нордлинген – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 15 Feb 2020 11:21:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нордлинген – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова гратче во Германија лежи на 72 тони дијаманти, а сепак никој нема намера да го урне https://arhiva.vistina.com.mk/ova-gratche-vo-germanija-lezi-na-72-toni-dijamanti-a-sepak-nikoj-nema-namera-da-go-urne/ Sat, 15 Feb 2020 11:15:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134351

Жителите од гратчето Нордлинген во Германија знаат дека живеат на дијаманти, но немаат намера да го уништат ова преубаво гратче за да се збогатат.
Нордлинген се наоѓа во германската сојузна држава Бавариа, а настанало на дијаманти кои потекнуваат од пред 15 милиони години кога Земјата била погодена од астероид. Се проценува дека околу 72 тони дијаманти се наоѓаат на подрачјето на Нординген, пренесуваат медиумите.
  Кога пристигнале првите жители таму, не знаеле дека нивните куќи ги градат на драгоцено тло. Научниците долги години верувале дека потеклото на кратерот во кој се наоѓа и овој град на дијаманти, е вулкансо, сè додека во 60-те години на минатиот век не дознале дека станува збор за астероид.
Суевитот го користеле како материјал за градежништво, не знаејќи дека се состои од ситни дијаманти. Па поради тоа, црквата на Св. Јуриј и средовековните ѕидини на градот се многу повредни отколку што изгледа на прв поглед. Иако количината на дијаманти е огромна, жителите за нив не би можеле да добијат добра цена поради тоа што се помали од 0.2 милиметри па засега не планираат да го разрушат гратчето за да стигнат до богатството.
Германскиот град профитира на други начини - туристите од целиот свет го посетуваат за да ја разгледуваат архитектурата и да ги посетуваат музеите односно музејот Рие Кратер во кој се наоѓаат “домашни“ примероци на дијаманти, но и светски.]]>