нокаут – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Jan 2024 08:39:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нокаут – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пере Нокаут го загуби најверниот пријател: „Засекогаш во моето срце, Брајан“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pere-nokaut-go-zagubi-najverniot-prijatel-zasekogash-vo-moeto-srtse-brajan-foto/ Mon, 22 Jan 2024 08:32:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335560

Овој студен јануари засегогаш ќе остане со тажни сееќавања и ќе биде студен во срцето за фронтменот на „Ноакаут“, Никола Перевски Пере. Тој преку социјалните мрежи напиша дека засекогаш го загубил својот најверен крзнен пријател – кучето Брајан. -Засекогаш во моето срце, Брајан. Твоите шепи оставија траги на љубов кои вечно ќе ми шетаат низ сеќавањата.Почивај во мир мој најдобар верен пријателе. Брајан - Брцо - Бесни 2011-2024, пишува Пере во своето збогување кое го објави на Фејсбук. Во прилог на последниот поздрав Пере објави дел од своите најдраги фотографии со Брајан. Преслаткото кученце од расата Западнохоландски бел териер често беше придружба на својот сакан сопственик, па дури еднаш имаше и настап пред камери, одосно се појави во спотот на „Нокаут“ за „Позитивно“ каде Пере го возеше во корпата од велосипедот. Брајан доби крлја, но засекогаш ќе им остане во срцата и спомените на целото семејство! фото: Facebook/ Nikola Perevski]]>

Таткото и ќерката во дует: Пере од „Нокаут“ и неговат ќерка Миа на заедничка семејно-музичка прошетка под – „Месечевиот сјај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatkoto-i-kerkata-vo-duet-pere-od-nokaut-i-negovat-kerka-mia-na-zaednichka-semejno-muzichka-proshetka-pod-mersecheviot-sjaj-video/ Fri, 19 Jan 2024 10:54:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335482

Групата „Нокаут“  деновиве ја промовираше новата песна „Месечевиот сјај“, која е отпеана во дует помеѓу вокалот на бендот, Никола Перевски-Пере и неговата ќерка,  Михаела Миа Перевска и самата придружен вокал во бендот. „Досега ја слушавте како придружен вокал на нашите песни и на нашите концерти, а сега и во дует со нејзиниот татко Пере. Задоволство ни е да ја промовираме оваа соработка помеѓу бендот и Миа Перевска со најновиот сингл 'Месечевиот сјај“. Уживајте како што ние уживавме дур ја правевме песната“ - порачауваат од “Нокаут“. Музиката за песната ја напиша Никола Перевски, кој е автор и на аранжманот заедно со Миа Перевска. Текстот го напишал Дуке Бојаџиев, а пост-продукцијата и мастерингот  ги изработил Дарко Димитров. Инаку покрај членувањето во „Нокаут“, Миа Перевска досега има снимено неколку авторски соло песни и имала и  соло настапи на ланските изданија на фестивалите „Зејмотрес“ и „Д фестивал“, а позната е и по ноќните настапи забаваувајќи ги гостите со своите поп-рок сетови по најпознатите скопски локали. Како звучи заедничкото семејно-музичко дело на таткото и ќерката, проследете во музичката видео - прошетка на Миа и Пере од „Нокаут“ под „Месечевиот сјај“,  во продолжение: ]]>

„Нокаут“ го промовираа новиот албум: „Што бараш ти во мојата песна?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-go-promoviraa-noviot-album-shto-barash-ti-vo-mojata-pesna-foto/ Tue, 17 Oct 2023 08:38:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322590

Еден од најдолговечните но и најпопуларни бендови на македонската музичка сцена, групата „Нокаут“  вчеравечер, понеделник, 16. октомври 2023 година, во една позната скопска пивница во „Дебар Мало“ го промовираа својот нов, 4-ти по ред студиски албум, насловен „Што бараш ти во мојата песна?“  Пред многубројните преставници на македонските медиуми, пријателите, колегите и полниот локал гости, Пере и екипата го претставија најдоброто од својата креативна работа во последниве 10 години, во вид на компилација од 14 одбрани песни кои досега не се нашле на носач на звук во последната деценија. Промоцијата ја отвори музичкиот новинар и водител Антонио Димитриевски кој на своевиден начин ја раскажа приказната за историјата на бендот во неколку реченици, во чии зборови беа вткаени насловите на најголемите хитови и нaјважни песни на „Нокаут“. Вистинска поп-рок сага за Пере и дружината низ која ко со временска машина промотерот ја водеше приказната... Oд АБЦ до последен здив... За нивната позитивна музичка фатална опсесија, нивните песни да им припаднат на оние заради кои бендот и постои - нивната пубика која и оваа вечер се радуваше со нив. Особено по појавата на фронтменот Никола Перевски Пере на сцената, кој по воведниот поздрав и топлите зборови на благоарност и до присутните и до сите оние што придонеле новиот албум да звучи и изгледа како што изгледа, заедно со екипата од бендот отпаршија 4-5 нивни нумери. Со тоа „Нокаут“ атмосферата за миг ја претворија во клубска журка по која никоја не зажали што се нашол  таму, ниту пак се запраша: „Што бараш ти во мојата песна? Зашто секоја отсвирена нота на бендот, секој тон и рефрен, беше дел од нивната песна, заради која вечерта се тука! Но, креативно богатиот период за „Нокаут“ не завршува тука! Покрај промоцијата на албумот, бендот ги најави и анплагд концертите во Македонска филхармонија на 10. и 11. ноември, од кои првиот веќе експресно е распродаден уште првиот ден откако билетите беа пуштени во продажба. „Почитувана публико, Ви Благодариме! Концертот во Македонска Филхармонија е распродаден уште на првиот ден. Бидејќи интересот е сѐ уште голем, закажавме втор концерт за САБОТА 11 НОЕМВРИ. Билетите се веќе во продажба на следниов линк:  https://mktickets.mk/event/nob2/“  - стои во објавата на групата. На вас е дали и таа вечер ќе се најдете и вие во нивната песна?]]>

„Нокаут“  ја носат својата акустична магија во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-ja-nosat-svojata-akustichna-magija-vo-makedonskata-filharmonija/ Thu, 28 Sep 2023 11:27:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320219

На 10. ноември во Македонска филхармонија свој концерт ќе одржи една од најпопуларните македонски групи, „Нокаут“, а специјален гостин на вечерта ќе биде Дарко Гелев – Брејк, кој после подолго време ќе испее дел од своите хитови. Концертот ќе биде „Unplugged“ и ќе се снима во живо за ново концертно аудио и видео издание. Концертот е во организција на продукција ”Сцена” карти ќе бидат пуштени во продажба од 2 октомври преку мрежата на mktickets.mk. Не чекајте многу, билетите се во ограничен број. Се гледаме и слушаме акустично на 10 ноември, во 20:00 часот, во Македонска Филхармонија.  ]]>

„Нокаут“ и Андријана Јаневска на „Преспански јаболкобер“ во Ресен https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-i-andrijana-janevska-na-prespanski-jabolkober-vo-resen/ Tue, 19 Sep 2023 12:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318699

Традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ ќе се одржи и оваа година околу верскиот празник Крстовден, од 27-ми до 29-ти септември во Ресен. Програмата започнува на 27-ми септември во со ХДАЛ „Флорина“ – Ресен и КУД „Таше Милошевски“ – Ресен. На 28-ми септември (четврток) настапуваат „Пуш пауза бенд“, „Синхро-ЕКВ Трибјут“ а вечерта се затвора со Андријана Јаневска и Митан проект. Последната вечер на манифестација е резервирана за „Инстинкт“, „Марвелс“ а ѕвезди на вечерта ќе бидат „Нокаут“. Главната музичка програма се одржува на Градскиот плоштад во Ресен. Освен музичкиот дел ќе се доделуваат награди и свечено ќе се откине првото јаболко.]]>

„Joy fest“ слави јубилеен роденден со ДНК, „Нокаут“… https://arhiva.vistina.com.mk/joy-fest-slavi-jubileen-rodenden-so-dnk-nokaut/ Fri, 11 Aug 2023 10:41:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313465

Убави вести пристигнуваат од Крива Паланка! Реномираниот „Joy fest“ слави јубилеен роденден со вистинско уживање за музичките сладокусци! Поминаа 10 години од раѓањето на единствениот фестивал во овој регион „Joy fest“, кој и годинава ќе се одржи на вообичаениот датум, 27 и 28 август, но оваа година местото на лудата журка ќе биде градскиот стадион. А како што бива јубилеите се слават на посебен начин. Организаторите не откриваат детали до крај, за да изненадувањето биде поголемо, но засега се знае кои ќе бидат дел од изведувачите. За некои од нив не треба посебна најава, доволно зборува името на ДНК, „Нокаут“, „Фикшн“ и Галоски. „Joy fest“ изминава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство. Така ќе биде и оваа година. фото:Фејсбук/ Нокаут/ДНК]]>

Со спектакуларен концерт на “Нокаут” Кисела Вода го прослави својот 68-ми роденден https://arhiva.vistina.com.mk/so-spektakularen-kontsert-na-nokaut-kisela-voda-go-proslavi-svojot-68-mi-rodenden/ Sat, 01 Jul 2023 10:36:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308463

Со спектакуларен концерт на Нокаут, како незаборавна завршница на Културното лето, Општина Кисела Вода го прослави својот 68-ми роденден. Преку 30 000 жители дојдоа во Расадник и заедно ги пееја најголемите хитови со бендот кој и самиот има историско значење во македонската музика. Во навистина незаборавна атмосфера, “Фатална опсесија”, “Лебедот бел”, “За нас”, “Знаеш каде да ме најдеш” и многу други одекнуваа два часа во чест на славеничкиот ден на нaјстарата скопска општина. “Нокаут” уште еднаш покажа зошто веќе 26 години го држи тронот во македонската забавна музика, а Кисела Вода уште еднаш покажа што значи квалитетен избор на програмските содржини и сериозен пристап при нивната организација. На настанот публиката ја поздрави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Го честиташе роденденот на општина Кисела Вода, и’ се заблагодари за целата поддршка и за тоа што сите заедно направија бескрајната приказна за Кисела Вода да биде се подобра. Инаку, на “Нокаут” претходеше сет на одличниот DJ Mats. Интеракцијата со публиката, хитовите, фантастичната атмосфера, направија просторот пред Расадник да изгледа као огромна дискотека на отворено. Претходно, во “Битката на бендови”, жири комисијата во состав Дани Димитровска, Мишко Парушев и Сашо Стојановски одлучи дека титулата најдобри треба да ја понесе “Егзибит А” кои добија награда концерт организиран од страна на општина Кисела Вода и снимање на албум со 100 цд-а. Награда имаше и за второнаградените “Арте-факт” кои исто така ќе добијат снимање на албум и 100 цд-а, а третонаградениот, Матеј Николовски доби снимање на авторска песна како гостин на победничкиот албум. Додека се чекаше одлуката на жири комисијата, одличен настап имаа ”Д Далтонс”. Паралелно, од 17 часот, на друга локација, во паркот Шопен се одржуваше хуманитарна “Коријада”, организирана од страна на Здружението на пензионери од Кисела Вода кои исто така имаа своја културно-уметничка програма. Роденденскиот ден беше исполнет и со повеќе други содржини-свечена седница на Советот на Општина Кисела Вода, статуетки-клучеви за 25 заслужни жители, награди за најуспешните ученици, спортисти и наставници, како и промоцијата на 8 крупни инфраструктурни проекти во чест на 68-миот роденден на оваа локална самоуправа. Се’ на се”, манифестацијата “68 години Кисела Вода-бескрајна приказна која станува се’ подобра” која ги обедини роденденот на Општина Кисела Вода и Културното лето, со вкупна бројка од околу 80 000 посетители на музичките концерти на Петар Грашо, на Жаре Бербер, 2 Бона, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, КУД “Китка”, како и на веќе споменатите Нокаут и DJ Mats, и атмосфера која може само да се доживее, трајно ќе остане запишана во сеќавањата жители на општината и сите нејзини пријатели.]]>

Роденденски концерт на „Нокаут“ по повод 68 години Општина Кисела Вода https://arhiva.vistina.com.mk/rodendenski-kontsert-na-nokaut-po-povod-68-godini-opshtina-kisela-voda/ Wed, 28 Jun 2023 12:39:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308107

Општина Кисела Вода во четврток ќе го одбележи својот 68 роденден, а по тој повод ќе има низа случувања. Дел од нив ќе бидат со инфраструктурен карактер, како продолжение на бројните проекти, а ќе има и дел посветен на културата, музиката и забавата. „Сакаме да ги повикаме сите граѓани, од Кисела Вода, но и сите оние од другите општини и градови, кои сакат да поминат убава вечер и да бидат дел од манифестацијата „68 години Кисела Вода-бескрајна приказна која станува сè подобра“, информираат од општината. После хуманитарната „Kоријада“ во паркот Шопен, сите пред салата Расадник. Од 18 часот ќе има “Битка на бендови”, а од 21 часот, во вечерната програма, најпрво атмосферата ја загрева DJ Mats, за веднаш по него, од 22 часот, голем концерт да одржи групата „Нокаут“.]]>

Пере „Нокаут“ покажа дека е посилен од кога било: Обединети и од љубов стопени – „Цвеќенцето Ирис си дојде дома“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pere-nokaut-pokazha-deka-e-posilen-od-koga-bilo-obedineti-i-od-lubov-stopeni-tsvekentseto-iris-si-dojde-doma-foto/ Tue, 20 Jun 2023 07:23:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306875

Фронтменот на популарните „Нокаут“, Никола Перевски Пере пред само неколку дека стана татко по четврти пат. По три женски, Пере повторно доби женско, а со тоа стана посилен од кога било. Неговото женско царство стана уште помоќно со тоа што доби уште едно засилување кое го носи името Ирис. Мама и најубавото цвеќенце по неколку дена протоколарно поминати во породулиште си дојдоа дома, а гордиот татко отиде да ги земе и да ги однесе онаму каде припаѓаат – дома, сите заедно, обединети, од љубов стопени. Пере отсекогаш бил отворен за откривање јавно на моментите од приватноста, па така и овој пат го покажа најинтимниот момент од заедничката фотка на првата средба на неговите девојки, Миа, Каја, Софиа, а сега и Ирис. Магија, женска магија! Богатството на Пере стана уште поголемо, па така сега има пет жени до себе, да го чуваат, пазат, мазат, или можеби обратно – си знае самиот. Инаку, Пере има три ќерки, две од првиот брак со новинаркатра Александра Спировска, Мхаела и помалата Каја, а со втората партнерка Јована пред две ипол години ја доби малата Софиа, а сега и Инес. Втората бременост на Јована не беше познато за пошироката јавност, така што за многумина приновата овој пат беше изненадување. Но затоа, сега за најубавите моменти знаат сите. фото:Инстаграм принтскрин/Никола Перевски]]>

„Нокаут“ ќе ве провозат на својот „рингишпил низ годините“ во музичкиот времеплов – „25“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-ke-ve-provozat-na-svojot-ringishpil-niz-godinite-vo-muzichkiot-vremeplov-25-video/ Fri, 07 Apr 2023 06:27:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297115

Групата „Нокаут“ со публиката го споделува новиот сингл “25” (Двасет и пет). Од „Нокаут“ велат дека не застануваат тука. „После 25 години време беше да направиме ретроспектива на сѐ што сме оставиле зад нас, за Вас, преку нова песна и видео спот. Да ве потсетиме на убавите ‘90ти години кога почнавме со Нокаут и кога наместо официјални спотови вртевме видео записи од настани по ТВ студијата, музички емисии, топ листи, бинго шоуа… “Buckle up”, времепловот кон ‘90тите тргнува, велат од „Нокаут“ претставувајќи го видеото кое го потпишува Александар Ристовски - Принц. Автор на музиката и аранжманот е Дарко Димитров, а текстот е на Игор Џамбазов. Како звучи и изгледа музичкиот времеплов на „Нокаут“ претставен преку „рингишпилот на годините“ насловен  едноставно само со бројка - „25“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>