никола наумовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2023 10:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png никола наумовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јован Јованов по 14 години молк повторно запеа и тоа во дует со Пајак: Ова е најновата ремикс верзија на стариот хит – “Магија” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-po-14-godini-molk-povtorno-zapea-i-toa-vo-duet-so-pajak-ova-e-najnovata-verzija-na-stariot-hit-magija-video/ Mon, 11 Dec 2023 10:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330567

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест од 1998 година “Магија”, доби нов, модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее и кај младата популација. По желба на Пајак, Јован после 14 години повторно запеа “ќе ми треба магија“, но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајак се' уште ја нема... За песната е направен нов аранжман и целосно нова продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов - Ивајо. Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован. На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat. Спотот е веќе промовиран на Јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во ТВ магазинот Бекстејџ на Телма ТВ. Погледнете го спотот за “Магија” со песната во ново руво, отпеана како дует  помеѓу Пајак и Јован, кој експресно од своето појавувње вреќе  високо котира на трендинг листата на јутуб. ]]>

Едно е сигурно, Пајак и Таско се што прават, прават – „Намерно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/edno-e-sigurno-pajak-i-tasko-se-shto-pravat-pravat-namerno-video/ Tue, 19 Sep 2023 06:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318585

Младиот и талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески – Пајак  неодамна ја сними новата песна „Намерно“, овој пат во дует со познатиот македонски рапер Таско. Песната која е снимена за Urban Records е дело на двајцата музичари кои се погрижија за музиката и текстот, додека аранжманот е на Иван Јованов - Ивајо. Ова не е нивна прва соработка, зашто и претходно двајцата трап атисти имаа заеднички дует во 2021 година огледан во темата „Психо“.
Инаку Таско е еден од најпознатите македонски изведувачи на рап и хип-хоп музика и текстописец. Тој започнал да се занимава со музика во 2011 година. Тој годинава стана и семеен човек откаконајпрвин ја ожени најтетовиранатамакедонка - Наташа Неделковска, попозната како Таша Теј, а летово го добија и нивното прво чедо, синчето Лукијан. Последно што слушавме од Пајак пак беше дуетот со српската пејачка Теодора Џехверовиќ, дует огледан во нивната „Летна авантура“ која ја издадоа во јуни годинава. Заедно со MC Stojan во февруари годинава Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичната бројка од над 33 милиони прегледи на одличната песна „Bella“, отпена на ланскиот „Макфест 2022“ во Штип. Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака. Во продолжение, слушнете ја и погледнете го видео спотот за најновата „Намерно“ за која Таско и Пајак снимија и видеоспот на неколку локации во преубавиот Охрид, во кој покрај нив двајца се појавуваат и неколку згодни млади девојки. Спотот е одново во режија на „Урбан Рекордс“, односно Гордан Божиновски, Били Д. и Никола Наумовски. Како сето тоа звучи и изгледа, ако досега тоа не сте го направиле, проследете во продолжение:
]]>

Тино Брзи открива како му стојат – „Пијани ноќи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tino-brzi-otkriva-kako-mu-stojat-pijani-noki-video/ Tue, 17 Jan 2023 13:53:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284674

„Пијани ноќи“ е насловот на новата песна на кумановскиот изведувач Тино Брзи која премиерно излезе вчера заедно со видеозапис. Самиот Тоно е автор на музиката и текстот за „Пијани ноќи“ во соработка со Иван Јованов-Ивајо, а во продукција на успешната „Урбан рекордс“. Видео записот е креација на Никола Наумовски. Ова не е прв сингл на кумановскиот артист чие целосно име е Валентино Милорадовски. Зад себе ги има и песните „Шеки“, „Гад“, „Суперстар“, „Километри, „Успех“… Како звучат ии изгледаат неговите „Пијани ноќи“ проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

ДЈ Боно и Кристина Димитри заедно во нивната деби песна и видео – „Карди“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dj-bono-i-kristina-dimitri-zaedno-vo-nivnata-debi-pesna-i-video-kardi-video/ Mon, 29 Aug 2022 12:43:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264490

Македонската мисица и модел, однеодамна и пејачка Кристина Димитри(евска) заедно со својот постојан музички придружник ( или таа негов) ДЈ Боно, ја промовираа првата заедничка песна и видеото за неа, насловена „Карди“. Инспирацијата доаѓа од светски познатата музичка ѕвезда, контроверзната Карди Би. „Имам луд ген и пет карактери, ама сепак не сум како Карди Би.  Со Боно го анализиравме и мојот карактер и мојот живот и така се роди инспирацијата за песната“ - отворено призна Кристина. Боно ја скоцкал музиката, а заедно со Кристина ги склопиле и стиховите, а миксот, мастерингот и аранжманот вообичаено ги направил Иван Јованов - Ивајо. Режијата на видеото ја потпишуваат Били Ди и Никола Наумовски, кои во последно време стојата зад речиси секое ново видео на артистите под капата на „Урбан рекордс“. Темелено на истиот проверен рецепт, брз и раскалашен живот, незаконски дејанија, црни пари, инстант гламур, скапи коли, евтина голотија...  во спотот Кристина одново го истакнува сиот свој телесен раскош и еротски потенцијал. До душа со умерена доза на голотија, која е доволно примамлива да ги привлече љубителите на ваквата музика и уште повеќе оние кои истата многу повеќе ја слушаат „со очи“. Кристина вели дека песната станала инстант хит и дека публиката веднаш ја препознала и научила да ја пее, на што е особено горда, па затоа и подготвуваат нова песна со ДЈ Боно. Колку е успешна во музиката и дали стартот ќе ла лансира упште повисоко, ќе покаже времето... Во меѓувреме проследете ја „Карди“ на ДЈ Боно и Кристина и уживајте во нивнта заедничка музичка творевина:  ]]>

Пајак сака да ве запознае со девојката во која е заљубен „до коска“, а таа е ладна како – „Москва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pajak-saka-da-ve-zapoznae-so-devojkata-vo-koja-e-zaljuben-do-koska-a-taa-e-ladna-kako-moskva-video/ Fri, 27 May 2022 09:37:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252099

Младиот трап артист од Охрид, Христијан Настески попознат под уметничкиот прекар Пајак, во издание на „Урбан рекордс“ ја промовираше својата втора песна во рок од само седум дена. Имено по „Олуја“ на сите платформи беше објавена  и „Москва“, песна за која текстот и музиката вообичаено ги напишал амиот  Пајак, а аранжманот, миксот и мастерингот и овој пат се дело на Иван Јованов - Iwayo, со тоа што во аранжирањето на темата учествувал и Стефан Николоски. За разлика од претходната „Олуја“, темата „Москва“ не само што е помелодична и попевлива, туку е и визуелизирана со вистинско урбано видео, кое ја следи лириката на стиховите и поентата на текстот на песната. Видеот го продуцирале „Солушн плус“, под дрежисерска палка на Били Д. и Гордан Божиновски. Zад камерата биле одново Били Д. и Никола Nаумовски  кој и го уредил спотот, а како извршен продуцент одново е потпишан Гордан Божиновски. Како звучи  песната и  и изгледа видеото за онаа во која Пајак е заљубен „до коска“, а таа е ладна како - „Москва“ , проследете во продолжение: ]]>

Пајак го фати љубовна – „Олуја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pajak-go-fati-ljubovna-oluja-video/ Tue, 17 May 2022 12:07:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250847

Се' попопуларниот трап изведувач кај младите Пајак, по дуетот со Таско во темата „Психо“ и  во соработка со српскиот трап изведувач -“MIC-MC”- насловена како “Error”,  деновиве ја промовираше на Јутјуб својата нова песна „Олуја“. Текстот и музиката се на  самиот Христијан Настески - Пајак а аранжманот, миксот и мастерот се на Иван Јованов - Ивајо. Песната е проследена и со видеозпис кој го израбориле: Режија- Били Д. и Горда Божиновски, видео - Solution+, камера - Били Д. и  Никола Наумовски,продуцент - Гордан Божиновски, ДОП - Били Д, уредник - Никола Наумовски. Во продолжение слушнете ја новата песна и погледнете го видеото во издание на Урбан рекордс за „Олуја“ на Пајак. ]]>

Фејсбук „војната“ помеѓу Петар Георгиевски-Камиказа и Никола Наумоски добива судска завршница: „Замислете, оваа амеба ме тужи?!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/fejsbuk-vojnata-pomegju-petar-georgievski-kamikaza-i-nikola-naumoski-dobiva-sudska-zavrshnica-zamislete-ovaa-ameba-me-tuzi-foto/ Wed, 04 May 2022 08:09:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248439

Никола Наумоски, во скопските кругови познат како „дете на шарените“ во служба на „комуњарите“, братучед на Радмила Шеќеринска и екс шеф на кабинетот на бившиот скопски градоначалник Петре Шилегов, по Фејсбук војната со Петар Георгиевски-Камиказа, решил Перо - „Камиказа“, да го тужи на суд! Имено, откако неколку пати  се избламира на социјалните мрежи, особено кога македонскиот великан Горан Стефановски го нарече  „обичен гастрбајтер“, Наумовски на социјалните мрежи влезе и во отворен конфликт и со Петар Георгиевски попознат како Перо - „Камиказа“, лидер на групата „Меморија“ и независен кандидат за градоначалник на Скопје на последните локални избори. Овој пат од позиција на „паднат од фотелја“,  Наумоски јавно се потсмеваше на потезите на новата скопска градионачалничка Данела Арсовска, ставајќи го во контекст еден од предлозите на кандидатот за градионачалник Петар Георгиевски – Камиказа, за поставување на јавни тоалети во Градскиот парк и по кејот на Вардар во Скопје, откако забележал дека два т.н,. „Тои фора“ се поставени на влезот во паркот и уште дузина други низ него. И тоа беше капката што ја „прели чашата“  за  „револверашот на јазик“ Перо - Камиказа да го „распука недоветниот локален лузер“ на последните избори - Никола Наумоски. И тоа онака машки, жестоко возвраќајќи му со зборови по кои многумина останаа зачудени, некои збунети, а некои шокирани... Единствен кој останал „изненаѓен и увреѓен“ беше „малиот Никса“, кој погоден од вербалните рафали на Камиказа преточени во писмено обраќање преку социјалните мрежи, кои наводно му ги „скршиле срцето и душата“. По ова,  својата „душевна болка“  Наумоски решил „да ја лечи“  на суд! Имено, Георгиевски споделил нов статус на својот Фејсбук во кој обзнанил дека Наумовски го тужи, па објавувајќи уште една сатирично-хумористична небулоза во која тема на „ругање“ како што вели Камиказа, е македонскиот музички ангел Тоше Проески,  на „оштетениот“ му порачал: „После 'ругањето' со Тоше Проевски (Ангелот македонски) (сатира) си играат мајтап со Никса, но по Горан Стефановски (македонскиот Шекспир) дојдов јас на ред. Од кога ми посака среќна смрт, следеше мој одговор на сељоберот монокотиледнски, и замислете оваа амеба ме тужи?! Гореспоменативе неможат да ти одговорат, сем со своите дела, но јас сум жив и здрав и се гледаме на суд по твое барање и тужба...Еве една небулоза од Никола Наумовски-Никса...“ - споделил Петар Георгиевски-Камиказа, одново посочувајќи го споменатиот „хумор и стира“ на сметка на човекот што во македонската музичка историја ќе остане „икона и лектира“ - единствениот Тоше! Бившиот градски, кабинетски чиновник се обидел да се правда со сопствен статус на својот Фејсбук, во кој Наумоски тврди дека некој хуморот го сфаќа сериозно, одново земајќи го Камиказа како „лош пример“ за сопствен потсмев. Како и да е, едно е сигурно... Фејсбук преписката која се распламте како „оган под ѕвездите“, па прерасна во своевидна интернет војна помеѓу двајцата, дефинитивно ќе добие судска завршница! Барем така се наговестува, освен ако во меѓувреме не се случи  да се склучи „примирје“... со медијација! Во спротивно, некој „ќе плати“ за „долгиот јазик“ и јавно искажаните „грешни мисли“! Фото: Фејсбук принтскрин/Nikola Naumoski/Petar Georgievski - Kamikaza]]>

Никола Наумоски екс шеф на кабинетот на Шилегов, им се потсмеваше на скопската градоначалничка Арсовска и Перо-Камиказа, па овој го испрати на „едно место“: „Тоалети пред се’ – биди така“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-naumoski-eks-shef-na-kabinitot-na-shilegov-im-se-potsmevashe-na-skopska-gradonachalnichka-arsovska-i-pero-kamikaza-pa-ovoj-go-isprati-na-edno-mesto-toaleti-pred-se-bidi-taka-foto/ Mon, 03 Jan 2022 09:29:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233478

Никола Наумоски, познат како „дете на шарените“ во служба на „комуњарите“, братучед на Радмила Шеќеринска и екс шеф на кабинетот на бившиот градоначалник Петре Шилегов, одново се избламира на социјалните мрежи, по оној неодамнешен срам, кога македонскиот великан Горан Стефановски го нарече „обичен гастрбајтер“. Проблематичниот Никола, кој  додека четири години цицаше од градската каса дебела плата и куп бенефиции удобно завален во фотелјата под клима на градоначалничкиот кабинет на Шилегов, дури откако таа фотелја почна да им се лула, почна да крева глава, па овој пат од позиција на „паднат од фотелја“, се дрзна да се потсмева со потезите на новата скопска градионачалничка Данела Арсовска, ставајќи го во контекст еден од предлозите на кандидатот за градионачалник Петар Георгиевски - Камиказа, за поставување на јавни тоалети во Градскиот парк и по кејот на Вардар во Скопје. Откако забележал дена два т.н,. „Тои фора“ се поставени на влезот во паркот и уште дузина други низ него, за разлика од неговото време кога граѓаните вршеа нужда по жбунчиња и грмушки, Никола подбивливо и саркастично, но исо  навредлив статус кон Арсовска и особено Георгиевски се огласил со Фејсбук статус: На ова час поскоро реагираше Петар Георгиевски, па рокерот кој е познат како човек „без влакна на јазикот“ во себесвојствен стил му реплицираше на дрскоста на доскорешното градоначалничко „кабинетско шефче“: „Сељобер-Монокотиледонски... Ти друже што ми посакуваш среќен да умрам, а ја пееш мојата песна 'ДИРЛАДА' пред грчката амбасада со распеани скопјани. Да не сакаш да ти ги оставам авторските права, а?! Сега знам дека со Мирко Попов-дијагноза немате пари за бело, па поминавте на дување лепак кој многу брзо ви го суши мозокот. Набрзо тамо кај што ќе одиш, нема да имаш право на користење телефон... Е токму тамо, ти пожелувам долг и среќен живот и по можност да ги прочиташ делата на Горан Стефановски кој за тебе е селски гастарбајтер и маалски националист... Дотогаш јас среќно ќе трчам, ќе возам точак и пливам, ќе напишам уште по некој хит и ќе го чекам твоето 'воскресение'... И да, ако треба,повторно ќе бидам скретничар на возот во кој ти и таквите како тебе ќе се возат, со една цел, никогаш да не се повторите...После Русе ти си наредниот. Биди така. Тоалети пред се“ - му возврати Перо - Камиказа на Никола Наумовски. Дали „бившиот градоначалничко-кабинетски шеф“ ќе има на ова реплика, а Фејсбук преписката ќе добие ново поглавје, останува отворено прашање?! Впрочем, како и дилемата дали најновиот Фејсбук „сликовит статус“ на Камиказа: „Ем, шуто, ем боде“  е доплнение на веќе искажаното кон Наумоски по теркот: „Ти кажувам (пишувам) ќерко, сети се (прочитај) снао“! Фото: Фејсбук принтскрин/Nikola Naumoski/Petar Georgievski - Kamikaza  ]]>

„Диво месо“… од „дивата лига“ https://arhiva.vistina.com.mk/divo-meso-od-divata-liga/ Thu, 29 Apr 2021 07:53:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200888

Власта уште еднаш си ја покажа мизеријата на владеењето... Во случајов, мизеријата на умот, откако шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, довчерашниот активист на “шарените“ и братучед на Радмила Шеќеринска, Никола Наумовски се дрзна да „исплука“ величина на која не и е дораснат ниту до ноктите на ножните прсти, како што е драмскиот автор, писател и професор, покојниот  Горан Стефановски - легендата на македонската драматургија. Горан Стефановски сиот свој живот твореше, создаваше, ја градеше и надградуваше македонскат култура и македонскиот идентитет преку своите генијални драмски дела кои ги признава и почитува не само Македонија туку и светот, зашто да бидеш професор на англиските универзитети, навистина треба да имаш и знаење и тежина на умот. И додека великанот ги  создаваше своите капитални дела со кои Македонија и нејзиното постоење за навека ја промовираше во и надвор од нејзините граници, градејќи го и презентирајќи го нејзиниот културен идентитет, „шефот на кабинетот - малиот Никола во времето на таканаречената „Шарена револуција“ како една од нејзините ударни перјаници, затскриен зад грбот на сега владечката партија и блиските роднински врски со нејзините највисоки функционери, се тепаше по скопските улици и го уништуваше и она добро што е создадено и изградено. Како награда по нивното доаѓање на власт и самиот станува власт... И тоа онаа - најлошата, која по ништо нема да се памети! Освен по промената името, бришењето на идентитетот,  аферите, скандалите, корупцијата, монтираните судски процеси... И секако по ваквите вербални или писмени „гнасотии“ надвор од умот, кои секој нормален би се замислил пред да ги изусти, а камо ли и јавно да ги објави! Имено, десната рака на Петре Шилегов - Никола Наумовски,  посегна по големината на Горан Стефановски на најбезобразен, најбезобѕирен, највулгарен, најбесмислен и најпримитивен начин, со јавно омаловажвање на великанот на чии дела се поклонува цела Европа, па и светот, објавувајќи ја следната порака на својот Твитер профил: Коментирајќи ја неговата психолошка личност, правејќи му психолошки профил на еден Горан Стефановски на неговиот роденден, тој него  го преставува како „националист, гастрбајтер кој морал да се докажува дека е постар и побогат од своите домаќини - странци“, а со тоа всушност Никола Наумовски си прави психолошки автопортрет на самиот себеси.  Прикажувајќи ја сопствената слика во туѓо огледало, малиот шеф на градоначалничкиот кабинет, не е ни свесен дека несакајќи станува и самиот лик од епохалните дела на оној, во кого се осмелил да го впери прстот! „Диво месо“  од „дивата лига“ која го владее овој питом Македонски народ! Зашто како поинаку да се протолкува писанието на Наумовски во кое се обидел да го исмева она што го напишал и кажал големиот Горан Стефановски, при тоа исмевајќи го сопствениот род од кој и самиот потекнува. За жал, такви ја држат власта, ама и за наша среќа, што таквите се само  минорен „див израсток“ во здравото македонско ткиво. „Диво месо“ кое  кога - тогаш „хируршки ќе биде отстрането“...  Всушност, со ваков ум и однесување  „и без скалпел“ самото „ќе отпадне“! Конечно погледнете го токму највпечатливиот извадок од драмата „Диво месо“ на Горан Стефановски и... ќе го препознаете ликот! Ликот и сличните како него, кои мислат дека Европа нив ги чека и ги бара?  „И се прди на Европа за вас!“  И неа, ама и нам... од таквите како Вас! https://www.youtube.com/watch?v=KmTS0Hv7EMo    ]]>

Кој е тој маж, кому Луна му посакува – „Bon Voyage“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-e-toj-maz-komu-luna-mu-posakuva-bon-voyage-video/ Mon, 15 Mar 2021 13:19:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194233

Ексклузивката на „Урбан рекордс“, младата атрактивна,  интересна, оргинална и убава Луна, во текот на викендот, недела 14 март 2021 на официјалниот YouTube канал на продукцијата ја промовираше новата песна насловена “Bon Voyage”, разбирливо визуелизирана со видеоспот. Зад музиката и текстот стои самата Луна која се потпишува како нивен автор, аранжманот го изработил Блек Роуз, додека пак миксот и мастерингот стандардно се  дело на Иван Јованов – Ивајо. Секвенците за видеоспотот се снимени во Скопје на неколку различни локации, а видеото е во реализација на Луна која се потпишува и како режисер на истиот. Зад камерата бил Били Д, додека истиот го монтирал Никола Наумовски. За што поточно станува збор, односно како сето тоа звучи и изгледа и кој е тој маж кому  Луна му посакува  „Bon Voyage“ можете да проследите во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=wowNJHdT5zM]]>