Никола Мицевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Dec 2023 13:31:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Никола Мицевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ламбе Алабаковски со своја верзија на една од неговите омилени македонски песни – „Дејгиди луди млади години“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lambe-alabakovski-so-svoja-verzija-na-edna-od-negovite-omileni-makedonski-pesni-dejgidi-ludi-mladi-godini-video/ Mon, 25 Dec 2023 13:31:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332365

Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верзија на една од, како што вели, неговите омилени македонски песни „Дејгиди луди млади години“, која веќе е пуштена во етерот. Аранжманот е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски, Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали. Видеото, пак, кое носи една убава и емотивна приказна и е снимено во националниот парк „Галичица“ е со потписот на „Зага продукција“. „Песната е една од моите омилени и морам да признаам дека стоеше спакувана во фиока околу 12 години, некако ми требаше време и таа, но и јас да созреам. Ете некако сега мислам дека е вистинското време за да ѝ ја претставам на мојата публика, но и на сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна“ на денешната промоција во кафулето „Минт“ и откри дека токму со ова песна сакал да ја заврши оваа успешна музичка година, но и да го најави сето она што ќе следува во годината пред нас. „Веќе се крчка новиот материјал, а мислам дека на крајот на следната година ќе ве поканам сите на еден убав концерт по повод мојот голем јубилеј – 20 години од почетокот на професионалната музичка кариера“, додава Ламбе. Меѓу присутните на промоцијата освен медиумите беа и голем број колеги и пријатели на Ламбе (меѓу кои Александар Тарабунов, Бојана Скендеровски, Николче Мицевски, Марија Спасовска, Мики Црнокрак, Иво Јанковски, Стефан Лазаров, водителот Димитар Атанасовски...) кои не го криеја задоволството од новиот проект, но и фактот дека публиката секогаш знае да го препознае квалитетот и дека кога нешто е добро - трае. ]]>

Концертна промоција на албумот „New Era“ на Никола Мицевски во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/koncertna-promocija-na-albumot-new-era-na-nikola-micevski-vo-bitola/ Thu, 17 Nov 2022 13:48:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276377

Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.
Никола Мицевски, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд од околу 15 академски музичари спремаат едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика!
Концертната промоција на Никола Мицевски по повод неговиот албум „New Era“ ќе започне со првиот од неколкуте планирани концерти, кој разбирливо ќе биде одржан во неговата родна Битола на 9-ти декември во Центарот за култура!
]]>

Дарија Максимова со универзална порака, онаква, каква што само чистата детска душа може да посака – „Ајде да се сакаме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/darija-maksimova-so-univerzalna-poraka-onakva-kakva-shto-samo-chistata-detska-dusha-moze-da-posaka-ajde-da-se-sakame-video/ Mon, 10 Jan 2022 17:26:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234264

Дека на Македонија не и недостасуваат таленти во различни области, особено во спортот, уметноста, музиката... уште еден  доказ е младата скопјанка Дарија Максимова. Оваа младо единаесет и пол годишно девојче е всушност едно од оние деца за кои слободно може да се каже дека се мултиталентирани. Со дарба за актерство, слух, грло и глас за музика, физички предоспозиции за спорт. И сето тоа заедно подеднакво успешно го практикува младата ученичка од основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба Ѓорче Петров. Дарија е родена на 10. 06.2010 година и втора година ја посетува актерската школа на Весна Бејби Петрушевска, која најмладите ги воведува во тајните на актерската уметност, но и на она што значи добро однесување, култура, поведение, почитување, интеракција и социјализација со другарчињата и средината... Со еден збор како да се биде добар уметник и уште подобро дете. Но, Дарија покрај училиштето кое разбирливо и е на прво место и другарувањето со уметноста во актерската школа на Бејби, покажува афинитети и кон спортот, па така таа тренира и одбојка. Во слободно време покрај читањето книги, акцентот го става кон уште една своја дарба преточена во поинаква уметност. Овој пат музиката, зашто Дарија во слободно време многу сака да пее. Токму преку актерката школа на Весна Петрушевска и желбата и дарбата за пеење, таа прва година учествуваше во детскиот играно-музички ТВ серијал, „Дајте музика“. Учеството во новите епизоди од ова, сега веќе култно детско ТВ остварување, резултираше и со нејзината прва снимена соло песна, насловена „Ајде да се сакаме“. Aвтор на песнатa е проверениот музички мајстор, Никола Мицевски кој ги потпишува музиката и аранжманот на песната, која исто така е снимена и комплетно реализирана во неговото студио,  додека текстот го напишала уште една проверена авторска личност, познатата Весна Малинова. Дека светот им припаѓа на најмладите, а меѓу нив оние што предничат се мулти талентите покажува Дарија, чија песна носи универзална, хумана порака, онаква каква што само невината и чиста детска душа може да посака...  Затоа, „Ајде да се сакаме“, онака, како што низ песна порачува Дарија. ]]>

Љубов, среќа, тага и солзи во новата песна на Никола Зацески – „За вас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubov-srekja-taga-i-solzi-vo-novata-pesna-na-nikola-zaceski-za-vas-video/ Wed, 05 Jan 2022 12:58:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233982

Песна по песна, скромно и ненаметливо, младиот пејач Никола Зацески ја гради својата музичка кариера по враќањето од Австралија во Македонија. По „Мојот пат“, „Срцето мое тука чука“, по одличната преработка на „Лихнида“, талентираниот Зацески продолжува да твори и да создава нова музика. Овојпат Никола и неговиот тим ја промовираат песната „За вас“, нумера на која работеа едни од најдобрите во нашата земја. Музиката и аранжманот се дело на познатиот Николче Мицески, текстот го потпишуваат Никола заедно со одличната Весна Малинова, а се снимаше во студиото „XL“ на Дејан Момироски. Станува збор за нумера во која буквално ќе може да се пронајде секој од нас, бидејќи инспирацијата е љубовта кон семејството. „Ова за мене е најдрагоценото нешто што сме го креирале до сега со мојот тим, бидејќи секоја буква и нота има длабоко значење за мене и е преполно со емоции од љубов, среќа, тага, солзи - сето тоа испреплетено во една песна.  Живеењето неколку години надвор од Македонија разбудија уште поголеми емоции кон мојата татковина и родители (фамилијата), па од таму моите први песни се инспирирани од нив“ - вели младиот Зацески. За екранизацијата на ова емотивно „соголување“ на Никола Зацески се погрижи талентираниот Никола Митревски, кој се потишува како режисер на видеоспотот. Погледнете, слушнете и уживајте, ова е направено и... „За вас“: ]]>

Агни Авшар во потрага по смислата на животот во – „Сознавам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/agni-avshar-vo-potraga-po-smislata-na-zivotot-vo-soznavam-video/ Tue, 12 Oct 2021 12:40:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222609

Македонската музичка сцена има  потреба од нови имиња кои ќе ја освежат, но и ќе понудат малку поинаков звук од сето она што досега сме навикнати  да го слушаме. Една од нив е и младата вокална интерпретаторка Агни Авшар. Веројатно повеќето од вас се' уште не го имате слушнато нејзиното име и презиме, но професионалните познавачи на музиката веќе го препознаваат исклучителниот квалитет на перформансот на Агни. Многумина за Агни ќе кажат дека нејзиното време допрва доаѓа и верувајте дека е така. Таа вчера, понеделник 11октомври 2021 г. преку социјалните мрежи ја објави својата прва песна „Сознавам“. Песна на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува феноменалниот Никола Мицевски, додека пак текстот го потпишуваат Бети Јанковиќ и Рената Кралевска. Ако баравте квалитетна, а поразлична музика, токму тоа и го нуди Агни Авшар. Таа вели дека компромис нема да прави кога станува збор за квалитетот. Впрочем, за создавањето на оваа приказна беше потребно повеќе од една година. „Сознавам“ е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум благодарна на честа да бидам вокален интерпретатор на оваа композиција и се надевам дека истата ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе“ - вели прекрасната Агни. Инаку Агни со својот тим снимија и прекрасен видеоспот на неколку локации во Македонија на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ. Покрај фасцинантните кадри во него, специфичната костимографија, во видеото се појавува и еден од најпознатите светски диџеи - DJ Talamasca. ]]>