нотр дам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Apr 2019 09:02:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нотр дам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Памела Андерсон ја напуштила хуманитарната вечер поради Нотр Дам: „Многу сум лута и разочарана“ https://arhiva.vistina.com.mk/pamela-anderson-ja-napushtila-humanitarnata-vecher-poradi-notr-dam-mnogu-sum-luta-i-razocharana/ Thu, 25 Apr 2019 09:02:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84926

Памела Андерсон ја напушти гала вечерта на фудбалскиот клуб на Олимпик, за кој игра нејзиниот избраник. Имено, во текот на вечерта на која се собирале пари за помош на деца во Марсеј, изненадно се издвоени 100 000 евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз, а оваа одлука многу ја разлути актерката. Својот револт го покажала така што ја напуштила вечерата, а потоа се огласи и на Твитер.
„Синоќа бевме на годишна вечера на глубот ОМ за да помогнеме при собирање на пари за сиромапните деца во Марсеј.За таа цел соберени се огромна сума на пари, а потоа беше предложено „преубаво“ изненадување – дел од парите да одат за Нотр Дам“ напиша Андерсон и додава: „Сигурно на децата од Марсеј ќе им требаат многу повеќе пари од тие 100 000 евра него на таа катедрала за која се соберени повеќе од милијарди евра преку донации на неколку милионери“.  ]]>

Селма Хаек јавно го пофали сопругот кој донираше 100 милиони евра за Нотр Дам https://arhiva.vistina.com.mk/selma-haek-javno-go-pofali-soprugot-koj-donirashe-100-milioni-evra-za-notr-dam/ Fri, 19 Apr 2019 10:43:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84016

Францускиот бизнисмен Франсуа Анри Пино пред неколку дена одлучи заедно со својот татко да донираат 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам која беше уништена во пожар на 15 април. „Мојот татко и јас одлучивме да издвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата“ изјави Пино.

Неговата сопруга Селма Хаек јавно го пофали својот сопруг.

„Денес сум многу горда што сум дел од семејството Пино. Не само поради тоа што ќе донираат во реконструкцијата на Нотр Дам туку и поради тоа што нивниот придонес нема да биде даночно олеснување од владата. Мојот сопруг и свекор се добри француски државјани кои искрено го сфаќаат значењето на ова духовно, културно и историско богатство во Париз“ напиша Салма на „Инстаграм“.]]>

Чудо во Нотр Дам: Кога пожарникарите конечно влегле во катедралата, забележале нешто неверојатно https://arhiva.vistina.com.mk/chudo-vo-notr-dam-koga-pozarnikarite-konechno-vlegle-vo-katedralata-zabelezale-neshto-neverojatno/ Wed, 17 Apr 2019 12:15:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83598

Огнената стихија која во понеделникот ги шокираше Парижани, немилосрдно гореше неколку часа, уништувајќи ја 8 векови старата катедрала Нотр Дам, симболот на Париз и Франција. Пожарот беше толку силен што пожарникарите успеаа да влезат во катедралата дури утрината, а таму ги пречека неверојатна глетка која стана топ вест и можеби најдобрата вест која што пристигна после катастрофата. Насекаде запалени остатоци од засекогаш уништените уметнички дела, делови од срушениот покрив и кула, пепел и во средината - недопрениот централен крст. Тоа била сцената која ги пречекала пожарникарите кои девет часа се бореа со огнот и успеаа да ја спасат Нотр Дам од целосно рушење.
Покрај тоа што е сочуван главниот централен крст кој пожарот не успеа да го уништи, за некое чудо, само неколку дена пред избивањето на катастрофалниот пожар во Нотр Дам, односно минатиот четврток, неколку религиски статуи биле симнати од врвовите на градбата за прв пат после 100 години, како дел од реконструкцијата. Кранот висок 100 метри во четвртокот бил користен да се спуштат 16-те бакарни статуи кои ги претставуваат 12-те апостоли и 4 евангелисти. Статуите, секоја висока по околу три метри, биле испратени на југот на Франција каде ќе се реставрираат. https://youtu.be/N8xREEiSQT0 извор: точка.мк]]>

Кратка историја на Нотр Дам, најпознатата катедрала во светот https://arhiva.vistina.com.mk/kratka-istorija-na-notr-dam-najpoznatata-katedrala-vo-svetot/ Tue, 16 Apr 2019 13:15:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83283

Малку градби се популарни како катедралата Нотр Дам – најпознатата париска црква и еден од главните споменици на раната готика, посветен на Дева Марија. Катедралата на островот Сите во реката Сена, секојдневно е посетувана од голем број туристи, но најинтересните тајни и легенди ги чува внатре. Според легендата, изградбата на катедралата започнала во 12-тиот век, за време на бискупот Морис де Сили. Наводно, овој париски бискуп имал визија за најубавата катедрала, која ја нацртал и во калта на местото каде што се наоѓа Нотр Дам. Во средината на 13-тиот век се изградени кулите на катедрала, високи 69 метри, а катедралата е завршена во 14-тиот век како првото ремек-дело на готската уметност.
Познатото дело на Виктор Иго, „Ѕвонарот на Богородичната црква“ ѝ помогнало на катедралата да го добие епитетот најпозната во светот. Нотр Дам отсекогаш била центар во кој се раѓале легенди, а служела и како локација за снимање многу филмови. За време на Француската револуција, многу од богатствата на катедралата биле украдени, а дел од скулптурите уништени. Во 1871-ва година, катедралата речиси изгорела.
Еден од најинтересните елементи на градбата се познатите „гарголи“, чија функција била отстранување на дождовната вода од кровот. Низ историјата имало многу шпекулации за тоа кое е висинското значење на гароглите и зошто се направени токму на тој начин. Според една легенда, кога била запалена Јованка Орлеанка, гароглите летале низ Париз и сееле страв, со цел да се осветат за нејзината смрт. Наводно, тие били причината што улиците биле полни со лешеви. Во текот на 19-тиот век катедралата подлегнала на целосна реставрација, најмногу поради делото „Ѕвонарот на Богородичната црква“, но и поради новиот интерес на парижаните за готската архитектура. Во црквата им вкупно 10 ѕвона, од кои најголемото тежи околу 13 тони. Се наоѓа во јужната кула на катедралата, додека помалите се сместени во северната. Местото на коешто е изградена катедралата е место за обожување уште од времето на Рим, кога во име на врховниот римски бог бил изграден Јупитеровиот храм.
Катедралата е позната и по фасцинантната фасада на која се наоѓа розета, или розетен прозорец, елемент за декорација во облик на цвет. Низ историјата, Нотр Дам се соочила со многу непогоди, од кои најлошите биле за време на Француската револуција. Во 19-тиот век започнала последното обновување и реставрирање на катедралата, и тоа благодарение на Виктор Иго кој, со веќе споменатото дело, сакал да ја подигне свеста за ова културно наследство.  
Околу катедралата се случувале и настани кои во Франција го промениле текот на историјата, како на пример крунисувањето на Наполеон Бонапарта во 1804-та година, како и беатификацијата на Јованка Орлеанка во 1909-та. Нотр Дам е една од ретките катедрали на остров, а нејзината местоположба го дава и најромантичниот поглед кон Париз.

Ѓаволска врата

Според легендата, во 13-тиот век, младиот и амбициозен ковач на железо Бискорнет добил задача да дизајнира и изработи железни декорации за вратата. Задачата воопшто не била лесна и биле потребни месеци макотрпна работа за да ја заврши. Декорацијата била последниот детаљ на завршената катедрала. Парижаните веднаш биле освоени од елегантна убавина на делото, а такви комплексни детали дотогаш биле невидени. Но, сè изгледало премногу совршено. Тогаш вербата била составен дел од животот и никој не можел да верува дека младиот занаетчија направил нешто такво. Па, почнале озборувањата. Низ Париз се раширила приказна дека Бискорнет склучил договор до Ѓаволот, а неговата ненадејна смрт само ја зголемила вербата во гласините. Имено, сите биле сигурни дека Ѓаволот конечно дошол по своето.
Покрај тоа, кога вратата ѝ била претставена на јавноста, наводно самата се отворила кога свештеникот ја испрскал со света вода. Експертите и денес се чудат на способноста на Бискорнет да направи нешто такво, со алатите кои му биле достапни тој период.

Извор на младоста

Наводно, на фасадата се сокриени тајни пораки кои доколку ги дешифрирате, можат да ве однесат до Каменот на мудроста. Каменот на мудроста е алхемиска супстанца која според верувањата, има способност да го претвори обичниот метал во злато. Истовремено, може да служи и како еликсир на младоста кој лекува, подмладува, а понекогаш дава и бесмртност. Кружниот медалјон на главниот влез, наводно го чува тајниот рецепт за Каменот на мудроста.

Неколку интересни факти

  • Темелот на црквата Нотр Дам е положев во 1163-та година, за време на владеењето на Луј VII. Во овој период се зголемувал бројот на жители во Париз, а градот зајакнувал како политички и економски центар на француското кралство.
  • Градбата продолжила во поголемиот дел од следниот век, а големите реконструкции и додавања се одвивале во 17-ти и 18-ти век. Камените изработки на фасадата и витражите прикажуваат слики и пораки од Библијата.
  • Со градбата доминираат две големи ѕвона од 13-тиот век, а најголемо е ѕвоното наречено Емануел. Во 2013-та година, катедралата добила нови 9 ѕвона чија вкупна тежина е 23 тона. Само Емануел останало како оригинално ѕвоно од 17-тиот век. Новите ѕвона заменија 4 стари кои повеќе не беа тонски усогласени, а се поднесени да звучат слично како Емануел, кое се смета за едно од најубавите ѕвона во светот.
  • До врвот на камбанаријата има 38 скалила кои минуваат низ галерија со химери, грчки митски суштества составени од неколку животни, од кои најпознати се гарголите.
  • Највлијателната личност од францускиот романтизам, Виктор Иго, го сместил неговото ремек-дело „Ѕвонарот на Богородичната црква“ во Нотр Дам. Приказната се случува во Париз, 1485-та година и раскажува за Квазимодо, кој поради неговиот ужасен изглед, нашол засолниште во црквата. Според книгата се направени неколку играни и анимирани филмови, а веднаш по објавувањето во 1831-ва година, романот доживеал голем успех.
  • Во 2012-та година, Нотр Дам прослави 850 години, а нејзината богата историја беше обележана со концерти и изложби во црквата. Програмата за прославата на „роденденот“ на црквата траеше цела година.
извор:кафепуза.мк]]>

Сопругот на Салма Хаек издвоил огромна сума за обнова на Нотр Дам https://arhiva.vistina.com.mk/soprugot-na-salma-haek-izdvoil-ogromna-suma-za-obnova-na-notr-dam/ Tue, 16 Apr 2019 08:30:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83194

Сопругот на Салма Хаек, Франсуа – Анри Пино понудил огромна сума за обнова на катедралата Нотр Дам. Како што пренесуваат медиумите милијардерот понудил 90 милиони фунти за обнова на оваа француска катедрала. Овој бизнисмен кој е сосопственик на „Гучи“ ветил дека ќе даде 100 милиони евра за обнова на Норт Дам која вчера беше уништена во пожар.
Пино се огласи откако францускиот претседател покрена акција за собирање на средства за заедничко обновување на катедралата. „Мојот татко и јас одлучивме да издвоиме 100 илјади евра и да учествуваме во реконстуркцијата“ изјави Пино. Француските медиуми пренесуваат дека семејството Пино одлучило да донира за да се обнови изгорената катедрала.    ]]>