норвешка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Jan 2024 13:37:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png норвешка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Овие три земји се најбезбедните дестинации за патување во 2024 година: Изобилуваат со историја, одлична кујна и гостопримство https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-tri-zemji-se-najbezbednite-destinatsii-za-patuvane-vo-2024-godina-izobiluvaat-so-istorija-odlichna-kujna-i-gostoprimstvo/ Wed, 10 Jan 2024 13:37:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334467

Впуштањето во авантура за соло патување не е само истражување на нови дестинации – тоа е длабоко патување кон личниот раст. Тоа ќе го потврдат сите оние кои имале прилика сами да патуваат. А кога ќе одлучите да патувате сами, ја отворате вратата кон светот на можностите, предизвиците и искуства кои ќе ве обликуваат на начин на кој не сте ни помислувале.
Според достапните податоци на сајтот за организирање на патувања „Bounce“, три земји, воедно и популарни туристички дестинации, се издвојуваат како најбезбедни за самостојно патување. Тоа значи дека имаат низок степен на евидентирани грабежи, напади на улица, кои се осигурани кога станува збор за претставниците на полицијата и комуналната полиција. Исто така, овие три земји, освен што се безбедни, зрачат со поинаков менталитет.
Луѓето се окарактеризирани како љубезни, гостопримливи и секогаш подготвени да помогнат, пишува journal.hr. Ова се трите земји според истражувањето на туристичкиот сајт „Bounce“.  

Норвешка

Норвешка е позната по своите прекрасни природни пејзажи, вклучително фројдови, планини и поларна светлина.
Активностите на отворено како пешачење, скијање и риболов се составен дел од норвешката култура. Традиционалната норвешка кујна често вклучува морски плодови, дивеч и млечни производи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Visit Norway (@visitnorway)

Норвешка е позната по грижата за општеството и заедницата. Таа е земја која постојано котира високо на глобалните индекси на среќа и квалитет на живот. Таа е една од најбогатите земји по глава на жител, главно благодарение на резервите на нафта.

Холандија

Холандија е земја со богата историја, уметност и природна убавина. Нејзините динамични градови, културните знаменитости и посветеноста на прогресивните вредности ја прават волшебна дестинација што ги спојува традиционалното и современото.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @netherlandstravelers

Оваа занесна европска земја е позната по своите живописни пејзажи, препознатливите ветерници и шарените полиња со лалиња. Сместена на западот на Европа, позната е по бројните канали кои минуваат низ градови како Амстердам и Ротердам. Холанѓаните се познати и по својот либерален став. Холандија е пионер во социјалниот либерализам, со политики кои се залагаат за разновидност, еднаквост и еколошка одржливост.

Шпанија

Шпанија, живописната земја во југозападна Европа, хипнотизирачки комбинира богата историја, разновидна култура и прекрасни пејзажи.
Позната по страсниот танц фламенко, светски познатата уметност и живописните фестивали, Шпанија ги поканува посетителите да ги истражат нејзините историски градови, уживајќи во вкусната кујна и топлината на домаќините.
Од препознатливата архитектура на Барселона, до историскиот шарм на Севиља, Шпанија е земја која го слави животот со ентузијазам и стил. Веројатно тоа е одговорот зошто таа е една од најбезбедните земји во Европа. Извор: Точка
]]>

Жарко Пешевски: „Со поддршка од ‘Фалангата’ се надевам на изненадување против Норвешка“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/peshevski-so-poddrshka-od-falangata-se-nadevam-na-iznenaduvane-protiv-norveshka-foto/ Fri, 13 Jan 2023 07:20:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284083

Македонската ракометна репрезентација од вчера е во Краков каде ќе настапи на престојното светско првенство кое се одржува во Полска и Шведска. Селекторот на репрезентацијата Кирил Лазаров  ги одбра 18 играчи кои треба да настапат на ова светско првенство, а еден од нив е и пикерот Жарко Пешевски кој за Курир.мк откри каква е атмосферата во репрезентацијата и за тактиката против вечерашниот противник Норвешка. Еве што вели нашиот пивот Пешевски за тоа каква е атмосферата моментално во репрезентацијата и кои се очекувањата од вечерашниот дуел со Норвешка: „Владее одлична атмосфера во репрезентацијата. Долго, квалитетно и напорно работевме за ова Светско првенство. Ќе дадеме се што е во наши можности да се претставиме во добро издание на сите натпревари. Првиот меч е вечерва против Норвешка, една моќна ракометна сила која е апсолутен фаворит. Не се предаваме влагаме мотивирано паметно со глава бидејќи нема што да загубиме, а можеме многу да добиеме. Со подршка од Фалангата се надевам на успешна ракометна приказна на првиот меч“, изјави Пешевски. Знаејќи ја силата на Норвешка, нашиот репрезентативец открива дали е подготвувана некаква  посебна тактика за овој дуел: „Сите три селекции против кој играме во групата ни се веќе добро познати и анализирани. Тактичко,технички и физички сме спремни. Стручниот штаб си ја заврши работата останува уште тоа да го пренесеме на терен“, истакна Пешевски.]]>

Љубов на Евросонг? Двајца учесници со денови си разменуваат емотивни пораки на социјалните мрежи https://arhiva.vistina.com.mk/ljubov-na-evrosong-dvajca-uchesnici-so-denovi-si-razmenuvaat-emotivni-poraki-na-socijalnite-mrezi/ Thu, 20 May 2021 10:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203472

За многумина Евровизија е одлична прилика да се промовираат и да направат чекор понапред во својата кариера. Но,ги има и оние кои на најважното европско натпреварување ја пронашле љубовта. Имено, претставникот на Норвешка, Андреас Хаукеланд познат како ТИКС и претставничката на Азербејџан, Ефенди Мата Хари со деновие на социјалните мрежи си посветуваат пораки еден на друг. Потенцијалната љубовна приказна ја започна Норвежанецот кој на пејачката и посвети неколку песни кои ги снимаше во Ротердам.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by TIX (Andreas Haukeland) (@tixmusic)

„Евровизиска љубовна песна посветена на Азербејџан. Означете некој кој треба ова да го слушне. Нејзиното име почнува на Е....“, напиша Андреас мислејќи на Ефенди. Таа му одговори со песна која ја отпеа со огромна насмевка на лицето. Романтичниот претставник на Норвешка на неговата колешка и подари букет со ружи со пораката: „Моето срце е твое“, а таа за возврат му подари вино и постер со нејзин потпис. Пред настапот на претставничката на Азербејџан, Норвежанецот и напиша на Ефенди: „Со среќа ангелу“.]]>

По Шведска и Норвешка, ТВ серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува и на националните телевизии во Данска и Финска https://arhiva.vistina.com.mk/po-shvedska-i-norveshka-tv-serijata-zoki-poki-kje-se-emituva-i-na-nacionalnite-televizii-vo-danska-i-finska/ Thu, 25 Mar 2021 13:53:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196054

Телевизиската серија „Зоки Поки“ ќе се емитува на националните телевизии „ДР“ во Данска и „ЈЛЕ“ во Финска, соопшти продуцентката куќа „Кино Око“. Претходно, од „Кино Око“ соопштија дека постигнале договор и серијата ќе биде прикажана на националните телевизии „СВТ“ во Шведска и „НРК“ во Норвешка. „Емитувањето на овие четири национални телевизии значи потенцијал за огромна гледаност на „Зоки Поки“. За македонската кинематографија, пак, ова е успех од историско значење. „Зоки Поки“ е единствената македонска серија и воопшто програма од овие простори што се емитувала на јавните сервиси во овие четири земји“ - велат од „Кино Око“. Од дистрибутерот „Видеоплагер“ од Лондон силно веруваат во светскиот потенцијал на серијата, нејзината моќ да го збогати детскиот свет и да ја развие детската имагинација, особено во време кога нивните активности се значително намалени. „Кога Роберт Насков ни ја покажа оваа убава серија, веднаш знаевме дека треба да ја споделиме со светот. Квалитетот на фотографијата, глумата и приказните ѝ даваат филмски квалитет на серијата, што е реткост во детските програми снимани за телевизија. ʻЗоки Покиʼ ќе продолжи да ги поминува меѓународните граници“ - вели Емануеле Галони, извршен директор на „Видеоплагер“. И покрај големиот интернационален успех на серијата, втората сезона на „Зоки Поки“ е во неизвесност, зашто државата се' уште не пројавува интерес за финансирање..]]>

Запознајте ја норвешката барбика: Синди Старлет – пејачката со гигантски гради! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zapoznajte-ja-norveshkata-barbika-sindi-starlet-pejachkata-so-gigantski-gradi-foto/ Tue, 24 Dec 2019 11:05:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125649

Градите на норвежанката Синди Старлет се прогласени за најголемите во Норвешка. Таа уште е позната како „норвешка барбика“ а годинава одлучила да ги соедини своите две најголеми страсти, пеењето и пластичните операции.     37 годишната Синди досега во пластичните операции за зголемување на градите и усните  вложила околу 21 000 фунти поради што и направила песна кога го добила името „'Boobs Dance'.  
  „Само сакав да пеам за своите големи гради. Го правам тоа за да привлечам внимание. Најмногу сакам да пеам под туш... Особено додека некој ми го трие грбот“ -  изјавила норвешката барбика.  
  „Знаев дека сакам да пеам за розово Ферери и за градите, но не знаев точно што. Им дадов идеја на продуцентите и тие напишаа песна за мене“ - објаснила русокосата Синди.  
  Првата пластична операција за зголемување на градите Синди ја направила кога имала само 15 години.   ]]>

Норвешкиот принц се оженил со келнерка со вонбрачно дете: Сите ја мразеле, а 17 години подоцна… https://arhiva.vistina.com.mk/norveshkiot-princ-se-ozenil-so-kelnerka-so-vonbrachno-dete-site-ja-mrazele-a-17-godini-podocna/ Mon, 16 Apr 2018 08:03:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20964

Кога норвешкиот престолонаследник Хокон Магнус открил дека се забавува со Мете-Марит Тјесен Хоиби, никој не бил среќен...Оваа врска привлекла голем број на контроверзии и малку кој го разбрал неговиот избор. Можел да ги има сите девојки, а избрал обична жена од народот која со себе влечела не толку убави нишки од минатото. И покрај скептицизмот од јавноста и негодувањето на околината, Хокон и Мете-Марит по неколку години врска запловиле во брачните води во 2001. година, а со оглед на тоа дека и денес се добар пример за среќна и стабилна заедница - очигледно направиле добра одлука.
Инаку, јавноста ја осудувала симпатичната Мете бидејќи немала кралско потекло, работела како келнерка, веќе имала дете од вонбрачна заедница со осудуван човек, активно посетувала забави и се движела во друштва на кои Норвешка не гледала благонаклонето. Водела прилично развратен и бунтовен живот и била редовен гостин на забавите во Осло на кои се консумирале сите видови на наркотици. Всушност тоа бил фактот кој за сите бил трн во око - бидејќи самохраните мајки и вонбрачните заедници таму се вообичаена појава, но забавите со дрога насекаде наидувале на остри осуди. Популарноста на кралското семејство нагло паднала, па Мете-Марит неколку дена пред свадбата јавно се извинила за своето скандалозно минато, притоа и плачејќи пред новинарите.
"Мојот бунт од младоста беше многу поизразен отколку кај повеќето други млади луѓе. Поради тоа водев прилично развратнички живот. Ги минувавме границите на тие забави, но тоа искуство скапо го платив. Ми беше потребно многу време да се опоравам од него", рекла таа, па додала дека ја осудува употребата на дрога. "Не можам да го вратам времето за да дојдам во ситуација повторно да одлучувам за тоа, но би сакала да можам. Се надевам дека повеќе нема да морам да зборувам за своето минато и дека медиумите ќе ја почитуваат мојата желба", рекла норвешката принцезата пред цели 17 години.
Од тогаш до денес - работите драстично се промениле. Таа станала примерна сопруга и мајка, а норвешката јавност ја обожува, како и самиот Хокон. Парот "ги купил" Норвежаните со блискоста до обичните луѓе и со тоа што уживаат во сосема просечни работи како скокање со падобранец, одење на плажа, брза храна, рок концерти... Неодамна на социјалните мрежи се појавиле и фотографии од нивниот одмор во Мексико, на кои јасно се гледа дека брачниот пар и денес е заљубен и многу близок. извор:точка.мк]]>

Пуштени во продажба билетите за фудбалските натпреварите на Македонија со Норвешка и Австрија https://arhiva.vistina.com.mk/pushteni-vo-prodazba-biletite-za-fudbalskite-natprevarite-na-makedonija-so-norveshka-i-avstrija/ Mon, 06 Nov 2017 13:13:19 +0000 http://vistina.mk/?p=2744

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба влезниците за натпреварот на А репрезентацијата со Норвешка и за квалификациската пресметка на младинците против Австрија.
На истото место на 14 ноември од 13 часот, ќе играат селекциите на Македонија и на Австрија составени од фудбалери до 21 година. Цената на билетите за овој меч во рамките на квалификациите за ЕП изнесува 100 денари.
Влезница може да се набави преку продажната мрежа на mktickets.