носии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Jul 2019 11:05:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png носии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ревија на македонски народни носии во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/revija-na-makedonski-narodni-nosii-vo-bitola/ Wed, 31 Jul 2019 11:05:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100029

Во рамки на фестивалот „Илиденски денови” синоќа во Битола, Ансамблот „Македонија” од Скопје приреди ретка ревија на македонски народни носии од повеќе етнографски целини. На плоштадот „Магнолија”, пред публика од државата и странство беа претставени 20 комплети народни носии од Горновардарска, Дебарско-Реканска, Брсјачка, Јужномакедонска и Шопско-Брегалничка етнографска целина. -Сите носии се од крајот на 19. и почетокот на 20. век. Тоа се најубавите носии од сите македонски етнографски целини од кои се согледува социјалниот статус за девојки, невести, млади жени, ергени и младоженци, истакна проф. д-р Владимир Јаневски, под чие раководство работи Ансамблот „Македонија” од Скопје. Ревијата на македонски народни носии беше придружувана со музичко сценски перформанс. извор: Миа]]>

Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“ со ревијален приказ на македонски народни носии „Фолклорни допири“ https://arhiva.vistina.com.mk/ansamblot-na-narodni-igri-i-pesni-orce-nikolov-so-revijalen-prikaz-na-makedonski-narodni-nosii-folklorni-dopiri/ Thu, 27 Jun 2019 12:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95769

Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“ од Скопје 74 години е врвен репрезент на македонското народно творештво. Со играта, песната, изворноста и светлината на македонскиот фолклор, се претстави на повеќе од 6.700 концерти одржани пред милионски аудиториуми во земјата и странство, и секаде предизвикувајќи воодушевување кај присутната публика, за што сведочат повеќе од 400-тини добиени награди и признанија. Убавината на македонските игри, песни, обичаи, инструменти..., надополнети со оригиналните народни носии го претставуваат најубавиот дел од приказната за Македонија, македонците и нивната култура.
Ансамблот „Орце Николов“ во својот фундус има повеќе од 680 народни носии. За да ја приближи вистинската вредност и убавина на народната носија до современата публика, неопходно е да се користат современи форми за нивна презентација. За публиката во земјата и странство реализирани се голем број на ревии, работилници во кои, покрај другото, македонската носија беше прикажана од естетски, етнолошки и географски аспект. Ако фолклорот е синтеза на културата на еден народ низ вековите, тогаш неговата современа презентација претставува момент на соочување со самите себе и со целиот свет. “Фолклорниот допир“ нашите сограѓани и во оваа пригода, на јубилејното, 40-то издание на “Скопско лето“, уште еднаш ќе имаат можност да го почуствуваат преку ревијалниот приказ на раскошот на македонските народните носии на Ансамблот “Орце Николов“.]]>