николче мицевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Jul 2023 10:58:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png николче мицевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Тарабунов: „Горд сум што ја препеав ‘Едно име имаме’ на Јонче, особено затоа што му беше голем пријател на татко ми (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-gord-sum-shto-ja-prepeav-edno-ime-imame-na-jonche-osobeno-zatoa-shto-mu-beshe-golem-prijatel-na-tatko-mi-video/ Tue, 25 Jul 2023 10:58:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311474

Можеби една од највпечатливите македонски песни „Едно име имаме“ отпеани од грлото на легендарниот Јонче Христовски, која е и своевидна химна и една од оние аманет-композиции со кои се идентификува македонскиот народ, маестро Николче Мицевски во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја спакува во ново руво, а Александар Тарабунов се обиде да ја донесе онака како што тој знае и умее – маестрално. „Едно име имаме“ ја пеам одамна и ми е многу драга песна, ми буди убаво чувство за Македонија и горд сум што ја препеав и имам можност да ѝ ја претставам на публиката во едно ново руво“, вели Тарабунов и се присетува на една убава случка поврзана токму со македонската фолк легенда: „Одамна ми беше голема желба да препеам некоја од безвременските песни на Јонче Христовски бидејќи беа големи другари со татко ми. Се сеќавам дека кога бев мал на еден мој роденден Јонче ми подари цело ќесе џамлии „црнки“ коишто во тоа време беа највредните. Со роденденскиот подарок излегов во маало да играм со другарите и поголемите ме намирисаа и ми ги ќарија сите џамлии. Кога се вратив дома татко ми ме праша каде ми се џамлиите од Јонче, е а кога дозна каде се отиде на врата да им ги бара ха, ха, ха...“ Видеото за „Едно име имаме“ во изведба на Александар Тарабунов е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“, а во чии рамки се препеани 12 македонски легендарни песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Меѓу изведувачите кои публиката уште треба да ги слушне и види се и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова. Уживајте во изведбата на Тара и легендарната „Едно име имаме“ и, секако, очекувајте го концертниот караван кој ќе стартува кон крајот на летото и кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови - Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во гласот на Тара и неговата верзија на „Едно име имаме“: ]]>

Никола Мицевски со концертна промоција на музиката од неговиот албум „Нова ера“ во Велес https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-mitsevski-so-kontsertna-promotsija-na-muzikata-od-negoviot-album-nova-era-vo-veles/ Thu, 16 Feb 2023 13:06:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289292

Општина Велес со гордост ве кани на концертна промоција на албумот “New era” на маестралниот Никола Мицевски. Пред велешката публика ќе се претстави оваа сабота, 18 февруари со почеток во 20 часот во Театар “Ј.Х.К. Џинот”, придружуван од 40тина врвни музичари и хористки на сцена. Специјални гости на концертот ќе бидат Дамјан Пејчиноски и хорот “Св.Кирил и Методиј” – Велес, под диригентската палка на Веселинка Маџарова. Билетите се во продажба на билетара во Театар “Ј.Х.К. Џинот”, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели. „Со гордост ви најавувам дека концертната приказна "Нова ера", на 18.02.2023 публиката ќе има можност да ја чуе и види на сцената во театарот "Ј.Х.К. Џинот"во Велес!! Сцената ќе биде исполнета со петнаесетина мои колеги, познати професионални музичари со кои заедно неодамна концертно ја промовиравме оваа музичка приказна. Сцената ќе ни ја надополнат и збогатат дваесетина членовите на хорот "Св. Кирил и Методиј" од Велес! Ве очекувам во голем број да дојдете и заедно да го уживаме албумот "Нова ера" Специјален гостин ќе биде еден од најдобрите гитаристи во државата и пошироко - Дамјан Пејчиноски! Велес, се гледаме!“ - порача музичкиот уметник во својата покана до јавноста.]]>

Николче Мицевски од својата „New Era“ ви подарува уште еден музички – „Impulse“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikolche-micevski-od-svojata-new-era-vi-podaruva-ushte-eden-muzichki-impulse-video/ Thu, 08 Dec 2022 10:18:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279176

Македонскиот музичар, композитор и аранжер  Николче Мицевски има нова музикчка тема, со која  одново ја восхити неговата публика. Талентираниот битолски уметник го објави спотот за новиот трет по ред сингл „Импулс“ (Impulse), кој е симнат од „New Era“ - неговиот прв соло албум со таканаречена „World Fusion“ музика, која како што самиот ќе изјави,  отсекогаш била негова инспирација. „Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство“ -  ќе посочи Мицевски  најавувајќи го со темата „Импулс“ и  неговиот  прв солистички концерт во родната Битола, кој ќе се одржи во петок, на 9-ти декември 2022 година, каде ќе биде промовирана музиката од албумот „New Era“. „Ви го подарувам ова парче музика и видео наречено 'Impulse"! Ова е е третиот сингл од мојот албум "Нова Ера". Парче музика, импулс, вибрација, која секој ќе ја доживува на различен начин, но "Impulse" има една и единствена цел - да шири љубов и позитивна енергија. Им благодарам на Огнен Шапковски и целата екипа на 'Мелем продукција' за прекрасното видео! На  'XL студио Момироски' за врвната продукција. Благодарам на Владимир Крстев за виолината, Martin Bleki за несебичната поддршка и ангажман, Stefan O Pulos за позирањето. Благодарам на Андреј Папаз за стајлингот! Благодарам на сите кои се дел од ова видео, Ирма, Mатеј Дамчевски Сомнар, Ана, Студио Ребис, Студио Лебед, Ансамбл Студио фолклор, Теа, Јана, Јована, Мила, Ника, Илијана и сите други! Ова нека значи загревање пред концертот на 9-ти декември, петок од 20 часот во ЦК - Битола. И уште еднаш ве поканувам сите, да дојдете и да ја уживаме приказната наречена "New Era" - порачал Николче Мицевски преку својот Фејсбук профил, промовирајќи ја во етер темата „Импулс“ (Impulse), која можете да ја проследите во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Николче Мицевски со солистички концерт ќе го промовира албумот „New Era“ во Центарот за култура во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/nikolche-micevski-so-solistichki-koncert-kje-go-promovira-albumot-new-era-vo-centarot-za-kultura-vo-bitola/ Thu, 08 Dec 2022 09:28:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279162

Никола Николче Мицевски, извонредниот музичар, композитор, аранжер, човек кој моќно стои зад клавијатурите и аранжманите на многу песни за најпознатите македонски музички ѕвезди на нивните концерти и е дел од музичките записи на истите, на 9-ти декември, (петок ) со почеток во 20.00 часот на сцената од Големата сала на Центарот за култура во Битола, заедно со 15 врвни музичари, инаку негови соработници ќе го одржи својот солистички концерт на кој ќе го промовира албумот „New Era“. Проектот “New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти. Се работи за едно извонредно музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика, налик на она што во светот претходно го работеле музички уметници како еден Вангелис или Јани. Влезниците за концертот се пуштени во продажба за кој  Мицевски ветува дека оние што ќе дојдат, ќе го паметат долго. Цена на билетот е 300 денари а достапни се на билетарницата во ЦК Битола и онлајн на avalon.mk , како и ширум продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија. По концертот во Битола, на старт на новата 2023 година, Мицевски најавува дека  ќе одржи и голем концерт во Скопје, на сцената на МОБ.]]>

Женското гудачко-вокално трио со нова поп-класика: „Trinity Strings“ ќе ви ја отсвират и испејат – „Кон тебе полетав“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/trinity-strings-zenskoto-gudachko-vokalno-trio-so-nova-pop-klasika-kon-tebe-poletav-video/ Thu, 02 Jun 2022 12:21:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252890

Александра Мирсинова - виолина, Ирена Стојановска - виолина и Марта Куч - волончело, познати како женското трио „Trinity Strings“ имаат нова песна и спот. Станува збор за авторска песна на Николче Мицевски кој ги направи музиката и аранжманот, а снимена е во студиото ХXL  на Дејан Момироски. Текстот е дело на Ирена Стојановска, а носи наслов „Кон тебе полетав“. За разлика од нивната последна тема „Да или не“? во која  девојките го синтетизираа модерниот звук со класичните инструменти, создавајќи своевиден микс на етно, техно поп и класика, овој пат покрај доминацијата на класичните инструменти се работи за стандардна поп - денс тема, збогатена со звуците на  гудачкото трио и нивната свиречка умешност. Инаку ова е нивна четврта песна која е визуелизирана и со видеозапис кој е снимен на две атрактивни локации, под режисерската палка на Крсте Шупев. Во продолжение проследете како звучи и изгледа кога девојките од „Trinity Strings“ ќе ви отсвират и испејат - „Кон тебе полетав“: ]]>

„Некст Тајм“ го промовираа филмскиот спот за – „Кога падна на Пирина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekst-tajm-go-promoviraa-filmskiot-spot-za-koga-padna-pirina-video/ Thu, 14 Apr 2022 09:44:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246384

Популарното македонско дуо Некст Тајм ги израдува фановите со уште една преработка на стара македонска песна. За преработката на старата македонска песна „Кога падна на Пирина“, Стефан и Мартин од Некст Тајм направија уште еден филмски спот со кој ги воодушевија фановите. Преработка на песната „Кога падна на Пирина“,  вчера, 13-ти април, беше промовирана заедно со  видеоспотот за неа. Старата македонска песна ја опејува смртта на војводата и македонски револуционер Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како еден вид краток филм за овој историски настан. Од коментарите на Јутјуб и Фејсбук, јасно е дека фановите го сметаат за уште едно вистинско, мало музичко-филмско ремек-дело. „Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди“ - рекоа Мартин и Стефан на промоцијата. За аранжманот на песната се погрижи маестралниот Николче Мицевски, а режисер на видеото е Огнен Шапковски, додека изработката на спотот го потпишува „Мелем продукција“. Комплетната екипа која учествувала во неговата реализација е потпишана под видеото кое можете да го погледнете во продолжение: ]]>

Никола Мицевски со ново музичко ремек дело во вонвременската – „Time” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-micevski-so-novo-muzichko-remek-delo-vo-vonvremenskata-time-video/ Fri, 25 Feb 2022 13:44:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240805

По првиот сингл „Круг” нашиот  композитор Никола Мицевски, денес го промовира и својот втор  сингл насловен „Time” кој е дел од неговиот албум „Nеw Era”. Како специјален гостин на овој проект учествува нашиот добро познат гитарист Дамјан Пејчиноски а видеото го изработи познатиот Даниел Јовески. „Time” е инструментална композиција во синематик/ етно/рок/симфони правец, или популарно во World music правец, со призвук на филмска музика. Сублимација на моето цело досегашно музичко знаење и искуство. Музика преку која сакам да допрам до што поголем број на слушатели, музика која може да се слуша секаде во светот а притоа да е претпознатливо дека се темели врз дихот на македонската музика. Среќен сум што соработував со Дамјан Пејчиноски, гитарист од светска класа кој со својата изведба даде една друга димензија на мојата музика. Даниел Јовески повторно направи едно ремек видео со кое автентично и перфектно ја илустрираше мојата музика“  -  вели  Мицевски. Музиката и аранжманот ги потпишува самиот Никола Мицевски. Како гостинво темата се појавува веќе споменатиот гитарист  Дамјан Пејчиноски, а целат ем звучи фасцинантно потсетувајќи на тврештвото на најголемите мајстори во овој музички жанр, како што се грчките компоитори и инструменталисти Вангелис или Јани. Музиката е снимена во студиото „XL Момироски“, каде оваа музичка тема е и продуцирана. Темата „Време“ е визуелизирана со уште едно одлично видео а кое како комплетен автор (режија, сценарио и камера) се потпишува  Даниел Јовески. Како звучи и изгледа вонвременста изведба на „Време“ (Time) на Николче Мицевски, проследете во продолжение: ]]>

Битолската пејачка и актерка Тамара Стојковска ја промовираше – „Не ме оставај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bitolskata-pejachka-i-akterka-tamara-stojkovska-ja-promovirashe-ne-me-ostavaj-video/ Wed, 18 Aug 2021 12:52:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215851

Младата битолска актерка и пејачка Тамара Стојковска по пауза од ечиси две години има нова песна. Тамара е музички педагог по вокација, со пеење се занимава од седумгодишна возраст, а освен со музика се занимава и со глума во театарот Дел Арте во Битола. По соработката со бендот „Страна Б“  членувањето во хорот ,,Про Арс”, Тамара реши да ја турка и својата соло кариера као пејачка, па како резултат на таа нејзина амбиција е и новата песна насловена „Не ме оставај“. Музиката и аранжманот се на познатиот и проверен музичари автор Никола Мицевски, текстот на исто така докажаната Весна Малинова, а песната е снимена во студио XL Момироски. Продуценти се Никола Мицевски и Дејан Момироски. Запесната е снимен и видеоспот реализиран од  Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев. Кореографијата во видеото е дело на  Татјана Николова Зурзо и Јоана Благадуша, акако сето тоа звучи и изгледа преслушајте и погледнете во продолжение: ]]>

Николче Мицевски го исцрта својот прв музички – „Круг“ од неговата „New Era“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikolche-micevski-go-iscrta-svojot-prv-muzichki-krug-od-negovata-new-era-video/ Tue, 20 Apr 2021 12:47:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199805

Николче Мицевски има нова музика, која ја на прва одново ја восхити неговата публика,,но и сете познавачи на квалитетната музика. Талентираниот композитор и музичар го објави спотот за новиот сингл „Круг“, кој е најава за неговиот  прв албум. „Драги мои, на мое огромно задоволство, Ви го претставувам првиот сингл КРУГ како најава за мојот прв албум „New Era“. „World Fusion“ музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство. Животот е "Круг"... исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме! Од срце Благодарам на Даниел Јовески за генијалниот видео спот, кој на Круг му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена КРУГ, Уживајте! – напиша Мицевски на Facebook. Инаку темата „Круг“ иако  во суштина  спаѓа во таканареченото светско етно или поточно е во доменот  на „World мusic“,  во многу што потсетува на филмска музика. Парче кое е всушност своевиден микс од жанрови, извонредно вклопени и избалансирани од фјужн џез, рок и фолклорни елементи, па се до смирувачки клавирски тонови кои Мицевски извонредно ги искомпонирал, прелевајќи ги еден во друг, при тоа не нарушувајќи ја суштината и не напуштајќи ја замислата на основната тема на „Круг“.  Нешто кое во многу што наликува на амбиентално - филмските проекти со музика на еден  Trevor Jones, Vangelis или Yanni да речеме. Темата е тонски снимена и музички продуцирана во студиото „ХЛ Момировски“, а нејзин автор и аранжер е самиот Николче Мицевски. Зад видеоспотот за „Круг“ кој е исто така вистинска висококвалитетна мини филмска приказна, как сценарист, снимател и режисер стои  Даниел Јовески, а за костимографијата се погрижија дизајнерот Андреј Папаз и Даниел Јовески. Во видеото покрај Мицевски улогите ги играат уште и: Девојката - Јулијана Митревска, детето - Андреј Димовски, момчето - Михаил Талев и возрасниот - Мендо Вељановски. Слушнете како  сето тоа звучи и погледнете како изгледа животниот музички „Круг“ на Николче Мицевски: https://www.youtube.com/watch?v=9GVv3RKJLMc  ]]>

Бојана Скендеровски и се враќа на музиката со – „Круна“… на животот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-skenderovski-i-se-vrakja-na-muzikata-so-kruna-na-zivotot-foto/ Fri, 11 Dec 2020 12:39:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180471

Бојана Атанасовска, некогаш позната само како пејачка која имала и фестивалски победи на најпознатите македонски фестивали на забавна музика како „Макфест“, албуми и големи радиски мегахитови како „Во дилема“, на пример, а од пред неколку години Бојана Скендеровски и како успешна ТВ водителка на една од најсодржајните ТВ емисии,  насловена „Улица Македонија“. Во меѓувреме, сопруга, жена, мајка, кралица... со „животна круна“, а деновиве и со музичка... Токму онаква, како што е насловена нејзината нова песна - „Круна“ со која Бојана по паузата заради мајчинството се враќа на музичката сцена. Круна е песна посветена на секоја жена, која во животот поминала многу премрежја, за на крајот да стигне до својата цел, да ја носи својата невидлива круна, која е само признание за силата и истрајноста која ја носи во себе...“ - кусо вели пејачката и ТВ водителка во најавата за своето ново музичко остварување со автобиографски елементи, чија медиумска промоција заедно со видеоспотот за песната, ќе се случи наскоро. Музиката за „Круна“ е авторско дело на проверениот композитор и музичар Николче Мицевски, текстот е на уште исто така уште едно познато музичко лице, Сара Пројковска, а темата е снимана во студиото на „ХЛ на Дејан Момироски“. Видеото кое го реализираше нејзината „Скендеровски продукција“ е снимано три дена на три различни локации, а Бојана во него е променета во креациите на познатата македонска модна креаторка, кумановката Ива Спасовска.  ]]>