ноктурнал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Feb 2023 08:44:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ноктурнал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Модна ревија по светски терк во Скопје, а во прв ред доминираше познатата српска пејачка во која беа вперени сите очи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/modna-revija-po-svetski-terk-vo-skopje-a-vo-prv-red-dominirashe-poznatata-srpska-pejachka-vo-koja-bea-vpereni-site-ochi-foto/ Mon, 27 Feb 2023 08:35:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290613

Изминатиот викенд во Скопје се одржа модна ревија насловена „Nocturnal“ со потписот на младиот македонски дизајнер Мите Занов. Целната група на оние кои купуваат дизајнерка облека со македонски потпис е мала, и тоа е добро познато, но затоа кога треба да се биде во публика, тогаш одзивот на посетеноста е сосема спротивен од подготвеноста да се купи некое парче. Па така, на ревијата за пролет 2023 година секое столче беше зафатено, публиката стокмена од глава до петици, расположена за да се види понуденото, но и да се биде виден во центарот на случувањата, да се има фотка плус за на социјалните мрежи и секако да се испочитува дизајнерот. Меѓу присутните беа дел и од познатите Македонки кои соработувале со Занов или пак допрва ќе направат спој. Во публиката да ги погледнат најновите креации беа пејачките, Лара Иванова, Теа Трајковска, водителката и пејачка Јана Бурче, а не изостана ниту Елена- „Живот со стил“. Сепак, во фокусот беше една дама, сексапилна, мистична, доминантна... Првиот ред беше резервиран за младата позната српска пејачка Сара Џо која облечена во дизајн од новата колекција на Занов ги собра сите погледи. Црниот деколтиран коктел фустан ја истакна нејзината совршена линија, а впечатливата шапка допринесе таа да биде доминантна меѓу присутните, но и мистична. Таа беше почесниот гостин на ревјата, а моментот беше и прилика македонската публика да ја види непосредно и фановите да се фотографираат со неа. Кога станува збор за колекцијата „Nocturnal“, Занов акцентот го ставил на минимализмот и монохрмонатиката, но се издвојуваа и впечатливите детали како масивните шапки кои дадоа доза на доминација и женственост. Панталони, фустани, мантилили и корсети по кои е препознатлив дизајнерот, беа вклучени од целосната модна композиција која несомнено ги освои дамите кои сакаат да бидат впечатливи и уникатни. Во продолжение погледнете дел од колекцијата и атмосферата на овој моден настан кој донесе викенд свежина од градските случувања. фото:Инстаграм принтскрин/Занов]]>