никола јанчев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Jul 2018 13:27:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png никола јанчев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фондацијата “Никола Јанчев“ ги додели првите стипендии за ученици и студенти https://arhiva.vistina.com.mk/fondacijata-nikola-janchev-gi-dodeli-prvite-stipendii-za-uchenici-i-studenti/ Thu, 12 Jul 2018 13:27:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37875

Фондацијата “Никола Јанчев“ која е основана оваа година на 14 ти февруари од страна на актуелниот Градоначалник на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев денес ги доделува првите стипендии за учениците од основните и средните училишта како и за студенти.
По објавениот конкурс кој заврши во петокот, комисијата составена од стручни лица ги разгледа сите апликации и според дадените критериуми ги определи добитниците на 36 стипендии и на истите тие денес преку еден свечен чин им ги додели. Оваа фондација е основана со почетен буџет од 10 000 евра. Директор на фондацијата е г-ѓа Јанинка Чупаркоска управител на Кожувчанка. Дополнително секој месец буџетот на фондацијата ќе се зголемува со градоначалничката плата на г-дин Митко Јанчев. Тој уште во предизборната кампања најави дека доколку стане Градоначалник ќе ги донира месечните примања. Ветеното сега е исполнето. Фондацијата и во иднина ќе организира активности преку кои ќе се собираат средства за ранливите категории, за талентираните ученици и за граѓани на Општина Кавадарци на кои им е потребна помош.
Фондацијата го носи името на покојниот татко на г-дин Митко Јанчев кој по неговата смрт многу млад застаува на чело на компанијата Кожувчанка. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев за неговата хуманост вели дека е виновен неговиот татко кој уште од мали нозе го воспитувал да помага на заедницата и на луѓето на кои им е потребна помош. Го учел дека хуманоста е доблест, и иако многу млад го остава сам да го најде вистинскиот пат сепак успева во тоа и неговиот правец секогаш е насочен според аманетот од неговиот татко , секогаш да им помага на оние на кои им е потребна помош.  ]]>