никола ристановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Feb 2024 12:46:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png никола ристановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Бејби го изнесе од медиумска илегала семејството на Никола Ристановски: Ова се сопругата и помалата ќерка на познатиот актер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-go-iznese-od-mediumska-ilegala-semejstvoto-na-nikola-ristanovski-ova-se-soprugata-i-pomalata-kerka-na-poznatiot-akter-foto/ Sat, 03 Feb 2024 08:40:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335998

Весна Бејби Петрушевска точно знеше дека по осамнувањето на нејзината објава со семејството на колегата актер Никола Ристановски на социјалните мрежи, истата ќе се најде во медимите, а тие во поглед на приватност не го преферираат тоа, сепак Бејби реши да ги изнесе од медиумска илегала. Дека одлично функционираат и се дружат приватно, Бејби покажа преку едно видео кое осамна на нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм. Првин позираше со Никола, а потоа со неговата сопруга Ема и помалата ќерка Хана.   Средбата се случила во Крушево каде кршеле пита или лепче со паричка, а приликата беше совршена прилика да направат фото спомен кој беше ретка глетка за јавноста. Освен за работи поврзани со неговата богата кариера која функционира на релација Скопје- Белград и обратно, Никола Ристановски не милува да објавува ништо за својата приватност, па досега само неколкупати се појавил со семејството на премиери од филмови каде има улога. Иако е и важи за еден од најнаградуваните наши актери, успешен и со ултра успешка кариера, како театарска, така и филмска, за првватниот живот на Никола Ристановски се знае многу малку. Тој е во долгогодишен брак со сопругата Емилија со која имаат две ќерки, Мила и помалата Хана. Изминатата 2023 година Никола доби две престижни награди, “Александар Лифка” на Фестивалот на европскиот филм Палиќ во Србија, а потоа и наградата “Борислав Станковиќ” на 43 Интернационален театарски фестивал “Борини позоришни дани” за најдобра машка улога за улогата на “др. Стокман” во претставата “Народен непријател”. Вчера 23-ти јануари Никола го прослави својот 55-ти роденден. фото: Facebook/ Vesna Petrushevska]]>

All Stars спот на „Паскалин“: Најдобрите го избираат најдоброто https://arhiva.vistina.com.mk/all-stars-spot-na-paskalin-najdobrite-go-izbiraat-najdobroto/ Wed, 27 Apr 2022 09:20:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247784

Врвните актерски имиња Никола Ристановски и Јелена Јованова, топ-моделот Катарина Ивановска, Дрита Ислами – атлетичарка, олимпијка и национална рекордерка, како и нашите извонредни музичари Каролина Гочева и Влатко Лозановски се собраа на едно место во новиот ѕвезден ТВ-спот на најдоброто кафе на македонскиот пазар – „Паскалин“. Истрајност, храброст и неуморност се особините што ги поврзуваат овие шест докажани имиња, кои долги години опстојуваат на врвот, секој во својата област. Токму таков е и „Паскалин“, бренд препознатлив меѓу љубителите на кафе по својот квалитет, вкус и стил.
- Некои луѓе едноставно не прават компромиси, храбро и неуморно грабат кон врвот, веруваат во себе, ги совладуваат препреките, ги надминуваат стравовите и никогаш не запираат. Токму такви се нашите нови бренд-амбасадори, кои се одбрани неслучајно. Тоа се вредностите кои се вткаени во секое пакување „Паскалин“, направено од најдобрите арапски зрна кафе, преработени со врвна италијанска технологија за производство – велат од „Паскалин“ и додаваат дека благодарение на контролата на квалитетот и соодветната амбалажа, омиленото кафе на познатите ја задржува својата арома подолго време.
Врвно. Без компромиси. Спотот се снимаше цели четири дена, на седум локации, меѓу кои и скопскиот акведукт и салата на македонската Филхармонија. Реализиран е во продукција на агенцијата „Бец Шолц енд Френдс“, а на него работеше екипа од над 20 врвни професионалци. Овој спот е само почеток на соработката меѓу „Паскалин“ и шесте македонски ѕвезди. Можете да го погледнете тука. https://www.youtube.com/watch?v=TrxnoWh9Smg]]>

Современа музичка драма: „Само глас“ на „Скопско лето 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/sovremena-muzichka-drama-samo-glas-na-skopsko-leto-2021/ Wed, 30 Jun 2021 12:40:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209103

„Само глас“ од авторката Нина Плавањац е комуникациска современа музичка драма  во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. „Само глас“ својата премиерна изведба ја имаше на 26-ти мај оваа година. Оваа претстава е закажана во рамките на „Скопско лето“ за 7-ми јули. Билетите за изведбите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.]]>

МНТ: Комуникациската современа музичка драма „Само глас“ https://arhiva.vistina.com.mk/mnt-komunikaciskata-sovremena-muzichka-drama-samo-glas/ Tue, 18 May 2021 12:45:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203044

На 26 мај на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) со почеток во 20 часот е закажана премиерата на  комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац. Во улогите на Таа и Тој играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. Претставата „Само глас“ е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.
„Ова е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка“ - соопштуваат од МНТ.
Музичка драма „Само глас“ поставува повеќе прашања: Постои ли лек за осаменоста и како да се пополни празнината во себе? Бегање или самоизолација, прејадување или гладување, самоизмама или сурова искреност, фатална љубов, опсесија? Како да разликуваме опсесија од безусловна љубов, и постои ли воопшто безусловна љубов? Како повторно да се пронајдеме себеси, кога одамна сме изгубени и животот не e налик на она што мислевме дека ќе биде? Како се станува од дното, на кое никогаш не сме мислеле дека ќе завршиме? Во претставата „Само глас“ се истражува интимниот портрет на една уметница и суровиот третман од надворешниот свет со кој таа се соочува, при што го интернализира и продолжува да се мачи себеси. Нашата хероина — Таа — беше позната актерка, храбра и исклучителна жена, од која се очекувало само повеќе успех. Скапата цена за годините што ги помина обожувана е тоа што таа никогаш не се осмели да падне од пиедесталот, ниту да покаже човечка слабост. Текстот го преведе Звездана Ангеловска, преводот на сонговите од англиски јазик го направи Елена Китановска, видеодизајнер е Марин Лукановиќ и костимограф e Наташа Павлиќиќ. Следните изведби се закажани на 27 и 29 мај со почеток во 20 часот, а театарот се придржува кон протоколарните мерки согласно со Комисијата за заразни болести.]]>

„Фин проект“, Кали, Васко Атанасоски и Тена Рак – „Дај некој благослов“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fin-proekt-kali-vasko-atanasoski-i-tena-rak-daj-nekoj-blagoslov-video/ Fri, 22 Jun 2018 07:52:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33816

„Фин проект“, Кали, Васко Атанасоски и Тена Рак (Власта Попиќ) ги здружија силите за темата насловена „Дај некој благослов“, воедно и најавен сингл од новиот албум на „Фин проект“„RE: vision“. Автор на музиката, аранжманот и продукцијата се на Никола Стојковски од  „Фин проект“, а стиховите се дело на Васко Атанасоски. Песната е визуализирана користејќи сцени од филмот „Малиот бог на љубовта“, напишан, режиран и монтиран од црногорскиот режисер Жељко Сошиќ, во кој една од главните улоги ја игра познатиот македонски актер Никола Ристановски.
„Музичко, лиричко и атмосферско разладување од висока категорија. Студено-мелодична драм-ен-бејс градска фонтана, со одлично искомбинирани машки и женски вокали, кои шепотат за некаква колективна урбана празнотија и осаменост… или можеби е приватна приказна.
Како изгледа и звучи оваа одлична соработка, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=6rVtxlj-nhQ  ]]>