носат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 02 Oct 2021 09:40:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png носат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Знаете ли зошто мачките го носат својот уловен плен кај сопствениците? https://arhiva.vistina.com.mk/znaete-li-zoshto-machkite-go-nosat-svojot-uloven-plen-kaj-sopstvenicite/ Sat, 02 Oct 2021 09:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221557

Доколку редовно ја пуштате вашата мачка надвор од домот, многу е веројатно дека таа веќе неколкупати го донела својот улов кога се враќа дома. Списанието „Натјурал комјуникејшнс“ (Natural Communications) открива зошто мачките го прават тоа. Во куќата, мачките најчесто само спијат или си играат, но кога ќе се најдат в природа, тие целосно му се препуштаат на својот ловечки инстинкт. Мачките се многу способни, паметни и вешти грабливци. Имаат многу развиен ноќен вид и неверојатно брзи и умешни движења… Ловот е вештина што ја учат од нивната мајка, која им носи мртви животни, а подоцна и полуживи за мачињата „да ја довршат работата“. Кога мачињата ќе пораснат, мајката ги зема со себе на лов. На овој начин мајката ги учи малечките да преживеат во дивината. Набљудувајќи го ова, познавачите заклучиле дека мачките им го носат уловот на сопствениците за тие да се нахранат или да им се заблагодарат за грижата. Тој „подарок“ обично се мртви птици, глувци и други помали животни.]]>

Дури 85 отсто од жените не носат соодветен градник https://arhiva.vistina.com.mk/duri-85-otsto-od-zenite-ne-nosat-soodveten-gradnik/ Tue, 11 Feb 2020 14:15:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133715

Дали дамите знаат да изберат соодветен градник за своите гради? Американските и британските експерти одговараат негативно.
Дури 85 отсто од жените носат несоодветен градник, а 65 отсто изразиле желба да бидат поудобни. Повеќето носат погрешна големина на корпите, поради што градникот се поткрева над градите или стои високо на грбот - покажуваат британските експерти.
А, поради лошиот избор на градник, може да настанат проблеми со грбот, слични на оние кои ги предизвикуваат неудобните чевли. Ова најдобро го знаат дамите со големи гради, кои поради неадекватниот градник се згрбавуваат и патат од болки и замор во пределот на вратот и грбот, истакнуваат британските експерти. Модерните градници ги притискаат и ги подигнуваат градите, а тоа изгледа оптоварувачки. Според нив, најдобри се оние со прерамки кои се вкрстуваат на грбот, а на тој начин го олеснуваат носењето на “убавиот терет“.
Инаку, експертите сметаат дека е подобро да не носите градник ако големината не ви одговара, а доколку тоа е неопходно, тогаш не го носете подолго од 12 часа во текот на денот, што значи дека се препорачува вадење на градникот за време на ноќта, односно додека спиете.
]]>