ништо не знае – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Oct 2020 07:59:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ништо не знае – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од што живее Игор Џамбазов: Посочи два типа на луѓе, ама во која група ќе се најде и самиот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-shto-zivee-igor-dzambazov-posochi-dva-tipa-na-lugje-ama-vo-koja-grupa-kje-se-najde-i-samiot-foto/ Wed, 07 Oct 2020 07:58:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170310

Игор Џамбазов откако е со планинарката Илина Арсова, доживува животна преродба... Во колку чекори ќе биде, допрва ќе видиме, ама да се надеваме дека ќе бидат што повеќе, а најдобро безброј! Обајцата живеат живот на свој начин,  во хармонија со природата и здравото опкружување, а „урбаната џунгла“ ја посетуваат само кога тоа е ептен неизбежно и неопходно. Впрочем, во природа, покрај вода, во планина, на ледина... многу поздраво, поубаво, посреќно и веруваме, подолго се живее! Градот „те голта, те цеди, те меле“... како машина за човечко месо! Маестро Џамбаз тоа дебело го почувствува на своја кожа во младоста. Дури и повеќе од што треба, па веројатно заради тоа и заради некаков друг склоп на животни околности, реши зрелоста да ја минува надвор од  големата градска аждаја, родното Скопје! И сето ова вака многу убаво изгледа и звучи, но многумина се запрашале: „Се' е идилично и супер, јасно е како живее, ама нејасно е од што живее Игор Џамбазов? Има ли постојани приходи, плата, хонорари, дотации... Животот каде и да го живееш, за него потрбни ти се пари! А со толку слободно време за шетање и речиси катадневно крстарење по убавините на Македонија, соло или во двојка со саканата Илина - сеедно, кога наоѓа врема нешто да работи? И што тоа? Впрочем, оди ли секој ден на работа Џамбазов? Прашања многу - одговорот еден. Маестро Џамбазов сам си го даде, или поточно, го постави како негова констатација, а дилема за останатите. „Има луѓе што ништо не знаат, а може се' да работат. А има и такви што се' знаат, а ништо не работат“ - напиша, па сподели Џамбаз, на својот Инстаграм за добро утро. Во која група спаѓа и самиот, не прецизираше. Веројатно остави сами да погодите... Или по ваше да одредите, каде припаѓа?! Она што се факти е дека од дете бил талентиран, во младоста мултиталентиран, на работ помеѓу генијалноста и лудоста, а во зрелоста... Искусен, сталожен и мудар! И заради годините и заради минатиот труд... На сите полиња! А за егзистенцијата? Веројатно можел и многу повеќе да има, да „не трошел“ многу, многу повеќе од што заработувал, а заработувал - ептен многу! За сега да има доволно... Блуз, поезија, стихови, песна, проза, глума... во себе, за од нив да може да живее... Така, како што сака!  И секако, многу повеќе љубов... за која „одново“ живее! Фото:Инстаграм принтскрин    ]]>