ноќен живот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Dec 2023 10:35:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ноќен живот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ана Стојанова е поборник не само на здрав, туку и на ноќен живот: „Кој вечера вотка, појадува кисела чорба… и тоа доцна напладне“ https://arhiva.vistina.com.mk/ana-stojanova-e-pobornik-ne-samo-na-zdrav-tuku-i-na-noken-zhivot-koj-vechera-votka-pojaduva-kisela-chorba-i-toa-dotsna-na-pladne/ Mon, 18 Dec 2023 10:13:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331418

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова, покажа дека не е поборник само на вежби и витамини, туку  здравиот живот знае да го замени и со ноќен. Е сега, дали е тоа инцидентно и константно знае само таа самата?! Во последниот случај заедно нејзината исто толку згодна и атрактивна разголена женска придружба, очигледно ја почувствувале предновогодишната еуфорија, зачинета со магијата на урбаниот ноќен живот. [video width="720" height="1280" mp4="https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/4941067A7BAF1DF87CD42CCAD10CA2A6_video_dashinit.mp4"][/video] Расположението без понекоја голтка алкохол не би било на посакуваното ниво, арно ама по се изгледа малку се пивнало повеќе од пропишаното, па другот ден фитнес инструкторката заврши на рехабилитација на воздушна бања? Или посетата на оснежената Шапка претходно била веќе планирана, па на Ана добро и дојдоа свежиот планински воздух и прошетката. До душа за да се симнат подзамрзнатите скали беше потребна помош на гелендерот, ама така е тоа кога се' уште те држи „течната вечера“ од ноќниот рај, па нозете не ги слушаат командите до крај! Арно ама, Ана не би била тоа што е да не знае како да ја надмине секоја ситуација, па затоа инструкторката кога веќе не скија или не е во позиција тој ден тоа да го прави, реши да се да се ревитализира со малку поинаква течна храна... До душа појадокот поместен како замена за ручек, ама така е тоа кога претходната ноќ ти била баеги весела... Тогаш чорбата мора да биде покисела. Зашто кој  вечера вотка, појадува кисела чорба! Откако дојде на себе и ја задоволи гладта, фитнес инструкторка штом застана „на сигурни нозе“ веднаш реши своето рефреширање да го надополни со витамини од кисела зимница. Ц и Д, како цвекло и кисела туршија како дополнение за трезен ден и комплетно уживање на Ана во зимските убавини на македонските планини и нивните врвови, во случајов Попова Шапка. Фото и видео: Инстаграм/annstojanova]]>

Мио Ристиќ – првиот македонски манекен: Тој е човекот што ја донесе светската мода во Скопје (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mio-ristikj-prviot-makedonski-maneken-toj-e-chovekot-shto-ja-donese-svetskata-moda-vo-skopje-foto/ Tue, 24 May 2022 06:43:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75337

Малку повозрасните, кои 70-ите години биле млади ергени и девојки паметат многу нешта кои  Скопје повеќе ги нема. Од градското корзо до главните фаци кои се шетаа по тогашна скопска калдрма, од Пивница до Кенан и назад.  Е токму таа генерација веројатно се сеќава и кој ја донесе прв модата во Скопје, а со тоа и во Македонија.
Тој беше првиот манекен кој прошета по модната писта и ги преслика светските модни трендови во македонската престолнина, за со години, па и децении потоа, тој и неговата млада екипа манекенки  да ја диктираат истата.
Миодраг Ристиќ или едноставно познат како Мио. Една од најурбаните скопски фаци, градска легенда кој на скопјани и пошироко прв ќе им покаже како се чекори по модна писта, прв ќе ги преслика Париз, Њујорк, Лондон, Милано, Белград... во Скопје, заедно со Лиле - „Липс“ ќе го имаат првиот бутик во главниот град, ќе биде дел од првите модни фотосесии... Во многу нешта кога е модата и не само модата во прашање Мио бил пионер.
Неговите модни ревии и модни перформанси во рамките на првите скопски пополноќни забави се' уште се прераскажуваат. Најубавите скопски девојки во тоа време, меѓу кои подоцна некои станаа и се' уште се име и презиме во оваа земја, биле дел од женската „модна ергела“ на Мио.
Неговиот бутик „Мио“ во 80-тите години ќе биде епицентарот од каде во Скопје, а со тоа и во Македонија ќе излегуваат најмодерните модни парчиња, кои најпознатите скопски јавни, но и урбани фаци ќе ги носат на себе како перјаници на актуелната мода во тоа време.
Но, не само модата се врзува за урбаната скопска легенда Мио. Години потоа тој и неговите локали ќе бидат заштитен знак на скопскиот ноќен живот. Особено легендарната „Академија“, еден од првите скопски ноќни клубови кој ќе работи „од самрак до мугри“.
А таму, од скопскиот и не само скопскиот „крем“, јавните лица, музичките ѕвезди, најубавите девојки, најдобрите забави, првите македонски бизнисмени, безбедносни структури, лица од  балканското подземје... сите на купче. Сите на едно место, а местото култно со години!
Како и тој - Мио Ристиќ, скопскиот „крал на модата“, трансформиран во „крал на тогашниот ноќен живот“ во македонската метропола! Во годините кога наместо македонската провинција, Белград доаѓаше на скопските забави на кои не се слушаше турбофолк и не се пиеше пиво од шише со цевче за сок!
Времето минуваше, но транзицијата никако да мине, а од ден на ден ништо повеќе не беше исто. Наместо пејачките, водителките, манекенките, спортитистите... политичарите станаа главни ѕвезди, што натера  многумина да си го бараат чарето, фаќајќи си го патот надвор од земјата.
Меѓу нив и тој... Денес Миодраг Мио Ристиќ живее во Марбеља во Шпанија.
Информациите, иако неофицијални, говорат дека како и тогаш и денес, иако е опкружен со најубавите жени, „вечниот ерген“ и понатму не е женет.
Впрочем она што цел живот го исполнувало, расположувало, било негов двигател... убавата страна на животот ја живее и денес.
Убавите жени, ноќните забави, модните збиднувања, светскиот џет сет се повторно тука, а со нив и Мио. Само на едно друго, поразлично и повисоко ниво... Светско! Иако за жал, далеку од дома.  ]]>

Силви Плевнеш во ноќен живот заедно со ќерката Деа – ексцентрична и впечатлива на прв поглед (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-plevnesh-vo-nokjen-zivot-zaedno-so-kjerkata-dea-ekscentrichna-i-vpechatliva-na-prv-pogled-foto/ Tue, 19 Apr 2022 10:02:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246865

Од содржните на Вистина.ком.мк, досега сте прочитале многу за децата на познатите, како на оние од регионот и светот, но исто така и за нашите Македонци. Една од нив е и Деа Плевнеш, ќерката на Силви и Влатко или познатите „Силви бенд“. Деа живее во Холандија каде дипломираше џез тапани, работи и како диџеј, свири како перкусионист во „Перија“, а голема љубов и е јогата и медитацијата. Додека траеше карантинот во Македонија поради корана пандемијата, Силви своевремено изјави дека заедно со Деа се посветени на јогата и медитадијата, се разбира со заедничка онлајн дружба на релација Скопје-Амстердам. Но, деновиве мајката и ќерката уживаат со заедничките непосредни моменти. Силви и Деа беа заедно во скопскиот „Филхармонија бар“ каде најчесто се случуваат свирки во живо, па мајката и ќерката решија да поминат заеднички моменти. Фотографијата се најде на Фејсбук страницата на споменатиот бар, а од истата може да се види дека Деа го задржала својот еклектичен стил, особено необичната фризура и пирсовите. Мама Силви пак беше пооедноставна, онаква каква ја познаваме, овојпат во елегантна комбинација и едноставна фризура. Тато Влатко овој пат не беше фатен во кадар, но Силви и Деа сигурно му пренеле впечатоци. фото:Фејсбук/Филхармонија Бар/Деа Плевнеш]]>

Македонската ријалити ѕвезда и топ модел Елеонора Миљковиќ јавно згрозена од ноќниот живот во Скопје: „Не сакам да седам на исто место со квази мафијаши, дрога и девојки за една пијачка и три линии“! https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-rijaliti-dzvezda-i-top-model-eleonora-miljkovikj-javno-zgrozena-od-nokjniot-zivot-vo-skopje-ne-sakam-da-sedam-na-isto-mesto-so-kvazi-mafijashi-droga-i-devojki-za-edna-pijachka-i-tri-linii/ Wed, 13 Apr 2022 07:12:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246134

Грозоморното убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот пред познатата скопската дискотека ја  шокираше и згрози не само целата македонска, туку и јавноста во регионот. Неповратно загубен млад живот, во насилнички акт во кој бруталноста и суровоста го надвалдуваат здравиот разум и логика, за банална причина пред очите на довлно очевидци, кои мирно следат како момчето кое не се ниту обидува да се брани, неколкумина „го масакрираат“! При тоа јвноста се замајува, институциите се обидуваат да „маткаат“, да ја кријат и заташкуваат вистината во првите часови од настанот, за клопчето да почне да се отплеткува кога веќе е доцна, кога младиот живот на ракометарот згаснува подлегнувајќи им на последиците! И додека обвинетите, директни учесници во крвавиот настан се отпосле лишени од слобода, а некои дури неколку дена потоа, сега  ја чекаат казната, сите очи на јавноста, и македонската и регионалната, се  вперени во правдата, која за жал, најчесто е таква, каква што е кај нас - никаква, „килава“! Каква што е и довербата во неа и во оние што ја спроведуваат во дело - очајни 8%! Од друга страна тоа имплицира во нешто друго, нешто што се нарекува општа несигурност, страв, паника за сопствената безбедност кога ќе излезете во ноќен живот во македонската престолнина или своите деца ќе ги пуштите навечер да се забавуваат. Со еден збор „сомнеж во системот“ кој  е или „рака под рака“ со криминалот и подземјето или е толку „килав и неспособен“ што никако не може да се справи со него! Трето нема, зашто да имаше, сцените на брутално убиство од безбедносните камери ќе ги гледавме само на филмови, а не како нешто што ни се случува овде нам, пред очи! Дека ноќниот провод и вечерното излегување во македонската метропола станува „лотарија“, ризик и „коцка со животот“, потврдуваат и оние кои се или треба да се дел од него, а се медиумски и јавни личности. Меѓу нив и македонската ријалити ѕвезда и топ модел Елеонора Миљковиќ  која јавно згрозена од „немилиот настан“ и ноќниот живот во Скопје, со толку реален  статус на своите Инстаграм приказни,  можеби најдобро ја опишала ситуацијата, за каков „руски рулет“ се работи кога ќе отседнеш во некој од скопските ноќни локали, клубови и дискотеки. Не во сите се разбира, иако стравот за сопствената безбедност секаде те демнее. Нора е само една од многуте млади луѓе што дури и со пример од сопственото искуство ја потврдува приказната дека Скопје во тој поглед оддамна почна да наликува на Белград од почетокот на 90-ите. Од времето на Кнеле, Гишка, Багзи, Љуба, Кристијан, Аркан... и останатите од криминално-мафијашкото подземје содржани во познатиот документарец: „Видимо се у читуљи“ („Се гледаме во некролог“)! За жал, во истиот тој наш скопски, па и македонски некролог, се' повеќе и почесто ги гледаме ликовите на млади, невини луѓе. Додека ликовите на оние кои ги плаќаме од сопствениот џеб, меѓудругото  да се грижат за системот и нашата безбедност, ги гледаме само на ТВ, како и понатаму не убедуват дека... „блескаме“! Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__  ]]>

Еве како изгледа ноќниот живот во Киев среде војна: Дискотеки во бункери, забава во скривници и подруми (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-izgleda-nokjniot-zivot-vo-kiev-srede-vojna-diskoteki-vo-bunkeri-skrivnici-i-podrumi-video/ Thu, 07 Apr 2022 08:13:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245585

Антон Птушкин, блогер кого на Јутјуб го следат 267.000 луѓе, сними видео за актуелниот  ноќен живот во Киев за време на руската инвазија во Украина. Тој шета низ градот и вели дека се чувствува како да е во паралелна реалност додека поминува покрај урнатини на продавници и аптеки што ги посетувал последните десет години. Антон исто така интервјуира луѓе што се кријат во тунели на подземни железници, во подруми, но и во ноќни клубови каде што пијат и танцуваат за да се релаксираат во овие тешки времиња. Антон посетил и болница, каде што сретнал деца што биле повредени и чии родители починале штитејќи ги. Видеото на Јутјуб набргу се прошири на социјалните мрежи. Твитерџиите пишуваат дека видеото на Антон е важно и поучно. ]]>

Додека Карлеуша позира провокативно од својот дом во Белград, еве што прави Душко Тошиќ во Кина https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-karleusha-pozira-provokativno-od-svojot-dom-vo-belgrad-eve-shto-pravi-dushko-toshikj-vo-kina/ Wed, 02 Dec 2020 11:46:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179144

Нема ден да помине, а српската дива Јелена Крлеуша на социјалните мрежи да не објави провоактивна фотографија со која ја разбудува машката фантазија. Бидејќи поради короната не може да патува и да настапува, најголемиот дел од времето или го поминува во својот дом во Белград или пак на снимањата на „Ѕвездите на Гранд“. Таа е доста активна и не престанува да ги изненадува фановите секојпат со секоја нова провокативна и разголена објава. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/nov-den-za-nova-bezobrazna-poza-od-karleusha-ovoj-pat-gola-vo-makot-so-naprchen-zadnik-foto/ Додека таа ужива во Белград, нејзиниот сопруг поради фудбалот е во Кина. Имено, Душко Тошиќ не е активен многу на социјалните мрежи, но овој пат откри како го поминува времето во Шангеј. Тој сподели фотографија од ноќна прошетка. „Поздрав од Кина“, напиша кусо од објавата.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic)

]]>

На Јосиф му е важна само… -„Уште ноќва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/133834/ Wed, 12 Feb 2020 11:31:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133834

По пауза од скоро половина година, пејачот Јосиф од „Урбан Рекордс“ се враќа со нова песна и спот. Последен негов проект беше соработката со „Два бона“ за летниот хит “Колку ти треба”, а познат е и по соработката со популарниот српски артист Михајло Веуровиќ- VOYAGE  во песната „Трапстарз“. Дваесет и две годишниот Јосиф Ристовски кој свири на пијано, а приватно студира архитектура на „Американ Колеџ“, го промовираше спотот за песната “Само уште ноќва”. Трап нумера на која како автор на музиката и текстот се потпишува самиот Јосиф, во продукција на „Saintlucabeats“, миксот и мастерот се стандардно на Ивајо, додека пак спотот го изработи Томислав Живковиќ. Јосиф во него се појавува со две згодни девојки, моделите Ангела Грамосли и Бојана Секуловска. Видеото се снимаше на повеќе локации, од скопските улици до станови со девојки. Спотот претставува своевиден биланс од скопскиот ноќен живот на едно младо момче, полн со адреналин  и со девојка која е бесчувствителна и незнае ни каде тера, ниту што сака... “Само уште ноќва, дека утре нема да те знам, покажи што знаеш”- пее Јосиф во видеото кое можете да го проследите во продолжение: ]]>

Како тинејџерки: Македонските пејачки „лумпуваа“ во ноќен клуб до раните утрински часови (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-tinejdzerki-makedonskite-pejachki-lumpuvaa-vo-nokjen-klub-do-ranite-utrinski-chasovi-foto/ Sun, 01 Jul 2018 08:59:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35411

Пејачите или пејачките поради нивната професија најчесто во ноќните лубови остануваат до зори за да ја забавуваат публиката која дошла да ги слуша. Но, понекогаш и личностите од јавната сцена знаат да си дозволат да се забавуваат. Така македонските пејачки Адријана Кеш, Татјана Лазаревска и Сања Сани Гроздановска се опуштија и забавуваа како тинејџерки во еден скопски ноќен клуб, а на социјалните мрежи се пофалија како си поминуваат, но и како изгледаат.
За ноќна шема, сите три одбраа црни комбинации. Адријана и Сани одбраа крати фустначиња со длабоко деколте, додека пак Лазаревска се одлучи за црна комбинација со сребрени чизми. „Многу љубов на една слика“, напиша Адријана во описот на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи.
фото: Фејсбук]]>

Повеќе не се кријат: Ана Севиќ во ноќен живот со новото момче (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/povekje-ne-se-krijat-ana-sevikj-vo-nokjen-zivot-so-novoto-momche-foto/ Sun, 13 May 2018 10:30:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26694

Ана Севиќ пред неколку месеци се разведе од пејачот Дарко Лазиќ, а како што пренесуваат медиумите таа ужива во нова љубовна врска. Ана Севиќ уживаше на отварање на еден нов белградски сплав, а друштво и  правеше нејзината посилна половина Даниел Недељковиќ. Ана кога ги виде фоторепортерите се обиде да им ги „замачка“ и сама влезе на сплавот. Подоцна кога атмосферата го достигна врвот, таа и нејзиното момче не се разделуваа, а на фотографиите се гледа дека се многу блиску.
фото: aта]]>

Ноќниот живот во Скопје некогаш цутеше, а денес се е сведено на ужас и мртвило, младината не знае кај тера! https://arhiva.vistina.com.mk/nokjniot-zivot-vo-skopje-nekogash-cuteshe-a-denes-se-e-svedeno-na-uzas-i-mrtvilo-mladinata-ne-znae-kaj-tera/ Mon, 15 Jan 2018 13:06:47 +0000 http://vistina.mk/?p=9746

Секое време носи промени и има свои обележја, недостатоци и придобивки. Имун на промените не останува ниту ноќниот живот кој важи за еден од клучните показатели на општествените ситуации.Скопските менаџери и сопственици на локали се едногласни и тврдат - Скопје некогаш живееше со полни гради, а денес живурка во мрак! "Скопје некогаш имаше шмек. Имаше шарм, слобода, други вредности... Луѓето беа поразлични", вели Љупчо Ангелов - Љупа, еден од легендарните скопски менаџери, кој заедно со Пиже, Зеко и Пеџа е дел од сениорскиот менаџерски тим. Имено, Љупа по враќањето од војска, добил покана да биде дел од првиот менаџерски тим на тогашната дискотека МНТ која во тоа време, пред триесетина години била најголемата дискотека на овие простори. Огромен подиум опкружен со сепариња, неколку шанка добро опремени со пијалаци, плочи донесени специјално од Италија... "МНТ дефинитивно беше врв во тоа време. Скопје немаше видено таква дискотека. За да привлечеме гости направивме специјални покани и гратис влезници. Ние всушност бевме и првите кои ги смислија гратис влезниците за во дискотека. Друг момент на кој во тоа време обрнувавме внимание беа и убавите девојки и згодните момци. Ако во дискотека на сепаре седат најзгодните девојки тогаш дискотеката ќе ти биде полна.Се водевме во таа девиза и истата се покажа како доста успешна. Ќе ги поканевме и помоќните "фраери" во градот и тоа беше врв. Тие и ни беа целна група, затоа што привлекуваа гости. Сите одеа таму каде што се тие. Наше беше да ги честиме цела вечер, а тие само да седат и да уживаат", се сеќава Љупа и додава дека денешните вредности и култура на излегување се тотална спротивност од она што некогаш било важно и клучно за да си поминеш убаво. "Тогаш не ти требаа многу пари за да си поминеш убаво. Девојките, на пример, излегуваа во град и воопшто не трошеа пари. Никогаш, апсолутно никогаш ние не сме дозволиле девојка сама да си плати пијачка. Во тоа време и не се обрнуваше многу внимание на тоа како изгледаш. Повеќе сакавме да уживаме и да играме. Денес младите ретко играат и се забавуваат. Ние во наше време не седнувавме. Се пуштаа исклучиво ретро и модерни хитови и на подиум се играше до раните утрински часови", додава Љупа, кој по една година помината во МНТ се сели во тогаш новоотворената дискотека Хард Рок. "Хард Рок беше втората поголема дискотека што се отвори во Скопје. Ни понудија повеќе пари и веднаш се префрливме таму. Е ова беше дискотека каква што само Скопје можеше да сонува. Озвучена со најнова опрема, осветлување на ниво, подиум кој собира над 3.000 луѓе, сепариња од кои боли глава... Се чекаа редици и редици надвор за да се влезе во тогашното Хард Рок. Имаше и посебен дрес-код. Не можеше секој да биде внатре. Убави времиња беа тоа. Вака сега кога ќе се сетам, ми се навраќаат спомените и навистина ми недостасува тоа време", заврши Љупчо, кој сега има сосема поинаква професија и е далеку од сите ноќни збиднувања. Освен МНТ, Хард Рок, Силекс, Метропол, Мусандра, дискотеките во Градскиот парк, кои тогаш почнувале со работа, меѓу местата за излегување пред 20-ина години актуелни биле и Аполон, Уна, Менс, Академија, Корнер, Рома, Булевар, Тунел... Речиси сите оние, кои биле дел од тоа време, се едногласни - ноќниот живот во Скопје тогаш имал поинаков шмек. Имало ред. Се знаело кој каде припаѓа. Со Љупа се согласува и Владимир Ристовски или попознат меѓу скопјани како Камењар кој беше дел и од легендарниот состав “Нови дечки” кои ја испеаа “Забава до бесвест”. Според Камењар, денес нема ниту “з” од забава и ноќниот живот во последните неколку години е сведен на ужас и мртвило. “Забавата и ноќниот живот во последните две- три години се сведени на ужас, мртвило, нема никаква енергија, луѓето се помалку излегуваат, се помалку се дружат. За уништувањето на забавата најмногу допринесе политиката, сиромаштијата, визната либерезација и други пропратни фактори.Искрено, многу ми е жал за денешната младина што не виделе, ниту пак ќе видат, односно почувствуваат вистинска забава. Пред 20-ина години, со оглед на фактот што истовремено бев сопственик и на дискотека и на кафуле, секој ден се враќав дома во шест часот наутро. Секој ден фантастично си поминував, имам милјарда спомени, секој ден бев расцутен од среќа, радост, бев исполнет, во тоа време имаше и искрено другарство. Сега?! Мама миа...Денешниве деца не знаат кај тераат”, искрен е Камењар кој во својата угостителска биографија има запишано голем број на кафулиња и дискотеки, како што се Тротоар, Булевар, Галаксија, Дипломатик, Змија, Опиум, Метропол, Кабрио, Елемент... а во моментов е дел од тимот на сопственици на кафулето “Интермецо”. Исто така тврди и дека Скопје пред 20-ина години  имал и најдобар ноќен живот на Балканот. “ Во тоа време работеа по пет зимски и пет летни дискотеки и сите беа полни. Секој ден имаше различна програма и понуда. Градот беше жив и тврдам дека Скопје Шред 15 години беше број еден град на Балканот кога ноќниот живот е во прашање. Бевме неколку години понапред од Белград, Солун, Софија, а сега се е обратно”, заклучи Владимир и додаде дека по затварањето на Опиум,Инсомнија и Картел умрел и квалитетниот ноќен живот во Скопје. Кога се дискотеките или ноќните клубови, пак, во прашање денес ги има на претек, па можеби токму заради тоа се оди на квантитет, а не и квалитет. Мешање на музички стилови, генерации... И нормално забавата во голем дел, чест на исклучоците, недостасува. "Проблемот лежи во луѓето, па тие сами не знаат да се опуштат и да уживаат. Многу се стегнати, воопшто не се забавуваат. Ние угостителите нудиме програма каква што има насекаде низ Европа. Кога би се опуштиле, тогаш не би правеле муабет за тоа како било пред 20 години, туку би ја повториле историјата и би се фалеле со она што ние го имаме како ноќен живот", велат сопствениците на скопските дискотеки. Дали некогаш Скопје ноќе сјаеше, а денес живее во мрак оценката нека ја дадат ноќните птици. Извор: Скопјеинфо.мк]]>