нокти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2023 10:50:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нокти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нејзиниот татко има милиони, а таа своите услуги ги наплатува 20 евра: Еве со што се занимава ќерката на Бреговиќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nejziniot-tatko-ima-milioni-a-taa-svoite-uslugi-gi-naplatuva-20-evra-eve-so-shto-se-zanimava-kerkata-na-bregovik-foto/ Thu, 16 Nov 2023 10:50:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327245

Горан Бреговиќ со децении е во среќен брак со Џенана, некогаш една од најубавите сарајки. Имаат три ќерки - Ема, Лулу и Уна, со кои можат да се гордеат бидејќи сите се успешни во своите професии. Интересно е што сите три се различни религии, кои самите ги избрале. Од родителите го наследиле сето најдобро - добар изглед од мајка, талент од татко. Најстарата, Ема, магистрирала ликовни уметности во Нант, а нејзините дела можевме да ги видиме на изложби во Белград. Средната ќерка Уна (21) избра актерство, додека најмладата Лула, која во мај наполни 19 години, е заинтересирана за модата и дизајнот. Но, ако и се верува на последната објава на Инстаграм, таа изработува нокти. Поточно со цртање на ноктите уметнички. Како што наведува во објавата, таа работи во својот дом (во Париз), а не во салон, па ги „предупреди“ клиентите кои се алергични на мачки да го имаат на ум тоа. Како што гледаме на фотографиите, нејзините нокти се прилично долги и имаат интересни мотиви, па очигледно е вешт мајстор. Ценовникот не е тајна: дизајнирањето на природни нокти чини 20 евра, за гел комплет треба да одвоите од 30 до 40, во зависност од големината, додека целосниот слободен стил чини 45 евра. Лула има и интересен моден стил, а очигледно е љубител на тетоважи. Фотографијата приложена на нејзиниот Инстаграм е секси и провокативна, па оттука ќерката на Брега дополнително станува се поинтересна за јавноста, особено за посилниот пол, ако оваа фотка воопшто е лично нејзина. фото:Инстаграм принтскрин/-chris-jackson-getty-images]]>

Водителката стекна „течна навика и цицачка одвика“: Снеже Велков веќе не е „со прстот в уста“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-stekna-techna-navika-i-tsitsachka-odvika-snezhe-velkov-veke-ne-e-so-prsto-v-usta-video/ Fri, 23 Jun 2023 08:53:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307412

Снеже Велков, најпознатата пилатес инструкторка и во моментов ТВ водителка на емисијата „Нешто конкретно“ покрај сето останато по што ја знаеме има свое мото: „Блескај“! И навистина освен во еснафското умеење во знаетот, синооката убавица знае да блесне во многу други нешта. Од рецепти за здрав живот, корисни совети, до здрави навики... А навики како навики, ги стекнуваме низ животот веројатно несвесно, а потоа кога на нешто ќе се „навлечеме“, тешко од истото се одвикнуваме, колку свесно тоа и да го сакаме и поскуваме. Се разбира ова важи само за оние таканаречени „штетни навики“, додека оние останатите од редот: „Она што е убаво и на Бога му е драго“, некако по дифолт си ги „возиме и понатаму“, како дел од нашето секојдневие. Нo, кога сме веќе кај штетните или поточно т.н. „лоши навики“, Снеже Велков денот го отвори со две убави вести... И тоа врзани токму за навиките, па објави две големи победи... Во нејзиниот живот, секако, кои можат да бидат и добри примери за сите останати кои се соочуваат со слични проблеми. Имено, русокосата покажа и докажа дека „секоја навика има и одвика“, па така водителката на свое задоволство се пофали дека стекнала „една течна навика и една цицачка одвика“... Или ако саката поточно, таа сега е многу повеќе „Ха-два-О женска“, а патем... Снеже Велков веќе не е „со прстот в уста“! Или во превод: Водителката научила како да пие повеќе од два литри вода во денот, а во исто време и престанала да грицка нокти! Објаснувањето за навиката на “хидрирање на телото одвнатре во поголеми колични“,  погледнете го во видеото подолу... А она за одвиката цицање прсти и грицкање нокти - за крај... Патем, ако имата слични навики, пробајте и вие, можеби и Вам ќе ви успее! Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze]]>

Без оштетувања: Најдобар начин за отстранување на гел-лакот дома https://arhiva.vistina.com.mk/bez-oshtetuvana-najdobar-nachin-za-otstranuvane-na-gel-lakot-doma/ Thu, 27 Apr 2023 13:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299757

Следете ги овие чекори и по само неколку минути, гелот ќе се отстрани, а ноктите и понатаму ќе бидат здрави. Иако лупењето на тврдоглавиот гел звучи како добра опција за почеток, ова може да ги оштети вашите нокти. Кога го отстранувате гелот на овој начин, заедно со гелот го отстранувате и површинскиот слој на ноктите, што ги прави кршливи и слаби. Ова дополнително доведува до појава на бели дамки и нерамномерност во текстурата на ноктите. Земете турпија за успешно отстранување на првиот заштитен слој што е над гелот. Откако ќе го отстраните, подготвени сте за понатамошно отстранување. За да го омекнете гелот, користете ацетон – можете да користите и отстранувач на лак со ацетон, но процесот ќе трае подолго. Натопете памучна вата или памучни тупфери и ставете ги на секој нокт, а потоа завиткајте ги во алуминиумска фолија (заедно со ноктот). На овој начин, ноктот ќе впие доволно ацетон, а по 15 минути гелот треба целосно да омекне. Ако ви се брза, обидете се да најдете во аптека средство за отстранување на гел (или траен лак), кој содржи и ацетон и балсам за нокти, кои ќе го отстранат гелот и истовремено ќе ги нахранат ноктите. Откако ќе ја извадите фолијата од ноктите, земете го дрвеното стапче што се користи за кутикулите на ноктите и нежно излупете го гелот. Ако имате проблеми и гелот не се отстранува, држете го памукот уште најмалку 5 минути и обидете се повторно. Вашите нокти и кутикулите ќе изгледаат суво по отстранувањето на гелот – измијте ги рацете по овој процес и нанесете хидратантно масло на ноктите и кутикулите. На овој начин ќе ги рехидрирате ноктите по употребата на ацетон и ќе ги зацврстите. Отстранувањето на гел маникирот може да биде грубо за вашите нокти, но ако го направите правилно, тие ќе останат здрави и силни, како и подготвени за следниот маникир. фото:Shutterstock извор:попара.мк]]>

Ова е новиот тренд, поп арт маникир за уникатни нокти https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-noviot-trend-pop-art-manikir-za-unikatni-nokti/ Thu, 16 Feb 2023 12:44:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289269

Разни форми, бои, идеи, украси. Навистина има многу начини како сможе да ги направите вашите нокти. Актуелен хит маникир е поп арт, а жените полудеа по овој нов тренд за украсување на своите нокти. Поп-арт маникирот црпи инспирација од стриповите. Овој иновативен и креативен маникир изгледа како цртеж на ноктите, а се карактеризира со 3Д ефект создаден со помош на црно-бели линии. На овој начин се создава димензијата која сме навикнати да ја гледаме во старите цртани и стрипови. Одлично е затоа што можете да ја пуштите вашата имагинација и да создадете уникатен маникир каков што досега не сте виделе. Поп-арт маникирот е толку забавен и креативен. За момент нè враќа во 1950-тите и 1960-тите, кога во САД и Велика Британија се развиваше поп-артот, уметнички стил кој беше наменет за обичниот човек и кој предизвикуваше висока уметност. извор:курир.мк фото:Инстаграм принтскрин]]>

Совети како да ги негувате ноктите ако ви се слаби и се кршат https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-kako-da-gi-neguvate-noktite-ako-vi-se-slabi-i-se-krshat/ Mon, 31 Oct 2022 13:03:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273589

Убавите и негувани нокти се важен дел од сечиј изглед, особено кај дамите. Но, има многу причини зошто некои жени и мажи имаат слаби и кршливи нокти… Меѓу главните се изложеноста на вода, прекумерна употреба на лакови и отстранувачи на лак, или пак, здравствени проблеми. За зајакнување на ноктите, се користат многубројни домашни лекови. Еден од најлесните начини е нанесување обичен вазелин секоја вечер пред спиење. Како што пишува бугарскиот портал „24 часа“, тоа ги хидрира ноктите и ги прави поцврсти. За тоа, пак, помага и сок од портокал. Постапката е следна – се цеди портокал и прстите се потопуваат во сокот и се држат така најмалку 10 минути. Тоа се повторува секој ден. Овој начин на негување на ноктите обезбедува антиоксиданси коишто ќе ја подобрат и цврстината и изгледт, како и побрз раст. На крајот, задолжително се мијат рацете – темелно, со млака вода. Потоа може да нанесете природен хидратантен крем, како маслиново масло, ленено семе или кокосово масло. Маслиновото масло е едно од најдобрите средства за негување нокти. А, во комбинација со сок од лимон ќе го поддржи растот и ќе ги отстрани дамките. За домашен лосион, се мешаат три лажици маслиново масло со лажица сок од лимон. Смесата се става во сад и се потопуваат прстите во неа, 10 минути. И кокосовото масло е делотворно. Заситените масти делуваат како навлажнувач и може да спречат инфекции на ноктите. Добро е само да се загрее мала количина и да се нанесе на ноктите. Потоа нежно се масираат пет минути, заради подобар крвоток и хидратација. Потребно е да се нанесува двапати на ден, за побрз ефект. извор:курир.мк]]>

Често ви се кршат и пукаат ноктите? Шест лоши навики кои ги уништуваат, а вие не знаете https://arhiva.vistina.com.mk/chesto-vi-se-krshat-i-pukaat-noktite-shest-loshi-naviki-koi-gi-unishtuvaat-a-vie-ne-znaete/ Fri, 08 Jul 2022 11:56:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257838

Ако вашите нокти често се кршат или пукаат, треба да промените некои од вашите вообичаени навики. За проблемите со ноктите обично се виновни малите детали. Но, нема потреба да очајувате, сето тоа може брзо да се реши. Прво, проверете дали правите некоја од големите грешки: 1. Прекумерна употреба на лак Се советува да се направи пауза помеѓу лакови. Ако постојано ги лакирате и не им давате шанса да „дишат“, правите голема грешка. 2. Грубо отстранување на лакот Друга вообичаена грешка што ја прават луѓето е рачно да го лупат лакот, а со тоа ги оштетуваат. 3. Постојано мокри раце Ако рацете ви се постојано во вода или прстите постојано влажни, голема е веројатноста да имате меки нокти. Ова исто така значи дека тие ќе бидат повеќе склони кон кршење. 4. Претерано ги користите ноктите Ова во основа значи дека правите се и сешто користејќи ги врвовите на вашите нокти, без разлика дали силно удирате по тастатурата или гребете дамки. Преголемиот притисок може да предизвика врвовите на ноктите да се скршат побрзо од било кога. 5. Редовно нанесување на вештачки нокти Ако ова го правите само повремено, нема да има проблем, но ако постојано нанесувате вештачки нокти, тоа ќе предизвика огромна штета на „природното“. 6. „Агресивни“ производи Понекогаш имаме тенденција да нанесуваме производи кои содржат груби хемикалии на нашите нокти. Ако премногу користите такви производи, поголема е веројатноста да ви пукаат ноктите. Како да го подобрите квалитетот на вашите нокти? Чувајте ги ноктите што е можно почисти. Колку подолго ги сушите ноктите, толку подобро. Редовно сечете ги. Погрижете се врвовите на прстите и кутикулите да бидат хидрирани. извор:kurir.mk]]>

Направете природно средство за зајакнување на ноктите https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-prirodno-sredstvo-za-zajaknuvanje-na-noktite/ Wed, 15 Jun 2022 12:10:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254494

Лесно и брзо направете природен еликсир за брз раст и заштита на вашите нокти. Потребни ви се само три состојки. Состојки: 4 лажички маслиново масло 2 лажички лимонов сок 1 лажичка растопено кокосово масло Добро измешајте ги и соединете, а потоа потопете ги ноктите и оставете да стојат околу 5-10 минути. Остатокот можете да го искористите и следниот ден. извор:курир.мк]]>

Не ја фрлајте кората од краставици, направете мелем за косата и ноктите! https://arhiva.vistina.com.mk/ne-ja-frlajte-korata-od-krastavici-napravete-melem-za-kosata-i-noktite/ Thu, 09 Jun 2022 13:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253753

Исушете ја кората на сонце, потоа исечкајте ја. Чајот се прави со ставање лажица сечкана кора во 200 мл вода и варење додека количината на вода не се преполови. За време на топлите денови, пијте по неколку чаши од овој пијалак секој ден, бидејќи ќе ја ублажите главоболката. Истражувањата покажаа дека пиењето чаша сок од краставица секој ден може да ја подобри меморијата, да ги зајакне корените на косата и да спречи лупење на ноктите. Исечете свежа краставица, додадете малку шеќер и исцедете или измешајте во соковник. Пијте го сокот наутро и на тој начин исчистете го желудникот и цревата. Ако сакате, можете да додадете малку мед за да биде повкусно. Свежиот сок од краставица има многу калиум и содржи фосфор, натриум и калциум. Тоа е едно од најдобрите средства за исфрлање на течности од телото, но и за подмачкување на кожата. Го нормализира високиот и нискиот крвен притисок, лечи кожни болести, па дури и ако го измешате со сок од морков, добивате антиревматски агенс.]]>

Одличен трик: Пораснатите нокти средете ги брзо и кога имате траен маникир (видео+Фото) https://arhiva.vistina.com.mk/odlichen-trik-porasnatite-nokti-sredete-gi-brzo-i-koga-imate-traen-manikir-video-foto/ Wed, 30 Mar 2022 11:52:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244861

Доколку практикувате да си правите траен маникир на ноктите, овој трик со сигурност ќе ви користи во одреден момент.
Креативни блогерки на Instagram откриваат како на едноставен начин си ги поправаат пораснатите нокти кога немаат време за маникир или додека чекаат да дојде следниот третман.
Сè што е потребно е лак со светки. Погледнете видеа + фото:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Makartt (@makartt_official)

 ]]>

Снеже Велков секој ден оди да вежба, а сега првпат замина на миникир: Водителката по 20 години стави лак на ноктите – на среќата и немаше крај https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-sekoj-den-odi-da-vezba-a-sega-prvpat-zamina-na-minikir-voditelkata-po-20-godini-stavi-lak-na-noktite-na-srekjata-i-nemashe-kraj/ Fri, 18 Feb 2022 08:41:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239600

Некогашната македонска водителка Снеже Велков иако не е активна на ТВ екраните, е активна на социјалните мрежи. Имено, Снеже на „Инстаграм“ често споделува објави од раните утрински часови покажувајќи како и започнал денот, односно најчесто со физичка активност, како вози велосипед низ Скопје или пак вежба. Водителката некогаш знае да сподели и по некој здрав рецепт подготвен од нејзините вешти раце или пак да сподели некој графит, цитат од Скопје, да каже некој совет, мислење, да разменува мислења со следбениците. Така, неодамна таа ги праша корисниците на „Инстаграм“, решение за грицкање на нокти, а во пораки доби многу понудени решенија и одговори. Сепак, Велков грицкањето на нокти го реши на друг начин односно како што истакна во кусите приказни на „Инстаграм“ имала херпес на уста и така се откажала од навиката да ги грицка ноктите. Потоа, откако и пораснаа Снеже по 20 години замина каде што познатите, па и обичните девојки одат барем еднаш во месецот – односно на миникир. Имено, таа првпат по 20 години стави лак на ноктите, а на среќата и немаше крај... па водителката со крајниот резултат се пофали на социјалните мрежи. Снеже Велков е пример дека кога се сака, се може, и да се применуваат добрите навики како што е вежбањето, и да се одвикнат лошите навики како што е грицкањето на нокти. фото: Инстаграм/velkovsneze]]>