ништо лично – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 May 2022 09:09:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ништо лично – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Евровизија – наместо музичка, „политичка парада на изопаченоста, лицемерието и надменоста“ на големите https://arhiva.vistina.com.mk/evrovizija-namesto-muzichka-politichka-parada-na-izopachenosta-licemerieto-i-nadmenosta-na-golemite/ Mon, 16 May 2022 08:52:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250426

Помина уште една Евровизија по која со години толку копнееме и ние некаков успех да прожнееме, макар тој бил и само влез во финале. Со ретки исклучоци кога знаевме да блеснеме (Елена Ристеска, Тамара...) и покрај солидните настапи секогаш останувавме да бидеме  „ситниш“ за поткусурување, зашто за да влезат „подобрите или подобните“, секогаш некој мора да отпадне, нели? Без оглед каква песна и каков настап има(в)ме, успехот ни даваа едвај да го „помирисаме“, ни дозволуваа да го вкусиме само „на кафено лажиче“, колку да не е без ич... Патем, самите заблудени во наводната важност на настанот, речиси постојано заглибувавме во сопствените скандали, во калта на околните евровизиски случувања кои врска немаат со музика, од која потоа „со трактор“ се вадевме... За следната година одново да „пропаднеме“! Така беше со години, така е и последниве две... Праќавме тотално невпечатливи песни, изведувачи со можеби супериорни гласовни можности, но бледи и инфериорни  на сцената, инфантилни и „недоветни“ надвор од неа, со своите испади, гафови, глупави потези и недоделкани изјави... И завршивме како што завршивме, давајќи им само причина повеќе на големите кои и политички и музички ја „кројат евровизиската капа“ онака како што ним во моментот им одговара, да не „шуткаат“... со  „алиби“! Оттаму и дилемата по најавата на МРТ, дали воопшто догодина да се учествува на Евровизија? Од една страна НЕ - заради негативниот публицитет и уривањето на рејтингот и на националниот сервис и на државата, од друга страна - ДА, заради тоа што афирмацијата на земјата, меѓу кои и естрадно - културната се' уште ни е потребна, а вакавите собири се згодна прилика. Секако, кога се' би било „регулар“! Вака...? Она што Евросонг го покажа и годинава е дека оддамна наместо музичка, е претворена во „политичка парада на изопаченоста, лицемерието и надменоста“ на големите! Музички едвај на прсти да ги изброиш квалитетот или хит рефрените, визуелно - повеќе карневал и маскенбал отколку фестивал, полн со хомосексуални, бизарни, бестијални и секако политички пораки, скриени под плаштот на музиката како „ода на радоста“, спакувани во целофанскиот слоган: „Звукот на убавината“, зад кој се крие се', само фер музички натпревар - НЕ! Не дека Украина на „чудесен начин“ победи со фолк - рап песна, која е дури и допадлива, туку дека победи заради наводното „сочувствување“ на „сочувствителната“ Европа, заради тоа што и се случува на таа земја?!  Истата таа Европа која баш и не беше ни грам „музички сочувствителна“ кон една Босна, Хрватска или Србија после војната по распадот на СФРЈ, или кон Македонија по воениот конфликт во 2001-та? Естрадно покажување „политичка моќ и мускули“ на одредени европски центри и тоа не само преку победата на Украинците, туку  и „преку ноќ воскреснатото“  Обединето Кралство чии преставници како по правило последниве години завршуваа меѓу последните, а сега по брегзитот за малку не победија на Евросонг, преку „О“ (нула) поените од жирито од сите земји за Германија, која на крајот заврши последна со едвај 6 поени од телевоутингот, што е музички повеќе од необјасниво, ама политички... веројатно има зошто!? Чудно, сомнително и индикативно, дали Евровизија не се претвори и во „естрадно поле за политички натпревар меѓу народите“? Оние, големите, на кои тоа им се може?! Оние другите, поточно дел од нив, пробуваат „на ситно“ шверцерски да „крадат поени“... Се' дур не ги фатат! А, ги фатија! Затоа, и покрај сите наши „грешки и пропусти“, сите наши „утки и погодоци“, сето наше (не)знаење и ограничени можности, можеби е навистина добро да размислиме дали догодина Македонската Радио - Телевизија треба да испрати свој, наш, претставник на Евровизија? Која патем и не се знае каде ќе се одржи, со оглед на сите воено-политички околности во Украина!? Британците веќе се нудат да бидат домаќини, Италија вели дека би можела да ја репризира годинешнава, а Шведска која е пред вратите на НАТО, како повеќекратен победник со големо искуство во организационо - техничко - бродкастеркиот де,л  исто така се понуди за домаќинство. Украина пак тврди дека сепак ќе биде добар домаќин и тоа според зборовите на претсадетелот Зеленски, во сега за жал, речиси срамнетиот со земја Мариупол!? Како и да е, „парадата“ мора да продолжи. Прашање е само каде и дали со нас на неа, догодина? Фото: Јутјуб принтскрин/Eurovision Song Contest 2022 - Grand Final - Full Show /express.co.uk/МРТ1 Промо]]>

Кога сите години немање патриотско чувство за светост и национална свест, ќе се покажат во еден непромислен гест! https://arhiva.vistina.com.mk/koga-site-godini-nemanje-patriotsko-chuvstvo-za-svetost-i-nacionalna-svest-kje-se-pokazat-vo-eden-nepromislen-gest/ Mon, 09 May 2022 11:41:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249210

Евровизија на која речиси никој во современа Европа не и придава кој знае какво значење третирајќи ја само како „три дена забава за милиони“, за нас како да е проколната. И тоа е така со години наназад, како некој да има фрлено некакво проклетство врз секој наш претставник, а и самата МРТ, како национален сервис кој е носител на овој проект. Нема година нам „најважниот музички настан во годината“ да не ни мине без скандали... И при домашните избори и при учеството на избраните претставници на Евросонг. Колку за пример, на пред неколку години на Лозано и Есма два пати им правеа ново видео,оти првото било скандалозно,  лани Гарванлиев со бугарштината не знаевме дали ја претставува Бугарија или Македонија, годинава одново скандал со знамето... Но едно е сепак сигурно: За се' што ни се случува последни вината ја имаат оние што не претставуваат и на кои скандалите „случајно им се случуваат“, зашто се што се случува, ништо не е случајно... Се има свои корени, своја предисторија, своја генеза, која кулминира со идиотски потези, непромислени гестови, сканадлозно однесување, глупави, иритирачки изјави... И сето тоа заради немањето „чувство за осет“  за тоа што е патриотизам, што е национална свест, што е светост која не смее да се урива, која треба да се чува како капка вода на дланка, зашто за неа генерации претходно лиеле реки крв за да ја имаме. А ние, за жал и по 30 и кусур години независност ја немаме, зашто со истата таа светост некои во наше име се „ку*ваа“, ја продаваа за лични интереси, правеа суицидни компромиси, под плаштот дека „така мора“, тоа го бара светот, Европа, „Калето“... кој и да е. И потоа, по немоќта, на сцена стапува колективната апатија, најмногу изразена кај младите генерации, на кои освен спортистите со своите спортски успеси, никој друг од оние што се најповикани, ниту им кажал, ниту им покажал како се сака татковината, како се „гине“ за државата и нејзините свети симболи: Името, грбот, знамето, химната...? Напротив, истите тие „светоста“ ја распродаваа како на сточен пазар, ги менуваа државните симболи онака како што другите ќе посакаат, оставајќи лузна на голото и ранливо национално ткиво, лузна која тешко, речиси невозможно е да се избрише... И потоа последиците се тука... Катастрофални, трагични, несфатливи... Потоа целата нација станува „инквизиција“ пишувајќи им пресуди на онаа што ги промашила зборовите во химната или на оваа што сега го фрлила македонското знаме на земја... Како и нема, кога не ги научивме дека химната е ода на припадноста, а не само таму некоја си обична песна како и сите други, дека знамето е симбол кој се вее и кога се гине и кога се празнува и кога се пее, а не само таму некој “сувенир“ во рацете, крпче со кое може „да се избрише“ подот...! Фрлањето на знамето на евровизиската претставничка е дефинитивно само последица на тоа што никој во овие триесет години не ги учеше дека треба да си ја сакаме државата, дека татковината ни е втора мајка, дека знамето, грбот, химната се не само обелжја на државата, туку нешто најсвето што може да го има еден народ... Напротив, последниве  години живееме во општество во кое оној кој ќе стави знаменце од државата во автомобилот или пак истетовира симбол поврзан со државата дека е 'сељак', дека е националист, дека е срамота да си патриот...“ - као што напишал еден од колегите новинари Васко Спасовски на својот Фејсбук профил, а многумина со истото се согласуваат споделувајќи слични содржини... Но, се чини доцна. Сега можеме да се занимаваме само со последиците. Причините, оддамна „ги пропуштивме“! Затоа, тоа што Андреа го фрли знамето не е срам само за неа... Можеби дури и најмалку за „кутрото неуко и невоспитано девојче“ кое никој не го научил како треба да се однесува кога ја претставува државата... Ниту домашното воспитание, ниту образовниот систем на училиште, ниту протоколот во јавниот сервис - МРТ, никој... Скандал, срам и пораз е за сите нас, за цела една нација која молчечкум си дозволи децата вака да ни ги воспитуваат разно - разни „шарени министри“ и „политички квислинзи“. Затоа, пред да ја обвиниме Андреа, која патем имаше доблест да се извини, најпрвин треба да се обвиниме себе си, со прстот на чело прашувајќи се: Како можевме да си дозволиме сите овие години, генерациите да ни ги воспитуваат „партиско-политички кловнови“? Сега за жал, го гледаме само циркузот! Во случајов, евровизиски!]]>

Кој не полуди, не е нормален! https://arhiva.vistina.com.mk/koj-ne-poludi-ne-e-normalen/ Sat, 30 May 2020 07:20:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151860

Го отворија „трлото“ и... „кланицата“ тргна! 25, 42, 58... Секој ден се повеќе нови позитивни! Најмногу од овие се е „ифтарски“, оние, кафанските, допрва ќе ги броиме. Како тврдеа министерот и здравствените  експерти, пикот околу 1500, 2000 ќе беше? Со ова темпо за една недела, не дај Боже,  ќе го достигнеме.  Ама така е кога ќе си го погазиш знаењето и ќе си плукнеш на дипломата, па за да ги задоволиш апетитите на  ненаситните „неразбрани трговци“, ќе тргнеш по нивниот  ум...   Како кога ќе тргнеш по мува, па знаеш на што ќе те однесе... Епа сега таму сме... До гуша!  До душа, до италијанското или шпанското „дно“ има уште, ама на добар пат сме брзо да го стигнеме, ако брзо нешто не преземеме. Демек, дојде слободата?! Да, дојде, ама како? Исто како да те пуштат  бос да трчаш по росна ливада, а всушност ливадата е... минско поле! Па кој  нагази-нагазил... Повеќе среќеа во идниот живот! Тоа ли е цената на слободата? Отворени кафеани, гратис  јавен превоз, а всушност обете стапици...  За тинејџери, зрели луѓе или пензионери, сеедно.  Заради неколку  „недоделкани“   сега одново може да трпи целиот сектор. Зашто отворањето со чочеци на маса го дочекаа,  а утре може со посмртен марш да ги испраќаат.  Иако, рака на срце, тешко е да се спроведуваат асоцијални мерки во социјална „установа“, како што е кафеана, колку и газдите и персоналот од петни жили да се трудат.  На секој што барем еднаш седнал „на по една“ јасно како бел ден му е дека речиси никогаш социјалната дружба не завршува само „со една“, па една по една... А кога човек е малку повеќе расположен, ем му се плетка јазикот, па завлекува, пелтечи и плука кога зборува. За гушкање, прегратки и  муабети в лице од типот: „Вии бе брат, ја сеа да ти кажам...“ и да не зборуваме. Или не дај боже кавга кој е попаметен и кој е во право... И оди ти после спречи го „блискиот контакт“, да те видам! За небулозите со лична карта и проверка на семејните релации за четворица на маса и да не зборуваме. Очигледно оној што  ги измислил ваквите прописи, во неговото село нема кафеана!  Фали уште келнерите да почнат извод од матично или венчаница да ти бараат на врата, а кафанџиите да даваат 10% попуст на сметката ако дојдеш со швалерка, 20% со жената, а ако ги донесеш  и двете на иста маса – куќата чести! Она со јавниот превоз е посебна приказна. Итоа научно-фантастична... „Осми патник“ – не знам кој дел!  Ама за некои ќе биде за жал, последен. Демек социјална дистанца во кафеана важи, ама во градски – јок бурда?  А внатре воглавном социјалата и пензионерите... Токму оние, најризичните и  најзагрозените, натискани како сардини! Метар и пол – два дистанца? Па на два метра во градски 10 луѓе има, ако не сте знаеле градионачалниче скопски и ти ЈСП директоре, што уште и се фалите дека гратис превоз сте пуштиле. Гратис, ама за каде? За пат во еден правец, ли? И сега кога секој ден бројчаникот на новозаболени и починати врти нагоре, а на бројките на економската пропаст и мизерија катаден одат надолу, уште што ни фали? Да ги отворите уште и спортските сали, стадионите, дискотеките... и разбира се, сите заедно онака, рака под рака, што побргу, среќни и весели да одиме на избори. А после тоа единственото што ќе  му остане на изборниот победник,  е да направи  „реприза на Пиколомини на Скопје“... Овој пат, на цела територија на државата! Тоа ли е цената на вашата цел? Или целта ги оправдува средствата? Како што средствата  бескруполозно и крвнички со години ги цицате од џебот на овој народ со помош на вашите „Луј Витон“ пајташи, заштитени како мечки под закрилата на „Сваровски судството“! И после се прашуваме зошто нема држава? Или има каква што ја има, ако ова воопшто и може да се нарече држава?!  Затоа што овде важи само едно правило: Кој не полуди, не е нормален!          ]]>

Нарцис нација: Чудовиштата од нашиот град! https://arhiva.vistina.com.mk/narcis-nacija-chudovishtata-od-nashiot-grad/ Mon, 08 Jan 2018 08:20:55 +0000 http://vistina.mk/?p=8953

Како минува времето, социјалните мрежи стануваат место каде се помалку може да се прочита некоја паметна мисла, коментар, изјава..., а се почесто да се види некоја  разголена, позната естрадна ведета или анонимна нова „старлета“.
А она што го пишуваат  „драгите фејсбук пријатели“едни на други е најчесто чисто лицемерие. „Срцкаааааа“...., „Златцееееее“...., „Сонцеееее“, „Лепотоооо... се најчестите епитети што можете да ги прочитате, кои едни на други во вид на комплимети си ги разменуваат под постираните фотографии. А таа од срце нема ни „С“, златце видела само у излогот на „Рубин Кармин“ или евентуално ако носи некое бакшиш дадено „џиџе-миџе“ на себе, со сонце заедничко и е само сончањето, а она лепото... Да, лепа е... Ама, само ако така се вика: Лепа!
Од дуга страна постирањето тазе  фотографии стана секојдневен „стил живота“. Море секој час, ако не и минут го овековечуваат, па го ставаат на социјалните мрежи  со задолжителен пост под фотографијата од типот: „Еве, ние така, малце...“ или: „Онака, опуштено“; „Си уживкаме“ или „Реласкирано“... Чиниш, како да се на Бахами!
А ко ќе видиш дека се опуштаат и си уживкаат по влечки, со кренати нозе на дрвена табуретка на тераса, со сок на растворање и рефус турско кафе... се' ќе ти биде јасно.
А кога на 30 годишните паразити  ќе им се случи и да им дадат од дома по 70 денари за кафе, ќе седат по цел ден у малскиот кафич, ќе го сркаат тоа кафето, ќе праат селфи и ќе му се смеат на келнерот... затоа што е келнер!
До душа, не дека нема и такви од нашите што не се сликаат на Бахами, Малдиви, Бали, Флорида, Дубаи, Рим, Париз, Белград, Истанбул, Солун, Халкидики... Ги има! Татковците и мајките „си штедат од плата“, па ги пратиле на кафе и шопинг...
А овие, одма да се пофалат, да не некој случано не разбрал кај се... Па имаш фотосесија од: Еве што јадеме, што пиеме, еве кај спиеме...
...еве со што се возиме, еве кај шетаме, еве кај шопингуваме...
... па се до  тоа: еве видете, кај мо*аме и ка*аме! 
И конечно имаш фото фасцинација од самиот себе, или што би рекле фото фасцинација на нарцис нација! Селфи, белфи... незнам што, па самосликот се претвори во секојдневна  опсесија да имаш лична фотосесија.
Убавици, старлети, стриптизети, пејачки, актерки, водителки,спортистки, манекенки,модели... и останатите „анонимни“  структури,  нема миг, а да не закачиле и споделиле, како се определиле да го потрошат денот! А Бога ми и ноќта... И со кого!
Фотографии, видеа, клипчиња со куси видео стории... Без да ги знаеш - им го знаеш цел живот. Можеш слободно биографија да им напишеш без воопшто и да ги познаваш. Од „А“ до „Ш“, од тоа која бабица ги породила, до тоа со што тоалетна хартија прееска се забришале...
Кога ќе ја видиш, ТАА – убавица, ТОЈ – пастув! Таа згодна, стегната, дотерана, нашминкана, (с)облечена...
Тој, развиен, набилдан, стокмен, убав, млад...
А во реалноста, повеќето од нив - „гад  до гад“... Чудовиштата од нашиот град! Да не е нивниот „најверен другар“  - фотошопот...  ќе помислиш дека му избегале на попот и на гробарот од лопата!
Ама тоа е... Убавината ионака е минлива, а глупоста останува... Денес, најмногу на социјалните мрежи, на Фејсбук, Инстаграм, Твитер... Како и во целиот свет, така и кај нас, во нашиот самобендисан менталитет!  ]]>