никола димитров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Jan 2022 13:15:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png никола димитров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кај Никола Димитров само љубовта и лицемерието (от)секогаш се „чудесни“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-nikola-dimitrov-samo-ljubovta-i-licemerieto-ot-sekogash-se-chudesni-foto/ Thu, 27 Jan 2022 13:15:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236475

Никола Димитров, политичар, или поточно препознатлив „политички камелеон“ желен секогаш да биде  во власта.  Кога престанаа да го играат едните, ладно им се приклучи на другите. Одговорен за некои од најодговорните, но  најпогубни одлуки во историјата на независна, самостојна и суверена Македонија... Меѓудругото и со негов амин и заслуга, сега Северна! Арно ама, кога другарчињата ќе престанат да те играат, солзите „крокодилски“ сами навираат... Откако новата СДСМ врхушка „го тргна на страна“, тргна да „плаче“ како во таа партија нема демократија. А до вчера кога тој со нив во иста „тиква дуваше“ демек ја имаше? Демек не било слобода да се клима со глава, а тој беше еден од главните климачи кои климнаа и го сменија името на државата контра волјата на народот изразена на референдумот! Приватно, како голем заводник, љубовџија, донжуан и казнова, јавноста, особено онаа нему блиската, Димитров  така го доживува... Или барем тој така сака. Зад себе има два брака и 4 деца, а од пред две години и нова љубов(ница)... Медумите во јануари 2020 обзнаија дека тогаш министерот за надворешни работи кој ја преименува својата таковина, е во нова љубовна врска. Овој пат со новинарка...   Катарина Синадиновска -  новинар во Агенда 35,  со која заедно се појавуваат на настани во Скопје и не ја кријат врската иако Димитров истата јавно никогаш не ја потврди за македонските медиуми, а новинарката тогаш даде само куса „неодредена“ изјава: „Можам само да кажам дека сме блиски, но дека нашата врска не е во сферата на јавен интерес“ – ќе изјави кусо Синадиновска. Но, метаморфозата на лицемерието колку и да се обидувате да ја доведете до ниво на непрепознавање, секогаш ќе се најде некој кој вистината ќе ви ја плесне в лице, како доказ дека сепак, „добро се познаваме“. Коментарот под „медиумските жалопојки“ на Никола Димитров, на еден од оние што веројатно повеќе од добро го познаваат,  најдобро говори за „ш'о чоек“ се работи. Според кажаното, по се' изгледа кај Никола Димитров само љубовта и лицемерието (от)секогаш се „чудесни“?        ]]>

Додека Стево тера кампања и за секој глас се бори, Никола Димитров лумпува до зори (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-stevo-tera-kampanja-i-za-sekoj-glas-se-bori-nikola-dimitrov-lumpuva-do-zori-foto/ Thu, 18 Apr 2019 10:59:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83748

Откако со Заев ја ујдисаа државата, прекројувајќи и го името по свое, името на министерот за надворешни работи Никола Димитров беше во игра како еден од главните фаворити за претседателската кандидатура кај владеачката гарнитура.
Арно ама, како што обично бива кај СДС, едно се зборува друго се мисли,  а трето излегува, така и Димитров извиси. Дали шефот се премисли или никогаш и сериозно не го есапеше, туку само му беше добра мамка и покритие за она што подоцна го сервираше како свое мнение за претседателско решение, знае само Заев.
Веројатно затоа Никола Димитров исто како и Шеќеринска е отсутен од претседателската кампања на социјалдемократите. Од кумановско Нагоричане и Агино село до струмичко Муртино и Босилево, никаде го нема во кампањата на Стево! Ама затоа Димитров со гордост може да се пофали дека го има по скопските локали! Последен пат виден вчеравечер, или поточно, денес рано наутро, околу два и пол по полноќ, во скопскиот ноќен клуб „12 -12“.
И тоа машала, во добро друштво, што потврдува и фотографијата направена некаде пред фајронт! Дали Димитров се фрлил на провод заради утеха за недобиената кандидатура или од чиста забава решил да ја почести дамата со по некоја тура? Што и да е, само министерот си знае. Евидентно е само едно: Дододека Стево тера кампања и довербата за глас повеќе на народот по Македонија „ја купува“, Никола Димитров среде Скопје, до зори лумпува!  ]]>

Никола Димитров – маже со стил: „Подобро згоден, отколку паметен! https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-dimitrov-maze-so-stil-podobro-zgoden-otkolku-pameten/ Thu, 29 Nov 2018 15:05:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60559

Македонија го бираше својот маж на годината за 2018 година на нстанот во организација на Friday.mk и  агенцијата за организирање на настани Моментум. На гала вечерта која се одржа во Тренд гастро бар, присуствуваа само „избрани“ јавни лица од бизнис секторот, политиката, естрадата, телевизијата,  јавниот живот... Меѓу нив и наградените 10 најуспешни мажи во Македонија за 2018 година. По кој критериум се избираа, кој тоа ги избираше, кои беа пропозициите и правилата на играта... знаат само  „одбраните“! И оние што ги избираа и оние што беа избрани... И да делат и да добијат награди и да бидат поканети на гала вечерта. Затворен круг, за мала група... „одбрани“! Ама ако! Во прашање е впрочем, приватна журка, па можат да си се канат, одбираат и избираат како сакаат... или кој кого сака!
Меѓу избраната „машка елита“ на годината, лауреати од разни фели: од бизнисмени, преку ТВ водители до политичари... Наградени за маж со трајни вредности, маж за најголем придонес во општеството, маж -менаџер, маж - најмлад менаџер, маж странец во Македонија, најмаж на социјалните мрежи... и сл.
А, меѓу сите избрани, избран и тој - министерот за надворешни работи на Република Македонија... или Северна ќе да беше според него, Никола Димитров! И тоа избран за маж со најдобар стил! Ај што бил со стил, па уште „скромно момче“ министерот да ти бил.  Затоа ни срам ни перде, па се испофали на социјалните мрежи со статус дека добил награда, па личниот Фејсбук профил го преплави со фалби за својот стил.
„Подобро згоден, отколку паметен, се тешев вчера пред колегите. Само што наградата не е за згоден, туку за маж со најдобар стил, ми велат. Кога отидов на настанот, видов едно чудо подотерани од мене. Веројатно жирито избирало меѓу мажи политичари. Е сега за стил меѓу нив, што е право, право си е, не сум лош ?“ ! Ама барем „мажот со стил“ си е искрен. И тоа уште во првата реченица: „Подобро згоден, отколку паметен, се тешев вчера пред колегите...“. Навистина утешитилно. Особено за еден министер! Само кој ќе не утеши нас, овој народ и оваа земја од „политичката памет“ и стилот со кој заедно со Заев и останата владеачка свита „мажиштето со стил“ го „продаде“ името на татковината? Наша, а белким и негова? Кај му беше тука стилот? Или тогаш стилот политички го сведе на поданички или предавнички,  барем така смета мнозинството од народот, како што и на Референдумот се покажа? Или таму стилот не беше важен, важно беше да се протурка она што треба да се одработи?! Па, колатерална штета во секоја „одработена работа“ мора да има, ако е за утеха!? Кај стилот - „згодноќата и паметта“, а кај тоа за што при здрава памет ниту еден политичар не би требало да го направи, колатерална штета е државата и нејзиниот народ. Во случајов Македонија и Македонскиот...
Здравје, ајде можеби догодина министерот пак ќе биде награден... Овој пат белким со збирна награда: За најмаж со политичко-менаџерски способности, маж кој со стилот со кој го менаџираше процесот за промена на името на државата заслужува и награда за маж со трајни вредности за најголем придонес во општеството... Тогаш веројатно ќе бидеме и Северна, па се поразбира дека на оваа награда природно и се надоврзува и наградата за најмаж - странец во сопствената земја, како и онаа за маж на годината на социјалните мрежи за која уште отсега самиот се кандидираше со своите самобендисани статуси на скромност! Со еден збор, догодина кандидирајте го Димитров за „Северин“ на годината! Фото: Фактор/ Фејсбук принтскрин          ]]>