пандемијата, Горан ја искористи можноста да сними албум од пет дела, напишан за три соло виолини, симфониски оркестар, секстет од машки гласови и секако за неговиот Бенд за свади и погреби. Со новиот албум, Бреговиќ го спојува креативното јадро на неговото еклектично и вечно неочекувано музичко патување. За албумот дизајнирал три лирски приказни засновани на христијанска, еврејска и муслиманска литургија. Музичките приказни ги изведуваат солисти со меѓународна кариера Мирјана Нешковиќ, Гершон Лејзерсон и Зиед Зуари. Сите песни се напишани, компонирани, аранжмани и продуцирани од Горан Бреговиќ. Листа на песни на „The Belly Button Of The World“: 1 – The Belly Button Of The World (08:46) 2 – A Moment Of Melancholy (04:50) 3 – A Christian Tale (13:14) 4 – A Jewish Tale (11:50) 5 – A Muslim Tale (13:19) Албумот е достапен на онлајн платформите од 19 мај, а во продавниците се  очекува да се појави на крајот на месецот.  ]]>

Четкар најави нов албум и нова концертна тура во САД https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-najavi-nov-album-i-nova-kontsertna-tura-vo-sad/ Tue, 16 May 2023 12:00:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302284

Владимир Василевски Четкар периодов интензивно работи на продукцијата на неговиот нов студиски албум и набрзо заминува за САД каде што ќе започне со снимањата на материјалите во неколку студија во Чикаго и Њујорк. На овој Албум како и на предходните Четкар ќе се потпише како комплетен автор, композитор, аранжер, продуцент, диригент, гитарист вокалист и текстописец а ќе биде сниман во целост со живи инструменти односно со ритам, дувачки и гудачки секции.
Паралелно со снимањата и продукцијата на албумот, Четкар ќе одржи неколку концерти во Америка и тоа во Њујорк на 3 Јуни, Кливленд на 10 Јуни и Детроит на 16 Јуни а ова ќе бидат воедно и неговите први настапи во САД оваа година кои доаѓаат после неговата распродадена есенска турнеја минатата година.
]]>

„Пријателство“ нов албум на Трпчески за британски „Лин Рекордс“ https://arhiva.vistina.com.mk/prijatelstvo-nov-album-na-trpcheski-za-britanski-lin-rekords/ Sat, 22 Apr 2023 12:25:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298973

„Лин рекордс“ денеска го објави најновиот албум на македонскиот пијанист Симон Трпчески, насловен „Пријателство“ (Friendship), кој е достапен на дигиталните мрежи за преземање.
-На албумот се наоѓаат „огнениот Квартет за пијано на Брамс бр. 3 во Це-мол, фантастичниот нов аранжман на прекрасното „Дивертименто“ на Конесон и триумфалниот квинтет во три става на Панде Шахов“, информираат од КултурОп прес.
Како што се наведува во денешното соопштение, нашиот пијанист во моментов е во Соединетите Американски Држави. Таму го очекува серија концерти, што ќе стартува во Денвер.
- Исполнетиот распоред до крајот на мај го води и во Сараево, Целје, Билбао и во Женева, се додава во соопштението на КултурОп прес. Извор: МакПрес

Вистинска „експлозија“: Тоа што го ветија и го исполнија – еве како беше на промоцијата на новиот албум на „Културно Уметнички Работници“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vistinska-eksplozija-toa-shto-go-vetija-i-go-ispolnija-eve-kako-beshe-na-promotsijata-na-noviot-album-na-kulturno-umetnichki-rabotnitsi-video/ Fri, 07 Apr 2023 06:15:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297049

Како што и најави пред промоцијата групата „Културно уметнички работници“ навистина и се случи голема R'N'R експлозија. Вчеравечер на 6-ти април 2023, на договореното место „МАККА бар“, во договореното време скопската рок група во живо ја  одржа промоцијата на 7-миот по ред албум, со наслов „Панк Кабаре“. На промоцијата,  присутната публика уживаше во изведбата, а  членовите се потрудија во нивен стил да го извадат најдоброто од себе, додека обожавателите се разбира  не им дозволуваа да заминат. А каква беше атмосферата таму, кој не успеал лично да присувствува на концертната промоција на новиот албум на К.У.Р може да погледне ексклузивно во галеријата од Вистина.ком.мк Инаку, „Културно Уметнички Работници" постојат уште од  1999 година. А, нивното формирањето на овој состав е резултат на големото дружење помеѓу членовите на групите "Тотално Опуштање", "No Name Nation", "Бомбашки Процес", "Жолтица на Бродот Баунти" и "Рок Агресори". Имено членовите на овие групи одлучиле  да се состават во едно и со здружени сили да се борат за ширење на рок културата. Групата К.У.Р. досега одржале бројни самостојни концерти, а настапуваат и на сите значајни фестифали во Македонија но и во регионот, а сцената ја делеле со бендови како: „Рамбо Амадеус“, „Забрањено пушење“, „Рибја Чорба“, „Дарко Рундек“, „Група твог живота“, „Лоши деца“, Fighting Windmills, No Name Nation,New Police State,Let 3, Defekt итн. Групата посветено работеше на нивниот најнов албум „Панк Кабаре“, а од вчера официјално е поставен и спотот за синглот „Беќар“ на познатиот Јутјуб канал. Фото: Вистина.ком.мк]]>

„Новиот почеток“ со јубилеен концерт и промоција на “Endless Endeavors” во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-pochetok-so-jubileen-kontsert-i-promotsija-na-endless-endeavors-vo-mkts/ Fri, 24 Mar 2023 13:45:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295074

„Новиот почеток“, стилизирано како Noviot Pochetok, исто така познати и како The Beginnings (за интернационална употреба) е еден од најдолго-свиречките музички групи во македонската музичка историја. Бендот започнува во 2002 година и е препознатлив по своите ултра-енергични и експолозивни настапи во живо. До сега имаат отсвирено преку 250 концерти и 8 европски турнеи во последната декада - што ги прави еден од малкуте домашни бендови кои успеале тоа да го остварат до сега. Со 4 албуми на македонски и 1 best-of албум со препев на англиски зад нив, тие го промовираат своето најново, 6-то издание - повторно на македонски, каде ако не во МКЦ. Албумот е сниман, продуциран и мастериран од страна на Ненад Трифуновски - Трипе (кој го сними и првиот албум во 2005 година!) и Филип Тасевски - Fitz aka Feetz (август 2021 - јули 2022). Тапаните се снимени во Кино Фросина, МКЦ, Скопје / сé останато во пробувалната на бендот во Макотекс.
На 25 март 2023 г.(сабота) со јубилеен (20+1 година) концерт, без ограда, горе во Денсинг салата . - ќе поминеме скоро час и половина материјал комбиниран од сите албуми на мк - ќе имаме и пар специјални гости - нов, фино дизајниран merch - дружба пред и по концерт
Промовираме нов, 6-ти по ред албум на 12” винил и CD “Endless Endeavors” во лимитирани тиражи!
Речиси 3 години работа на овој албум. Моментално достапен на сите дигитални аутлети:
• Bandcamp: https://bit.ly/np-ee-bc • Spotify: https://spoti.fi/3YpDfYv • Youtube: https://bit.ly/np-ee-yt • Apple Music: https://apple.co/3K4pABF
Гости на концертот ќе ни бидат новата генерација на фантастични артисти - групите "Dimish" и "KEM".
Влезници во претпродажба на билетара МКЦ и bileti.mkc.mk
Набавете уште веднаш - директен линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1195

Бијонсе објави нова песна, а обожавателите ја обвинија дека копира (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bijonse-objavi-nova-pesna-a-obozavatelite-ja-obvinija-deka-kopira-foto/ Wed, 22 Jun 2022 07:19:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255501

Некои обожаватели го споделија своето разочарување од синглот на социјалните мрежи, велејќи дека Бијонсе ја  „копирала“ младата  американска раперка  Азеалија Бенкс. 40-годишната Бијонсе го објави својот прв сингл од долгоочекуваниот албум „Renaissance“, а по слушањето на песната фановите се поделија. Синглот „Break My Soul“ е наведен како шеста песна на нејзиниот претстоен албум, а минатата недела таа објави дека наскоро ќе го објави седмиот соло студиски албум. Обожавателите ги нижат реакциите за синглот на социјалните мрежи, а некои ја нарекоа песната „летна химна“, но не сите се задоволни. Некои обожаватели го споделија своето разочарување од синглот на социјалните мрежи, велејќи дека Бијонсе изгледа ја „копирала“ младата американска раперка Азеалија Бенкс (31).
- Песната звучи како груба, глупава, небрендирана копија на нешто што Азеалија Бенкс би го направила подобро. Бијонсе требало да ја покани раперката да отпее неколку стихови.“ „Слушнав и помислив на Azealia Banks... Бијонсе треба да престане да краде од вистинската кралица“, „Новата песна на Бијонсе звучи како верзија на песна на Азеалија Бенкс - рекле обожавателите. Да потсетиме, Бијонсе се враќа на музичката сцена по шестгодишна пауза со нејзиниот нов албум „Renaissance“,  и тоа е нејзин прв албум од 2016 година   Фото:Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа]]>

Саша Матиќ слави 20 години од кариерата, па сподели интересни детали од животот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sasha-matikj-slavi-20-godini-od-karierata-pa-spodeli-interesni-detali-od-zivotot-foto/ Fri, 01 Apr 2022 08:47:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244994

Легендарниот фолк пејач проговори за хитовите од неговиот нов албум „Два живота“ и за сите актуелни настани од неговиот живот и кариера. Во својот нов албум Саша објави и дует со регионалната поп ѕвезда Јелена Розга. А, песната „Јас и ти“ наиде на позитивни реакции кај публиката. „Оваа година славиме  20 години кариера. Имам многу работа, но кога човек е добро организиран, секогаш има време за себе. Денот го започнувам во 9 часот, во 11 часот тренирам, па малку вежбам.  А, овие денови повеќе сум приврзан за домот “.  - вели Саша. „Се сеќавам кога Шабан доби внука и јас тргнав директно на таа прослава. Спиев до Берлин, мислев дека и во Копенхаген веднаш  ќе легнам да спијам.  Со бендот се напивме кафе  и отидовме до гејтот, а таму ни рекоа: Па, авионот замина за Копенхаген. Авионот бил во 11.30, а тие мислеле дека тогаш е чекирањето. Следниот лет беше во осум навечер. После ова, кога стигнавме три пати ја напуштав прославата,  а покојниот Шабан 3 пати ме враќаше, па останав  до крај.  Да се ​​родам пак, би правел се исто, бидејќи нема подобра работа од нашата“ - изјави Саша Матиќ. „Го сакам животот! Кога ќе се разбудам наутро не ми недостасува ништо и не слушам лоши вести, имам причина да бидам среќен и задоволен. Сè ме мотивира. Љубовта, музиката, животот, пријателите, семејството. Немам причина да кажам дека не можам повеќе. Не би го променил е  изборот на соработници, мислам на мојот тим, на менаџерите. Би го направил овој избор што го имам во последните 11 години. Богатство е кога можам да го исклучам телефонот кога сакам и никој да не ми каже: Еј, си бил исклучен, знам дека работат како часовник и кога јас не сум таму“- призна Саша Матиќ. фото:принтскрин/инстаграм/sasamatic_official]]>

„Red Hot Chili Peppers“ се враќаат на музичката сцена со нов албум и турнеја https://arhiva.vistina.com.mk/red-hot-chili-peppers-se-vrakjaat-na-muzichkata-scena-so-nov-album-i-turneja/ Sat, 05 Feb 2022 10:51:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237821

Red Hot Chili Peppers годинава се враќа на музичката сцена со нова музика. Имено, нивниот нов албум „Unlimited Love“ ќе биде објавен на 1 април и на него ќе се најдат 17 нови песни. Тоа што е интересно за овој албум е дека на него ќе свири и Џон Фрушанте, гитаристот којшто ја напушти групата во 2009 година за да се фокусира на соло проекти.
„Нашата единствена цел е да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови заедно, но и индивидуално, усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме“ - велат од групата.
Тие наскоро тргнуваат на светска турнеја каде ќе го претстават новиот музички материјал. Европскиот дел од турнејата започнува на 4 јуни во Севиља, Шпанија. Денес тие ја објавија песната „Black Summer“, која е првиот сингл од нивниот претстоен албум. ]]>

„Рибља чорба“ претстави шест нови песни од претстојниот албум (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/riblja-chorba-pretstavi-shest-novi-pesni-od-prestojniot-album-video/ Wed, 05 Jan 2022 13:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234003

На почетокот на 2022 година, рок групата „Рибља чорба“ во своето студио во Белград, пред екипата на „Спутњик“ претстави дел од песните што треба да се најдат на претстојниот, сè уште неименуван 21-ви студиски албум. Тоа ќе биде првиот што ќе излезе по смртта на басистот Миша Алексиќ. Станува збор за шест песни: „Две гитаре“, „Очи малог пса“, „Дубока држава“, „Кад бих се родио опет“, „Парада“ и „Заиста не волим што старим“. Според фронтменот Бора Ѓорѓевиќ, албумот требало да се вика „Dance Macabre“ („Танц на смртта“) или „Смрт во 10 лекции“. „Се откажав од спомнувањето на смртта, иако албумот е тежок и црн како времето во кое живееме. Би можело да се нарече „Две гитаре“, по песната за која музиката ја направи Миша.Во текстот ги споменувам Синиот воз, Советот и Љубљана, асоцијации со болеста и смртта на Јосип Броз Тито. Во еден стих пеам: „Испрати го моје тело испратите у чачак, у србији, у Љубљани оставите срце, да буде ту“. Напишав црн текст, му го испратив на Миша на кој му се допадна и тој ја напиша музиката. – вели бора. Песната „Две гитаре“ беше премиерно изведена во живо на концертот „Рибља чорба“ на стадионот „Ташмајдан“, на 16-ти август 2021 година, посветен на ко-основачот на бендот Алексиќ, одржан на денот на неговото раѓање. На „Таш“ беше пуштена и песната „Очи малог пса“, но за албумот се планира поинтимна верзија, со пијано, акустична гитара и жици. Музиката за „Дубока држава“ ја компонираше тапанарот на „Чорба“, Вицко Милатовиќ, а Бора меѓу другото го споменува и банкарот Рокфелер, кој почина на сто и неколку години, а претходно имаше девет трансплантации на срце. „Кад бих се родио опет“ е песна со средно темпо, на музика на клавијатуристот Никола Зориќ, во која Бора, во тажен осврт на својот минат живот, признава дека „пак би газел, но би внимавал да не повреди некого“. За трогателната љубовна песна „Заиста не волим што старим“, Ѓорѓевиќ изјави дека сите плачат кога ќе ја слушнат. Бора најави и дека новиот албум  ќе биде придружуван од уште еден наречен „И тако даље“, на кој ќе се најдат некои песни на кои нема место и концептуално не одговараат на моментално неименуваното главно издание. Една од песните што веројатно ќе се најде на албумот е антивоената „Парада“. Извор: Спутник.ср/24 музика]]>

Џони Штулиќ од „Азра“ објави нов двоен албум – „Сплет“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzoni-shtulikj-od-azra-objavi-nov-dvoen-album-splet-audio/ Mon, 03 Jan 2022 12:38:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233615

Легендарниот фронтмен на некогашната група  култна југословенска  група од новиот бран, „Азра“, Бранимир Џони Штулиќ, објави двоен албум на својот Јутјуб канал и ги изненади обожавателите ширум регионот за новогодишните празници. Албумот „Сплет“ има 28 песни а ги содржи неговите нови и стари песни од „Азра“: „Глобус“, „Bide my time“, „Излазак из коме“, „Позив за плес“, „Запршка“, „Сунчана страна улице“ и многу други. Реакција на фановите не изостана, сите се воодушевени од овој подарок за Нова Gодина, зашто Џони по повлекувањето и заминувањето да живее во Холандија, повеќе од 30 години не се занимава со музика. ]]>