никита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Feb 2024 11:02:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png никита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ќеркичката на Викторија Јаначковиќ го прослави првиот роденден: „Ти благодарам Боже за се’!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kerkichkata-na-viktorija-janachkovik-go-proslavi-prviot-rodenden-ti-blagodaram-bozhe-za-se-foto/ Fri, 02 Feb 2024 11:00:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337257

Викторија Јаначковиќ, една нашите најпознати манекенки и некогашна мисица, екс дама од политиката и дипломиран стоматолог се  врати во модниот свет како едно од заштитните лица на модната куќа ЕЛ, во првиот месец од минатата 2023 година на социјалните мрежи ја изненади јавноста со веста дека  станала мајка! Откако се дозна дека Викторија на свет донела девојче, љубопитните душегрижници веднаш почнаа да се интересираат кој е таткото на детето, дали е и сопруг на Јаначковиќ, кога стапила во брак...? Но, бившата мисица веднаш ги „урна“ сите нагаѓања и претпоставки,  обзнанувајќи дека нема намера да се мажи за таткото на своето дете, кој  патем,  за македонската јавност беше непознат, зашто е странец и не е државјанин на Македонија. Но тоа не значи дека таа и таткото на најзиното дете не се во контакт и постојана комуникација, и дека немаат добри релации  како и секои грижливи родители, без оглед што официјално не се врзани со никакво брачно парче хартија, односно не се венчани. Една година подоцна, малечката убавица која го доби името Никита го прослави својот прв роденден. Свечено славенички променета како малечка принцеза, слатката убавица во присуство на мама, баба, семејството и блиските пријател(к)и на Викторија почувствува како е да си за прв пат главна на денот што го чекаме цела година. Честитки, бакнежи, прегратки, најубави желби и дузина подароци за малечката убавица која уште сега неизмеро личи на мама... Или што би рекле, убавица од мали нозе... Уште од пелени!  А принцеза како принцеза, без круна не ја бидува, како ни роденден без роденденска торта. И обете слатки у убави, а мама и баба најрадосни и најнасмеани... Впрочем, среќата од лицата им се чита,  а како и не би, кога првиот роденден го слави нивната мала наследничка Никита! Како прва епизода од нивната најубава семејна сторија или...  „Ти благодарм Боже за се'“ - што би рекла мама Викторија! Фото: Фаејсбук/Viktorija Janackovic    ]]>

Павле Камилоски се’ би направил само една желба да му се оствари – „Да си моја ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski/ Thu, 09 Nov 2023 12:52:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326222

Павле Камилоски  деновиве ја промовираше во јавноста својата нова песна „Да си моја ти”, која е петта авторска во неговиот пејачки опус. Песната е во тој модерен поп стил со фанки примеси, чиј автори се познатиот музичар и гитарист Дамир Пух и пејачката Наташа Миха која е коавтор на музиката, а воедно ги напишала и стихови, а ги пее и придружните вокали. Песната иако жанровски поразлична од она што Павле преферирал да го пее досега е доволно енергична и емотивна, на што се надоврзува и нејзината визуелизација,  во која со својата елеганција, убавина и „неподнослива леснотија на движењата“, доминира атрактивната балерина од МОБ, неодоливата Никита. спотот е во режија на докажаниот маестро Александар Ристовски Принц за кој Павле кажува дека “во буквална смисла Принц го зборува мојот јазик и со леснотија го продуцира она кое што јас го чувствувам“. Спотот се снимаше во убавиот Галичник, од каде што се корените на Камилоски. Павле Камилоски е познат и по своите традиционални предновогодишни скопски концерти кои со неговото пеење ја разубавуваат уште повеќе свечената атмосфера која владее тие денови во македонска метропола секоја година, па така.ќе биде и годинава. Концертот е закажан за 15-ти декември во МНТ со почеток во 20 часот. „Mојот прекрасен Галичник прикажан преку нежноста и елеганцијата на Никита никогаш не изгледал поубаво“ - воодушевено ќе каже Павле за местото од каде ги влече корените на своето потекло. Како звучи новата песна на Павле Камилоски и како изгледа нејзината визуелизација, проследете од видеото во продолжение: ]]>

Викторија Јаначковиќ стана мајка: Некогашната мисица, модел, политичарка и стоматолог… на свет ја донесе малата Никита (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-janachkovik-stana-majka-nekogashnata-misitsa-model-politicharka-i-stomatolog-na-svet-ja-donese-malata-nikita-foto/ Wed, 15 Feb 2023 10:31:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288967

Викторија Јаначковиќ, една нашите најпознати манекенки и некогашна миусица, која по излетот во светот на политиката и завршувањето на студиите по стоматологија се  врати во модниот свет како едно од заштитните лица на модната куќа ЕЛ, на социјалните мрежи сите ги шокираше со веста дека деновиве станала мајка! Имено, на 26.01.2023 година Викторија на свет ќе донесе здраво и право девојче, кое го добило името Никита. „Многу ми е антипатично кога една јавна личност ќе почне да излегува од „фрижидер“ поради нејзината бременост. Во бременоста не бев воопшто поразлична од другите жени. Го прескокнав оној дегутантен дел сликање  со гол стомак. Со самото тоа, ретко кој освен моите најблиски и неколку пријатели знаеа што се случува“ - ќе изјави гордата мајка во своето прво интервју по бременоста за „Слободен печат“. Инаку, како што љубопитните душегрижници веќе почнаа да прашуваат, таткото на детето не е и сопруг на Јаначковиќ, зашто како што самата вели, неам намера да се мажи за него, односно да стапи во брак по втор пат. Патем, таткото за нашата јавност е непознат, зашто е странец и не е државјанин на Македонија. Но тоа не значи дека таа и таткото на најзиното новородено дете не се во контакт, комуникација, добри релации и не се однесуваат како грижливи родители, без оглед што официјално не се врзани со никакво брачно парче хартија, односно не се венчани. Инаку, несудената забарка во август 2016 година  го смени приватниот статус, па куста врска влезе во брак со Никола Тасески. Замина да живее во Англија и оттогаш како да ја снема, се до нејзиното враќање во јавноста една година подоцна, кога обзнани дека се развела и нејзиниот прв и засега последен брак, завршил! Што се однесува до стравот од бременоста и особено од породувањето заради поодминатата возраста во која Викторија за прв пат требаше да роди, во споменатото интервју самата ќе изјави: „Имав патолошки страв од самото породување, „се простував од него“ што е необјасниво, бидејќи како за мене така и за сите жени, но не можев никако да се справам со стравот. Деветте месеци ги поминав во движење и работа, и не придавав многу значение на тој процес и правев сѐ контра од она што докторите ми го кажуваа. За среќа, тоа немаше никакви реперкусии врз Никита. Жива, здрава и права се роди. Топло препорачувам на сите идни мајки, секако доколку немаат прблематична бременост, да не се лигават и да си го слушаат своето тело што им кажува“. За потсетување, Викторија Јаначковиќ на пошироката македонска јавност и стана позната во 1999 година кога беше придружничка на Мисот на Македонија. Се појавуваше на разни модни настани и едиторијали како манекенка и модел, а потоа  дипломираше на Медицинскиот факултет на отсекот за стоматологија. Но, таа преку ноќ стоматолошката ординацијата реши да ја замени со канцеларијата, па откако влета во политиката, стана шефица на кабинетот на тогашниот заменик министер за култура – Драган Недељковиќ, во времето на владеењето на владата на премиерот Никола Груевски. Фото: Инстаграм принтскрин/viktorija.janackovic/привана архива
   ]]>